Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јанев за акцијата во Куманово: Пронајдени пари и докази за криминални активности од 2021 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Македонија
media-librarymqngopc047k3606Wqo1

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

— реклама —

Според Јанев, претресите биле извршени во раните утрински часови од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со специјалните полициски единици. При претресите биле пронајдени поголема сума пари и документација за позајмување пари и изнуда.

Поради пронајдената документација, истрагата била проширена и во нотарска канцеларија во Куманово. Известена била и Народната банка, која врши контрола во менувачница поврзана со брат на еден од осомничените, за да се провери потеклото на пронајдените пари.

— реклама —

По налог на надлежниот јавен обвинител ќе бидат одземени и возила, телефонски апарати, документација и други предмети што можат да бидат значајни за истрагата.

— реклама —

Јанев посочи дека станува збор за организирана криминална група чии активности, според обезбедената документација, траеле од 2021 година до денес, односно повеќе од пет години на подрачјето на Куманово.

Кривичната пријава ќе биде поднесена во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

(Видео) Уапсен Драган Петровски - Штука во полициската акција во Куманово

Драган Петровски, познат како Штука, е уапсен во големата полициска акција што се спроведува во Куманово.Акцијата започна со претреси на повеќе локации, каде што полициски специјалци и истражители бараа докази поврзани со група за која постојат сомневања дека подолг период дејствувала во Куманово и околината. Според неофицијалните информации објавени од „Скопје1“, групата се поврзува со изнуда, лихварство и перење пари.Истражителите се сомневаат дека осомничените користеле закани, насилство и уц

Македонија | пред 3 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

(Видео) Уапсен Драган Петровски - Штука во полициската акција во Куманово

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryj00vmne6rqrb6xMrfvA

(Фото) Пари, возила и документација пронајдени при претреси во Куманово, неофицијално се истражува организиран криминал поврзан со лихварство

Македонија | пред 5 часа

policiska-akcija-960x582-1

Полициска акција во Куманово: Претреси во нотарска канцеларија и менувачница во истрагата за организиран криминал

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања