И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zaev-filipce-1

„Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС, каде што на чело на партијата е ставен Венко Филипче, неврохирургот на Заев со неговите 40 потрчковци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Новите членови на нивниот Централен одбор, всушност се стари лица, добро познати на македонската јавност и се директно под команда на Заев.

Викторија Аврамовска Мадиќ е дел од 40-те потрчковци на неврохирургот на Заев, Филипче не може да биде ново лице на СДС, затоа што во изминатиот период на нивно владеење беше на клучни државни и партиски функции.

— реклама —

Како заменик министер за правда, Аврамовска Мадиќ е таа којашто ги осмисли и ги донесе во владата на СДС измените на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот за злоупотреба на службената положба.

Со измените на овој закон, зад кои директно стои Аврамовска Мадиќ, се амнестираа и не понесоа кривична одговорност голем дел од криминалците на СДС и ДУИ.

Аврамовска Мадиќ самата јавно призна дека предлагач на измените на Кривичниот закон, со кој се спасија од прогон криминалците на СДС и ДУИ, е Министерството за правда, каде што таа била заменик и дека по нејзин налог, измените ги искуцала дактилографката од нејзиниот кабинет.

Ова е само потврда дека Аврамовска Мадиќ не може да биде ни новото, ниту пак позитивно лице на СДС. Таа е потрчко и слеп послушник на наредбите на Зоран Заев и затоа е поставена и во новиот состав на партискиот Централен одбор.

Со ликови на неврохирургот на Заев, Венко Филипче и неговите 40 потрчковци меѓу кои се Викторија Аврамовска Мадиќ и Фани Каранфилова Пановска СДС дополнително ќе тоне“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања