Промени тема
Контакт

И Финансиската полиција се произнесе за претресот кај родителите на судијата Ристов, по најдените 350.000 евра во ѕид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryjb22uj89fjatf4Fi7Fb

Во рамки на опсежна и сложена истрага што ја води Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управа за финансиска полиција спроведе претрес на локација во Неготино, при што беа пронајдени и одземени околу 350.000 евра.

Како што соопшти Финансиската полиција, претресот бил извршен по наредба на судија на претходна постапка и под раководство на надлежниот јавен обвинител. Акцијата е реализирана во текот на изминатиот викенд, во координација со институциите вклучени во истрагата.

— реклама —

Претресот бил извршен во домот на родителите на лице – судија од Апелациски суд Скопје, кое е осомничено за кривично дело противправно стекнување и прикривање имот. Според официјалните информации, парите биле пронајдени во специјално соѕидан, таен простор во ѕидот на објектот.

Од Финансиската полиција наведуваат дека постојат основани сомневања оти пронајдените средства потекнуваат од незаконски активности, поврзани со корупција и трговија со влијание.

— реклама —

„Управата за финансиска полиција, во рамки на своите законски надлежности, ги презема сите истражни дејствија со висок степен на професионалност и законитост, во тесна и ефикасна соработка со надлежните институции“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од институцијата потенцираат дека остануваат целосно посветени на борбата против корупцијата и организираниот криминал, особено во сложени случаи кои директно го нарушуваат владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Истрагата продолжува, а јавноста ќе биде дополнително информирана за натамошниот тек на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp9ob7fmubiqk44j4Q8Y

„Не мислев дека ќе одат толку далеку“, рекол таткото на судијата Ѓоко Ристов кога полицијата ги нашла заѕиданите 350.000 евра

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarydpnicq8ibi208QQpSMW

По случајот со заѕиданите пари, сопругата на судијата Ристов јавно ја прозва обвинителката која го гони

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryuadlke8nh9i81Rsl9O1

Вице Заев, Камчева, Јахоски, Азманов и Ременски меѓу контактите на судијата Ѓоко Ристов

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Во судница пуштен материјал од прислушувани разговори: Сопругата на судијата Ѓоко Ристов договара средба со таткото на двајца обвинети за тежок криминал

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања