Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Имаме решение за патот за “Тефериџ”, Владата ќе го води проектот“, најави Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryg1djl382hiu32OaAcgH

Министерството за транспорт го презема проектот за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, а тендерот за избор на изведувач се очекува да биде објавен следната недела, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Тој истакна дека станува збор за сериозно свлечиште чија санација ги надминува финансиските и техничките можности на Општина Кисела Вода и на Град Скопје.

— реклама —

„Премиерот Христијан Мицкоски организираше координациска средба меѓу Владата, Општината и Градот Скопје. На владината седница во вторник беше донесена одлука Министерството за транспорт да го преземе целиот проект“, изјави Николоски.

Тој посочи дека веќе е изготвен проект за стабилизација и санација на свлечиштето и дека веднаш по објавувањето на тендерот ќе следува избор на изведувач.

— реклама —

Според Николоски, изборот на изведувач се очекува да заврши за околу еден до еден и пол месец, по што ќе започнат градежните работи.

— реклама —

Министерот изрази очекување санацијата да биде завршена пред почетокот на зимата, при што нагласи дека Владата, преку Министерството за транспорт, целосно ја презема реализацијата на проектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања