Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп: Зеленски мора да ги забрза преговорите со Русија или ќе ја пропушти шансата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да дејствува брзо во преговорите со Русија, пренесува агенцијата Anadolu.„Русија сака да постигне договор, а Зеленски ќе мора да дејствува – во спротивно ќе ја пропушти одличната можност. Мора да се активира“, изјави Трамп пред новинарите.Двете страни веќе одржаа две рунди мировни преговори со посредство на САД во Абу Даби во јануари и неодамна овој месец, што резултираше со првата размена на воени заробеници по пет месеци.Кремљ денеска соопшти дека следната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи на 17. и 18. февруари во Женева.

Свет | пред 1 месец

media-library2s1rsphcvmtr1uye75x

„Напаѓачите не попуштија ни кога ние пристигнавме“, сведоштво за брутално претепан малолетник во Риека

Бруталното претепување на 16-годишно момче рано наутро во центарот на Риека ја вознемири јавноста, а за нападот се осомничени тројца браќа Винковиќ. Двајца од нив – Јосип и Тихомир – се во истражен затвор, додека третиот брат, Домогој Винковиќ, е во бегство и по него трага полицијата.Според досегашните информации, Јосип (29) и Тихомир Винковиќ се товарат за обид за убиство на 16-годишникот и за обид за нанесување тешка телесна повреда на 20-годишно момче кое се обидело да му помогне на нападнатиот. Денеска и вториот брат е спроведен во истражен затвор.Мајката на претепаниот малолетник, Сузана Цури, за весникот Нови лист изјави дека насилството не престанало ниту кога таа и сопругот пристигнале на местото на настанот.„Го држев во прегратка, цел беше крвав. Само се обидував да го заштитам од нови удари. Напаѓачите не запираа ни кога стигнавме. Имаше туркање и закани. Насилството престана дури со доаѓањето на полицијата и Итната медицинска помош“, изјавила таа.Нападот се случил околу 4:30 часот наутро во центарот на градот. Според снимките од безбедносните камери и досегашните сознанија, во нападот учествувал и третиот брат, кој, според извори блиски до жртвата, бил најагресивен и најмногу удирал додека момчето лежело на земја. По апсењето, и тој треба да биде изведен пред обвинител и истражен судија.Тихомир Винковиќ денеска бил донесен на рочиште под засилено полициско обезбедување. Од возилото бил изведен брзо и спроведен во судската зграда преку заден влез, со качулка на главата, обидувајќи се да го сокрие лицето од камерите.Таткото на жртвата за Јутарњи лист изјавил дека станува збор за обид за убиство и најавил дека семејството ќе поднесе кривична пријава и ќе покрене приватна тужба против напаѓачите.Според неговите зборови, неговиот син седел на клупа и јадел бурек кога еден од осомничените му пришол и го прашал „Што гледаш?“. Кога момчето одговорило дека не гледа ништо, добило шлаканица. Откако станало и го оттурнало напаѓачот, останатите се нафрлиле врз него.Семејството се доселило во Риека пред два месеца од Лошињ и, како што вели таткото, момчето не ги познавало напаѓачите ниту претходно имало каков било контакт со нив. Додека го тепале, тие наводно извикувале: „Знаеш ли кои сме ние“, „Ние сме мафија“ и „Полицијата работи за нас“. Истрагата за случајот е во тек.

Свет | пред 1 месец

media-libraryilup3lk19o9pe2h9BCA

Маж почина по полициска интервенција во Нов Загреб, претходно нападнал жена на улица

Триесет и деветгодишен маж почина денеска во Нов Загреб, откако претходно се степал со друг маж во стан, а потоа нападнал жена на улица. Полицијата го совладала со употреба на сила, по што му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во болница каде што подоцна починал, соопшти Полициската управа во Загреб.Полицијата нешто по 12 часот примила повеќе пријави за врева и тепачка на улицата Шенова во Нов Загреб. Според досегашните информации, во стан на таа адреса вербално и физички се судриле двајца мажи на возраст од 39 и 37 години. По конфликтот, постариот маж истрчал пред зградата и физички нападнал една жена.Во нејзина одбрана притекле член на семејството и сосед, кои го задржале напаѓачот до пристигнувањето на полицијата.Полициските службеници набргу пристигнале на местото, но 39-годишникот не ги почитувал нивните наредби. Тој бил совладан со употреба на физичка сила и средства за врзување.За време на интервенцијата му се слошило, по што полицајците му укажале прва помош и започнале реанимација. Била повикана и итната медицинска помош, која ја презела реанимацијата и го транспортирала во Клиничкиот болнички центар во Загреб.Од болницата подоцна било соопштено дека мажот починал. Во тек е криминалистичка истрага за утврдување на сите околности на настанот, информираше полицијата.

Свет | пред 1 месец

media-librarydq0almm0mbch00JxNtR

Каков викенд го очекува секој хороскопски знак

Доколку ви е потребен мал ориентир за деновите што претстојат – ѕвездите имаат свое мислење. Викендот што доаѓа носи мешавина од емоции, дружења, ситни пресврти и неколку „аха“ сознанија што ќе се паметат подолго од самите два дена одмор. Еве што го очекува секој хороскопски знак.ОвенПред Овните е викенд полн со енергија, но и со благ внатрешен немир. Ќе почувствувате потреба нешто да придвижите, да промените или барем гласно да го кажете она што веќе извесно време го чувате во себе. Саботата е идеална за дружење и акција, додека неделата бара повеќе трпение – особено во комуникацијата со блиските.БикБиковите конечно ќе успорат. Ова е викенд за мали задоволства, добра храна, долги утра и разговори без брзање. Можно е да добиете потврда дека сте биле во право за нешто, но ѕвездите советуваат тоа да не го користите како аргумент во расправии. Мирот сега ви е поважен од докажувањето.БлизнациБлизнаците ги очекува мошне активен друштвен викенд. Пораки, повици и спонтани планови ќе пристигнуваат од сите страни. Сепак, внимавајте да не ја распрснете енергијата на премногу работи одеднаш. Еден искрен разговор може да ви донесе повеќе од десет површни средби.РакРаковите влегуваат во емоционално чувствителен, но исцелителен викенд. Можно е навраќање на стари теми или спомени, но овојпат со поинаква перспектива. Викендот е идеален за семејството, домот и грижата за себе. Ако почувствувате потреба да се повлечете – послушајте ја без чувство на вина.ЛавНа Лавовите викендот им носи потреба за внимание и потврда, но и можност да ја добијат на здрав начин. Саботата е совршена за излегување, дружење или креативно изразување, додека неделата бара повеќе саморефлексија. Некој може пријатно да ве изненади со искрен комплимент или гест.ДевицаДевиците ќе имаат чувство дека сè мора да биде „на своето место“, но викендот ги учи спротивното – дека понекогаш треба да се пушти контролата. Можни се мали планови што нема да се одвиваат како што сте замислиле, но токму во тоа се крие нивната убавина. Опуштањето доаѓа кога ќе престанете да ја анализирате секоја ситница.ВагаВагите влегуваат во викенд со акцент на односите. Љубовни или пријателски разговори може да станат подлабоки отколку што сте очекувале. Саботата носи леснотија и флерт, додека неделата бара искреност кон себе. Време е да се запрашате што навистина ви е потребно, а не само што се очекува од вас.ШкорпијаСкорпиите ќе го доживеат овој викенд интензивно. Емоциите се засилени, интуицијата е силна, а ситуациите ретко се површни. Можно е разоткривање на нешто што долго било скриено – било во вас, било кај другите. Викендот е добар за длабоки разговори, но не и за импулсивни одлуки.СтрелецПред Стрелците е викенд што бара движење, промена на средината или барем излегување од рутината. Идеално време за излет, кратко патување или спонтана авантура. Ако останете дома, може да почувствувате немир. Неделата носи интересна идеја што вреди да се запамети.ЈарецЈарците ќе го доживеат викендот како можност за предах од обврските, иако мислите за работата и одговорностите повремено ќе ги следат. Ѕвездите советуваат да си дозволите пауза без чувство на вина. Разговор со блиска личност може да ви помогне појасно да го согледате следниот чекор.ВодолијаВодолиите ги очекува викенд исполнет со неочекувани ситуации. Плановите може да се променат во последен момент, но токму тие промени ќе донесат најмногу возбуда. Креативноста и оригиналноста доаѓаат до израз, особено во друштво на луѓе што ве разбираат без многу објаснување.РибаРибите влегуваат во нежен, помалку сонлив викенд. Интуицијата ви е изразена, а емоциите суптилни, но силни. Идеално време за уметност, музика, пишување или едноставно тишина. Ако се појави потреба за повлекување, тоа не е бегство – туку начин да ги наполните батериите.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryirt3429d76se2aw3Rkg

Тројца скијачи загинаа во лавина

Тројца скијачи загинаа денеска откако биле однесени од лавина во луксузното француско алпско скијачко одморалиште Val d'Isere, изјави пред новинарите Седрик Боневи, одговорен за безбедноста на патеките во местото.Боневи соопшти дека една од жртвите е француски државјанин, додека другите двајца се странци, додавајќи дека во тек е истрага за несреќата.Според медиумските извештаи, трагедијата се случила надвор од обележаните и уредени скијачки патеки. Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавината високо на планинска падина, додека преостанатите две лица биле дел од група од петмина скијачи, меѓу кои и професионален водич, на пониска надморска височина, од каде што не можеле да ја забележат опасноста што се приближувала.Засега не е познато што ја предизвикало лавината, изјави Боневи.Француската национална метеоролошка служба Meteo France во четвртокот го стави регионот под црвено предупредување поради висок ризик од лавини.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има и Македонија како држава затоа што ја позиционира на една сериозна мапа во светот, но и во самата заедничка изјава со Белата куќа пишува дека најстратешкиот партнер на САД во Балканот и во овој регион е Македонија, што многу значи за потенцијалните инвеститори, економската клима за државата, но и за меѓународната позиција на Македонија“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски се осврна на договорот со САД за реципрочна трговија кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%. Тој додаде дека продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД ќе отвори нови економски перспективи за Македонија.„Овој договор предвидува сериозни бенефиции пред се она коешто е најбитно за граѓаните дека имаме двојна добивка, односно производите коишто Америка ќе ги извезува во Македонија ќе бидат поевтини затоа што ќе нема царини и граѓаните ќе имаат поевтини производи“, рече пратеникот Петрушевски.Петрушевски нагласи дека Владата има визија за подобрување на економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција.„Да резимираме, зборуваме дека како една малечка балканска земја успеваме да потпишеме сериозен договор со најсилната економија во светот, и тоа во меѓународни рамки значи многу за Македонија“, заклучи Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп поништи клучна одлука на Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп поништи „заклучок за опасност“ од 2009 година, кој утврдува дека стакленичките гасови претставуваат закана за јавното здравје и служеше како правна основа за ограничување на нивните емисии, особено од возила.Во говор од Овалниот кабинет, Трамп ја нарече одлуката „катастрофална политика на Обама“ која ја оштети американската автомобилска индустрија и ги зголеми цените за потрошувачите. Белата куќа тврди дека укинувањето на регулативата ќе го намали трошокот на производителите за 2.400 долари по возило и ќе заштеди над еден билион долари за енергија и транспорт.„Заклучокот за опасност беше окосница на регулирањето на стакленичките гасови во САД, покривајќи сè од возила до електрани, нафта и гас, метан од депонии, па дури и авионски сообраќај“, објаснува Меган Гринфилд, поранешна адвокатка на EPA.Еколошки групи предупредуваат дека потегот може да доведе до поголеми трошоци за гориво, повеќе здравствени проблеми и до 58.000 дополнителни предвремени смртни случаи. Иако ќе им олесни на производителите во САД, повлекувањето на регулативата создава несигурност на странските пазари.Поништувањето, истовремено, го спречуваа и поединечните држави да воведуваат построги стандарди за емисии. Идните правни спорови најверојатно ќе се водат околу науката на која се базира одлуката, а многу експерти очекуваат случајот да заврши на Врховниот суд, со што одлуката би станала трајна.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjlrbv5458pev6nRzdcw

Португалија ќе ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години

Португалскиот парламент денеска во прво читање го усвои нацрт-законот кој бара експлицитна согласност од родителите за пристап до социјалните мрежи за деца на возраст од 13 до 16 години. Целта е заштита на децата од кибернасилство, штетни содржини и предатори.Родителите ќе ја користат платформата Digital Mobile Key за да дадат согласност, а законските решенија ќе помогнат и во спроведувањето на веќе постоечката забрана за пристап до социјални мрежи, платформи за споделување видеа и интернет-обложувалници за деца помлади од 13 години. Нацрт-законот сè уште може да биде изменет пред финалното гласање.Слични мерки веќе се воведуваат и во Франција и Австралија, каде е забранет пристапот на деца под 15, односно под 16 години до социјални мрежи како Facebook, Snapchat, TikTok и YouTube.

Свет | пред 1 месец

media-librarys06v80cj57n5bcV1pKe

Русија ја блокираше апликацијата WhatsApp

Русија ја блокираше апликацијата WhatsApp, со цел над 100 милиони корисници да преминат на државната апликација Max. Кремљ тврди дека блокадата е поради „неспремноста на Мета да се придржува до рускиот закон“, а WhatsApp и Telegram одбиле да ги чуваат податоците на руските корисници во земјата.Апликацијата Max се промовира преку телевизија, плакати и преку јавни институции, а од 2025 година мора да биде прединсталирана на сите нови уреди. Дополнително, Roskomnadzor го ограничува пристапот и до Telegram, кој е многу популарен во Русија.WhatsApp е блокиран од 2022 година откако Meta беше прогласена за „екстремистичка организација“. Од компанијата велат дека прават сè за корисниците да останат поврзани, додека проектот „На Свијази“ предупредува дека Русија сè повеќе ја ограничува слободата на интернетот. Според Tass, блокадата на WhatsApp се очекува да стане трајна во 2026 година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryls32hkcd77ga472CyO0

(Видео) Русија тестира ново оружје со ротирачки сајли за соборување дронови

Русија го претстави своето најново неконвенционално средство во војната против Украина – систем со ротирачки челични сајли наменет за одбрана од напади со ФПВ-дронови. Уредот е поставен на оклопно беспилотно копнено возило „Курир“ и се состои од четири ротирачки дискови со тенки сајли, кои при вртење функционираат како вентилатор и треба да ги оттурнат или соборат дроновите.Прототипот беше прикажан на руската државна телевизија, каде беше демонстрирана неговата издржливост, но без јасен приказ дали возилото има горна заштита. Според наводите, системот го развиле механичари од 70. мотострелачки полк и се тестира во окупираните делови на Запорошката област.Иако слични решенија со пропелери биле патентирани претходно, се смета дека сајлите се поевтини и поиздржливи. Сепак, експертите предупредуваат дека ваквиот механизам може да има проблеми на сложен терен, каде постои ризик од заплеткување во гранки и вегетација. Системот е дел од низата импровизирани противдронски решенија што ги развиваат двете страни во конфликтот.

Свет | пред 1 месец

media-librarydrtel043orci7T9dSp4

(Видео) Трамвај излета од шините во центарот на Сараево: Едно лице загина, малолетничка остана без нога

Едно лице го загуби животот, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во Сараево, кога градски трамвај излета од шините на една од централните раскрсници во градот. Информацијата во попладневните часови ја потврдија болнички извори.Според досегашните податоци, трамвајот излегол од колосекот, ја пробил заштитната ограда и завршил надвор од трасата. При несреќата бил притиснат пешак кој починал на местото на настанот. По првичните спротивставени информации во јавноста, порталот „Кликс“ објави дека жртвата е 23-годишно момче.Екипите на Итната медицинска помош на местото затекнале уште четири повредени лица. Лекарка од Сараево изјави дека една девојка била во особено тешка состојба и веднаш била транспортирана во болница.Подоцна беше соопштено дека станува збор за 17-годишна девојка на која поради сериозните повреди ѝ била извршена ампутација на ногата. Таа се наоѓа во критична состојба и е животно загрозена.Несреќата се случила на раскрсница каде минатата година била спроведена реконструкција на пругата и свртницата во рамки на поширок проект за обнова на трамвајската инфраструктура. Засега се разгледуваат повеќе можни причини за излетувањето, меѓу кои се споменуваат неприлагодена брзина и староста на трамвајот од чешко производство, набавен во времето на поранешна Југославија.И покрај тоа што во тек е процес на модернизација и во сообраќај се вклучени нови трамваи, на сараевските шини и понатаму сообраќаат возила стари неколку децении, што повторно ја отвори дебатата за нивната техничка исправност и безбедноста во јавниот превоз.

Свет | пред 1 месец

media-librarynhg390sebavc7UxQERW

(Видео) Давидовиќ: Вината за процесот за Пулс е кај екс обвинителот Коцевски кој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на обвинетиот Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и на еден од обезбедувачите кој бил без лиценца и стоел пред дискотеката Пулс, каде загинаа 63 лица и има повеќе од 200 повредени е гостин во ,,Претрес со Ландов”.„Случајот е тежок товар за судијката, но добро го менаџира. Сепак со прифаќање на обвинението, судот го амнестираше обвинителството”, вели Давидовиќ.Од 34 обвинети очекува голем дел да има ослободителни пресуди, а одговорноста да биде кај оние дозволиле запаливи средства во дискотеката и газдата на Пулс. За голем дел од обвинетите, делото ќе биде застарено.„Обвиненијата требаше да се разделат. Поранешниот државен обвинител ги хушкаше родителите и немаше доблест да им каже дека судењето ќе биде долго, а нас не обвинуваше. Чесно беше со 34 обвинети, 12 обвинители, да им каже на родителите на загинатите деца дека предметот со толку обвинети и докази ќе трае. Дури ни Нирнбершкиот процес немаше толку обвинители. Таму имаше двајца или тројца обвинети.Вината е кај Коцевски, но тој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата”, вели адвокатот Давидовиќ.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryevs44k69s4qv0RHEe6C

(Видео) Во Врање приведено лицето кое прегази и усмрти жена во Капиштец

Приведено е лицето кое ја прегази и ја усмрти 75 годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Лицето е приведено во Врање, Србија, ексклузивно во „Претрес со Ландов”, откри адвокатот Звонко Давидовиќ.Осумнаесет годишното лице, кое со возило тешко ја повредил жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот, заедно со неговиот татко било пренесено преку граница од роднини.„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија.Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија”, рече во Претрес, адвокатот Давидовиќ.

Скопје | пред 1 месец

media-librarydq7avjbgjjd427eyQuC

(Видео) Ексклузивно во Претрес, Давидовиќ покажа договор за пренос на пари на мајката на судијата Ристов

Ние не сме должни ништо да докажуваме, познавајќи го народот не може да ја докажеме чесноста на судијата Ѓоко Ристов, но кога ќе заврши процесот, тоа ќе биде докажано, тврди адвокатот Звонко Давидовиќ.Ексклузивно, во „Претрес со Ландов”, покажа документ со договор за пренос на пари врз мајката на апелацискиот судија Ѓоко Ристов за удел во фирма која има имот. Не продавала нива за фотоволтаиците, туку удел во фирма. Не кажа дали парите се сменети во менувачница.„Ова е доказ, јас излегов со доказ. Дали обвинителството може да докаже дека парите се на судијата Ристов. Парите се подигнати, но тоа вештакот ќе го докаже”, рече Давидовиќ.

Скопје | пред 1 месец

media-library51u137u6i9ak0gXgBhO

(Видео) Адвокатот на судијата Ристов: Немам толку пари за да ги чувам во ѕид

Звонко Давидовиќ, адвокат на апелацискиот судија Ѓоко Ристов кај чии родители беа пронајдени заѕидани 350.000 евра, во „Претрес со Ландов” рече дека нема доказ дека парите се на Ристов.„Во туѓ ѕид има туѓи пари”, вели Давидовиќ, според кого е несериозно да се излезе на прес конференција а без ниту еден доказ.„Држите прес без докази тоа се случи и со Кочани .Обвинителката не достави докази за тоа што го тврди. Тоа е како kindergarten ( детска градинка). Заспаниот министер за правда наеднаш излезе и коментираше полициски акции и постапки, исто и премиерот”, вели Давидовиќ кој дека посочи дека нема толку пари за да ги чува во ѕид.

Македонија | пред 1 месец

media-library70onucsur0ttd8FL6NO

Деветмина убиени во пукање во училиште во Канада, најмалку 25 ранети

Девет лица се убиени, а најмалку 25 се ранети во вооружен напад што се случил во средно училиште и во еден дом во малиот канадски град Тамблер Риџ, соопштија локалните власти. Градот со околу 2.500 жители, сместен 667 километри североисточно од Ванкувер, со часови бил под полициска блокада додека траела интервенцијата.Градоначалникот Дарил Краковка изјави дека заедницата е скршена од трагедијата и дека речиси сите жртви ги познавал лично. „Овде не сме само жители, туку семејство“, рече тој, нагласувајќи дека станува збор за мала и тесно поврзана средина во која вакво нешто никогаш претходно не се случило.Советникот Крис Норбери, чија сопруга предава во училиштето, а ќерка му посетува основно училиште во близина, опиша часови страв и неизвесност додека чекал информации. Откако бил прогласен аларм за блокада, учениците и наставниците останале затворени во училниците, додека полицијата ја обезбедувала зградата. „Тешко е да се опише чувството кога знаете дека вашата најблиска личност е во опасност“, изјави тој.Родители сведочат дека дел од учениците биле барикадирани два до три часа, збиени во аглите на училниците. Некои паничеле и плачеле, додека други се обидувале да ги смират своите соученици. Матурентот Даријан Квист рече дека во еден момент станало јасно дека станува збор за сериозен инцидент, а излегувањето од училиштето по повеќечасовната блокада го опиша како „организиран хаос“, при што професионалноста на службите била клучна.Дури по неколку часа биле објавени првичните информации за бројот на жртвите, што дополнително ја потресло заедницата. Имињата на загинатите сѐ уште не се соопштени, но локалните власти најавија психолошка поддршка за учениците, наставниците и семејствата. „Ќе мора да се собереме како заедница и да си помогнеме еден на друг“, порача Норбери, предупредувајќи дека последиците од трагедијата ќе се чувствуваат долго време.

Свет | пред 1 месец

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски: Војната мора да запре за да има избори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека избори во Украина ќе се одржат дури по воспоставување безбедносни гаранции и прекин на огнот со Русија, отфрлајќи ги наводите дека под притисок на Соединетите Американски Држави планира брзо организирање ново гласање, јавува „Франс 24“.Изборниот процес во земјата е практично ставен во мирување од почетокот на руската инвазија во 2022 година, поради прогласената воена состојба. „На избори ќе одиме кога ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции. Многу е едноставно – воспоставете прекин на огнот и ќе има избори“, порача Зеленски во аудио-обраќање до новинарите.Тој додаде дека, доколку и Москва се согласи, можно е непријателствата да завршат до летото.Изјавата следува откако „Фајненшл тајмс“ објави дека Киев, соочен со притисок од Вашингтон, ја разгледува можноста за одржување претседателски избори во наредните три месеци. Зеленски и претходно истакнуваше дека избори се можни само по потпишување мировен договор со Русија, но неодамна сигнализираше подготвеност и за побрзо гласање во рамки на американски план за завршување на војната. Тој нагласи и дека евентуален договор што би вклучувал територијални отстапки кон Москва би морал да биде ставен на референдум.Русија повеќепати го оспорува неговиот легитимитет по 2024 година, кога во мирнодопски услови би му истекол мандатот. Зеленски беше избран за претседател во 2019 година со петгодишен мандат.Покрај политичките дилеми, постојат и сериозни практични пречки за одржување избори – гарантирање безбедност за време на кампањата и на денот на гласањето, како и организирање гласање за милионите украински бегалци во странство. Дополнително, милиони граѓани се внатрешно раселени, стотици илјади живеат под руска окупација или се наоѓаат на фронтот.Анкетите покажуваат дека меѓу украинската јавност засега постои слаб интерес за одржување избори во услови на војна.

Свет | пред 1 месец

media-librarys9e2tvmrbqm95Sjvc2h

Норвешкиот генерал: Не сум го видел Трамп во Авганистан, нема поим за што зборува

Норвешка не може да ја исклучи можноста за руска инвазија на нејзиниот север, со цел заштита на нуклеарниот арсенал сместен на полуостровот Кола, предупреди началникот на норвешкиот одбранбен штаб, генерал Еирик Кристоферсен. Во интервју за британскиот „The Guardian“ тој истакна дека Русија нема освојувачки цели во Норвешка како во Украина, но дека дел од нејзините нуклеарни капацитети – подморници, копнени ракети и авиони – се во близина на норвешката граница. „Не ја исклучуваме можноста Русија да се обиде да заземе дел од нашата територија за да го заштити својот нуклеарен арсенал“, рече Кристоферсен.Генералот, кој има искуство од мисиите на НАТО во Авганистан, остро ги критикуваше изјавите на Доналд Трамп дека сојузниците не биле на првите линии на бојното поле. „Тоа нема смисла. Бевме на првите линии, губевме пријатели и извршувавме различни мисии“, подвлече Кристоферсен, додавајќи дека ваквите изјави ги загрижиле норвешките ветерани и семејствата на загинатите.И покрај заканата од традиционална инвазија, Кристоферсен истакна дека современите руски тактики се повеќе насочени кон саботажи и хибридни закани. Норвешка и Русија, сепак, одржуваат директен контакт за мисии за пребарување и спасување и редовно се среќаваат на границата. Тој предложи и воспоставување директна воена телефонска линија меѓу главните градови за избегнување на несогласувања.За арктичкиот регион, Кристоферсен рече дека Русија ги почитува договорите за демилитаризација на архипелагот Шпицберген, а тврдењата за скриена милитаризација ги оцени како пропаганда. Коментирајќи ги тврдењата на Трамп за можни воени намери кон Гренланд, тој ги нарече „чудни“, истакнувајќи дека норвешките разузнавачки служби не забележуваат такви активности.На крајот, Кристоферсен предупреди дека окупирањето на земја е лесно на почетокот, но многу тешко за одржување и дека секоја експанзионистичка сила тоа го има искусено, давајќи јасна порака кон САД и Трамп.

Свет | пред 1 месец

media-library8l0p1fi9icub5KYBHFn

Трамп: Имаме голема флота кај Иран, размислувам да испратам уште една

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја разгледува можноста за испраќање втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, како подготовка за можна воена акција доколку пропаднат преговорите со Иран. Изјавата ја даде во интервју за порталот „Аксиос“, во период кога САД и Иран ги обновија преговорите во Оман, првпат по 12-дневниот конфликт во јуни.Трамп порача дека изборот е јасен – или ќе се постигне договор, или ќе следува многу остра акција. Тој додаде дека веќе има значително американско воено присуство во регионот и дека е можна дополнителна ескалација. Американски функционер потврди дека се воделе разговори за испраќање уште една носачка група, покрај онаа предводена од носачот „Абрахам Линколн“.И покрај воениот притисок, Трамп изрази оптимизам дека е можен договор, оценувајќи дека Иран сега пристапува посериозно кон преговорите. Клучна точка на несогласување останува иранскиот став да се преговара исклучиво за нуклеарната програма, без откажување од збогатувањето ураниум.Во ваков контекст, во Вашингтон пристигнува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој најави дека ќе ги претстави ставовите на Израел за преговорите со Иран, додека во исто време Иран ја засилува дипломатската активност преку контакти со Оман и Катар, клучни посредници меѓу Техеран и Вашингтон.

Свет | пред 1 месец

media-librarysvfrs806oop86tasA7J

Американскиот амбасадор во НАТО: Мирот во Украина е поблиску од кога било

Американскиот амбасадор Метју Витакер оцени дека Украина е поблиску до мир од кога било досега, иако сè уште не е познато кога ќе биде потпишан мировниот договор за запирање на руската агресија.Тој нагласи дека договорот ќе биде финализиран „кога за тоа ќе дојде вистинското време“, изразувајќи уверување дека завојуваните страни се наоѓаат на чекор до постигнување мир.Витакер посочи дека внимателно ги следи преговорите и дека неговиот оптимизам се темели на конкретни случувања на теренот и на дипломатско ниво. Според него, документите за мировниот договор ќе ги потпишат американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш кога условите ќе бидат соодветни.Тој истакна дека, покрај надежта за мир, неопходно е да се обезбеди континуирана поддршка за Украина, со цел таа да може да се брани. Во тој контекст, Витакер ја нагласи важноста на програмата ПУРЛ, преку која европските членки на НАТО купуваат американско оружје за украинските вооружени сили, како и на другите иницијативи за воена помош.САД очекуваат дека земјите членки на НАТО во наредните денови ќе објават нови обврски за набавка на американско вооружување за Украина. Според Витакер, најголеми купувачи во рамки на програмата ПУРЛ досега биле Германија, Холандија и Норвешка.Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Украина вети дека Алијансата ќе обезбеди повеќе од 15 милијарди американски долари за набавка на оружје за украинските сили, како дел од истата програма.

Свет | пред 1 месец

media-librarypnv7smdn2qala7PKlk3

(Видео) Јута Лердам со олимписки рекорд до злато: Штипнете ме – ова е сон

Јута Лердам, која многумина ја сметаат за најубавата спортистка на планетата, испиша историја во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање, освојувајќи златен олимписки медал со нов олимписки рекорд.. Само десет минути претходно, нејзината сонародничка Фемке Кок го собори рекордот, но Лердам веднаш го подобри и ја потврди апсолутната доминација на Холандија.По среброто во Пекинг, ова злато беше круна на кариерата за Лердам, која не ги сокри солзите на мразот. Емоциите кулминираа и во тунелот, каде сцената со нејзиниот партнер Џејк Пол стана вирална и собра над 300.000 лајкови.„Штипнете ме“, напиша Лердам на социјалните мрежи, порака што совршено го опиша моментот кога сонот стана реалност.

Свет | пред 1 месец

media-libraryaksrrm6dfldk9TLcTXY

(Видео) Симпатизер на СНС нападнал средношколци по протест пред Уставниот суд во Белград

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа младо лице, за кое сведоци тврдат дека е симпатизер на владеачката Српската напредна странка (СНС), како агресивно се однесува кон средношколци и студент од Машинскиот факултет, по завршување на протестот пред Уставниот суд во Белград.Според сведочењата, младиот човек се обидел да му го извади мобилниот телефон од рацете на еден студент кој го снимал настанот, а во друг момент успеал да и го избие телефонот од рацете на инспекторка која исто така документирала со камера.„Ќаци насрна врз средношколци, а потоа и врз мене и моите колеги. Се обиде да ми го избие телефонот од рака, а друг ќаци успеа да и го избие телефонот на инспекторката која снимаше“, напиша студентот кој ја објави снимката на Инстаграм.Инцидентот се случил по протестот, а видеото предизвика бројни реакции и осуди на социјалните мрежи, со барања надлежните институции да реагираат и да утврдат одговорност за насилното однесување.Засега нема официјална реакција од полицијата или од Српската напредна странка.

Свет | пред 1 месец

media-libraryolrkgog0bl6texABNU9

Кралот Чарлс првпат реагира за случајот Епстин

Кралот Чарлс првпат јавно реагираше на скандалот поврзан со Џефри Епстин, порачувајќи дека Бакингемската палата е подготвена да ѝ пружи целосна поддршка на полицијата која ги разгледува наводите против неговиот брат, поранешниот принц Ендрју Маунтбатен-Виндзор, објави Би-би-си.„Кралот, и со зборови и со дела, јасно ја изрази својата длабока загриженост поради постојаните обвинувања поврзани со однесувањето на господинот Маунтбатен-Виндзор“, соопшти портпарол на Бакингемската палата, додавајќи дека доколку полицијата се обрати, палатата ќе соработува целосно.Реакцијата следува откако британската полиција потврди дека врши проценка на пријава поднесена од антимонархистичката група „Република“, која го пријави Ендрју за сомнеж за злоупотреба на службена положба и можно кршење на Законот за службени тајни.Случајот повторно ја отвори темата за врските меѓу Ендрју и осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Полицијата наведува дека ги разгледува наводите според кои Ендрју во 2010 година наводно споделувал доверливи информации со мрежата на Епстин, додека ја извршувал функцијата британски трговски пратеник. Овие сомнежи се засилени по објавата на електронска кореспонденција во американски судски документи.Дополнително внимание привлече и контроверзната фотографија на Ендрју со Вирџинија Џуфре од Лондон во 2001 година, која таа ја користеше како доказ во своите обвинувања за сексуално злоставување. Според документи објавени од американското Министерство за правда, електронска порака од 2015 година сугерира дека фотографијата е автентична, што е спротивно на претходните тврдења на Ендрју.Притисокот околу случајот со Епстин веќе имаше сериозни последици за британското кралско семејство. Ендрју ги загуби сите титули и привилегии, вклучително и титулата принц. Тој ги отфрла сите обвинувања и не признава вина.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjapeesvq0l1q4xPgEHM

(Видео) Украински борбен авион собори руски дрон

Украинското воено воздухопловство објави драматична видеоснимка на која се гледа како ловечки авион Ф-16 соборува руски дрон „Шахед-136“, нудејќи редок и јасен увид во воздушните борби што станаа секојдневие над Украина. Објавата доаѓа во ист ден кога, во друг руски напад со дрон, животот го загубиле мајка и мало дете, што дополнително ја нагласува суровата реалност на конфликтот.Снимката, направена од земја, прикажува како дронот „Шахед“ лета со препознатливо гласно зуење од пропелерот, предизвикувајќи паника кај присутните. Само неколку секунди подоцна леталото експлодира откако е успешно пресретнато од украинскиот Ф-16. Јасно се слуша и огнот од авионскиот топ М61А1 „Вулкан“, како и татнежот на моторот додека ловецот се оддалечува. „Браво!“, се слуша глас на украински јазик додека остатоците од дронот паѓаат на земјата. Иако ова не е прв случај на соборување „Шахед“ со Ф-16, станува збор за една од најјасно документираните акции од овој вид.Дроновите од иранско производство, познати и под ознаката „Геран-2“, претставуваат едно од клучните средства на Русија во исцрпувачката војна. Со проценета цена на производство од околу 35.000 долари по парче, овие еднократни јуришни летала ѝ овозможуваат на Москва да изведува масовни напади длабоко на украинска територија без директно изложување на сопствени војници. Веќе повеќе од три години тие предизвикуваат страв и штети меѓу цивилното население.За Украина, пресретнувањето на ваквите дронови со скапи ракети претставува сериозен финансиски товар, додека обидите за соборување од блиска дистанца носат висок ризик за пилотите. Според специјализираното списание „Ер енд Спејс Форсес“, украинските Ф-16 во моментов извршуваат околу 80 отсто од борбените летови против руските сили. Досега се изгубени четири вакви авиони, а ќе биде потребно време пред сите околу 80 ловци, донирани од западните сојузници, да станат целосно оперативни.Поради високите трошоци за одбрана од секојдневните напади со „Шахед“, Украина е принудена на креативни решенија. Дроновите се соборуваат со автоматско оружје, ракети испукани од рамо, хеликоптери, па дури и со други беспилотни летала, во обид да се зачува скапата противвоздушна муниција и да се заштити населението.

Свет | пред 1 месец

media-libraryv4b398aa12ee6dY5YN0

Документ од 2015 година: Епстин открива вечера со Маск, Тил и Цукерберг

Фотографија од судските списи за Џефри Епстин прикажува вечера одржана во 2015 година, на која присуствувале некои од највлијателните личности од Силициумската Долина, а самиот Епстин подоцна се фалел дека собирот бил „див“. На фотографијата, објавена од американското Министерство за правда, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, седи на маса покрај извршниот директор на Спејс-Екс, Илон Маск, и Џои Ито, поранешен директор на MIT Media Lab, објави британскиот таблоид „Дејли мејл“.На вечерата присуствувал и коосновачот на ПејПал, Питер Тил, иако тој не се наоѓа на самата фотографија. Епстин ја испратил фотографијата сам на себе по електронска пошта во понеделникот, на 3 август 2015 година, само еден ден откако се пофалил дека вечерал со технолошките титани. Врамениот примерок бил изложен и во неговиот стан на Менхетен. Според електронската кореспонденција во досието, вечерата се одржала на 2 август 2015 година.Истата вечер, Епстин му пишал на авторот и лекар Питер Атија, прашувајќи го каде се наоѓа, додавајќи дека можеби ќе отпатува во Лос Анџелес за да ја разгледа внатрешноста на друг авион, при што навел дека во тој момент вечера со Маск, Тил и Цукерберг. Атија одговорил со ентузијазам, оценувајќи дека станува збор за „одлична вечера“.Епстин, кој почина во затвор на Менхетен во 2019 година, подоцна го опишал собирот како „див“ во електронска порака испратена до милијардерот Том Прицкер на 20 август 2015 година. Овој опис повторно излезе во јавноста во момент кога расте интересот за врските на финансиерот со моќни поединци.Именуваните личности во меѓувреме се обидуваат да ја минимизираат секоја поврзаност со Епстин. Објавувањето на повеќе од три милиони документи од страна на Министерството за правда го разоткри неговиот општествен круг, при што се нагласува дека појавувањето на фотографиите не претставува доказ за какво било незаконско дејствие.Илон Маск се споменува повеќепати во документите, вклучително и во постари електронски пораки кои укажуваат на пријателски однос со Епстин со години пред вечерата во 2015 година. Во ноември 2012 година, Маск му пишал на Епстин прашувајќи кога ќе биде „најлудата забава на островот“, додавајќи дека веројатно ќе дојде со тогашната сопруга, актерката Талула Рајли. Во тоа време, Епстин веќе бил осуден за сексуални злосторства против малолетници на Флорида.Во декември 2013 година, Маск повторно го контактирал Епстин за можен престој на неговиот карипски остров, при што размениле повеќе пораки за датумите. Иако не е јасно дали посетата некогаш се реализирала, кореспонденцијата укажува на блиски односи.И покрај објавените документи, Маск во повеќе наврати негираше блискост со Епстин. Во интервју за „Венити фер“ изјави дека не го познавал доволно добро за да запознава други луѓе со него и го нарече „очигледно морничав“. На платформата Икс тој исто така отфрли тврдења дека присуствувал на негови забави, нагласувајќи дека никогаш не бил на таков настан и дека јавно повикувал на кривично гонење на сите што соработувале со Епстин во извршување злосторства.Дополнителни електронски пораки покажуваат дека Џои Ито присуствувал на вечери со Епстин и во 2014 година, а во друга кореспонденција разговарал за заеднички патувања со него. Јапонскиот претприемач поднесе оставка од функцијата директор на MIT Media Lab во 2019 година, откако беше откриено дека Епстин донирал околу 850.000 долари на Универзитетот меѓу 2002 и 2017 година.Според извештаи, Ито се обидел да прикрие значителни донации насочени кон лабораторијата и кон негови лични инвестициски фондови. Случајот излезе на виделина по објавата на текст во „Њујоркер“, во кој беше наведено дека вработени во лабораторијата, напорите за сокривање на контактите со Епстин ги нарекувале „Волдеморт“, односно „оној чие име не смее да се изговори“. Ито денес е претседател на Технолошкиот институт Чиба во Јапонија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања