Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

aleksandar-nikoloski

Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДС, да не манипулира, за превозниците решение има во дијалогот со Европската Комисија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДС и нашите стратешки пријатели.„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе'', појасни Николоски.Вицепремиерот Николоски истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Америка воведува ограничувања за патување за 18 ирански официјални лица

Соединетите Американски Држави најавија воведување визни ограничувања за 18 ирански официјални лица и водечки личности од телекомуникациската индустрија, во рамките на најновите мерки насочени против Техеран, соопшти Државниот департмент. Овој потег доаѓа во време кога односите меѓу Вашингтон и Техеран дополнително се заоструваат, додека паралелно се одвиваат нуклеарни преговори и се засилува американското воено присуство на Блискиот Исток.Американските официјални лица предупредуваат дека евентуален неуспех на дипломатијата би можел да доведе до голема воена операција, која, според порталот Axios, повеќе би личела на отворена војна отколку на ограничени удари како што беа забележани во претходни кризи. Советниците на Доналд Трамп истакнуваат дека претседателот сака да постигне договор, но црвените линии околу иранскиот нуклеарен програм засега остануваат непроменети.Во меѓувреме, американската војска интензивно ги распоредува силите во регионот. На Блискиот Исток се распоредени два носачи на авиони, повеќе воени бродови, дополнителни системи за противвоздушна одбрана и стотици борбени авиони, вклучувајќи F-35, F-22 и F-16, додека голем број транспортни летови доставиле оружје и опрема. Преговорите во Женева меѓу американските и иранските претставници траеја часови, но не донесоа значителен напредок, а Белата куќа му постави рок на Техеран за доставување детално предложение.Доколку дипломатијата не успее, во Вашингтон предупредуваат дека воената опција брзо би можела да стане приоритет.

Свет | пред 1 месец

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Милијардер пред Конгресот: Епстин ме измами и ми украде пари

Водечки демократи го зголемија притисокот пред сослушувањето на милијардерот Лес Векснер во Конгресот, тврдејќи дека тој поседува клучни информации за имотот и злосторствата на Џефри Епстин. Роберт Гарсија, претседател на Одборот за надзор на Претставничкиот дом, истакна дека Векснер бил одговорен за голем дел од богатството на Епстин и дека неговото сведочење може да помогне „да се стави крај на прикривањето“.Во писмената изјава до Конгресот, Векснер рече дека е „среќен што сведочи“ за да разјасни работите. Опишувајќи го односот со Епстин, го нарече „наивен и доверлив“ кон него, но нагласи дека не знаел за злосторствата на Епстин и не учествувал во нив. „Бев измамен од еден преварант светска класа“, напиша Векснер, додавајќи дека жалел што некогаш го запознал.Векснер објасни дека заради посветеноста на бизнисот морал да делегира управување со личните финансии, а на Епстин му ја доверил работата по предлог на Боб Мајстер во 80-тите. Односот завршил откако во 2006. Векснер дознал за правните проблеми на Епстин и неговите злоупотреби, а подоцна открил дека Епстин украл големи суми пари од семејството.Демократите остануваат сомничави. Гарсија рече дека Векснер бил „многу близок“ со Епстин и дека тие поминувале многу време заедно, додавајќи дека Епстин „не би бил толку богат без неговата поврзаност со Векснер“. Слично истакна и демократката Шонтел Браун, повикувајќи на „целосна транспарентност и директни одговори“.Меѓутоа, во Франција се отворија две нови истраги за Епстин, една за сексуално злоставување и една за финансиски злоупотреби, со повик до можни жртви да се пријават.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqmn6ctaavh8jflx3beW

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.Интенизивно се гради автопатот Прилеп - Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски."Автопатот Прилеп - Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт.Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат", изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот."Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме" изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvdvmgu6ji51d7IMzxJf

Четворица Јеховини сведоци во Русија осудени на затвор

Четворица Јеховини сведоци минатата недела во Русија добија затворски казни за „екстремистичка дејност“, врз основа на тајно снимени видеа од нивните молитвени состаноци. Од 2017 година, кога Русија ја забрани организацијата, околу 220 членови се затворени.Во првиот случај, во Биробиджан, 61-годишниот Олег Постников доби шест години и два месеца затвор. Тој изјави дека снимките го прикажуваат само нормалното одржување на молитви и барање сила за издржување на прогон, без повици за насилство.Во вториот случај, во Твер, Валериј Толмазов (71), Александар Костјук (53) и Максим Барбазјук (43) добија по шест години затвор. Јаррод Лопес од седиштето на Јеховините сведоци во Њујорк истакна дека тајните агенти длабоко се инфилтрирале во заедниците и селективно ја предавале материјата на истражителите, што ја нагласува контроверзноста на пресудите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryvaa8qi9n48br2RCkrhf

Клучниот воен проект на ЕУ се претвори во спор за моќ

Европските земји по воени трошоци ги надминаа Русија и Кина, но нивните напори се блокирани од национални интереси и фрагментирана индустрија. Проектот за борбениот авион FCAS, кој го водат Франција, Германија и Шпанија, требаше да создаде авион шеста генерација со вештачка интелигенција и дронови во рој, но се претвори во спор меѓу францускиот Дасо и германско-европскиот Аирбас.Проблемот со проектот ја покажува ширината на фрагментираната европска одбрана: националните компании добиваат предност, што води до високи трошоци, непостандардизирани системи и мал удел за заеднички истражувања. Некои проекти, како британско-италијанско-японскиот авион и развојот на тенкови и проектили, успеваат, но FCAS останува симбол на конфликтот меѓу амбиции и соработка.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз не е насочен против Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Њу Делхи, каде што учествува на четвртиот глобален самит за вештачка интелигенција, изјави дека имал низа важни средби со европски лидери и дека Србија мора да продолжи со напорите за економски раст и стабилност.Тој откри дека разговарал 45 минути со францускиот претседател Емануел Макрон за клучните прашања во Европа, европскиот пат на Србија и актуелната геополитичка состојба. Дополнително, како што наведе, имал долг разговор и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, при што станало збор и за воениот сојуз меѓу Загреб, Тирана и Приштина. Според Вучиќ, Пленковиќ нагласил дека тој сојуз не е насочен против Србија.Најдолг разговор, како што посочи, имал со словачкиот претседател Петер Пелегрини.Осврнувајќи се на економската состојба, Вучиќ изјави дека инфлацијата во јануари изнесувала 2,4 проценти и дека е под контрола, односно на ниво што го бара Европа. Додаде дека стапката на раст ќе зависи од ангажманот и работата во наредниот период, порачувајќи дека „ќе мора да се трудат и да се борат“.Говорејќи за инцидентите за време на протестите во Нови Сад, тој ги обвини демонстрантите дека се обиделе да го нарушат секој српски празник и дека нападнале и на Матица српска. Според него, полицијата интервенирала против лица кои рушеле ограда и се однесувале криминално.Вучиќ изјави и дека сè уште нема донесено одлука дали ќе помилува човек кој удрил учесник во блокада, додавајќи дека институциите треба да одговорат кој бил санкциониран за претходните насилни инциденти.На крајот, тој нагласи дека претстојниот ден е важен за претставувањето на Србија, посочувајќи дека индискиот Си-Ен-Ен емитувал 15-минутно интервју со него во ударен термин, што го оцени како значаен успех за земјата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl6oc3ri9ogdd33XnHu4

Уапсени двајца српски државјани во Илок со лажни германски и хрватски лични карти

Двајца државјани на Србија, на возраст од 28 и 26 години, се уапсени во Илок откако полицијата утврдила дека користеле фалсификувани германски и хрватски лични карти, соопшти Полиција на Вуковарско-сремската жупанија.Полициски службеници од Граничната полициска станица во Илок вчера во утринските часови извршиле контрола врз двајцата мажи, при што се посомневале во веродостојноста на документите што им биле приложени. Тие биле приведени во службени простории заради спроведување криминалистичка истрага поради сомнение за фалсификување исправи, како и за утврдување на законитоста на нивниот влез и престој во Хрватска.Со истрагата било потврдено дека личните карти се фалсификувани и дека станува збор за државјани на Србија по кои во Шенгенскиот информативен систем биле издадени предупредувања за забрана за влез во земјите од Европскиот економски простор. Поради таа забрана, како што утврдила полицијата, тие претходно нелегално ја преминале државната граница од Србија во Хрватска, надвор од официјален граничен премин.По завршување на истрагата, осомничените денеска се предадени на притворски надзорник, а против нив до надлежното државно обвинителство е поднесена кривична пријава.

Свет | пред 1 месец

plata-evra

Вработена во продавница кај Обровац осомничена дека украла повеќе од 30.000 евра

Полицијата во Задар поднесе кривична пријава против 24-годишна вработена во продавница на подрачјето на Обровац, под сомнение дека во периодот од април до септември минатата година проневерила повеќе од 30.000 евра, задржувајќи за себе делови од дневните пазари.Според наводите на полицијата, осомничената систематски го присвојувала паричниот износ што ѝ бил доверен како вработена, така што наместо да го уплати целокупниот дневен промет, задржувала дел од средствата. Незаконските дејствија, како што е утврдено со криминалистичката истрага, траеле шест месеци, од почетокот на април до крајот на септември 2023 година.Со тоа е предизвикана материјална штета на трговско друштво со седиште во сплитското подрачје. По завршувањето на истрагата, против осомничената е поднесена кривична пријава до надлежното Општинско државно обвинителство во Задар.

Свет | пред 1 месец

media-library6qmvh4b2mk857CeoDBO

Јапонија вложува 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и минерали

Јапонија најави инвестиции од околу 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и клучни минерали, како прв бран договори со администрацијата на Доналд Трамп. Договорот го објавија Трамп и јапонската премиерка Санае Такаичи, со цел зајакнување на економската безбедност и намалување на зависноста од Кина. Најголемиот проект е гасна електрана во Портсмут, Охајо, која се најавува како најголема во историјата на САД, со капацитет од 9,2 гигавати годишно. Со неа ќе управува компанијата SB Energy, подружница на јапонската групација СофтБанк груп. Предвидени се и вложувања во терминал за извоз на сурова нафта во Тексас и во фабрика за синтетички индустриски дијаманти.Проектите се дел од поширок пакет од 550 милијарди долари што Јапонија се обврза да ги инвестира според трговскиот договор со САД, во замена за намалување на американските царини за јапонските производи, вклучително и автомобилите. Фабриката за индустриски дијаманти во Џорџија, вредна околу 600 милиони долари, треба да обезбеди американска самостојност во клучен материјал за напредно производство и полупроводници. Трамп изјави дека со тоа ќе се намали зависноста од странски извори, пред сè од Кина, која доминира во производството и преработката на ретки метали.Американскиот министер за трговија Хауард Латник истакна дека Јапонија обезбедува капитал, а САД добиваат стратешка инфраструктура и засилена енергетска позиција.Договорот доаѓа во период на тензии меѓу Токио и Пекинг околу Тајван. И покрај тоа, Јапонија објави раст на извозот од речиси 17 проценти во јануари, делумно благодарение на зголемената трговија со Кина, додека Трамп порача дека „огромниот трговски договор со Јапонија стапи во сила“.

Свет | пред 1 месец

media-library66c67jul91664r3vCrQ

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и  сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

media-library6l09otn8scgt9aDmd0W

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој на самиот почеток истакна дека ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на СДС не биле испорачани.„За една година се бара нешто коешто не било испорачано изминатите 7 години, имале доволно време СДС да ги зголемуваат платите, да ја зголемуваат минималната плата, за да сега синдикатите бидат помалку незадоволни. Кога СДС беше на власт и кога ја зголеми минималната платата на 18.000, со законска измена во договор помеѓу работниците и работодавачите, ја зголеми само минималната плата но не и другите плати, тогаш ССМ на нивно барање иницираше амандман којшто ние го поднесовме за зголемување на сите плати, тогаш ние од ССМ добивме пофални зборови“, рече Петрушевски.Петрушевски објасни дека со доаѓањето на власт, Владата ги исполнила барањата на ССМ, со зголемувањето на платите во јавниот сектор, на здравствените работници, полициските службеници, социјалните работници, како и зголемувањето на платите за 11.000 вработени во администрацијата.„Таа обврска којашто сме ја презеле ние како тогашна опозиција за разлика од другите опозициски партии, ние штом дојдовме на власт ги испорачавме тие барања на ССМ. Линеарното зголемување на вработените во јавниот сектор го направивме секаде, ги зголемивме платите во образованието со колективен договор каде што зголемувањето ќе биде од 40 до 60% во рок од 4 години, ги зголемивме платите во високото образование за 14%, здравствените работници исто така ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати, полициските службеници добија 10% зголемување, социјалните работници добија 20% поголеми плати, вработените во СОЗР 30%, последниот договор со УПОЗ и САДУ околу 11 илјади вработени во администрација добиваат 40% поголеми плати“, објасни Петрушевски и додаде:„Испочитувани се сите колективни договори коишто претходната власт ги потпиша на заминување и не ги почитуваше, во одбраната, во културата и сите други институции. Ние ги зголемуваме платите многу повеќе од она коешто тогаш беше барање на Трендафилов кога беше СДС на власт, сега одеднаш бара 12 илјади и прави протести и блокади каде што претходно не ги правеше. Дијалог се води на институционално ниво, затоа постои социо-економскиот совет каде што треба да седнат работниците и работодавачите, да се усогласат, да ги истакнат аргументите синдикатите кои се нивните барања“.

Македонија | пред 1 месец

media-library606cc1unvdqu1634jJM

Се деблокира експропријацијата, 850 метри „голгота“ заминуваат во минатото - до крајот на годината четири ленти и нова патека на „Борис Трајковски“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е постигнат договор за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најфреквентните сообраќајни правци во градот, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 жители.Ѓорѓиевски информира дека одржал средба со стопанствениците долж трасата, при што бил постигнат договор за забрзано спроведување на експропријацијата – процес што, како што наведе, во минатото останал недовршен. Со тоа, според него, се отвора патот за реализација на проектот кој со години бил најавуван, но не и реализиран.Булеварот „Борис Трајковски“ е еден од приоритетите во рамки на капиталните инфраструктурни зафати, а градоначалникот оцени дека неговата недовршеност претставувала сериозен проблем за жителите на овој дел од градот.Во најскоро време се очекува објавување на јавната набавка, а проекциите, според најавата, се дека изградбата ќе биде завршена до крајот на оваа календарска година.Станува збор за делницата од околу 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, која треба да добие современо решение со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.Градоначалникот апелираше за трпение од граѓаните за време на градежните активности, оценувајќи дека привремената непријатност ќе резултира со трајно и безбедно сообраќајно решение.

Скопје | пред 1 месец

media-library6poa935mug0ffNt0zM2

Паднато дрвo оштети три возила во општина Кисела Вода

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека денеска околу 15:30 часот преку единствениот број за итни повици 112 пристигнала пријава за паднато дрво на улицата Вера Јоциќ во општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште Васил Антевски – Дрен.Според првичните информации, дрвото предизвикало материјална штета на три возила и го попречува сообраќајот на наведената локација. Во соопштението на ЦУК се наведува дека се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад.За настанот известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Екипи од МВР треба да извршат увид на местото на настанот, а од ЈП Паркови и зеленило ќе го отстранат дрвото од коловозот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryicdm0upuve38eBXMxdt

Државјанин на Франција осуден за тајно фотографирање жени

Бивш советник во францускиот Сенат во вторник доби условна казна од една година поради тајно фотографирање жени под здолништа, меѓу кои и пратенички во горниот дом на парламентот. Петдесетгодишниот Себастијан Г. се судеше откако во 2023 година двајца негови колеги во заедничкиот простор на десничарската партија Лез Републикен открија тврд диск со повеќе од 1800 фотографии, претежно сексуална содржина, како што наведуваше судијата за време на судењето минатиот месец, јавува Ле Монд.На дискот имало фотографии на задници и деколтеа на облечени жени, снимени на јавни места како улица или Сенат, како и фотографии на поранешната девојка на Г. која ја снимал гола во својот дом. Следната година случајот бил пријавен кај администрацијата на Сенатот, по што добил отказ по повеќе од две децении служба. „Никогаш не сакав никого да повредам“, изјавил на судот во јануари, тврдејќи дека фотографиите никогаш не ги споделил и дека чувствувал „потреба да ја собира убавината на жените“.Судот му го забрани пристапот до Сенатот и му наложи психолошко и психијатриско лекување. Минатиот месец, судот исто така го прогласи за виновен и поранешниот сенатор кој пратеничка ја дрогирал со екстази со намера за сексуален напад, осудувајќи го на 18 месеци затвор.

Свет | пред 1 месец

media-libraryutdgma2d7c1e9xJR1SU

(Видео) Американската војска изврши 3 напади на Тихиот Океан и Карибите, загинаа 11 лица

Американското јужно командување (САУТКОМ) изврши три напади врз пловила во источниот дел на Тихиот Океан и на Карибите, при што загинаа 11 мажи, соопшти американската војска во вторник. Нападите се случиле на локации познати како рути за трговија со дрога.Во првиот напад загинале четворица мажи, во вториот исто така четворица, а во третиот тројца, наведува американската војска во соопштението.„Разузнавачките податоци потврдија дека пловилата се движеле по познати рути за трговија со дрога и учествувале во операции на криумчарење“, соопшти САУТКОМ на социјалната мрежа Икс.

Свет | пред 1 месец

media-library5vrf3i4s5lt01g0Kgm6

Русија повеќе троши на отштети за загинати војници отколку на плати на живи војници

Анализите покажуваат дека Русија одвојува поголем дел од буџетот за отштети на семејствата на загинати војници отколку за плати на живи војници или за нови регрути. Според независните руски аналитички групи Тим за разузнавање и следење на конфликтите и Медиазона, повеќе од една третина од трошоците за воено персонал во Украина оди на надоместоци за семејствата на стотици илјади загинати, додека платите на активните војници чинат околу 33%, а бонусите за новаци околу 20%.Промената на руската тактика од брзи оклопни напади кон бавни пешадиски јуриши доведе до поголеми загуби, особено во сиромашните региони како Бурјатија и Чукотка. Украинските одбранбени тактики постојано нанесуваат големи загуби, а руските сили губат војници побрзо отколку што можат да регрутираат нови.Притисокот и понекогаш насилството од регрутационите канцеларии, како и игнорирањето на ранети и загинати војници, се широко документирани, а семејствата на исчезнати и загинати често се соочуваат со тешкотии да добијат информации или надомест.Овој тренд ја покажува големината на човечките и финансиските трошоци на војната за Русија и предизвиците со кои се соочува во одржувањето на својата војска во Украина.

Свет | пред 1 месец

media-librarytaoe498noibs5irqa7o

Американски авиони слетаа во Обединетото Кралство пред можен напад врз Иран

Два клучни американски авиони за рано предупредување и командување, што се користат за управување со бојното поле, слетаа во Обединетото Кралство во услови на засилено распоредување на американски воени сили кои би можеле да бидат искористени за евентуални напади врз Иран, објави Би-би-си.Станува збор за авиони од типот Боеинг Е-3 Сентри, познати како АВАКС, кои утринава слетале во воздухопловната база РАФ Милденхол во Сафолк. Нивното пристигнување било забележано и фотографирано од воздухопловен ентузијаст, а според податоците од следење на летови, леталата полетале од Енкориџ на Алјаска.Натамошното движење на овие стратешки значајни авиони внимателно ќе се следи, бидејќи дел од аналитичарите нивното пристигнување го сметаат за еден од последните „делови од мозаикот“ потребни за можен американски удар врз Иран.Истражувачот Стефан Воткинс, кој со користење јавно достапни информации ги следи движењата на бродови и авиони, претходно за Би-би-си Verify изјави дека доколку настаните се одвиваат по истиот образец како операцијата „Миднајт Хамер“, кодното име за американските напади врз ирански нуклеарни постројки во јуни 2025 година, тоа би значело дека ударот е неизбежен.

Свет | пред 1 месец

media-library15lbgl6emqul3nHfUMB

(Видео) Нови протести во Иран, демонстрантите извикуваа „Смрт за Хамнеи“

Во западниот дел на Иран синоќа се одржа протест со кој учесниците одбележаа 40 дена од почетокот на смртоносната пресметка на иранските власти со антивладините демонстрации што ја зафатија земјата претходно оваа година. Според тврдењата на активисти, во задушувањето на протестите биле убиени најмалку 6.000 лица.BBC Verify ја потврди автентичноста на две видеоснимки од протестот во градот Абданан, во покраината Илам, недалеку од границата со Ирак. На снимките се гледаат околу стотина демонстранти собрани на кружен тек, кои ги креваат тупаниците во воздух и извикуваат „Смрт за Хамнеи“, алудирајќи на иранскиот врховен водач Али Хамнеи. Дел од возачите ги поздравиле со свирење од автомобилските сирени.Локацијата била утврдена преку споредба на деталите од снимките, како излозите на продавниците и распоредот на зградите, со јавно достапни фотографии. Анализата покажала дека станува збор за раскрсницата меѓу улиците „Ист Вали Аср“ и „Шахид Мотахари“, а според достапните информации протестот бил снимен синоќа.На една од видеоснимките се забележува воден жиг со вчерашниот датум според иранскиот соларен хиџретски календар. При пребарувањето не биле пронајдени траги дека материјалите претходно биле објавени на интернет, а сувите временски услови на снимките се совпаѓаат со локалните метеоролошки извештаи.BBC во изминатите недели анализирал голем број видеа поврзани со бранот антивладини протести што избувнаа и покрај привременото исклучување на интернетот и траеја повеќе од две недели. Меѓу нив има и снимки на кои се гледаат натрупани тела во болница, како и снајперисти распоредени на покривите на згради.

Свет | пред 1 месец

media-libraryh9j6mt5i9vaaakYG8iP

Уапсен обезбедувач кој како руски агент ги наведувал нападите врз Славјанск

Служба за безбедност на Украина соопшти дека во Донецката област е уапсен 51-годишен маж осомничен дека како агент на Федерална служба за безбедност на Русија ги наведувал руските воздушни напади врз Славјанск. Според информациите, уапсениот работел како обезбедувач во локална котларница.Истрагата покажала дека осомничениот го привлекол вниманието на руските служби со објавување прокремљовски коментари на Телеграм, во кои изразувал надеж за целосна окупација на регионот. По регрутирањето, по завршувањето на смените, се движел низ градот за да ги лоцира местата со најголема концентрација на припадници и техника на украинските одбранбени сили. Забележаните позиции ги означувал на електронски мапи, при што доставувал и проценки за бројноста на војниците, видот на вооружувањето и намената на околните објекти.Една од задачите му била и следење на последиците од неодамнешните руски напади врз Славјанск со наведувани воздушни бомби и беспилотни летала. Собраните податоци ги испраќал до својот претпоставен во ФСБ во форма на извештаи составени на мобилен телефон. Контраразузнавачите на СБУ го утврдиле идентитетот на рускиот координатор и, откако ги обезбедиле локациите што биле предмет на шпионажа, го уапсиле осомничениот во неговиот дом.При претресот било откриено и подземно засолниште кое тајно го изградил за да се сокрие и да го дочека доаѓањето на руските сили во случај на улични борби. Запленети му се два мобилни телефона што ги користел за комуникација со ФСБ преку апликации за размена на пораки.Против него е поднесено обвинение за велепредавство извршено во услови на воена состојба. Тој се наоѓа во притвор и му се заканува доживотен затвор со конфискација на имотот. Акцијата ја спровеле припадници на СБУ од Донецката и Луганската област под раководство на регионалното обвинителство во Донецк.

Свет | пред 1 месец

media-libraryno9dvf5d4j6b94FENA1

Канадски службеник на црква призна дека сексуално злоставувал дете

Бивши службеник на тајновита христијанска црква, кој призна пред BBC дека сексуално злоставувал дете во Канада, и понатаму е на слобода повеќе од две години по признанието. Роберт Корфилд откри дека во 1980-тите го злоставувал момчето Мајкл Хавет.Неговото име е меѓу над 1100 пријави на линијата за жртви во црквата позната како „Истина“ или „Два по Два“. Иако FBI започнал истрага откако BBC ја објави својата анализа во 2024 година, Корфилд сè уште живее во Монтанa, САД. Во меѓувреме, уште еден маж, кој ќе го нарекуваме Едвард, тврди дека бил злоставуван од Корфилд уште во 1974 година.Корфилд за BBC изјави дека го посетил FBI, но дека од тогаш никој друг не го контактирал. Тој призна дека го злоставувал Мајкл шест години, но сè уште е слободен. Мајкл и Едвард ја обвинуваат црквата и нејзиното раководство дека го прикривале злоставувањето и ја критикуваат канадската полиција за бавна реакција.Повеќе од 1500 членови на црквата пријавиле злоупотреби, а над половина од обвинетите биле на позиции на моќ. Многу жртви денес се поврзуваат преку интернет за поддршка, додека многумина сторители повторно присуствуваат на црковни состаноци.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoj7709emep6k7ztT6O4

Европскиот парламент ги забрани функциите на вештачката интелигенција на службените уреди

Европскиот парламент одлучи да ги исклучи функциите на вештачката интелигенција на службените уреди на пратениците и персоналот поради загриженост за сајбер-безбедност и заштита на податоците, објавено преку интерен е-пошта во понеделник.Функциите што се онеможени вклучуваат помошници за пишување и сумирање текст, напредни виртуелни асистенти и создавање кратки содржини од интернет страници. Апликации, е-пошта, календар и документи не се погодени. Причината е што дел од алатките користат облачни услуги, со што податоците се испраќаат надвор од уредот.Парламентот ги советува пратениците да бидат внимателни и на приватните уреди, да избегнуваат изложување службени податоци на функции на вештачка интелигенција и да внимаваат со апликации од трети страни.

Свет | пред 1 месец

Bitcoin-Gold

Биткоинот пред најлошиот период во својата историја

Биткоин се приближува кон петти последователен месец со пад на вредноста, што би бил најдолгиот негативен период од 2018 година. По четирите минати месеци со пад, февруари се тргува на околу 68.800 долари, околу 45% под врвот од 126.000 долари достигнат во октомври 2025 година.Овој период се гледа како тест на издржливост на пазарот по воведувањето на ETF-ови. Тргувањето со спот bitcoin ETF-ови во последните недели е претежно негативно, со нето одлив од околу 2 милијарди долари, што ја зголемува чувствителноста на Биткоин кон каматните стапки и ризикот на финансиските пазари.On-chain податоците укажуваат на клучни нивоа: „Првата вистинска пазарна средина“ околу 80.200 долари како горна граница и „Реализираната цена“ на 55.800 долари како историска поддршка. Пазарот се движи помеѓу зоната од 66.900 до 70.600 долари, каде се гледа дали инвеститорите ја брани позицијата или капитулираат.Аналитичарите предупредуваат дека ако трендот продолжи, цената може да се спушти дури кон 55.000–60.000 долари, а во екстремни сценарија, поврзани со голем пад на ризичната имотност, Биткоин би можел да падне и под 40.000 долари. Затворањето на февруари во црвено ќе го формализира петтиот месец пад, потврдувајќи дека Биткоин се тргува како инструмент осетлив на каматни стапки и ризик, а не како независен крипто пазар.

Свет | пред 1 месец

media-libraryc5idjg7evsqeeDiTN7n

Сиљановска-Давкова разговараше со раководството на Факултетот за музичка уметност

По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова.За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќето генерации наставен кадар.Јубилејот добива на тежина и значење заради фактот дека за релативно кусо време, вработените постигнале далеку поголеми резултати од факултетите, односно музичките академии од регионот, стари и по стотина години.Честитајќи им го роденденот, претседателката ја потенцираше важноста на едукативната и педагошката работа на Факултетот, којшто изнедрил музички и уметнички великани како Симон Трпчевски.За Сиљановска-Давкова, неспорна и непроценлива е амбасадорската улога на нашите музички уметници во промоцијата на македонската држава ширум светот.Таа со задоволство ја прифати поканата да биде покровителка на јубилејот на институцијата којашто е расадник на уметници без кои не може да се замисли успешната работа на Филхармонијата, Националната опера и балет, Националниот џез оркестар, како и на бројните ансамбли и оркестри.Професорките ја запознаа претседателката со тешките предизвици од финансиска и просторна природа, хроничниот недостиг на инструменти и опасноста од згаснување на некои катедри во отсуство на кадар.Тие очекуваат преиспитување и измена на низа предложени решенија од новиот Закон за високо образование во претстојната дебата.

Македонија | пред 1 месец

media-library9v0je5p6q5mkdDgM1ST

Поранешните ривали на мразот се вериле за време на Олимписките игри во Милано

Некогашните спортски ривали, во уметничко лизгање Оливија Смарт и Жан-Лук Бејкер, се вериле. Американскиот клизач ја запросил својата поранешна ривалка на улиците на Милано за време на Зимските олимписки игри, каде што таа настапуваше за Шпанија. Просидбата се случила на Валентиново, точно на годишнината од моментот кога тој ѝ ги признал своите чувства за време на Игрите во Пекинг 2022, пишува People.Смарт (28) и нејзиниот танцов партнер Тим Дик го завршиле натпреварот во Милано на деветтото место, но британско-шпанската клизачка сепак заминува среќна од Игрите. Нејзиниот сегашен вереник, 32-годишниот Бејкер, ја запросил вo сабота, 14 февруари, а среќната вест парот ја сподели со заедничка објава на социјалните мрежи. „Секогаш тоа беше ти“, кратко напиша Бејкер. Во коментарите следуваа бројни честитки од светот на уметничкото лизгање. Американскиот клизач Еван Бејтс им порача: „Честитки!! Ви посакувам среќа“, додека Ели Кам додаде: „😭😭 Беше толку прекрасно. Честитки 🎉🥹“.Олимписката ѕвезда во рагби Илона Махер изненадено коментираше: „Молам?!?!?! Дали ова се случи пред или по тоа што те видов?!“, на што Смарт ѝ одговори дека просидбата се случила „буквално неколку часа подоцна“.Пријателство подолго од една деценијаСмарт и Бејкер биле пријатели години пред тој да ѝ признае што чувствува. Во тоа време, таа била во врска со друг маж. „Во тој момент бевме најдобри пријатели веќе околу 11 или 12 години“, рече Бејкер во видео објавено на олимпискиот канал. „Се сеќавам на тој чувството во стомакот, мислата дека нема да се чувствувам удобно ако на нејзиното венчание би бил само гостин… Искрено, не можев да продолжам да живеам а да не знае како се чувствувам“, раскажа тој. По нивните слободни програми во Пекинг, Бејкер сфатил дека е „време да ѝ каже нешто“.Олимписки патекиНа Зимските олимписки игри во Пекинг 2022, каде што настапувале како ривали, Смарт со тогашниот партнер го зазела осмото место. Бејкер, кој на Игрите во Пјонгчанг 2018 освоил бронза во екипно натпреварување, во Пекинг бил единаесетти.Иако сè уште не објавил официјално повлекување од спортот, Бејкер поради низа повреди не настапувал од Игрите 2022.

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања