Груби и другар му Перпарим системски краделе од Лотарија, СДС за тоа знаеле и молчеле за да им трае владината коалиција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

„На криминалот на ДУИ и на Артан Груби му нема крај. Груби со другар му Перпарим Бајрами во Државна лотарија си направиле криминална шема, од која профитирале милиони“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Артан Груби и Перпарим Бајрами системски краделе од лотарија и ваквиот криминал, од надлежните институции, е документиран и истражен. За неколку месеци од преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ, документиран е случајот со Државна лотарија и покренати се истражни постапки и кривични пријави.

Криминалот во Лотарија се шири, а Груби и другар му Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Во Државна лотарија се договарани тендери за набавка на телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вредност од над 400.000 илјади евра.

— реклама —

Но, криминалот во овие тендерски постапки за набавка на телевизори и компјутерска опрема лежи во тоа што, иако е потпишан прием за нив, по спроведените проверки и попис не се пронајдени.

За ваквиот криминал, кој имал епидемиски размери и кој по само шест месеци по промената на власта можеше да се документира, истражи и да се процесуира, не е можно да не знаеле СДС.

СДС сигурно знаеле за ваквиот криминал во Лотарија, но ги оставиле Груби и ДУИ да крадат од македонските институции, за што подолго останат на власт и во удобните фотелји.

И сега, кога сиот криминал на Груби, посебно во Лотарија кои СДС го знаеле, излегува на површина, ги нема да го осудат, дистанцираат и да го повикаат да се врати во Македонија и да се соочи со правдата.

СДС, наместо осуда за Губи, ги гледаме секојдневно како смислуваат разно разни приказни и конструкции, но од друга страна пак, тоа е единственото кое што им остана.

Затоа што, Македонија се трансформира и следува одговорност за сите што работеле спротивно на закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања