Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Полициска акција во Куманово: Претреси во нотарска канцеларија и менувачница во истрагата за организиран криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
policiska-akcija-960x582-1

Засилени полициски сили утрово спроведуваат голема акција во Куманово, со претреси на повеќе локации насочени кон разбивање на осомничена организирана криминална група.

— реклама —

Според неофицијални информации, групата подолг период дејствувала во Куманово и околината, а се сомничи за изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.

— реклама —

Како наводен организатор се посочува лице со прекар Штука, додека меѓу осомничените има и други лица познати на кумановската криминална сцена. Во рамките на акцијата, освен објекти поврзани со осомничените, се проверуваат и нотарска канцеларија и менувачница поради можни врски со истражуваните активности.

— реклама —

Според медиумските информации, при досегашните претреси биле пронајдени пари, возила и документација.

— реклама —

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција, во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по подолготрајна истражна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj00vmne6rqrb6xMrfvA

(Фото) Пари, возила и документација пронајдени при претреси во Куманово, неофицијално се истражува организиран криминал поврзан со лихварство

Македонија | пред 31 минута

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања