Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Гужви пред „Алта банка“ во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Македонија
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Со полициско обезбедување, денеска повторно беа отворени шалтерите на „Алта банка“ АД Битола, но исплатата на средствата и натаму се одвива со ограничувања, а пред експозитурата повторно се создадоа долги редици, пренесува сдк.мк.

— реклама —

Како што пренесува сдк.мк, претпладнево беа услужувани само клиенти без платежни картички кои добиле СМС-порака, со можност да подигнат најмногу 20.000 денари. Иако беше најавена и исплата на социјална помош, средствата сè уште не беа пристигнати. Брзата помош интервенирала неколкупати поради граѓани на кои им се слошило додека чекале во метежот.

— реклама —

Дел од пензионерите бараат да им се овозможи подигнување потврди за префрлање на пензијата во друга банка. За тоа, покрај отворање нова трансакциска сметка, потребна е и потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде што денеска исто така имало голем број граѓани и долги редици.

— реклама —

Дополнителен проблем за повозрасните лица и лицата со попреченост е пристапот до канцелариите на третиот кат во Фондот, бидејќи зградата нема лифт.

— реклама —

Народната банка на 1 ноември воведе привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, откако на матичната банка во Белград ѝ беше одземена лиценцата за работа и беше отворена стечајна постапка. Оттогаш, клиентите можат да подигнуваат најмногу 10.000 денари неделно од банкомат, додека оние без платежни картички можат да добијат до 20.000 денари на шалтер. Граѓаните сè уште немаат можност да располагаат со своите штедни влогови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6t5fhc729b0n9vjGUcZ

Министерката за финансии негира дека Славески ја консултирал за влезот на „Алта банка“ во Македонија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

„Алта банка“ почна со исплата на готовина во Битола, клиентите без картички можат да подигнат до 20.000 денари

Македонија | пред 4 часа

LDPlogo-620x360

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност

Македонија | пред 23 часа

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Независната советничка група „Поинаку“, СДСМ, Левица и ЛДП бараат вонредна седница за средствата на јавните претпријатија во „Алта банка“

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања