Промени тема
Контакт

Густата магла ги парализира летовите: Откажани сите утрински полетувања од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Поради густата магла што ја зафати скопската котлина, откажани се сите утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје.

— реклама —

Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот за Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и летот за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.

Во моментов, на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“, кои се стационирани во базата во Скопје, вчера не успеа да слета. Поради маглата, авионите беа пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид.

— реклама —

Екипажите на „Визер“ утрово патуваат до аеродромите каде што вчера слетаа авионите, од каде што ќе полетаат кон дел од дестинациите чии летови утрово беа откажани, со цел да ги преземат патниците за летовите кон Скопје.

— реклама —

Поради исклучително густата магла, вчера на Меѓународниот аеродром Скопје слетаа само три авиони, а само тие успеаја и да полетаат во попладневните часови, кога временските услови накратко се подобрија. Сите други полетувања беа откажани, а авионите што требаше да слетаат беа пренасочени кон алтернативни аеродроми.

Во одредени периоди, видливоста се намалуваше на помалку од 100 метри, што е далеку под минималните стандарди за инструментално слетување во најниската категорија 1, каква што има Скопскиот аеродром.

— реклама —

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје и во наредните три дена се очекува променливо облачно време со појава на магла, што значи дека можни се дополнителни нарушувања во авионскиот сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 6 дена

media-librarygicq96btf4q7ewH4huK

Нова парковска површина од 3.000 квадратни метри се уредува кај „Џевахир“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryt0k5ebtap13d9sVPhOE

415 нови паркинг-места во Мичурин и Стар Аеродром: се подготвува нов сообраќаен режим

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања