Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryq6uidmjja5km4BVUeJj

Разоткриена мрежа на измами со лажни сообраќајки, штетата е 3,7 милиони денари: со лажни приказни извлекуваа пари и злато

СВР Битола, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против четири лица поради сомнение за измами со лажни сообраќајни несреќи, со кои се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.700.000 денари.Кривичната пријава е поднесена против В.П. (40) од селото Стење, ресенско, Г.М. (54) со престој во Скопје, едно непознато лице и В.М. (51) од Охрид. Прво, второ и третопријавениот се товарат за кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, додека четвртопријавената се сомничи за „помагање“ во врска со истото дело.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 февруари 2026 година на улицата „Маврово“ во Битола, тројцата осомничени со лажно прикажување факти довеле во заблуда 72-годишна жена, претставувајќи се дека нејзината снаа е тешко повредена и дека се потребни пари и злато за операција. Оштетената му предала златен накит на првопријавениот, кој потоа ги предал предметите на второпријавениот, при што била причинета штета од околу 40.000 денари.Само еден ден подоцна, на 6 февруари 2026 година, кај Саат-кулата во Битола, на ист начин биле измамени 76-годишна жена и нејзиниот сопруг, од кои биле одземени околу 430.000 денари.Во периодот од ноември 2025 до 21 февруари 2026 година, второпријавениот и четвртопријавената ги пренесувале и предавале паричните средства стекнати со измами во Република Бугарија, односно во Софија, на третопријавениот, при што дел од средствата задржувале за себе.Со измамите извршени во повеќе градови низ државата, осомничените се стекнале со противправна имотна корист од околу 3,7 милиони денари.Судија на претходна постапка при Основниот суд Битола му одредил мерка притвор во траење од осум дена на Г.М., додека првопријавениот веќе издржува мерка притвор.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylecvva6g4jbq0dqq1qT

Трамп најави испраќање болнички брод кон Гренланд, Данска тврди дека нема никакви информации

Гренланд повторно се најде во фокусот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку објава на својата социјална мрежа „Трут Соушал“ соопшти дека САД испраќаат болнички брод кон островот.Трамп наведе дека во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, кој воедно е и специјален пратеник на САД за Гренланд, ќе биде испратен голем болнички брод со цел, како што напиша, „да се згрижат бројните болни луѓе за кои никој не се грижи“. Во објавата, придружена со вештачки генерирана фотографија од бродот „УСНС Мерси“, која ја сподели и Ландри, американскиот претседател порача: „На пат е!!!“.Сепак, голем дел од информациите остануваат нејасни. Дописникот на данската државна телевизија од САД, Јакоб Крог, изјави дека не е познато зошто Трамп ја објавил информацијата токму сега, ниту дали болничкиот брод навистина се упатил кон Гренланд.Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска нема никакви сознанија за испраќање болнички брод и нагласи дека жителите на Гренланд ја добиваат целата потребна здравствена грижа.„Нема потреба од посебна здравствена интервенција на Гренланд. Владата на Гренланд веќе се грижи за тоа, а Данска би интервенирала доколку има потреба“, изјави Поулсен.Американската морнарица располага со два болнички брода — „УСНС Мерси“ и „УСНС Комфорт“. Според податоците од сервисите за следење бродови, „Мерси“ моментално се наоѓа во бродоградилиште во американскиот град Мобил, додека „Комфорт“ пред околу две недели бил лоциран на истото место. Бродоградилиштето „Алабама Шипјард“ во јануари објави фотографија на која двата брода се на ремонт, што дополнително ги доведува во прашање тврдењата дека некој од нив е испратен кон Гренланд.Данската телевизија побарала коментар и од министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, како и од американската амбасада во Копенхаген, но официјален одговор не бил добиен.Според достапните здравствени показатели, САД имаат подобри просечни резултати во однос на очекуваниот животен век и смртноста кај новороденчињата. Просечниот животен век во САД изнесува околу 79 години, додека во Гренланд околу 74 години. Смртноста кај доенчињата во САД изнесува околу 5,6 случаи на 1.000 живородени, наспроти околу 9 на 1.000 во Гренланд.Од друга страна, здравствениот систем на Гренланд е јавно финансиран и основните услуги се достапни без класични премии и партиципации, додека американскиот систем во голема мера се потпира на комбинација од приватно и јавно осигурување, што создава поголем финансиски товар за граѓаните. Интересно е и што Гренланд располага со значително повеќе болнички кревети по жител — околу 14 на 1.000 жители, наспроти 2,7 во САД.Во последните месеци Трамп повеќепати јавно повтори дека сака САД да го преземат Гренланд, автономна територија под данска управа. На почетокот на јануари изјави дека островот е од клучно значење за националната безбедност на САД и дека Вашингтон „на овој или оној начин“ ќе го добие.Тој не ја исклучи можноста за економски или политички притисок врз Данска, иако подоцна на Светскиот економски форум во Давос изјави дека нема намера да употреби сила.Еден од неговите највлијателни советници, Стивен Милер, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Гренланд треба да стане дел од САД, додавајќи дека „никој нема да војува со нас за иднината на Гренланд“, што предизвика остри реакции во Данска.Данските власти повеќепати ги отфрлија ваквите предлози. Данскиот премиер порача дека „Гренланд не е на продажба и нема да биде“, нагласувајќи дека иднината на островот ја одлучуваат неговите жители. Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, исто така изјави дека територијата не сака да биде „дански или американски пион“.Европската унија застана зад Данска, при што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека Унијата целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика на смирување на тензиите, истакнувајќи дека Арктикот треба да остане простор на соработка, а не конфронтација, со почитување на меѓународното право и суверенитетот на државите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ обвини дека правосудниот систем во државата се става под директна политичка контрола на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека со последните кадровски одлуки се нарушува независноста на институциите.Од партијата тврдат дека смената на јавниот обвинител била направена со цел, како што наведуваат, да се постави обвинител близок до власта. Според СДСМ, независната кандидатка Ристовска, која добила максимални оценки од Советот на јавни обвинители, била елиминирана, а изборот бил направен по политичка одлука.Во соопштението се наведува и дека лица поврзани со владејачката партија добиваат позиции во правосудните институции, посочувајќи дека сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е назначена за член на Судскиот совет, додека, како што тврдат, владини претставници однапред знаеле судски одлуки за незавршени предмети.СДСМ обвинува и за, како што велат, кампања за дискредитација на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, со цел да се избегне одговорност за функционери блиски до власта.Партијата посочува дека институциите не реагираат на наводи за неправилности во јавни набавки, наведувајќи дека повеќе од 80 дена нема постапување по пријавите доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата, ниту реакција од обвинителството и финансиската полиција.Во соопштението се споменуваат и повеќе тендери, меѓу кои 161 тендер за фирма поврзана со семејството Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 за „Ленди Груп“, како и договори во вредност од милиони евра доделени на компании со мал број вработени.СДСМ оценува дека, според нив, станува збор за повторување на практики од минатото и побара институционална одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешната власт предводена од СДС и ДУИ целосно го ставила судството под политичка контрола, тврдејќи дека изборот и разрешувањето на судии и обвинители се вршеле под партиски притисоци.Од партијата наведуваат дека, според нив, по насока на тогашното раководство на СДС и поранешниот премиер Зоран Заев се избирале „подобни и послушни“ судии и обвинители, додека судии кои не биле под политичка контрола биле разрешувани во кратки рокови.Како пример го посочуваат поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски, кој во телевизиско гостување изјавил дека бил разрешен откако одбил да даде позитивно мислење во судски предмет, за кој, како што тврди, постоеле барања од тогашната власт и коалициските партнери СДС и ДУИ.Според неговите наводи, по изјавата дадена на судско рочиште, на кое посочил дека е потребна дополнителна консултација со колегите во случај поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Судскиот совет свикал итна седница и наредниот ден донел одлука за негово разрешување.Катевеновски, како што пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценил дека разрешувањето не било случајно и дека стоеле политички одлуки на тогашните власти, односно на СДС и ДУИ.Од партијата тврдат дека ваквите сведоштва, според нив, ја потврдуваат тезата дека судството и обвинителството биле под целосна политичка контрола и дека од партиските центри се одлучувало за судски постапки и одговорност.ВМРО-ДПМНЕ оценува дека случајот претставува доказ за партизација на институциите во изминатиот период и повика на утврдување одговорност.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата

СДСМ ја повика власта да го поддржи предлог-законот за минимална плата од 600 евра, оценувајќи дека граѓаните се соочуваат со раст на цените и сè потежок животен стандард, додека, како што наведуваат, државните функционери продолжуваат со непродуктивни трошоци.Од партијата соопштија дека синдикалната потрошувачка кошничка веќе надминува 67.000 денари, поради што, според нив, работниците се принудени да излегуваат на протести и да бараат повисоки плати и достоинствен живот.СДСМ посочува дека нивниот закон за минимална плата од 600 евра е ставен на дневен ред во Собранието и ја повика власта да покаже конструктивност и да го поддржи решението во интерес на работниците.Според партијата, средствата за зголемување на минималната плата може да се обезбедат преку ребаланс на буџетот и пренамена на средства кои, како што тврдат, се трошат за авион, мебел, нови службени возила, кабинети, патувања, репрезентации и тендери.„Доста е луксуз на власта, време е парите да се насочат кон работниците“, наведуваат од СДСМ во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Облачно време со ветер, максималната температура до 11 степени

Минимални температури до минус 6 степени се измерени утринава во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Најстудено било на Попова Шапка со -6 степени, додека -4 степени се измерени во Маврови Анови и Крушево. Во Берово температурата се спуштила до -2, во Прилеп до -1, а нула степени се измерени во Крива Паланка, Штип, Охрид, Претор и Виница. Еден степен над нулата е измерен во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, два степени во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, три во Демир Капија, а најтопло било во Гевгелија со 4 степени.Според податоците на УХМР, снежната покривка на Попова Шапка изнесува 97 сантиметри.Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во раните претпладневни часови во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува и локално ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Максималната дневна температура ќе се движи од 5 до 12 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, со умерен, а во одделни делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 11 степени, соопшти УХМР.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryere1943k1k8i14XXdc0

(Видео) Студенти во Иран организираа антивладини протести

Студенти на неколку универзитети во Иран организираа антивладини протести, први од таков обем по минатомесечните насилни задушувања на демонстрациите и масовните апсења. Би-би-си ја потврди автентичноста на снимките на кои се гледа како студенти во саботата, на почетокот на новиот семестар, маршираат на Технолошкиот универзитет „Шариф“ во главниот град Техеран, додека сличен собир, според извештаите, бил одржан и во градот Машхад на североистокот на земјата.Снимките потврдени од Би-би-си прикажуваат стотици демонстранти кои мирно маршираат и извикуваат пароли на улица во близина на универзитетот. Студентите повикале и на нови собири во неделата. Се појавија и непотврдени видеа кои наводно покажуваат мирен седечки протест на Универзитетот „Бехешти“ во Техеран, а во текот на денот биле регистрирани демонстрации и на други локации. На интернет се објавени и снимки што наводно прикажуваат судири меѓу провладини и антивладини групи на еден универзитет во Техеран, но засега нема информации дали има уапсени.Американската организација за човекови права Храна кон крајот на јануари соопшти дека потврдила најмалку 6.159 загинати од почетокот на немирите, меѓу кои 5.804 демонстранти, 92 деца и 214 лица поврзани со властите, додавајќи дека се истражуваат извештаи за уште околу 17.000 смртни случаи. Иранските власти, пак, минатиот месец соопштија дека загинале повеќе од 3.100 лица, тврдејќи дека најголем дел биле припадници на безбедносните сили или случајни минувачи нападнати од, како што наведоа, „изгредници“.Протестите се одржуваат во период на зголемени тензии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, кои ја засилуваат воената присутност во близина на земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се разгледува можноста за ограничен воен удар. САД и европските сојузници се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје, што Техеран постојано го негира. Американски и ирански претставници оваа недела се сретнаа во Швајцарија и известија за напредок во разговорите за ограничување на иранската нуклеарна програма.И покрај тоа, Трамп подоцна изјави дека светот „веројатно во следните десет дена“ ќе дознае дали ќе биде постигнат договор или САД ќе преземат воена акција. Американскиот претседател и претходно изразуваше поддршка за демонстрантите, во еден момент навестувајќи дека „помошта е на пат“.Иранската опозиција во егзил го повикува Вашингтон да ги реализира заканите и да изврши напад, надевајќи се на брз пад на актуелната тврдолиниска власт, додека други опозициски групи се противат на странска интервенција. Спротивставените страни во меѓувреме водат кампањи на дезинформации на социјалните мрежи, обидувајќи се да го наметнат сопствениот наратив за тоа што навистина го сака иранскиот народ.

Свет | пред 1 месец

media-librarycnfgekmj8c5ecfXDWzw

Поради вештачката интелигенција поскапуваат мобилните телефони и лаптопите

Интензивната изградба на огромни центри за податоци наменети за развој на вештачка интелигенција создава силен притисок врз глобалниот пазар на електронски компоненти, што веќе предизвикува недостиг и нагло поскапување на клучната технологија. По драматичниот раст на цените на графичките процесори, поскапувањето се прошири и на работната меморија, SSD-уредите и класичните хард-дискови, а последиците наскоро ќе ги почувствуваат и потрошувачите преку повисоки цени на лаптопи, таблети, паметни телефони и гејминг-конзоли, објави „Футуризам“.Експертите предупредуваат дека ефектот на домино веќе се прелева врз целиот сектор на потрошувачка електроника. Денес речиси секој уред – од медицинска опрема до земјоделска механизација – содржи компјутерски компоненти, што значи дека поскапувањето може да зафати широк спектар производи. Поради растечките трошоци, технолошките компании веќе одложуваат лансирање на нови графички картички за ентузијасти, VR-уреди и играчки конзоли.По рекордната продажба во 2025 година, и пазарот на паметни телефони се соочува со ризик од забавување, бидејќи резервите на работна меморија се на историски ниско ниво. Аналитичарот Сраван Кундожала од компанијата SemiAnalysis за „Волстрит журнал“ изјави дека дури и Apple чувствува сериозен притисок, нагласувајќи дека бумот на вештачката интелигенција и растот на цените на компонентите значително ги намалуваат профитните маржи.Кризата особено силно ја погоди индустријата за видеоигри. Според „Блумберг“, веќе скапата конзола Nintendo Switch 2 би можела дополнително да поскапи, додека долго очекуваниот PlayStation 6 на Sony би можел дури и целосно да биде одложен.Во меѓувреме, технолошките компании вложуваат стотици милијарди долари во нови центри за податоци, што паралелно придонесува и за раст на цените на електричната енергија. Аналитичарите оценуваат дека најголемиот товар од актуелниот технолошки бран на крај го носат потрошувачите, додека компаниите за вештачка интелигенција се обидуваат да ги оправдаат огромните инвестиции пред инвеститорите.Колку долго ќе трае кризата со компонентите, која некои веќе ја нарекуваат „RAMагедон“, засега останува неизвесно. Еден од директорите во Intel, Лип-Бу Тан, неодамна предупреди дека олеснување можеби нема да има пред 2028 година — вест што сигурно не ги радува оние кои планираат купување нов телефон, компјутер или гејминг-конзола.

Свет | пред 1 месец

media-library38v2h5jok2g10knkkrx

Автомобил излетал и се превртел на автопат во Хрватска, две лица пренесени во болница

На автопатот А2, во близина на наплатните рампи Мокрице–Орославје во Хрватска, се случила сообраќајна несреќа во која патнички автомобил излетал од коловозот и се превртел на покрив.Во несреќата се повредени две лица – возачот и сопатничката, кои биле пренесени на лекување. Од Полициската управа Крапинско-загорска потврдија дека повредените се згрижени во Општата болница во Забок.На местото на настанот во тек е увид, со цел да се утврдат точните околности што довеле до излетувањето на возилото од патот.

Свет | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Поднесена кривична пријава против три лица за „разбојништво“ во обид

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш. (20), Х.С. (20) и А.Г. (19), сите државјани на Република Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид, согласно член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик на РСМ, соопшти МВР.Случајот беше пријавен на 19.02.2026 година и се случил на трим-патеката на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје. Оштетениот М.Т. (27) од Скопје додека се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако одговорил дека нема, сторителите го пребарале по џебовите и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и лишени од слобода. На 21.02.2026 година во просториите на Прифатен центар за странци, во присуство на јавен обвинител, оштетениот целосно ги препознал пријавените лица како сторители на кривичното дело.Истиот ден, пријавените биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 месец

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан за војната во Украина: Наполеон и Хитлер не успеаја, ниту ќе успее Каи Калас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на предизборен собир во Бекешчаба повторно ја критикуваше западната стратегија кон војната во Украина, споредувајќи ја политиката на Европската унија со неуспесите на Наполеон и Хитлер. „Војната сè уште трае затоа што европските лидери сакаат да продолжи“, рече Орбан, без да ја спомне одговорноста на Русите кои ја започнаа војната. Минатата недела, во годишното обраќање кон нацијата, тој објасни дека „путизирањето“ е примитивно и неодговорно и дека вистинската опасност за слободата на Унгарците доаѓа од Брисел, а не од Москва.Според него, европските лидери сакаат да ја продолжат војната со надеж дека, ако ја поразат Русија на територијата на Украина, ќе ја принудат да плати отштета и така ќе го врати паричниот кредит кој ЕУ ѝ го дала на Украина. „Тоа го обиделе и Наполеон и Хитлер. На нив не им успеа, а дали ќе успее Каи Калас?“ изјави Орбан. Тој го критикува стратегијата да се очекува Русија економски да се исцрпи од санкциите на ЕУ, тврдејќи дека „на крајот, црвеното знаме обично се виори на берлинските кули“.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Напад на трим-патека во Центар: Поднесена кривична пријава за разбојништво во обид

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид, казниво по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Станува збор за И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Република Судан. Пријавата е поднесена на 21 февруари 2026 година од инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода.Според информациите од МВР, кривичното дело било извршено на 19 февруари 2026 година на трим-патеката на улицата „11 Октомври“ во Скопје. Додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел со своето куче, бил пресретнат од три лица кои побарале пари од него. Откако тој одговорил дека нема пари, осомничените го пребарале по џебовите, а потоа физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди, по што се оддалечиле во непознат правец.По преземени мерки и активности, полициските службеници ги идентификувале и ги лишиле од слобода осомничените. На 21 февруари 2026 година, во просториите на Прифатниот центар за странци, во присуство на јавен обвинител, било извршено препознавање, при што оштетениот во целост ги препознал пријавените како сторители на делото.Истиот ден тие биле спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, кој им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykfmr32hm5f6ifeWmhrf

САД со воен авион пренесоа прв мал нуклеарен реактор

Пентагон и американското Министерство за енергетика првпат со авион пренесоа мал нуклеарен реактор од Калифорнија до Јута, при што ја истакнаа способноста на САД за брза примена на нуклеарна енергија во воени и цивилни цели, пренесува Associated Press. Микрореакторот од пет мегавати, кој беше пренесен минатиот викенд на лет од скоро 1.100 километри без нуклеарно гориво, го нагласува напорот на администрацијата на Доналд Трамп да ја промовира нуклеарната енергија како одговор на растечката потреба за електрична енергија од дата центри и вештачка интелигенција, но и за воени цели. Министерот за енергетика Крис Рајт и заменикот министер за одбрана Мајкл Дафи, кои патуваа со приватно изработениот реактор, го поздравија превозот со воен авион C-17 на 15 февруари како „историска пресвртница“ во напорите на САД за забрзано комерцијално лиценцирање на микрореакторите.Претседателот Трамп ја застапува нуклеарната енергија како сигурен и безјаглероден извор на електрична енергија, иако претпочита ископливи горива пред обновливите извори. Скептиците предупредуваат на ризиците од нуклеарната енергија и на прашањето дали микрореакторите се сигурни, економични и способни да ја задоволат потребата за енергија. Рајт ги отфрли овие загрижености, истакнувајќи го напредокот во залагањето на Трамп за брзо унапредување на нуклеарната енергија. „Денеска пишуваме историја. Во авион C-17 е вчленета нуклеарна електрана од новата генерација“, изјави Рајт пред двочасовниот лет од воздушната база Марч во Калифорнија до воздушната база Хил во Јута. Реакторот, со големина на миниван, е еден од најмалку три кои ќе постигнат „критичност“ до 4 јули, според објаснувањето на Рајт, нагласувајќи дека тоа е „брзина, иновација и почеток на нуклеарната ренесанса“.Во моментов во САД функционираат 94 нуклеарни реактори кои обезбедуваат околу 19% од електричната енергија во земјата, што е пад во споредба со 104 реактори во 2013 година. Поради забавувањата во изградбата на големи реактори, индустријата и владата се насочија кон ефикасни дизајни како што се малите модуларни реактори, кои може да се пренесуваат и да обезбедат енергија на локации кои не се поврзани со централната мрежа. „Мобилните реактори можат да ја забрзаат испораката на енергија каде што е потребна“, изјави заменикот Дафи, додавајќи дека тие ќе обезбедат енергетска сигурност во воените бази. Микрореакторот пренесен во Јута ќе може да произведува до пет мегавати електрична енергија, доволно за 5.000 домови, според извршниот директор на Valar Atomics, Исјаја Тејлор. Компанијата планира да започне со тестирање на продажба на електрична енергија следната година, со целосна комерцијална примена до 2028.Едвин Лајман, директор за нуклеарна безбедност во Унијата на загрижени научници, оцени дека демонстрацискиот лет бил повеќе „парад за јавноста“ отколку потврда за безбедноста и економичноста на проектот. Поставени се прашања за безбедниот транспорт на реакторите наполнети со нуклеарно гориво и за долгорочното складирање на нуклеарен отпад, иако Министерството за енергетика преговара за локации за повторна обработка или трајно складирање. Микрореакторот ќе биде поставен во енергетскиот лабораториум Utah San Rafael за тестирање и проценка, а горивото ќе го обезбеди Националниот центар за енергетска безбедност во Невада. „Одговорот на енергетските потреби секогаш е ‘поголема продукција’“, рече Рајт, нагласувајќи дека администрацијата на Трамп ја отвора патеката за нови извори и забрзано развивање на нуклеарната енергија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Наместо ЕУ интеграција, Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ нудат само изолација

СДСМ денеска ја обвини опозицијата ВМРО-ДПМНЕ дека наместо реформи, ја води земјата кон изолација со секојдневен анти-ЕУ наратив. Од партијата нагласуваат дека опозицијата го блокира европскиот пат, измислува нови конфликти со соседите и не спроведува неопходни реформи за членство во Европската Унија.„После две години владеење на Мицкоски, реформите стојат, а европската перспектива на земјата е загрозена. Наместо независно правосудство, слобода на медиуми и борба против корупција, гледаме контрола врз институциите, задушување на медиумите и секојдневни црни кампањи“, велат од СДСМ.Партијата потсетува дека со државнички политики, СДСМ ја внесе земјата во НАТО, го одблокираше закочениот пат кон ЕУ и обезбеди признавање на македонскиот јазик. „Европската Унија не врши булинг, таа бара исполнување на реформите, а ВМРО-ДПМНЕ сака да остане во изолација за да контролира институции и да избегнува одговорност“, нагласуваат од партијата.Според СДСМ, неодамнешната европска перспектива за членство до 2027 година за земјите од Западен Балкан покажува дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија заостанува поради политика на изолација и сопствена саботажа од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqc6b7uvp4oscdJ9VGIC

Белорусија со итен повик на воената резерва крај западната граница

Жители на западна Белорусија пријавуваат ненадејни повици во воената резерва и итни наредби за распоредување во близина на границата со земји членки на НАТО, според извештаи објавени во февруари 2026 година. Според опозициски претставници и локални медиуми, станува збор за мерки што критичарите ги опишуваат како прикриена мобилизација.Информации од регионите Гродно, Слоним и селото Баранки наведуваат дека мажите добиваат повици без претходна најава и им се наредува да се јават на должност во рок од неколку часа, објави Defence Blog. Заменик-претседателот на Обединетиот преоден кабинет на Белорусија, Павел Латушко, изјави за украинската телевизија Kyiv24 дека начинот и темпото на повикување се разликуваат од претходните кампањи за обука на резервисти.Тој тврди дека повиците се врачуваат наутро или доцна навечер, со рок од само неколку часа за јавување, а одбивање не се прифаќа. Според неговите зборови, повиканите лица се испраќаат во воени единици на еден до два месеца, при што им се одземаат и мобилните телефони, со што се ограничува контактот со семејствата. Латушко оценува дека мерките формално се претставуваат како ненадејна проверка на подготвеноста, но во суштина значат мобилизација.Независниот белоруски медиум Zerkalo објави дека негови новинари, претставувајќи се како роднини на повикани лица, добиле потврда од локални канцеларии за регрутација дека повиците се издаваат и извршуваат истиот ден. Белоруското Министерство за одбрана не прогласи општа мобилизација, а министерот Виктор Хренин ги опиша активностите како рутински и доброволни.Случувањата доаѓаат во време на засилено безбедносно внимание долж западната граница на Белорусија со Полска и Литванија, членки на НАТО. Иако и претходно биле спроведувани ненадејни воени проверки, набљудувачите оценуваат дека брзината и обемот на сегашните повици предизвикале посилна реакција во јавноста.Белорусија останува тесно воено поврзана со Русија, а аналитичарите проценуваат дека Москва продолжува да го зголемува своето влијание на белоруска територија. Засега нема официјална најава дека станува збор за подготовки за борбени операции, но ненадејниот карактер на повиците и нивната близина до границите на НАТО го привлекоа вниманието на регионалните набљудувачи.

Свет | пред 1 месец

Нема фотографија

Трамп на работ на војна со Иран пред клучните избори, се соочува со голем политички ризик

Претседателот на Доналд Трамп ги доведе Соединетите Американски Држави на работ на воен судир со Иран, и покрај повиците од соработниците да се насочи кон економските проблеми на гласачите, објави Reuters. Воената ескалација носи сериозен политички ризик пред претстојните конгресни избори, а засиленото внимание кон Иран стана најјасен показател дека надворешната политика и сè почестата употреба на воена сила доминираат во неговиот втор мандат.Според извештајот, ова прашање ги засенува домашните теми како што се трошоците за живот, кои според анкетите се многу повисок приоритет за мнозинството Американци. Трамп нареди зголемено распоредување на воени сили на Блискиот Исток и подготовки за можни повеќедневни воздушни напади, но засега нема детално објаснување до јавноста зошто земјата би влегла во најагресивен конфликт со Исламската Република од револуцијата во 1979 година.Висок претставник на Белата куќа изјавил дека и покрај острата реторика, во администрацијата нема целосна согласност околу евентуален напад врз Иран. Советниците и раководителите на изборната кампања сметаат дека фокусот треба да биде ставен на економијата, што било нагласено и на неодамнешна средба со дел од кабинетот, на која Трамп не присуствувал.Изборите во ноември ќе одлучат дали Републиканската партија ќе ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот. Стратегот Роб Годфри предупредува дека долготраен судир со Иран би претставувал значителен политички ризик, бидејќи дел од гласачката база на Трамп е скептична кон странски воени ангажмани и се повикува на неговото ветување за ставање крај на „бескрајните војни“.Во рамки на движењето „Направи ја Америка повторно голема“ постојат различни ставови, но дел од поддржувачите ја поздравија неодамнешната брза акција против венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Сепак, евентуален судир со Иран, како посилен противник, би можел да предизвика поголем отпор.Трамп повеќепати предупреди дека Иран мора да постигне договор за својата нуклеарна програма, нагласувајќи дека Техеран не смее да поседува нуклеарно оружје ниту капацитет за негово производство. И покрај тоа, критичарите посочуваат дека аргументите за можен напад остануваат нејасни и променливи.Анкетите покажуваат ограничена поддршка за нова војна во странство, додека економските прашања и понатаму доминираат кај гласачите. Аналитичарите оценуваат дека начинот на кој претседателот ќе се справи со кризата со Иран може да има значајно влијание врз исходот од изборите и врз политичката стабилност во наредниот период.

Свет | пред 1 месец

media-library2avp58hubadj8qns0eD

Апсењето нa принцот Ендру ја потресе британската монархија: најголема криза по речиси еден век

Братот на британскиот крал Чарлс Трети беше уапсен, додека полицијата изврши претрес на два кралски имота, а медиумите непрекинато ги анализираа деталите од сексуалниот скандал чии последици стигнаа до самите порти на Бакингемската палата. И покрај драматичните случувања, членовите на кралското семејство ги продолжија своите јавни обврски – кралот присуствуваше на отворањето на Лондонската модна недела, кралицата Камила беше на пладневен концерт, а принцезата Ана посети затвор.Одлуката да се продолжи со вообичаените активности беше повеќе од традиционалната британска воздржаност. Таа претставуваше почеток на борбата за опстанок на династијата Виндзор, бидејќи апсењето на поранешниот принц Ендру сериозно се заканува да ја наруши јавната поддршка за монархијата, пишува агенцијата АП.Кралот Чарлс Трети, ветувајќи целосна соработка со полициската истрага за односите на неговиот брат со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, испрати јасна порака до јавноста. „Моето семејство и јас ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да им служиме на сите вас“, порача тој во официјална изјава, потпишана со „Charles R.“, каде буквата „R“ означува „Rex“, латински збор за крал.Самото обраќање на монархот укажува на сериозноста на кризата предизвикана од апсењето на неговиот 66-годишен брат, денес познат како Ендру Маунтбатен-Виндзор. Тој бил задржан 11 часа, по што бил пуштен додека трае истрагата, што значи дека ниту е обвинет ниту ослободен од сомневањата.Коментаторите веќе прават историски паралели, оценувајќи дека станува збор за најголемата криза на британската монархија од абдикацијата на кралот Едвард Осми во 1936 година, кога се откажа од круната за да се ожени со Американката Волис Симпсон. Тогашниот скандал значително ја ослабна довербата во монархијата, која се обнови дури по Втората светска војна, кога кралот Џорџ Шести одби да ја напушти Британија за време на германските бомбардирања.Сегашната криза произлегува од новообјавени документи од американската истрага поврзана со Епстин, во кои се споменуваат наводни контакти и деловни информации што Маунтбатен-Виндзор ги споделувал додека бил специјален британски пратеник за меѓународна трговија. Најмалку осум британски полициски управи потврдија дека ги разгледуваат прашањата што произлегуваат од објавените материјали.Експертите оценуваат дека, за разлика од претходните кралски скандали, овојпат нема јасен модел како институцијата да се справи со кризата. Последен пат монархијата се соочи со сличен јавен притисок по смртта на принцезата Дијана, кога кралското семејство беше критикувано дека бавно реагирало на огромната јавна тага.Денес ситуацијата е дополнително сложена поради медиумската средина во која јавноста бара поголема транспарентност и одговорност од јавните личности. Палатата веќе се обиде да го дистанцира Маунтбатен-Виндзор од институцијата со одземање на титулите и привилегиите, а британската влада разгледува и можност за негово формално отстранување од редот за наследување на круната, што може да се направи само со закон.Според аналитичарите, најдобриот исход за монархијата би бил истрагата да остане ограничена на конкретните наводи поврзани со Епстин. Најлошото сценарио, пак, би било проширување на истрагата кон прашањето што пошироката институција можеби знаела и кога.Како што предупредуваат експертите, поддршката на јавноста никогаш не е загарантирана, а опстанокот на монархијата повторно зависи од нејзината способност да ја заслужи довербата на граѓаните.

Свет | пред 1 месец

media-libraryo08hvg44ujne4RRzEtq

Навики од детството преку кои незабележливо се гради отпорноста

Отпорноста не се учи на часови – таа се гради постепено, низ секојдневни ситуации на кои често и не им придаваме големо значење. За многу претходни генерации, времето по училиште било идеално токму за тоа: не преку организирани активности, туку преку слобода, несогласувања и снаоѓање без постојан надзор од возрасните, пишува „YourTango“.Денешните деца растат под поинакви притисоци, но погледот наназад покажува дека токму неструктурираното слободно време силно влијаело врз емоционалната стабилност, приспособливоста и самодовербата. Тоа не биле формални лекции, туку мали секојдневни искуства што незабележливо граделе важни животни вештини.1. Самостојно враќање домаОдењето дома пеш или со велосипед барало внимание, планирање и проценка на ризик. Децата учеле сообраќајни правила, избирале побезбедни патишта и самостојно решавале мали проблеми – од ненадеен дожд до расипан велосипед. Таквите ситуации граделе доверба во сопствените способности и чувство на лична одговорност.2. Решавање конфликти без вмешување на возрасниКавгите меѓу децата биле нормален дел од растењето. Тие сами договарале правила, ги решавале недоразбирањата и учеле како да се помират. Преку ваквите искуства природно се развивала емоционалната контрола и способноста да се поднесе непријатноста.3. Соочување со досадатаБез алгоритми што ја исполнуваат секоја минута, досадата често поттикнувала креативност. Децата измислувале игри, граделе засолништа или едноставно наоѓале начин како сами да си го исполнат времето. Така се развивале имагинацијата и способноста за решавање проблеми.4. Пишување домашни задачи без дигитална помошПред интернетот да стане прва помош, домашните задачи барале упорност. Ако нешто не било јасно, требало повторно читање или чекање до следниот ден за објаснување од наставникот. Тоа трпение ја градело истрајноста и толеранцијата кон фрустрација.5. Да се биде недостапен со часовиКога децата биле надвор, често не биле постојано во контакт со родителите. Одлуките ги носеле сами, што ја зајакнувало самодовербата и го намалувало притисокот сè да биде совршено. Грешките се случувале далеку од јавноста и полесно се надминувале.6. Соочување со разочарувањеНеуспесите, како изгубен натпревар или неизбор во тим, ретко биле причина за интервенција од возрасните. Децата директно се справувале со поразите, а токму тие искуства ја градат емоционалната издржливост и способноста за справување со идни предизвици.7. Спонтано договарање дружењаПријателствата се граделе без однапред испланирани активности. Децата самостојно иницирале игра, понекогаш добивале одбивање и учеле како да комуницираат и да се прилагодуваат во група. Така се развивале социјалната храброст и емоционалната интелигенција.8. Секојдневни домашни обврскиПо училиште често следувале домашни задачи – средување, помагање во домот или грижа за помали членови на семејството. Овие обврски создавале чувство на одговорност и припадност, а работната дисциплина станувала природен дел од денот.9. Игра со деца од различна возрастВо соседствата заедно играле и помали и поголеми деца. Помладите учеле преку набљудување, а постарите развивале лидерство и одговорност. Таквите односи ја зајакнувале приспособливоста и разбирањето на туѓите перспективи.10. Растење без споредби на социјалните мрежиВремето по училиште главно се одвивало надвор од интернетот, без постојани споредби со илјадници врсници. Идентитетот се градел во реалната средина, а грешките со текот на времето се заборавале наместо да останат трајно забележани онлајн. Помалку споредување значело и поздрав развој на самодовербата.Искуствата од секојдневното детство покажуваат дека отпорноста најчесто се создава токму во обичните моменти. Просторот за грешки, досада и самостојни одлуки им овозможувал на децата природно да ја изградат внатрешната сила што им е потребна и во зрелата возраст.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryc7chamekibtn0TX14z7

Хороскопски знаци што најтешко се снаоѓаат со технологијата

Во свет што се менува побрзо од кога било, каде паметните телефони стануваат продолжение на нашата рака, а вештачката интелигенција веќе извршува секојдневни задачи, некои луѓе едноставно тешко се снаоѓаат со технологијата. Како да се родени во погрешен век, а според астрологијата, причината можеби се крие токму во хороскопскиот знак. Додека едни без напор ги користат најновите уреди, за други и обичниот далечински управувач претставува вистинска загатка. Астролозите тврдат дека наклонетоста или отпорот кон технологијата може да биде запишана во ѕвездите.БикБиковите се познати по љубовта кон удобноста, традицијата и проверените работи. Новите технолошки уреди кај нив не будат воодушевување, туку сомнеж и стрес. Нивното правило е едноставно – ако нешто функционира, нема потреба да се менува. Затоа без проблем користат стар телефон сè додека може да врши основни функции. Наместо паметни часовници и постојани ажурирања, тие повеќе ја ценат едноставноста и сигурноста.РакЕмотивните и сентиментални Ракови лесно се врзуваат и за луѓе и за предмети. Стариот лаптоп за нив не е само уред, туку чувар на спомени. Помислата дека треба да го заменат со нов модел кај нив создава несигурност и страв дека нешто важно може да се изгуби. Технологијата им делува студено и безлично, па најпријатно се чувствуваат опкружени со познати и проверени работи.ЛавЛавовите ја сакаат технологијата само кога таа функционира беспрекорно и без дополнителен напор. Немаат трпение за упатства, технички проблеми или долги ажурирања. За нив уредите се средство преку кое се изразуваат и привлекуваат внимание. Кога технологијата ќе откаже во важен момент, тоа го доживуваат речиси како лична навреда, а фрустрацијата брзо расте.ДевицаАналитичните Девици на прв поглед изгледаат како совршени корисници на технологија, но нивната потреба за совршенство често им создава дополнителен притисок. Пред да почнат да користат нов уред, детално ги проучуваат сите упатства и поставки. Наместо олеснување, технологијата понекогаш им носи стрес, бидејќи сакаат сè да биде оптимизирано до најситен детал.РибaСонувачките Риби живеат во свет на интуиција и емоции, па технологијата им изгледа премногу логична и строга. Често забораваат лозинки, полначи или ажурирања, а без многу размислување знаат да кликнат на сомнителни содржини. За нив технологијата е неопходност на модерното време, но би претпочитале комуникација без екрани и сигнали.Иако живееме во дигитална ера, овие хороскопски знаци потсетуваат дека постои убавина и во поедноставниот пристап кон животот. Секој има свој начин на справување со современите предизвици, а понекогаш токму дистанцата од технологијата носи повеќе мир.

Магазин | пред 1 месец

Hrvatska-policija

Пронајдено тело на брегот на реката Купа во Хрватска

На брегот на реката Купа, во близина на градот Озаљ во Хрватска, вчера во попладневните часови било пронајдено тело на засега непознато лице. Пријавата до полицијата ја поднеле граѓани, по што на местото на настанот бил извршен увид, соопшти Полициската управа Карловац.Од полицијата информираа дека следува натамошна криминалистичка истрага со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот. Телото ќе биде испратено на обдукција, која треба да го утврди точниот причинител на смртта, како и идентитетот на починатото лице.

Свет | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Бремената партнерка ја онесвестил од тепање, па ја заклучил во соба: Обвинение за 21-годишник од Свети Николе

Основното јавно обвинителство Свети Николе поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, како и за противправно лишување од слобода, информираат од обвинителството.Според обвинението, на 19 и 20 февруари во семејната куќа во Свети Николе, обвинетиот при вршење семејно насилство ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка, со која живеел во семејна заедница.Тој, според наводите, најпрво ја навредувал, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде што ја освестил со ладна вода, по што повторно почнал да ја удира и да ја влече за коса, нанесувајќи ѝ повеќе телесни повреди по главата и телото.Кога оштетената се обидела да избега, обвинетиот ѝ го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде што ја држел околу 15 часа спротивно на нејзината волја.Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднел и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме, се вршат дополнителни проверки во однос на наводи и сомненија за други злоупотреби од страна на истото лице кон оштетената, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.

Македонија | пред 1 месец

50-evra

Двајца молдавски државјани обвинети за кражба на над 177 илјади евра од банкомати

Општинското државно обвинителство во Чаковец поднесе обвинение против двајца државјани на Молдавија поради кражба на повеќе од 177.000 евра од банкомати на подрачјето на Меѓимурје во текот на минатата година.Според обвинението, 35-годишен и 25-годишен осомничен во периодот од 5 јуни до 3 октомври 2025 година одзеле пари од четири банкомати во сопственост на различни банки. Обвинителството ги товари дека со алат за провалување насилно ги отворале банкоматите, по што поврзувале преносен компјутер преку кој издавале наредби за исплата на готовина.На овој начин, како што соопшти обвинителството, тие незаконски присвоиле вкупно 177.010 евра. Двајцата се гонат за тешка кражба извршена на особено опасен и дрзок начин, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.

Свет | пред 1 месец

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп за одлуката на Врховниот суд: „Срамота“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката на Врховниот суд на САД, кој го поништи големиот дел од царините воведени со користење вонредни овластувања. Според извори на „Хил“, Трамп го кажал тоа за време на приватна средба со гувернерите во петокот, додека ги примаше на појадок во Белата куќа.Одлуката на судот, донесена со резултат 6 спрема 3, ги отфрли проширените овластувања на Трамп според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (ИЕЕПА), со кои тој воведуваше царини за речиси сите земји. Законот од 1970-те му дозволува на претседателот да регулира трговија како одговор на „невообичаена и извонредна“ закана за националната безбедност.Претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс, во образложението напиша дека судот нема намера да се занимава со економска или надворешна политика, туку само ја извршува улогата доделена со членот 3 од Уставот, и дека ИЕЕПА не овластува воведување царини од страна на претседателот.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, најави дека Трамп попладнево ќе им се обрати на новинарите во салата за прес-конференции.Ова претставува значаен пораз за Трамп, кој ги направи царините еден од столбовите на својата економска агенда.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

„Опасна реторика“ во трката за државен јавен обвинител

Екссудијата и адвокат Владимир Туфегџиќ оцени дека јавната реторика во процесот на избор на државен јавен обвинител станува опасна и ја продлабочува поделбата во рамки на обвинителството.Тој посочи дека наместо суштинска дебата и натпревар меѓу кандидатите, јавноста секојдневно слуша обвинувања и квалификации за „компетентни“ и „подобни“ кандидати. На сите кандидати им посака успех, вклучително и на обвинителката Ленче Ристоска, нагласувајќи дека со неа има коректен професионален однос.Туфегџиќ појасни дека неговата реакција следувала по јавниот повик на Ристоска да се истражи кариерата и напредувањето на Татјана Димитровска во врска со конечниот извештај за бонусите на поранешното Специјално јавно обвинителство. Како бранител на Димитровска, наведе дека нема да дозволи таа да биде изложена на јавен линч и дека постапувала во рамки на службените овластувања, по наредба на јавен обвинител и во двостепена постапка.Тој укажа дека повеќе од една година траат внатрешни превирања во обвинителството, кои кулминирале со јавен конфликт меѓу државниот јавен обвинител и шефот на Вишото јавно обвинителство во Скопје, проследени со кривични пријави, обвиненија, разрешувања и дисциплински мерки.Според него, овие случувања сериозно ја нарушуваат довербата во институцијата и ја загрозуваат хиерархијата и системот на субординација во Јавното обвинителство. Посебно го посочи прашањето за бонусите на СЈО како извор на долготраен внатрешен конфликт, оценувајќи дека институцијата мора да најде начин да стави крај на ова прашање.Туфегџиќ додаде дека емоциите не се добар сојузник во јавниот настап и дека е потребна воздржаност, особено во период кога се одлучува за избор на прв човек на обвинителството.

Коментари | пред 1 месец

media-library3buhfgikii9ae0FHmGC

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на министерот за регионален развој и јавна администрација, Tibor Navracsics, оствари еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка и зајакнување на партнерството меѓу двете држави.Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.Во рамки на посетата, министерот присуствуваше и на отворање на изложба во Центарот за дигитални искуства (CODE), каде што свое обраќање имаше министерот за култура и иновации на Унгарија. Центарот е формиран во рамки на програмата „Веспрем–Балатон 2023 – Европска престолнина на културата“ и има за цел да отвора нови можности за културна размена преку дигитални и интерактивни содржини.Останатиот дел од агендата беше посветен на посети на неколку значајни локации во округот Веспрем, при што беа разменети мислења и искуства за локалниот и регионалниот развој, како и за актуелните општествени процеси. Во тој контекст беа допрени и теми поврзани за начините за зголемување на атрактивноста на регионите, како и мерките за поттикнување на општините кон поголема самоодржливост и ефикасно користење на сопствените развојни потенцијали.Посетата претставува уште еден чекор кон продлабочување на меѓусебната соработка и размена на добри практики во области од заеднички интерес.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања