Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryjifmen1b5iimcSc3g1L

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6mll1unr09r5a8l84Ry

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“.Кампањата се реализира во организација на СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, а нејзиниот фокус е ставен на подигање на јавната свест за сериозните ризици и последици од неовластената употреба на петарди и други пиротехнички средства, особено кај децата и младите.Министерот Тошковски упати благодарност до сите институции и учесници вклучени во кампањата, нагласувајќи дека заштитата на животот и здравјето на најмладите е врвен приоритет.„Овие превентивни активности имаат огромно значење. Ниту една прослава не вреди колку здравјето и животот на нашите деца. Благодарност до Црвениот крст, до Клиниката за пластична хирургија, до Средното училиште ‘Владо Тасевски’ и до учениците кои со своето учество испратија силна порака до јавноста“, изјави министерот Тошковски.Во своето обраќање, министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи годинава бележи значително зголемена откривачка активност во делот на нелегалната пиротехника.„Заклучно со месец ноември 2025 година, откриени се околу 155.000 парчиња пиротехнички средства, што е речиси трипати повеќе во споредба со 2024 година, кога беа откриени околу 52.000 парчиња. Само во текот на овој месец, во рамки на посебна оперативна акција, запленети се дополнителни над 30.000 парчиња пиротехника“, истакна Тошковски.Тој нагласи дека овие бројки се доказ за интензивната работа и посветеноста на полициските службеници, но воедно и аларм за големиот обем на пиротехнички средства што циркулираат во државата.„Ќе продолжиме со решителни репресивни мерки, но превенцијата е суштинска. Мораме заеднички да ја подигнеме свеста дека пиротехниката не е неопходна за убави празници. Оваа порака ќе ја пренесуваме не само во Скопје, туку и низ целата држава“, порача министерот за внатрешни работи.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од користење на пиротехнички средства и заеднички да придонесат кон безбедни и мирни празници за сите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

Мицкоски: Поддржуваме раст на домашните компании, „Алкалоид“ е одлична приказна

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при денешната посета на фармацевтската компанија А.Д. „Алкалоид“ во Скопје изјави дека претставува голема чест и задоволство да се видат производни капацитети кои се рамноправни со најсовремените светски фармацевтски компании.Мицкоски истакна дека посебна гордост е тоа што „Алкалоид“ е македонска компанија, која со своето работење ја претставува државата на најдобар можен начин. Тој упати благодарност до директорот, менаџментот и сите вработени кои, како што рече, секојдневно покажуваат со што располага македонската фармацевтска индустрија.„Повеќе од 3.000 вработени ја градат својата иднина во ‘Алкалоид’, најголемиот дел од нив во Македонија, а дел и во претставништвата надвор од државата. Повеќе од две третини од портфолиото на компанијата е извозно, што директно влијае на економската состојба, растот на БДП и индустриското производство“, нагласи Мицкоски.Тој порача дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите успешни македонски приказни, бидејќи, како што рече, нема поголем промотор за една држава од компании кои успешно работат и надвор од нејзините граници.На крајот, премиерот им честиташе на вработените и на менаџментот на „Алкалоид“, упатувајќи благодарност и до министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување, со порака дека заеднички ќе продолжат да нижат успеси и да го унапредуваат работењето и портфолиото на компанијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrdgmg5lm9i96adiKjZv

Охридска новогодишна приказна

Со внимателно креирана и богата програма, градот нуди незаборавна новогодишна атмосфера во која ќе уживаат сите генерации.Ги покануваме сите охриѓани и гости да уживаат во новогодишната програма, да создадеме заеднички спомени и заедно да ја дочекаме Новата година на градскиот плоштадВе очекуваме во МАГИЧНИОТ Охрид!

ОО | пред 3 месеци

media-library3vu8qkuicvbvdR556ES

САД воведуваат санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд поради Израел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД воведуваат санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС), затоа што, како што рече, се насочиле против Израел, со што бројот на високи судски функционери под американски санкции се зголеми на 11.„Денеска воведувам санкции против двајца судии на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Гоча Лордкипанидзе од Грузија и Ерденебалсурен Дамдин од Монголија, согласно Извршната уредба 14203“, изјави Рубио во соопштение, повикувајќи се на уредбата што претседателот Доналд Трамп ја потпиша во февруари, со која се предвидуваат санкции против МКС.„Овие лица директно се вклучија во напорите на МКС да истражува, апси, притвора или кривично гони израелски државјани без согласност на Израел“, додаде тој.Санкции поради одбивање на израелските приговориРубио во соопштението се осврна на учеството на судиите во гласањето за отфрлање на еден од неколкуте израелски правни приговори против истрагата на МКС за водењето на војната во Газа, донесена претходно оваа недела.Именуваните судии беа дел од панелот што одби да ја поништи одлуката на понискиот суд, според која истрагата на обвинителството за наводните злосторства во негова надлежност може да ги опфати и настаните по нападот на милитантната палестинска група Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.МКС соопшти дека го осудува новиот круг американски санкции, што претставува веќе четврти сет мерки оваа година. „Овие санкции се флагрантен напад врз независноста на непристрасна судска институција“, се наведува во соопштението на МКС, додавајќи дека мерките го доведуваат во опасност меѓународниот правен поредок.Односот на САД и Израел кон МКССоединетите Американски Држави и Израел не се членки на МКС, но палестинските територии беа примени како држава членка во 2015 година. Минатата година МКС издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи користење на гладта како оружје на војна, извршени во Газа.Американските санкции воведени во февруари опфаќаат замрзнување на имотот во САД на лицата на списокот со санкции, како и забрана за влез во САД за нив и за членовите на нивните семејства.

Свет | пред 3 месеци

media-librarytnd9ok0ipgeqdnhpzEa

Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса - работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари разговор со осуденичките, кои се вклучени во процесот на шиење и везење.Осуденичките ја запознаа претседателката со нивните работни активности, мотивацијата и желбата за работа, инспирацијата и стекнатите вештини, и лично ги претставија своите изработки - торби, марами и несесери коишто се продаваат надвор од затворот под логото „везење надеж зад решетки“.Шивачката работилница, којашто за првпат е отворена на иницијатива на модната дизајнерка Ирина Тошева, истовремено и менторка на осуденичките, Сиљановска-Давкова ја оцени како позитивен модел на ресоцијализација, самоодржлив, но и профитабилен.Таа ја поздрави соработката на затворската управа со општествено одговорните компании и поединци, што резултира со успешни приказни за реинтеграција и го охрабри проширувањето на ваквата пракса и во другите затворски одделенија.Според неа, ресоцијализацијата е една од клучните цели на казнено-поправниот систем, посочувајќи дека казната не е само изолација, туку и подготовка на осудените лица за одговорно и активно вклучување во општеството.Претходно, претседателката оствари средба со директорот на установата, Зоран Јовановски и директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов кои ја запознаа со условите и состојбите во затворот, со планираните структурни промени за решавање на актуелните проблеми поврзани со почитување на човековите права, здравствената заштита и недостатокот на сместувачки капацитети.На средбата, беше поздравено функционирањето на затворска судница, што овозможува безбедни услови и пониски трошоци за судските процеси.Претседателката го реафирмираше ставот за потребата од нов Закон за помилување, потенцирајќи дека при помилувањето не се оценува делото на затвореникот, туку се евалуира нивната ресоцијализација.Работниот ангажман на осудените лица е предвиден во Законот за извршување на санкциите. Преку работа, тие стекнуваат практични вештини и работни навики, со што се зголемуваат нивните можности за вработување по излегувањето од затвор и се намалува ризикот од повторно сторување кривични дела.За време на посетата на шивалната, осуденичките на претседателката ѝ подарија рачно изработена торба, а таа во знак на поддршка на нивната работа купи од нив новогодишни подароци.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeba4nf6e3aeb6nn1rNu

(ВО ЖИВО) Талевска: 100 марки платив за да дојдам до Доста Димовска

Новинарката Ивона Талевска во ,,Претрес со Ландов” откри дека платила 100 тогашни германски марки за да добие контакт со поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска.Не го открива името на лицето кое и го дало телефонскиот број на Димовска.Вели дека запаметена во нејзината кариера ќе биде по многу нешта, меѓу кои известувањето од воениот конфликт.Не и е криво што Снежана Лупевска беше новинарката на која и се случи Танушевци.„Тогаш некој одлучи информацијата да ја има тогашната А1 телевизија а не Сител.Снежана Лупевска ми е една од најдрагите личности”, вели Талевска, негирајќи ги информациите дека тие двете не комуницираат.

Скопје | пред 3 месеци

media-library3jeocpged20i0FRAM9t

(ВО ЖИВО) Талевска: Владата на Груевски беше најуспешна до Мицкоски, владеењето на Заев е најмрачно

Ивона Талевска е гостин во „Претрес со Ландов”. Таа вели дека ја подржува десната опција. Талевска смета дека треба да ја работиш најдобро работата, а не, како што вели, да гледаш во семафорот и да не ги гледаш коментарите на социјалните мрежи бидејќи според неа 90 проценти се негативни коментари.„Владата на Никола Груевски беше една од најуспешните влади до доаѓањето на Мицковски. Сопствениците уредуваат а не новинарите, медиумот е бизнис. Ние не навиваме, само пренесуваме”, вели Талевска.За неа владеењето на Заев се смета за најмрачен период.Во професијата тврди трае долго, и покрај искушенијата од владеењето на СДСМ и ДУИ.„Се уште ме гледаат, ми веруваат и ме читаат. Порталот Вечер е најчитан портал”, вели во ,, Претрес со Ландов”, Ивона Талевска, која за себе смета дека е храбра, упорна и силна личност.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjjip8s742fi74pm7qBb

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника, Владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за било какво сместување мигранти во Македонија

„Прво, сакам да констатирам дека оваа тема не требаше воопшто да се започне, бидејќи ова е измислена тема од една партија којашто има само 120 000 гласови и во безидејност и заштита на своите криминалци во партијата и криминалите коишто во изминатите 7 години ги имаа направено, најде еден начин да се произнесе во медиумскиот простор и да најде некоја тема за наводни мигранти“ рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.Манасиевски истакна дека со изгласаната Резолуција во Собранието е потврдено дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Владата преговарале, не преговараат, ниту ќе преговараат за какво било сместување мигранти во Македонија.Тој потсети дека токму оние кои денес се против мигранти, во 2018 година гласале на владина седница за изградба на мигрантски камп во Бардовци, како дел од тогашната влада на Зоран Заев.„Многу е важно исто така да се напомене дека кога имате вие демант и од премиер на држава, претседател на држава, кога имате демант и од Британска амбасада и вие упорно продолжувате да сеете страв да ширите паника низ државата, да воведувате некаква хистерија дека ќе дојдат мигранти, тоа е веќе кривично дело. Зошто? Бидејќи вие свесно ширите паника и манипулација меѓу граѓаните“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8fj4dd2nbpsa30fAKxN

Петрушевска: За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години се направи охрабрувачки чекор во делот со борбата со корупцијата

Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс се осврна на темата за Самитот на Европската унија-Западен Балкан, при што истакна дека Македонија останува цврсто посветена на реформите,  регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.„Овој Самит претставува исклучителна можност, токму  челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување, како дел од својата геостратешка определба и приоритет кога станува збор за силна и обединета Европа. Сите земји од Западен Балкан, не само географски, туку и културолошко припаѓаат во тоа европско семејство. Овој Самит е дел од таа стратешка агенда на ЕУ со којшто ќе се потенцира или повторно ќе се адресира прашањето, дека политиката на проширување особено кога се однесува на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија е високо на агендата“, посочи Петрушевска и додаде:„Очекуваме на овој Самит  да се адресираат и прашањата кои што ги засегаат и регионот, а во којшто е вклучена и Македонија. Тоа е регионалната соработка, потоа прашањата кои што се поврзани со надворешната и безбедносната политика. Во овој дел, Македонија е навистина во еден чекор понапред споредбено од нашите соседи“.Петрушевска додаде дека во последниот Извештај на Европската комисија, во делот на надворешните односи, како што вели таа, се потенцираше дека земјата останува во целост усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.„Меѓутоа, за прв пат се споменува и се поздравува пристапувањето на СЕПА и партнерството кое што  Министерството за одбрана го потпиша со ЕУ, а тоа се однесува на безбедност и стабилност“, кажа Петрушевска.Според неа, борбата со корупцијата заедно со владеењето на правото е темелот на процесот на проширување.„За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години навистина се направи еден охрабрувачки исчекор во делот со борбата со корупцијата и би сакала ова да го поткрепам со факти. Повикувајќи се токму на Извештајот од Европската комисија, после два последователни најлоши извештаи во 2023 и 2024 година, конечно 2025 година ја бележиме со еден охрабрувачки раст од една оцена 1,55 и со една тенденција 3,11 за подготвеноста во делот на  усогласување со европското законодавство“, заклучи Петрушевска.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrdqiq5hhgnfi6bz1jEq

Русија оваа година потрошила 5,1% од БДП за војната во Украина

Русија ќе потроши 5,1 процент од БДП за војната во Украина во 2025 година, изјави денес рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, што претставува прва ваква официјална проценка за оваа година.Врз основа на проценетиот БДП за 2025 година од 217 билиони рубљи (2,7 билиони американски долари), воената потрошувачка ќе изнесува 11 билиони рубљи.Белоусов изјави дека Министерството за одбрана во 2025 година вкупно ќе потроши 7,3 проценти од БДП, вклучително и невоените трошоци.Високи издвојувања за одбрана и безбедностРускиот буџет за оваа година за одбрана издвоил 6,2 проценти од БДП, како и дополнителни 1,8 проценти за национална безбедност. Вкупно, за одбрана и безбедност се наменети 17 билиони рубљи.Белоусов изјави дека Министерството во 2025 година се соочило со големи буџетски ограничувања и дека морало да ги намалува трошоците.„Водењето борбени операции доведе до зголемување на воената потрошувачка. Сето тоа бараше строга оптимизација и утврдување приоритети во буџетот за одбрана“, рече Белоусов на годишниот состанок на Министерството, на кој присуствуваше и претседателот Владимир Путин.Фискални предизвици поради долготрајната војнаРусија двапати го зголеми целниот буџетски дефицит за 2025 година и од 2026 ќе мора да зголеми некои даноци, што укажува дека по четири години војна земјата се соочува со сериозни фискални проблеми.Во 2026 година владата ќе издвојува 5,5 проценти од БДП за одбрана и 1,7 проценти за национална безбедност. Вкупно за одбрана и безбедност ќе бидат наменети 16,8 билиони рубљи, односно 38 проценти од вкупната буџетска потрошувачка.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“: Граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре, 17 декември 2025 година, ќе биде отворен посебен шалтер за системот „Безбеден град“ во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје).Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, а граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или доколку имаат добиено известување со неточни податоци.Ажурирањето на податоците ќе може да се врши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.Дополнително, граѓаните ќе имаат можност по електронска пошта на адресата bezbedengrad@moi.gov.mk да достават писмени забелешки, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“. Од МВР информираат дека сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Македонија | пред 3 месеци

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

“Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати”, жестока критика за Коцевски

Адвокатот Владимир Туфегџиќ со остра критика реагираше на оставката и јавното обраќање на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, оценувајќи дека тој си заминува од функцијата „тивко, празно, анемично и без поента“, исто како што, според него, и бил избран.Туфегџиќ наведува дека Коцевски во своето заминување се повикал на политички „линч“, иако, како што потенцира, бил избран зад затворени врати, без вистинска конкуренција, транспарентна и отворена постапка. Според него, доволно говори и фактот што новинарите на прес-конференцијата останале без инспирација за прашања.Адвокатот дополнително критикува дека во обид да се прикаже како доследен заштитник на законитоста, обвинителот самиот ги набројувал своите „успеси“, јавно споменувајќи лица против кои се водат постапки, со што, според Туфегџиќ, директно ја прекршил презумцијата на невиност.„Уште еден државен обвинител кој не спомнува политика кога го бираат, тогаш е најстручен и најпрофесионален, а кога го разрешуваат – тоа е политички линч. Историскиот успех се мери со број на обвиненија, како на лента, небаре обвинителството е фабрика за производство на обвиненија, а за нивниот епилог – ниту збор“, оценува Туфегџиќ.Тој додава дека за неуспесите редовно се обвинува судот, додека обвинителството, и покрај, како што вели, климави и празни обвиненија, останува без одговорност.Како пример за, според него, спорни потези, Туфегџиќ го наведува и формирањето тим од 15 обвинители за предметот „Пулс“ во Кочани, со образложение дека тоа било за да нема одлагање на судењата, споредба која ја оцени како апсурдна, наведувајќи дека дури и Нирнбершкиот процес имал четворица обвинители.Туфегџиќ смета дека новиот државен јавен обвинител треба сериозно да ја преиспита законитоста на дел од обвиненијата кои денеска се претставуваат како успех.„Време е да добиеме државен јавен обвинител со авторитет, избран во транспарентна постапка, кој ќе остави обвинителство со ред, јасни и унифицирани правни стандарди и еднаков пристап кон сите предмети и сите странки“, порачува Туфегџиќ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

На денешната седница за опозициски пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна зошто министерот Муцунски не е присутен на пратенички прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на кровот на Министерството за надворешни работи.„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има." - истакна Мециновиќ.Пратеникот од Левица дополна дека ова првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.На крајот, Мециновиќ се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Тој ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?" - праша пратеникот од Левица.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Милионските криминали во Државна лотарија, за кои ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ги извршиле Прпарим Бајрами и Артан Груби, а биле одобрени од СДС, денеска излегуваат на виделина, откако извештајот на Државниот завод за ревизија ги потврди неправилностите.Од партијата наведуваат дека злоупотребите се случувале токму во периодот кога на власт биле СДС и ДУИ, при што, како што тврдат, Прпарим Бајрами, партнер во криминал на Артан Груби, ја злоупотребил службената положба за износ од близу два милиони евра, пари на граѓаните.Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и поранешниот министер Филипче молчеле и со тоа овозможиле ваквите криминални дејствија да продолжат, додека надлежните институции, судството и обвинителството, како што велат, не реагирале соодветно.Од партијата посочуваат дека е јасно зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто, како што тврдат, биле заштитувани од институции избрани од СДС и ДУИ. Тие додаваат дека сега, кога веќе нема кој да ги штити, СДС, според нив, во страв и паника отвора други теми, шири лажни вести и создава хистерија меѓу граѓаните.Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат таканаречениот „антикорупциски тим“ на СДС да го истражи и овој случај, наместо, како што велат, да молчи пред утврдените факти.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd2686vnn5ridanozmij

Нова сообраќајна слика за Скопје: Напредува изградбата на клучката „Момин Поток“

Изградбата на клучката „Момин Поток“, заедно со новиот булевар „Никола Карев“, влегува во интензивна фаза и се одвива со засилена динамика на терен.Во моментов активно напредуваат работите на атмосферската канализација, која ќе биде поставена во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“. Оваа инфраструктура е клучна за правилно одведување на атмосферските води и заштита на коловозот и околното подрачје.Паралелно со тоа, се работи и на левиот крак од новиот мост на реката Серава. Преку овој мост ќе поминуваат коловозните ленти во правец од раскрсницата со булеварот „Словенија“ кон идната клучка „Момин Поток“, што претставува еден од најважните сегменти на проектот.За оваа делница конечно се пробива трасата, а во тек е и отстранување на објектите кои се наоѓаат на предвидената траса. Со ова се деблокира целиот процес и се создаваат услови за непречена изградба на новиот булевар, кој треба значително да го растовари сообраќајот и да ја подобри поврзаноста во овој дел од Скопје.Надлежните очекуваат со завршување на клучката „Момин Поток“ и булеварот „Никола Карев“ да се добие современо сообраќајно решение кое долгорочно ќе го унапреди урбаниот и сообраќајниот развој на градот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye9jbt7366ibb0cUHZ6f

Петкоска: СДС и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во вечерашното издание на ,,Топ тема“  на Телма телевизија, каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДС, а за која СДС иницираше и онлајн петиција.,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска.Петкоска нагласи дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава, и според неа, тоа е порака која значи недоверба.,,Венко Филипче и СДС, за жал никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни процеси“, истакна Петкоска. Петкоска се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДС, при што потенцираше дека за истата биле потребни 47.897 потписи, додека пак ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок претставува уште еден јасен сигнал за слабата поддршка и доверба што граѓаните ја имаат кон СДС и Венко Филипче.,,Ова е уште една порака од граѓаните, дека не му веруваат на тезата дека ќе дојдат мигранти во Република Македонија“, кажа Петкоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycshe3mf66sld7g6NC7m

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДС за да се скријат внатрешните проблеми

„Не, нема вистина“, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата.Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДС кои што шират паника и страв кај граѓаните.„И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување“, смета тој.Мицкоски потенцираше Владите на СДС биле промигрантски, бидејќи во 2017 година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку Министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините и барале соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови.„Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017тата година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти“, вели Мицкоски и додаде:„Од прилика тоа е накратко целата филозофија. Но во ред. Еве јас како што реков не можам да ги разберам за нивното неодговорно однесување, бидејќи сеат страв и паника кај одредена група граѓани. А од друга страна ги разбирам поради проблемите внатрешни кои што ги имаат во рамки на структурата. Но исто така не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија бидејќи ова ќе им се удри толку силно од глава бидејќи ќе дојде март, април, ќе дојде јуни 2026, 2027, и ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? На изборите повторно ќе треба да излезе во 2028 година пред граѓаните со јасен концепт што сме кажале, што сме направиле итн.“Премиерот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата.„Сакам да испратам порака до граѓаните, дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега семантика бараат во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Обединетото кралство, или било каков друг договор не постои, ниту пак додека сум јас претседател на Владата ќе постои“, нагласи Мицкоски.Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека сето ова што го кажал до сега е содржано во таа Резолуција и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат Резолуцијата.„Ние денеска во парламентот доставивме Резолуција со која што јасно кажуваме дека сето ова кое што сега го зборувам во воведот е содржано во Резолуцијата, и нормално со осуда за неодговорното однесување на опозицијата, па еве нека ја поддржат“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryal6bkcl1cjnn5NxO1C1

Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле резолуција во Собранието со која се осудуваат манипулациите и дезинформациите што опозицијата ги шири во врска со прашањето за мигрантите.Пратеничката Панова посочи дека СДС, како обезличена и полураспадната партија без јасна визија и идеи, повторно отвора тема која е целосно немерлива и неоснована.„Несфатливо како може СДС да зборува за било какви црвени линии којшто тие ги прекршија всушност, тие распродадоа име, се согласија на сето тоа што не смееше една влада да се согласи, сега, од друга страна, поднесуваат некаква резолуција“, вели Панова.Панова нагласи дека со цел да се затвори оваа непостоечка, наметната тема за мигранти кои никогаш нема да пристигнат во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле Резолуција со повеќе јасни точки, со која се става крај на манипулациите и ширењето страв меѓу граѓаните.„За да ја затвориме оваа непостоечка тема која што се отвори за мигранти, којшто никогаш нема да пристигнат во Македонија, ние денес поднесовме резолуција и во истата се состојат повеќе точки со којшто всушност сакаме да ја затвориме темата“, посочи Панова.Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на државните интереси како и водење одговорна политика која е заснована на факти и транспарентност.

Македонија | пред 3 месеци

kokain-2

Уапсен „грчкиот Ескобар”, запленет брод полн кокаин

Грчките власти информираа дека е разбиена меѓународна мрежа за шверц со кокаин.Како што го нарекуваа „грчкиот Ескобар”, беше уапсен во Катерини на брод полн со кокаин кој беше запленет во Атлантскиот Океан. Неговиот брод криумчарел голема количина кокаин од Латинска Америка до Европа. Тој е мозокот на најголемата кокаинска банда која некогаш дејствувала во Грција.Операцијата се водела во соработка со американската Агенција за борба против дрога (DEA).Пет лица се уапсени во овој случај, уште петмина биле приведени на самиот брод од француските власти.

Свет | пред 3 месеци

media-library6fgllhtl59868DvXCiQ

Федералното биро за истраги спречи бомбашки напади во Калифорнија

Федералното биро за истраги (FBI) спречи бомбашка заверa насочена кон повеќе цели, вклучувајќи агенти за имиграција и возила во Лос Анџелес и округот Оринџ, објави во понеделник државната обвинителка Пам Бонди.„Фронт за ослободување на островот Тртул, крајно левичарска, пропалестинска, противвладина и антикапиталистичка група, се подготвуваше за низа бомбашки напади на повеќе цели во Калифорнија за Новата година. Цел на групата беа и агенти, како и возила на ICE“, рече Бонди.Четири лица се обвинети за заверa и поседување нереџистрирана разорна направа, според тужбата поднесена пред Американскиот окружен суд за Централниот округ на Калифорнија.Според планот на бомбашкиот напад, експлозивни направи требало да се постават на пет локации насочени кон две американски компании точно на полноќ при преминот од старата кон новата година во Лос Анџелес.

Свет | пред 3 месеци

media-library19sj3ql8p0ct7mBSvhe

Бојкот во Управата за водење на матични книги, утре затворени шалтерите

Услугите на Управата за водење на матични книги утре, вторник (16 декември), ќе бидат целосно прекинати поради најавен еднодневен бојкот од страна на вработените. Граѓаните нема да можат да извадат никакви документи, а шалтерите ќе останат затворени за странки.Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) наведуваат дека бојкотот е предупредувачка мерка, откако во изминатата година не бил постигнат договор со надлежните институции околу барањата на вработените.Иако службениците утре ќе бидат присутни на работните места, тие нема да вршат административни услуги. Нема да се издаваат изводи од матичните книги, венчаници, ниту други официјални потврди.Според синдикатот, незадоволството произлегува од ниските плати и условите за работа. Тие бараат линеарно зголемување на платите од 20 проценти, образложувајќи дека нивната работа подразбира постојано ракување со чувствителни и доверливи лични податоци на граѓаните, без соодветно вреднување.Од синдикалните претставници предупредуваат дека доколку надлежните не одговорат на барањата, можно е активирање генерален штрајк, што би значело целосна блокада на работата на Управата и запирање на издавањето документи на неодредено време.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuhem7k2nilg44vKVpcn

Херојот Ахмед од Сиднеј може да ја загуби раката: „Сѐ би повторил“

Ахмед ал Ахмед, минувачот кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите во Бонди, изјавил дека и покрај тешките повреди и силните болки, повторно би го направил истото. Неговиот адвокат за миграции, Сем Иса, потврди дека Ахмед не жали за својот чин, иако неговата здравствена состојба се влошила.Ахмед е хоспитализиран во болницата „Сент Џорџ“ во Когара, каде се опоравува по првата операција. Тој има пет прострелни рани на левата рака, а еден куршум сè уште не е изваден од пределот на левата лопатка. Поради сериозната загуба на крв, лекарите стравуваат дека би можел да ја загуби раката.Според адвокатот, Ахмед е скромен човек кој не бара медиумско внимание и постапил од чувство на човечка и морална должност. По добивањето австралиско државјанство во 2022 година, се чувствувал обврзан да ѝ помогне на заедницата која го прифатила.Неговите родители изјавија дека и покрај повредите, тој е во добро расположение. Мајката признала дека плачела од гордост кога дознала дека нејзиниот син спасил животи, додека таткото истакнал дека Ахмед му благодарел на Бога што им помогнал на невини луѓе.Херојството на Ахмед го пофалија австралискиот премиер Ентони Албаниз и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, а пофални зборови упати и американскиот претседател Доналд Трамп. Во знак на поддршка, преку GoFundMe кампања се собрани над половина милион долари за негово лекување и опоравување.Ахмед ал Ахмед (44), по потекло од Сирија, живее во Австралија од 2006 година, сопственик е на мал бизнис и татко на две мали ќерки. Неговото семејство и блиските велат дека без двоумење би го жртвувал сопствениот живот за да ги спаси другите.

Свет | пред 3 месеци

media-library8545iruq9gvo6e09bBQ

30 дена притвор за Фехми Стафа: Требало да издејствува укинување притвор за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и му определи мерка притвор од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, поради постоење опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Притворот е определен согласно точка 1 и 2 од законските основи, информираат од судот.Во рамки на истрагата е утврдено дека лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, осомничен во предметот „Синџир“. Постапката против Пецов во моментов е прекината бидејќи тој се наоѓа во бегство и е недостапен за органите на прогонот.Според досегашните наоди на обвинителството, Стафа е осомничен дека за паричен надомест требало да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија од Апелациониот суд Скопје со цел укинување на притворската мерка за Пецов. Токму овие околности, заедно со тежината на делото и позицијата што ја извршувал осомничениот, биле клучни за судот да оцени дека постои реален ризик од бегство и можност за попречување на истражната постапка.Случајот продолжува да се води во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое најавува натамошни истражни дејствија за целосно расчистување на настаните и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryie2kqjlsi1ubebLkv8c

Сведок го опиша пукањето на плажата Бонди како „апсолутен колеж“

Сведок на пукањето на плажата Бонди во Сиднеј, со крваво лице и завој околу главата, го опиша инцидентот како „крвопролевање и апсолутен колеж“. Во изјава за австралиската телевизија 9News, тој раскажа дека во моментот на нападот се наоѓал на плажата со своето семејство, каде што се одржувала прослава на Ханука со присуство на стотици луѓе.Според неговите зборови, на настанот имало деца, постари лица и семејства кои мирно ја прославувале вечерта, кога одеднаш настанал целосен хаос.„Децата си играа, а потоа одеднаш се слушнаа истрели. Луѓето паѓаа на земја, сите се криеја – тоа беше целосен хаос“, изјави сведокот, додавајќи дека во првите моменти никој не знаел од каде доаѓа престрелката.Тој, кој побарал да остане анонимен, наведе дека последните 13 години живеел во Израел и дека ги преживеал нападите од 7 октомври 2023 година. Во Австралија пристигнал пред две недели со цел да работи со еврејската заедница во борбата против антисемитизмот.Сведокот изјави и дека за време на нападот видел најмалку еден напаѓач кој пукал „случајно, во сите правци“, додека луѓето околу него паѓале и се обидувале да се засолнат.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања