Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Судот ги прифати предлозите на Обвинителството за криминалната група од Куманово: Двајца во притвор, еден во куќен притвор, еден со одземен пасош, а по петтиот се трага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Македонија
rocista-1

Основниот кривичен суд Скопје определи притвор до 30 дена за две лица осомничени во истрагата за злосторничко здружување, изнуда и перење пари, поврзана со криминалната група од Куманово. За уште едно лице е одреден куќен притвор, додека четвртиот осомничен доби мерки на претпазливост.

— реклама —

Судија на претходна постапка ги прифатил предлозите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по сослушувањето на осомничените во присуство на нивните бранители.

— реклама —

Притвор во траење до 30 дена им е определен на Д.П. и М.К. поради опасност од бегство, можност за повторување или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на истрагата преку влијание врз сведоци.

За Л.К. е определен куќен притвор, додека Д.Ж. ќе мора да ја предаде патната исправа и нема да смее да добие нова, со што му се забранува преминување на државната граница.

— реклама —

Со предлогот на Обвинителството е опфатено и петто лице, кое во моментов е недостапно за органите на прогонот.

— реклама —

Против судските решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3npdte8e7hh778A2Rhu

Лихварски заеми, лажни договори и украдени возила: Разбиена криминална група во Куманово, четворица уапсени, еден во бегство

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryi2jjk0075tur6rBG75F

Група од Куманово со закани изнудувала пари од граѓани, предложен притвор за тројца

Македонија | пред 3 часа

media-librarymqngopc047k3606Wqo1

Јанев за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминални активности од 2021 година

Македонија | пред 21 час

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

(Видео) Уапсен Драган Петровски - Штука во полициската акција во Куманово

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања