Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

И понатаму неизвесно за обвинителот Коцевски: „Почекајте, ќе видите“ – порача Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
kocevski1111

Смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски веќе подолго време е во фокусот на јавноста, но и денеска премиерот Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор за тоа дали ќе има разрешување. На новинарско прашање што ќе се случува со Коцевски, премиерот кусо одговори:

— реклама —

„Почекајте, ќе видите.“

Говорејќи за реформите во судството и обвинителството, Мицкоски изјави дека е подготвен да ја донира својата плата на судиите и обвинителите – но само под услов тие навистина да судат согласно закон. Тој нагласи дека не може да се согласи со зголемувања на плати во систем што, како што рече, нема никаква доверба меѓу граѓаните.

— реклама —

Премиерот потсети дека државата се соочува со тешка економска состојба и дека следната година ќе треба да врати долг од две милијарди евра – износ кој, според него, претставува една третина од вкупниот буџет од шест милијарди.

„Од тие пари треба да се исплатат пензии, плати, социјални трансфери и комунални обврски, а во исто време мора да вратиме над две милијарди евра. Некој неодговорно ја задолжил државата и идните генерации“, изјави Мицкоски, алудирајќи на претходната влада.

Во однос на судските реформи, тој посочи дека ако сето тоа се сведува само на зголемување на платите во судството и обвинителството – тогаш таква реформа нема да ја направи. „Не можеме да одвојуваме повеќе средства за независно финансирање на судството и обвинителството отколку што тоа го прават најразвиените земји во ЕУ“, додаде тој.

Премиерот истакна дека суштински промени нема, иронично забележувајќи дека единствените реформи се „за повисоки плати“, а не за вистински системски подобрувања. Како пример ја посочи измената на Кривичниот законик што, според него, била направена под притисок на Уставниот суд и овозможила политички амнестии.

„Претходната влада го измени законикот и овозможи политичка амнестија за многумина. Сега, кога ние ќе поведеме постапка против некој од нив, тие ќе се повикуваат на тој закон донесен шверцерски, под европско знаме“, изјави Мицкоски, додавајќи дека дел од меѓународните извештаи тогаш „срамежливо премолчале“ за ваквите случувања.

Во продолжение, премиерот се осврна и на европскиот пат на земјата, потсетувајќи на ветувањата дека промената на името ќе ја приближи Македонија до ЕУ. „Нè убедуваа дека сме ‘фронтранери’ и дека за три-четири години ќе станеме членка на Унијата. Тоа време одамна помина, а ние сè уште сме таму каде што бевме пред 25 години,“ рече Мицкоски, додавајќи дека Македонија не треба да прифаќа нови условувања што, според него, ја загрозуваат националната идентитетска позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Коцевски предупредува: „Едно вештачење за мазут чини 1.500 евра, а обвинителството останува без пари и во 2026“

Македонија | пред 3 седмици

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра

Македонија | пред 1 месец

media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ

По дописот за случајот ‘Пулс’: Комората обвинува за притисок врз адвокатите, а на судењето гледаат како тест за прсвосудниот систем

Македонија | пред 1 месец

media-library3e8ti2j184vf1YBoZZC

„Ова е најлошиот, најнепрофесионалниот обвинител во историјата на оваа тажна земја“: Дукоски му се обрати на Љупчо Коцевски

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања