Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Уапсен Драган Петровски - Шутка во полициската акција во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Драган Петровски, познат како Штука, е уапсен во големата полициска акција што се спроведува во Куманово.

Акцијата започна со претреси на повеќе локации, каде што полициски специјалци и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Според неофицијалните информации објавени од „Скопје1“, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.

— реклама —

Истражителите се сомневаат дека осомничените користеле закани, насилство и уцени за да дојдат до противправна материјална корист. Петровски, според информациите на медиумот, бил осомничен како организатор на групата.

— реклама —

Во текот на полициската акција биле проверувани и локации поврзани со нотарска канцеларија и менувачница, поради сомневања за нивна можна поврзаност со спорните финансиски активности. Неофицијално, при претресите биле пронајдени пари, возила и документација што може да послужи во истрагата.

Акцијата е резултат на подолготрајна оперативна работа на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Засега нема официјално соопштение со целосни детали за бројот на приведените и осомничените лица, како и за предметите што биле одземени. Се очекува надлежните институции да ја информираат јавноста за понатамошниот тек на постапката.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj00vmne6rqrb6xMrfvA

(Фото) Пари, возила и документација пронајдени при претреси во Куманово, неофицијално се истражува организиран криминал поврзан со лихварство

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
policiska-akcija-960x582-1

Полициска акција во Куманово: Претреси во нотарска канцеларија и менувачница во истрагата за организиран криминал

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања