Промени тема
Контакт

Граѓаните ја плаќаат цената за енергетскиот колапс на Владата, ЕСМ во загуба од над 200 милиони евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска оцени дека најавеното поскапување на електричната енергија претставува нов директен удар врз животниот стандард на граѓаните и е резултат на, како што наведуваат, криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, за само година и половина, актуелната власт и ресорната министерка Сања Божиновска ја довеле државната компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Опозицијата тврди дека производството на електрична енергија е на историски најниско ниво, при што од планираните околу 5.000 гигават-часови не се произведени ниту 3.000.

— реклама —

Поради недоволното домашно производство, како што наведуваат од СДСМ, Владата била принудена да купува електрична енергија од увоз по значително повисоки цени. Наместо струја произведена во земјата по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, се набавува увозна струја по цена од околу 140 евра за мегават-час, што директно се одразува врз сметките на граѓаните.

Во соопштението, СДСМ дополнително обвинува дека зад ваквата состојба стојат сомнителни тендерски постапки и коруптивни практики, наведувајќи примери за голем број тендери доделени на поединечни фирми, како и високи исплати на компании со минимален број вработени. Според партијата, токму ваквите практики се една од причините за, како што велат, „дупка“ од околу една милијарда евра во државниот буџет.

— реклама —

СДСМ наведува дека загубите на ЕСМ веќе изнесуваат 77 милиони евра, со проекција да надминат 100 милиони евра до крајот на 2025 година. Дополнително, компанијата се задолжила со околу 110 милиони евра кредити, што, според опозицијата, значи вкупен товар од околу 200 милиони евра кој на крајот го плаќаат граѓаните.

— реклама —

Од СДСМ порачуваат дека токму овие финансиски загуби и, како што велат, „епската неспособност“ на власта се главната причина за поскапувањето на струјата, нагласувајќи дека одговорност мора да има и дека темата нема да биде затворена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата - Сега умре и рибата во Треска“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага“, велат од СДСМ

Македонија | пред 6 часа

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ бара ДДВ од пет отсто за горивата: Предлогот на Владата е задоцнета и половична мерка

Македонија | пред 1 ден

media-librarylp2s5vk725q13iyFSDS

СДСМ бара Вранецот да се откупува по 28, а Смедеревката по 25 денари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања