Промени тема
Контакт

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Претседателот на САД Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social соопшти добри вести, кои се однесуваат на помилување на девојки чие погубување наводно го подготвувал Иран.

— реклама —

„Добри вести! Штотуку бев известен дека осум жени демонстрантки, кои требало да бидат погубени вечерва во Иран, нема да бидат убиени. Четири ќе бидат веднаш пуштени на слобода, а четири ќе бидат осудени на еден месец затвор“, напиша Трамп и додаде:

— реклама —

„Многу ценам што Иран и неговите лидери го почитуваа моето барање, како претседател на САД, и го запреа планираното погубување. Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање“.

— реклама —

Инаку, Трамп претходно упати барање до Иран да ги ослободи осумте девојки за кои наводно се подготвувало погубување.

— реклама —

„До иранските лидери, кои наскоро ќе преговараат со моите претставници – многу би го ценел ослободувањето на овие жени. Сигурен сум дека ќе го почитувате фактот дека сте го направиле тоа. Ве молам, немојте да им наштетите! Тоа би бил одличен почеток на нашите преговори! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање“, напиша Трамп на Truth Social.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 5 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 6 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања