Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

svedska

Шведска воведува мобилен систем за предупредување во случај на воздушни напади

Шведска годинава ќе воведе систем за предупредување преку мобилни телефони со цел навремено да го алармира населението во случај на воздушни напади во воени услови, инспириран од сличното решение применето во Украина. Веста ја соопшти надлежната агенција задолжена за проектот.Иако земјата веќе располага со надворешен систем за тревожење составен од околу 4.500 сирени поставени на покриви и други високи објекти, новото решение ќе претставува дополнување на постојната мрежа. Според Хенрик Ларсон од Шведската агенција за цивилна одбрана и отпорност, искуствата од војната покажале дека во евентуален конфликт непријателот би можел да го неутрализира надворешниот систем за предупредување. Во тој контекст се посочува и можната закана од Русија.Новиот систем, наречен SE Alert, ќе функционира така што мобилните телефони поврзани на шведската телекомуникациска мрежа автоматски ќе емитуваат гласовни пораки за предупредување, алармни сигнали и вибрации во случај на воздушна опасност. Имплементацијата се очекува да заврши во рок од шест месеци.Покрај воени закани, системот ќе може да се користи и во мирновременски услови, како при нуклеарни или хемиски несреќи и други големи кризи.Агенцијата истовремено соработува со шведската армија на развој на апликација што ќе им овозможи на граѓаните лесно да фотографираат дронови и да ги пријавуваат до надлежните служби.Шведска ги засили мерките за цивилна подготвеност и концептот на „сеопфатна одбрана“ по руската инвазија врз Украина во 2022 година. Целта е мобилизација на целото општество – од институциите и компаниите до граѓаните – со намера колективно да се спротивстават на евентуална вооружена агресија, а притоа да се обезбеди непречено функционирање на клучните општествени дејности.

Свет | пред 1 месец

media-library0lhob1j9i60bc2PVYAC

Проверувајте го притисокот во гумите почесто во зима: Мал пад може да значи голем ризик

Соодветниот притисок во гумите е клучен за безбедноста на автомобилот, но и за долговечноста на самите гуми. Во зимски услови притисокот знае да опадне, па неопходно е да се проверува почесто од вообичаено. Неправилниот притисок директно влијае врз трајноста на гумите и може да создаде сериозни опасности при возење.Пропишаниот притисок варира од возило до возило и зависи од видот на гумите, масата на автомобилот и неговото оптоварување. Препорачаните вредности најчесто се наведени на столбот меѓу предната и задната врата од страната на возачот или на внатрешната страна од капачето на резервоарот за гориво. Доколку ги нема таму, сигурно се наведени во прирачникот на возилото.Во зависност од тоа колку често возите, староста и состојбата на гумите, надворешната температура и други фактори, притисокот во гумите не е константен. Во зима, притисокот паѓа приближно за 0,1 бар на секои 10 Целзиусови степени пониска температура, што значи дека контролата треба да биде почеста – на пример, секој вторпат кога точите гориво.Проверката и дополнувањето на воздухот се едноставни постапки. Повеќето бензински пумпи располагаат со компресор што може бесплатно да се користи. Возилото треба да се паркира така што сите гуми да бидат лесно достапни. Се одвртува капачето од вентилот, се поставува приклучокот од компресорот цврсто врз вентилот и се проверува вредноста на мерачот. Доколку е потребно, гумата се дополнува постепено, а потоа капачето повторно се завртува. Истата постапка се повторува кај сите гуми.Ако гумата е препумпана, воздухот може внимателно да се испушти со благо притискање на малата игличка во средината на вентилот, со постојана проверка на притисокот.Пренизок притисок ја зголемува контактната површина со коловозот, што доведува до поголем отпор и зголемена потрошувачка на гориво. Дополнително, гумата се деформира, стабилноста се намалува, патот на сопирање се продолжува, а во екстремни случаи може да дојде и до пукање при возење, особено во кривини и при поголема брзина.Ниту превисокиот притисок не е безбеден. Тогаш се намалува контактната површина со асфалтот, што може да ја намали потрошувачката, но го зголемува абењето и ризикот од пролизгување, подолг пат на сопирање и појава на аквапланинг.Кај повеќето модели автомобили, гумите вообичаено се напумпани на притисок од 2 до 2,4 бари, но секогаш треба да се следи вредноста што ја препорачува производителот. Таа важи и во лето и во зима, бидејќи не постојат посебни сезонски бројки.Советот е јасен – притисокот во гумите треба да се одржува точно според препораките на производителот, без импровизации, за да се обезбеди максимална безбедност и оптимални перформанси на возилото во текот на целата година.

Медиасет | пред 1 месец

media-librarysaf1rineo42s2Ucm1ND

Колку шравофи имаат тркалата и зошто тоа е важно за безбедноста на возилото

Бројот на шрафови, на едно тркало пред сè зависи од големината, масата и перформансите на возилото. Помалите автомобили, како градските хечбек модели и компактните седани, најчесто користат четири шрафови поради помалите оптоварувања што се создаваат врз тркалата при возење.Потешките и помоќни возила обично имаат пет, шест или повеќе шрафови, со цел да се обезбеди поголема сила на прицврстување и повисоко ниво на безбедност при забрзување, сопирање и возење со поголема брзина. Тоа, сепак, не значи дека тркалата со четири шрафови се понебезбедни. Напротив, тие имаат и одредени предности – помала маса на поединечните делови и пониски трошоци за производство, бидејќи главините и сопирачките дискови се поедноставни и поевтини за изработка.Важно е да се знае дека навртките и шрафовите за прицврстување на тркалата се разликуваат и по димензиите на навојот, па затоа секогаш треба да се користи точно пропишаната големина наведена во упатството од производителот. При замена на фелни, освен распоредот на отворите за шрафовите, потребно е да се внимава и на параметрите како што се офсетот и централниот отвор, бидејќи од нив зависи правилното налегнување на тркалото.Замена на навртките или шрафовите е неопходна кога ќе се појават оштетени навои, корозија, пукнатини или деформации, како и при вградување нови фелни што бараат поинаков тип прицврстувачи. При монтажа, исклучително е важно тие да се затегнуваат со вртежен момент што го препорачува производителот, затоа што претераното затегнување може да предизвика сериозни оштетувања и дополнителни трошоци.

Магазин | пред 1 месец

media-library463u2bi063sk44n8psn

Британската полиција ја претресе поранешната вила на принцот Ендрју

Британската полиција денеска ја претресе поранешната вила на Принцот Ендрју, помладиот брат на Кралот Чарлс Трети, еден ден откако беше уапсен под сомнение за несовесно вршење јавна должност.Апсењето уследи откако фотографија на членот на кралското семејство, како ја напушта полициската станица, се најде на насловните страници на светските медиуми, објави Ројтерс. Ендрју беше приведен на својот 66-ти роденден, поради сомнение дека ја злоупотребил функцијата додека бил трговски пратеник, наводно испраќајќи доверливи владини документи до покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.По повеќе од десет часа минати во притвор, тој беше ослободен, а истрагата продолжува. Засега против него не е поднесено обвинение.Фотографијата на Ројтерс, на која видно исцрпениот Ендрју со зацрвенети очи и израз на неверување седи на задното седиште од автомобил, беше објавена на насловните страници ширум светот со наслови како „Пад“. Британскиот таблоид Daily Mail ѝ посвети 15 страници на приказната, а веста доминираше во медиумите од Австралија, каде Чарлс е шеф на државата, до Европа и САД.Кралот Чарлс соопшти дека веста за апсењето ја примил со „најдлабока загриженост“, потенцирајќи дека „законот мора да се спроведува“. Тој додаде дека следува целосна, правична и соодветна постапка во која надлежните органи ќе го истражат случајот на примерен начин. Минатата година монархот му ја одзеде титулата принц и го принуди да го напушти домот во Виндзор.Ендрју и претходно ги негираше сите неправилности поврзани со Епстин, кој во 2019 година си го одзеде животот во затвор, изразувајќи жалење за нивното пријателство. Сепак, документи објавени од американската влада покажуваат дека останале во контакт и по пресудата против Епстин во 2008 година за подведување малолетничка.Според тие документи, Ендрју наводно му доставувал на Епстин извештаи на британската влада за можности за инвестиции во Авганистан, како и проценки за Виетнам, Сингапур и други земји што ги посетил како специјален претставник за трговија и инвестиции.Апсењето на толку висок член на кралското семејство, осми во редот за наследување на тронот, претставува настан без преседан во современата британска историја. Последниот член на кралското семејство што бил уапсен во Британија бил кралот Чарлс Први, кој во 1649 година бил погубен поради велепредавство.

Свет | пред 1 месец

media-library9sfdjjchtpasfmeUYoZ

Француски војник застрелан во глава за време на „игра“ со колеги

Француски војник почина откако бил застрелан во главата за време на „игра“ со колеги на забава во воената болница „Перси“ во Кламар, западно од Париз.Дваесетгодишниот бригадир Александре Ланкбен се здобил со тешки повреди во инцидентот што се случил на 8 февруари, за време на забава со алкохол во болницата „Перси“. Тој им подлегнал на повредите на 14 февруари.Воениот гувернер на Париз, Лоик Мизон, ја потврди веста за неговата смрт, изразувајќи длабоко сочувство до семејството и најблиските и најавувајќи целосна поддршка од вооружените сили. Ланкбен служел во 35. падобранска артилериска бригада со седиште во Тарб и бил ангажиран во рамки на долготрајната операција за внатрешна безбедност „Сентинел“.Според француското обвинителство, четворица војници сместени во болницата таа вечер започнале воена „игра“ што подразбира обид за разоружување на колега и онеспособување на неговото оружје. Иако вообичаено оружјето во вакви ситуации е празно, во конкретниот случај пиштолот бил наполнет. За време на „играта“ бил испукан куршум што го погодил Ланкбен во главата.Тројца војници биле изведени пред суд во Париз на 11 февруари. Еден од нив се товари за насилство со оружје што предизвикало трајна неспособност и за прекршување на наредбите со консумирање алкохол, додека другите двајца се обвинети за ненамерно нанесување тешки телесни повреди поради очигледно и намерно кршење на безбедносните прописи.Тие се сомничат и за изменување на местото на настанот со цел попречување на правдата. Се очекува обвиненијата да бидат преквалификувани по смртта на бригадирот. Истрагата ја презеде криминалистичкиот оддел на департманот О-де-Сен.

Свет | пред 1 месец

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Дали на Германија ѝ пропаѓа големата набавка на дронови поради човек поврзан со Епстин?

Набавката на дронови-камикази во Германија, вредна 3,5 милијарди долари (2,98 милијарди евра), предизвика сериозна политичка криза поради вмешаноста на технолошкиот милијардер Питер Тил, кој во јавноста често се поврзува со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, јавува Анадолу.Спорниот договор требаше да ја означи првата голема германска набавка на т.н. „лутечка муниција“, но во моментов е под сериозно преиспитување поради улогата на Тил како акционер во производителот „Старк Дифенс“. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус побара од компанијата да го разјасни влијанието на Тил пред да биде потпишан договорот, покажувајќи дека Берлин ја зема предвид јавната реакција и безбедносните дилеми.Контроверзиите се продлабочија поради претходните деловни и приватни контакти меѓу Тил и Епстин. Според документи на американското Министерство за правда, тие разменувале електронска пошта и се среќавале во периодот од 2014 до 2019 година, разговарајќи за инвестициски можности. Дополнително, во германската јавност се појавија и наводи дека Епстин посредувал во контакти меѓу Тил и лица поврзани со руски разузнавачки структури, што отвори сериозни безбедносни прашања.Од германското Министерство за одбрана до законодавците е доставен доверлив извештај во кој се наведува дека Тил поседува само пасивен малцински удел преку неговиот фонд „Тил Капитал“, без оперативна контрола врз компанијата. Според документот, мнозинскиот пакет акции е во рацете на основачкиот тим и вработените, додека остатокот е распределен меѓу околу 50 акционери.И покрај уверувањата, дебатата ја засенува планираната набавка на системите „Виртус“ и „Хелсинг HX-2“. „Виртус“ е систем со вертикално полетување кој, според спецификациите, може да пробие тенковски оклоп со дебелина до 80 сантиметри и да биде подготвен за употреба за десет минути. Помалиот „Хелсинг HX-2“, тежок околу 12 килограми, се лансира со катапулт и е наменет за поагилни операции. Двата системи користат напредни алгоритми на вештачка интелигенција за идентификација на цели, но германските власти инсистираат конечната одлука за напад да ја носи човечки оператор.Доколку договорот биде одобрен, тоа ќе претставува пресвртница за Бундесвер, кој за првпат би добил сеопфатни офанзивни способности со беспилотни летала. Опремата е планирана за распоредување во 45-та оклопна бригада, активирана во Литванија во април 2025 година, со цел зајакнување на источниот бедем на НАТО.Министерот Писториус нагласи дека расчистувањето на сопственичката структура е прашање од национална безбедност, додека Зелената партија продолжува со притисокот, предупредувајќи на долгорочните импликации од партнерство со личност од калибарот на Тил. Министерството за одбрана, пак, смета дека ваквиот договор е неминовен чекор во услови на современо војување, но опозицијата предупредува дека стратешките ризици не смеат да се занемарат.

Свет | пред 1 месец

media-libraryfo1403oel4rm6B1opg3

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, се ќе биде поткрепено со докази

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази.Во однос на текот на досегашната истрага премиерот Мицкоски изјави дека има кривична пријава за 10 лица покрај оние двајца кои веќе се приведени и ова е само почеток, врз основа на информациите, додека за обвинувањата на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но опозицијата треба да е свесна дека истрагата води до нивни блиски и дека постојат докази за тоа.„Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Затоа што да не биде тогаш „зошто моето семејство“, сите ќе бидат вклучени, бидејќи знаат да го напаѓаат моето семејство и семејствата на луѓето од Владата, треба да се свесни дека нивните семејства за кои постојат докази посебно во овој случај ќе бидат одговорни за многу работи“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека сепак правдата ќе победи во случајот и тој кој се огрешил ќе одговара, но и не треба да заборавиме каква политика водеше владата на СДСМ и ДУИ во врска со одгледувањето на канабис, како и тоа дека се ова е последица на тие политики.„Сите забораваме колку пати претходната влада на СДСМ и ДУИ се обидуваше да го промени Законот за одгледување на канабис и да се дозволи извоз на цвет од канабис. Дури на најстроги празници свикуваа седници во Собрание. Еве самите гледаме што барале производителите. Не може вашата економска програма да се темели на производство на канабис, самото по себе е поразително“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски водено истакна дека еве сега со скандалот со дрогата гледаме како Али, Заев и Венко како министер за здравство ја развивале Македонија и дека ова се последици од тие политики, но ќе бидат казнети.

Македонија | пред 1 месец

media-librarykt09nbfuitd7cWsWRC4

Мицкоски: Мекото ткиво на македонскиот идентитет се вика СДСМ, Венко ми викаше дека нема проблем со промена на Уставот

„Секој оној кој што не и мисли добро на Македонија и граѓаните ќе бара меко ткиво и тоа го наоѓа во опозицијата во моментот. Тоа го наоѓа во опозицијата, ги слушаме изјавите на челниците на опозицијата во Македонија, кои што никогаш до сега не извлекоа поука од погрешните политики што ги правеа и партијата ја доведоа на тоа ниво, на кое што ја доведоа. Нормално, тоа беше искомбинирано со многу криминал, неработење, неиспорака“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во вечерашното интервју во емисијата Само интервју на ТВ Канал 5. Премиерот Мицкоски се потсети на средбата со тогашниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски каде што имал лидерска средба на која како што рече буквално го молел да не го прифати делот за историската комисија и условот за промена на Уставот да бидат дел од преговарачката рамка. „Јас не бев како сегашната опозиција, јас тогаш барав лидерска средба за да се изгради национален консензус. Дури се сеќавам како денес да беше таа моја последна средба со тогашниот претседател на Владата Ковачевски во Клубот на пратеници, кога го молев буквално да не го прифаќа ова. Дури му реков се што е на маса ќе прифатиме заедно, само немој делот со историската комисија и условот промена на Уставот да влезе во преговарачката рамка. Се друго ќе прифатиме, еве заедно ќе излеземе од овој состанок и подготвени сме ние како ВМРО-ДПМНЕ да прифатиме“, нагласи Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека со СДСМ имаат различни позиции и не можат да постигнат договор за национален консензус, бидејќи на средбата во Владата, лидерот на СДСМ Венко Филипче го информирал дека тој да може уште утре би го променил Уставот, потенцирајќи дека мекото ткиво кој што го има македонскиот идентитет се вика СДСМ. „Јас со претседателот на СДСМ имав една средба во Владата кога дојде, кога ја отворивме таа тема и тој јасно кажува дека има различни позиции и дека тој би го сменил Уставот кога би можел уште утре, за него тоа не е никаков проблем. И кога имаме такви различни позиции, јас не гледам како ние би можеле да најдеме консензус. Но, тоа е тоа меко ткиво кој што го има македонскиот идентитет се вика СДСМ. И ние треба да сме мудри и трпеливи, тие ќе измислуваат, напаѓаат со лаги, ние треба да сме концентрирани и јас да знаеме каде одиме“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Пронајдено тело во фаза на распаѓање во Белград

Во стан во белградската општина Врачар е пронајдено тело во напредна фаза на распаѓање. Откритието следува откако соседите, загрижени поради несносниот мирис кој се шири од станот веќе неколку дена, решиле да пројават и да влезат во просториите.Според неофицијални информации, станарите на зградата одлучиле да преземат мерки поради интензивниот непријатен мирис. По отворањето на вратите, во станот било пронајдено телото. Засега нема официјални информации за идентитетот на починатата личност, ниту за причините и околностите на смртта.Полицијата и надлежните служби продолжуваат со истражување за да се утврдат сите детали околу трагичниот настан.

Свет | пред 1 месец

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Никој во овој период нема да остане без финансиска поддршка, обезбедуваме фер и постепена транзиција

„Во Програмата за 2026 година воведовме посебна мерка, која во моментов е во фаза на доработка, со цел да бидат поддржани сите мали капацитети, истата е насловена како Мерка за директни плаќања на мали земјоделски стопанства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на ТВ 24.„Да појаснам, земјоделец кој имал 2 декари лозов насад и ги пријавил минатата година, а со новите измени минималниот праг е 0,5 хектари, преку оваа нова мерка ќе добие транзициски период. Во наредните една до максимум три години ќе продолжиме да ги поддржуваме истите два декари, со цел земјоделецот да има време да одлучи дали ќе ги зголеми своите капацитети на 0,5 хектари или ќе одлучи да не ги проширува, по што нема да остварува право на субвенции“, нагласи министерот.Транзицискиот период ќе изнесува од една до три години, во зависност од секторот, бидејќи временската рамка е различна за различни производствени гранки.„Никој во овој период нема да остане без финансиска поддршка. Обезбедуваме фер и постепена транзиција, со цел малите земјоделци да се прилагодат на новите услови“, потенцираше министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryovbfifdsujns0Yx72Pr

Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.

Македонија | пред 1 месец

media-library7oqc6lmk8e9h4iH0nng

ЕУ бара повлекување на руските воени сили од Белорусија, Грузија и Ерменија

Европската унија бара Русија да ги повлече своите воени сили не само од Украина, туку и од Белорусија, Грузија, Ерменија и сепаратистичката молдавска регија Придњестровје, наведува документ испратен од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас.Документот бара и забрана за руско воено присуство, повлекување на нуклеарното оружје од Белорусија и демилитаризација на окупираните територии. Руски трупи се стационирани во Абхазија, Јужна Осетија, Придњестровје, Ерменија и Белорусија, од каде се организираше инвазијата во 2022 година.ЕУ исто така бара исплата на воена штета, укинување на амнестијата за воени злосторства и целосен пристап за меѓународни истражители. Брисел истакнува дека траен мир не е возможен без учество на ЕУ на преговарачката маса и без заштита на безбедносните интереси на Унијата.

Свет | пред 1 месец

svedska

Шведска испраќа моќен систем за противавионска одбрана на Украина

Шведска денеска објави дека Украина ќе добие нов пакет воена помош вреден 12,9 милијарди шведски круни, односно 1,42 милијарди долари, со нагласок на зајакнување на противавионската одбрана, соопшти шведското Министерство за одбрана. Ова е најголемиот поединечен пакет помош што Шведска досега го обезбедила, пишува The Kyiv Independent.Главен дел од пакетот е шведскиот систем за противавионска одбрана краток дострел, модуларно дизајниран и составен од артилериски и ракетни системи, пресретнувачи, средства за електронско војување, активни и пасивни сензори, како и системи за команда и контрола. Иако во соопштението не е наведено точното име на системот, во последните шведски изјави се спомнува системот Tridon, произведен од BAE Systems Bofors. Tridon е самоходен противавионски топ калибар 40 мм со далечинско управување, способен да се спротивстави на дронови, крстосувачки ракети, авиони и оклопни возила, и е во оперативна употреба од 2022 година.Оваа помош доаѓа во време кога Украина се соочува со недостиг на ракети за противавионска одбрана. Портпаролот на украинското воздухопловство, Јуриј Ињат, на почетокот на февруари изјави дека понекогаш недостатокот на проектили оставал некои украински системи без муниција. Истовремено, со доаѓањето на зимата, Русија ги зголеми нападите врз украинската енергетска инфраструктура во обид да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија на национално ниво.Пакетот вклучува и муниција, меѓу која се артилериски гранати долгиот дострел, различни видови противавионска муниција калибар 40 мм и муниција калибар 120 мм за минобацачи, како и проширување на проектот за соработка со Украина на беспилотни летала со долг дострел.

Свет | пред 1 месец

media-library9pio81uhqi8m7QJUO5a

Трамвај удри во автомобил: Возачот бил под дејство на дрога и без важечка возачка дозвола

Возачот на трамвајот кој вчера учествувал во сообраќајна несреќа во Сараево управувал под дејство на дрога и со истечена возачка дозвола, јавува Klix.ba. Несреќата се случила кај Царев мост, во близина на Башчаршија, при што и возачот на трамвајот и возачот на патничкото возило се здобиле со полесни повреди.Полицијата по несреќата го тестирала возачот Н.К. (1987) од Сараево. Алкотестот бил негативен, но тестот за дроги покажал присуство на забранети супстанци. Исто така, утврдено е дека возачот немал важечка возачка дозвола бидејќи му истекла. Двете возила претрпеле материјална штета, а возачите биле пренесени во болница.Полицијата на Стари Град ќе покрене прекршочна постапка против Н.К., како и против правното лице КЈКП „ГРАС“ и одговорните лица во претпријатието.

Свет | пред 1 месец

media-librarya6nvn1m87gm83qfdsBe

Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни плаќања

„Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони евра, за 2019 година била во сличен износ, во 2020 година изнесувала околу 70 милиони евра, а во 2021 година околу 60 милиони евра.„Во 2024 година, кога сегашната Влада ја презеде одговорноста, беше наследена Програма донесена од претходната власт во износ од околу 98 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот, износот беше зголемен на околу 115 милиони евра, а во декември беа обезбедени дополнителни средства, со што вкупната вредност достигна околу 137 милиони евра“, посочи министерот.Тој додаде дека најголем дел од средствата од Програмата за 2024 година биле наменети за исплата на заостанати обврски кон земјоделците.„Сегашната Програма од околу 98 милиони евра не значи кратење на средствата. Дополнителните средства во 2024 година беа обезбедени со цел да се исплатат наследените долгови од претходната власт“, нагласи министерот Трипуновски.Министерот потенцираше дека и во текот на годината, преку ребаланс на Буџетот, се обезбедуваат дополнителни средства за Програмата за директни плаќања, во насока на континуирана и навремена поддршка на земјоделците.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqjecgs7lorms12274ma

Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Советот на Општина Центар на денешната седница гласаше за недонесување на одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.За недонесување на предлог-одлуката гласаа сите 23 советници. ,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пиар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката. Согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryltqlv31qvt8g4kFoTUi

Аналитичар за можен напад на САД врз Иран: Трамп има трпение само кон Путин

Надворешнополитичкиот аналитичар Денис Авдагиќ во изјава за N1 Televizija оцени дека евентуален напад на Соединетите Американски Држави врз Иран денес не е невозможно сценарио, иако пред неколку години би било тешко замисливо.Тој потсети дека минатата година веќе бил изведен ограничен напад врз ирански нуклеарни постројки, што, според него, покажува дека постои подготвеност за таков чекор. „Ако се оди кон уништување на нуклеарниот и ракетниот потенцијал, тоа веројатно би траело со недели и би предизвикало голем хаос низ Блискиот Исток“, изјави Авдагиќ.Осврнувајќи се на улогата на американскиот претседател Доналд Трамп, тој нагласи дека доколку Трамп ги оствари поставените цели, прашањето може брзо да биде тргнато од дневен ред. Како пример ја посочи Панама, која, според него, престанала да биде тема откако биле постигнати посакуваните резултати. Во случајот со Иран, клучно прашање е запирањето на нуклеарната програма, а доколку на преговарачката маса не се отвори прашањето за опстанокот на режимот, можно е да се постигне договор.Авдагиќ оцени дека Иран има интерес за преговори, пред сè поради ослабената меѓународна и внатрешна позиција. Тој додаде дека Трамп нема многу трпение, „освен во случајот со Русија и Владимир Путин“, и дека кон останатите земји настапува поинаку. Како показател за зголемените тензии ја наведе и присутноста на американски воени бродови во близина на Иран.Во анализата се осврна и на испраќањето на медитеранската комесарка Дубравка Шуица на првиот формален состанок на Одборот за мир во Вашингтон, потег што наиде на критики, особено од Франција. Според него, најгласни ќе бидат земјите што не учествуваат на состанокот. Хрватска и Италија ќе имаат статус на набљудувачи, што, како што посочи, не е спорно и не претставува исто што и полноправно членство.

Свет | пред 1 месец

media-librarykakf23r9n668dHud9Df

Андрија Милошевиќ предупредува: „Chicken Road“ е измама, го злоупотребуваат мојот лик со вештачка интелигенција

Играта „Chicken Road“, која на социјалните мрежи се рекламира како брз начин за заработка, според актерот Андрија Милошевиќ претставува класична измама. Тој јавно реагираше откако неговиот лик бил искористен за промоција без негова дозвола.Милошевиќ апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на рекламите во кои се појавува неговиот лик.„Chicken Road е измама. Го користат мојот лик за промоција, а јас немам никаква врска со тоа. Ве молам, обрнете внимание“, напиша актерот.Тој појасни дека станува збор за злоупотреба со помош на вештачка интелигенција, при што неговиот лик се користи за реклама на игра што наводно носи пари. Милошевиќ истакна дека веќе ангажирал адвокат и се обидува правно да стави крај на, како што вели, оваа појава што трае подолг период.„Уште еднаш да објавам дека со помош на вештачка интелигенција се користи мојот лик за некаква кокошка што носи пари – не наседнувајте. Немам врска со тоа. Тоа е класична измама. Се обидувам преку адвокат да ѝ застанам на пат на таа појава. Веќе речиси три години не рекламирам игри на среќа, ниту имам намера. Споделете за да види што повеќе луѓе“, порача Милошевиќ.Актерот уште еднаш ги повика граѓаните да бидат претпазливи со содржини што агресивно се рекламираат на интернет и да не им веруваат на лажни препораки што го злоупотребуваат неговото име и лик.

Магазин | пред 1 месец

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп ја блокираше поддршката за договорот за Чагос, Британија не даде зелено светло за напад врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поддршката за договорот на британскиот премиер Кир Стармер за предавање на архипелагот Чагос на Маврициус, откако Лондон не дал зелено светло за користење на британските воени бази во случај на американски напад врз Иран, објави „Тајмс“.Според весникот, Белата куќа разработува детални воени планови што би ја вклучиле базата на островот Диего Гарсија и воздухопловната база РАФ Ферфорд во Глостершир, каде што е стационирана американската флота тешки бомбардери за Европа. Долгогодишните договори меѓу Лондон и Вашингтон предвидуваат овие капацитети да се користат само со претходна согласност од британската влада.Обединетото Кралство сè уште не дало одобрение, поради правни дилеми и загриженост дека евентуална интервенција би можела да го прекрши меѓународното право. Според правните толкувања, држава што обезбедува поддршка за напад може да сноси одговорност доколку има сознанија за околностите на евентуален противправен чин.Уште во 2021 година, сегашниот министер за одбрана Џон Хили побара појаснување за правилата околу користењето на британските бази, при што беше нагласено дека секоја операција мора да биде во согласност со британското законодавство и со домашното толкување на меѓународното право. Во пресрет на војната во Ирак, тогашниот државен правобранител Лорд Голдсмит тврдеше дека употребата на сила е дозволена само во самоодбрана или при непосредна закана, став што подоцна беше ревидиран по резолуцијата на Обединетите нации.Трамп и Стармер разговарале за американскиот ултиматум поврзан со нуклеарната програма на Иран, по што американскиот претседател јавно го критикуваше договорот за Чагос. На својата социјална мрежа Трут Соушал, Трамп наведе дека САД можеби ќе мора да ги искористат Диего Гарсија и Ферфорд за да спречат потенцијален напад од „нестабилен и опасен режим“, кој, како што посочи, би можел да биде насочен и кон Обединетото Кралство.Британската влада претходно тврдеше дека договорот со Маврициус, проценет на околу 35 милијарди фунти, е неопходен од безбедносни причини и за да се избегне скапа правна битка околу суверенитетот врз архипелагот. Министерката за жртви Алекс Дејвис-Џонс изјави дека премиерот ќе го исполни ветувањето и повторно ќе го врати законот во парламентарна процедура, нагласувајќи дека националната безбедност останува врвен приоритет.Сепак, високи владини извори неофицијално признаваат дека договорот тешко може да продолжи без американска согласност, а актуелната ситуација ја опишуваат како „мрачна“, што дополнително ги комплицира односите меѓу Лондон и Вашингтон во чувствителен геополитички момент.

Свет | пред 1 месец

media-library854j381v6p0pf1ZVgXh

(Видео) Камион со течен гас експлодира во Сантијаго, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа кога камион што превезувал течен гас удрил во заштитна ограда и експлодирал во главниот град на Сантијаго, соопштија чилеанските власти.Во несреќата се повредени уште десет лица. Според шефот на полициските сили, Виктор Виелма, камионот изгубил контрола и удрил во оградата од засега непознати причини, кои сè уште се предмет на истрага.Инцидентот се случил рано утринава во северниот дел на градот. Во експлозијата биле оштетени и седум помали возила што се нашле во близина на местото на настанот. Надлежните служби извршиле увид, а сообраќајот во тој дел од градот бил привремено прекинат.

Свет | пред 1 месец

media-libraryar4d41elpgv0as14oek

Пецаков: Охрид ја претставува туристичката понуда на саемот во Белград

Кирил Пецаков истакна дека и оваа година Општина Охрид е дел од Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“. „Заедно со Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички чинители, ја презентираме нашата богата туристичка понуда“, изјави Пецаков.Тој додаде дека имал чест да оствари средби со туроператори, пријателски општини, медиумски претставници и со амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупанчески, со цел да ја зајакнат соработката и да привлечат нови туристи во Охрид.Во рамки на програмата вечерва ќе се одржи и традиционалната „Охридска вечер“, на која се поканети претставници на туристичкиот сектор од регионот. Белградскиот саем се одржува по 47-ми пат, а на него учествуваат повеќе од 350 излагачи од 18 држави.

ОО | пред 1 месец

media-libraryo2c9frlogitqfdH5bpC

(Видео) Што кријат пораките од апликацијата Скај за групата од Грчец, открива адвокатот Катавеновски во Претрес

Адвокатот Ристо Катавеновски, кој е адвокат на Севдаир Азири, советник во општина Шуто Оризари и поранешен заменик директор на Улици и патишта, обвинет за криумчарење дрога и дел на криминалната група на Шеваљ Муареми како дел од групата Грчец е гостин во „Претрес со Ландов”.Скај групата ја користат криминалци и политичари кои сакаат дискретна комуникација, случајот почнува кога Франција го запленува серверот. Запленета е целата комуникација од групата. „Не знам како се стигнати доказите во Македонија, а немало налог од судија. Нелегално се стигнати разговорите во Македонија. Разговорите се меѓу Шеваљ со други лица. Ниту еден од обвинетите немале такви апликации и уреди. Тие не биле прислушкувани. Никаде не е спомнат мојот клиент. Споменат е само прекар Косовар, а мојот клиент немал прекар”, вели Катавеновски.Обвинителот не презентираше разговори со обвинетите, само за лица со прекари, вели бранителот.Криминалната група, според тогашниот министер Оливер Спасовски, вршела убиства, но и носела кокаин од земјите од Латинска Америка до држави од Европската Унија, а дел од кокаинот бил наменет и за нарко пазарот во Македонија.Спасовски тврдеше дека од доказите ќе се види кој ја провалил акцијата „Планина” на ексобвинителката Вилма Русковска.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryt73vp3jp96ab3vWPj34

(Видео) Адвокат Катавеновски: Политиката сака да влезе во правосудството, состојбата таму е катастрофална

Ристо Катавеновски, поранешниот и разрешен врховен судија, адвокат на Драган Стојановски, специјалец од ЕБР, осуден на 11 години затвор за нелегално тргување со дрога и оружје е гостин во „Претрес со Ландов”.За случајот вели дека сè виси и сè е спорно. Нема одземено дрога и оружјето му било легално.„Катастрофална е состојбата во правосудството. Промени мора да има. Да се распушти и одново да се почне. Има и добри судии, но голем дел не”, вели Катавеновски кој тврди дека судот нема допир со истрагата, а грешка е што обвинителството ја води истрагата.„Имаме сè понеквалитетни, млади судии. Судијкате Емране Селмани, која го судеше предметот на Драган Стојановски, ме разочара. Не ни дозволија приговори на сè што изнесе обвинителството”, вели Катавеновски.Во врска со вчерашната одлука на Советот на јавни обвинители четири судии да добијат позитивна оценка и да ја префрлат топката кај Владата, вели Советот си ја ишка мувата од капата.„Излези и кажи овој треба да биде, а не вака. Во Советот на јавни обвинители и во Судскиот совет треба да има добри и еминентни правници, кои ги знаат сите. Мора промена на законите. Политиката многу сака да влезе во правосудството”, вели Катавеновски, кој не е сигурен дека Владимир Панчевски е правично елиминиран од трката за нов државен обвинител.Катавеновски во Претрес ќе говори и за тоа што кријат пораките од групата од Грчец.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-librarysddspjqkgvv09q6yZck

(Видео) Сестра на поранешен специјалец од ЕБР: Брат ми беше деградиран и осуден на 11 години затвор зошто бил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ и настаните на 27 април

Гости во „Претрес со Ландов” се Јасмина Стојановска, сестра на Драган Стојановски, специјалец од ЕБР, осуден на 11 години затвор за нелегално тргување со дрога и оружје. Во студиото е и неговиот адвокат, Ристо Катавеновски, поранешниот и разрешен врховен судија.„Не очекував дека брат ми ќе се најде на обвинителна клупа за вакви тешки дека. Во 2023 дојдоа и вршеа претрес и бараа дрога и оружје дома кај нас. Не најдоа ништо. Брат ми не е криминалец, си ја сакаше работата. Брат ми претходно од ЕБР го префрлија во единицата за обезбедување лица бидејќи бил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е по настаните на 27 април кога почнува целата постапка. Тој бил дисциплински казнет за непостапување”, вели Јасмина Стојановска и посочува дека немал наредба за постапување. Негови слики, како доказ за настаните на 27 април биле објавени во емисијата „КОД”.Следете во живо:

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqc31ail95dfu7hgCYOs

Митева до Жерновски: Не сте воопшто информиран за случувањата со владиниот авион, се е согласно правилникот, нема ниту една злоупотреба

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, која дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за пласирањето невистинити и манипулации од страна на СДС за користењето на владиниот авион, потенцирајќи дека користењето било согласно правилникот за работа на Владата и дека нема злоупотреба на државниот воздухоплов. Притоа нагласувајќи дека Владата се залага за политики кои обезбедуваат стабилност, предвидливост и економски напредок.„СДС се служат со манипулации со невистинити во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако ја изгледал прес-конференцијата ќе знаел кои се причините, зошто и како е користен владиниот авион, дека истиот е согласно правилник за работа на Владата. Така да тоа се сите многу големи невистини кои постојано ги слушаме од СДС, можеме да ги видиме на дневните прес-конференции, но јавноста е доволно мудра за да заклучи зошто Владата носи определени политики, се залага за една политика која што значи предвидливост, стабилност за државата, економски напредок и ќе продолжиме во таа насока, а се надевам дека опозицијата вистински ќе се реформира. Апсолутно можам да кажам дека нема ниту една злоупотреба на користење на државниот воздухоплов“, рече Митева.Митева во емисијата упати остра критика до Андреј Жерновски за молкот од страна на опозицијата, во однос на случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека токму одговорите за тоа кој е сопственикот и која е фирмата треба да се дадат од нивна страна.„Одговори многу даваме, но некако од вашата страна го слушаме молкот, до каде водат тие 5, не 7, туку 40 тони марихуана, кој е сопственикот, која е фирмата, чиј претседател на општински одбор бил и така натаму, одговорите некако треба да дојдат од другата страна затоа што кога ќе се отворат многу прашања кои што во минатото ја создале таа матна вода, а вие некако денес во таа матна вода пробувате да ловите, не успева таа тактика, мора да бидеме концизни и конкретни кога ги кажуваме работите, има факти, има институции, има податоци коишто со текот на времето се повеќе и повеќе излегуваат на површина“, вели Митева.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања