Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

Нема фотографија

Трамп по нападот во Сирија: САД ќе ѝ возвратат на Исламската држава

По смртоносниот напад во Сирија во кој беа убиени двајца американски војници и еден цивил, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе возвратат. За нападот ја обвини терористичката група Исламска држава.„Ова е напад на ИСИС“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, непосредно пред заминувањето на фудбалскиот натпревар Army–Navy во Балтимор.„Војниците настрадаа во заседа што ја изведе ИСИС, а во нападот беа ранети уште тројца нивни соборци. Жалиме за загубата, ова се одлични, тројца одлични луѓе. И едноставно ужасна работа“, изјави претседателот.Тој нагласи дека и Сирија во оваа борба е на иста страна. „Претседателот, новиот претседател на Сирија, како што ми рекоа и не сум изненаден, е скршен од тоа што се случи. Ова беше напад на ИСИС врз нас и врз Сирија. Многу, многу тажно“, додаде Трамп.Најавена брза одмаздаНа директно новинарско прашање дали Соединетите Држави ќе ѝ возвратат на Исламската држава, претседателот одговори потврдно: „Да, ќе возвратиме“. Пред новинарот да постави следно прашање, Трамп го прекина разговорот со одлучна порака: „Ќе возвратиме. Ви благодарам многу“.Убиени двајца војници и преведувачДа потсетиме, двајца американски војници и еден цивилен преведувач беа убиени, а уште тројца беа ранети во нападот што во саботата се случи во Сирија, потврди американското Министерство за одбрана, а пренесе Си-Ен-Ен.Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, на социјалната мрежа Икс објави дека инцидентот се случил за време на состанок со клучни локални лидери. „Нивната мисија беше поддршка на тековните операции против ИСИС и антитерористичките операции во регионот“, наведе Парнел, додавајќи дека имињата на загинатите нема да бидат објавени додека не бидат известени нивните семејства.Остра порака од министерот за одбранаМинистерот за одбрана Пит Хегсет потврди дека напаѓачот бил убиен од партнерски сили и упати остра порака. „Нека се знае, ако целите Американци, каде било во светот, остатокот од својот краток, вознемирувачки живот ќе го поминете знаејќи дека Соединетите Држави ќе ве ловат, ќе ве пронајдат и немилосрдно ќе ве убијат“, напиша Хегсет на Икс.Извештај на сириските медиумиСпоред официјалната сириска новинска агенција САНА, американските војници се нашле под оган за време на заедничка патрола со сириските сили во централна Сирија. Поради инцидентот бил запрен сообраќајот на автопатот меѓу Деир ез-Зор и Дамаск, а на небото биле забележани американски борбени авиони.„Американски хеликоптери интервенираа за да ги евакуираат ранетите во базата ал-Танф по инцидентот со пукањето“, објави САНА, повикувајќи се на американската база во источна Сирија, во близина на границата со Ирак.

Свет | пред 3 месеци

media-library0nbboej0v4482bSuAFd

Иран заплени танкер и приведе 18 членови на екипажот

Иран заплени нафтен танкер во Ормускиот Теснец и ја приведе неговата посада поради наводно шверцување гориво.Мојтаба Гахремани, претседател на Врховниот суд на јужната провинција Хормозган, изјави дека танкерот бил запленет додека пловел во близина на пристанишниот град Џаск, откако било утврдено дека превезувал шест милиони литри шверцувано гориво (околу 1,6 милиони галони), објави полуслужбената новинска агенција Тасним.Приведени 18 членови на екипажотГахремани изјави дека се приведени 18 лица, меѓу кои и капетанот и членовите на екипажот, посочувајќи дека танкерот не постапил по наредбите за запирање и дека неговиот радарски систем бил исклучен.Тој додаде дека инспекциите спроведени на бродот утврдиле отсуство на каква било документација поврзана со поморската пловидба или товарот.„Утврдени се бројни дејствија што претставуваат кривични дела“, изјави Гахремани, без да наведе детали.Гахремани исто така наведе дека членовите на екипажот имаат индиско, шриланканско и бангладешко државјанство, но не даде информации за државата под чија знаме плови танкерот.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Кога правдата тропа караванот лае, но не лае за џабе туку да го прекрие трагот, газдата да не се крие зад караванот

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последните соопштенија на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за конфузни и панични обиди да се заштити криминалот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата наведуваат дека СДСМ и Венко Филипче се „заглавени во минатото“ и живеат во „паралелни универзуми“, иако државата е на прагот на 2026 година.Според ВМРО-ДПМНЕ, стравот кај раководството на СДСМ, а особено кај Заев и Филипче, преминал во параноја, што резултирало со, како што велат, нејасни и противречни партиски реакции. Во соопштението се тврди дека Заев се обидува да примени „стари шеми преку нови инсталации“, посочувајќи го Филипче како негов извршител.Партијата отвора прашања околу финансирањето на политичките активности на СДСМ, прашувајќи колку средства биле вложени и со каков удел учествувал Филипче. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за долгорочна, како што ја нарекуваат, опседнатост со Србија, поврзувајќи ја со активности и кампањи од минатото, како и со наводно преземени идеи и слогани од соседството.Во реакцијата се наведува дека, за разлика од периодите на владеење на СДСМ, актуелните односи на Македонија со соседните земји се коректни и се водат исклучиво од државниот интерес. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со соседите „бара сериозен третман“.Дополнително, партијата прави споредби меѓу луксузниот начин на живот на Зоран Заев и поранешната српска функционерка Дијана Хркаловиќ, посочувајќи на медиумски написи за скап имот, јахти и луксузни недвижности.„Од што се плаши Зоран Заев и што знае Венко Филипче, како и што е тоа што Катица Јанева го знае, а за СДСМ претставува ноќна мора“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Македонија | пред 3 месеци

media-library69fqtegusji19Pvvy53

Ахмети на плоштадот „Скендербег“: Нашата борба е чиста, нашите момчиња се невини

Денешниот протест на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, посветен на поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), привлече голем број граѓани и претставуваше впечатливо иконографско и националистичко собрание. Многу од присутните носеа знамиња на УЧК, на основачот Адем Јашари, како и симболи на Голема Албанија. На бината беа поставени и знамиња на Албанија, САД, ЕУ, НАТО, па дури и на Македонија, додека знамето на Косово недостасуваше.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор порача дека судскиот процес во Хаг против поранешните команданти на ОВК, меѓу кои поранешниот косовски премиер Хашим Тачи и поранешниот претседател Јакуп Красниќи, треба да заврши со ослободителна пресуда. Тој ги оцени обвинетите како невини и ги опиша како борци за слобода на албанскиот народ.„Време е нашите момчиња да се вратат дома! Нашите момчиња се невини, нашата борба е чиста! Војната на ОВК е света и затоа сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК!“, рече Ахмети пред присутните.Ахмети во својот говор ги спомена и поранешниот американски дипломат Џејмс Рубин, како и поранешниот амбасадор на САД во Македонија и Србија Кристофер Хил, како и влијанието на Москва и Белград. Лидерот на ДУИ оцени дека по Тирана и Приштина, Скопје го покажало својот став за поддршка на слобода и правда за поранешните припадници на ОВК.Протестот ја истакна поддршката на Албанците во Македонија за поранешните команданти на ОВК и ја нагласи националистичката и политичката димензија на денешниот собир.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: „Кучињата лаат караванот си врви“

СДСМ обвини дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно разоткриена и дека Владата предводена од Христијан Мицкоски се соочува со сериозна финансиска и политичка криза.Од СДСМ тврдат дека уште во јуни биле договорени мигранти „за пари“, за што, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, а граѓаните јасно порачале дека тоа нема да го дозволат. Според партијата, на Владата „ѝ гори под нозе“, бидејќи во буџетот нема средства, а финансиската дупка изнесува околу една милијарда евра.„Нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно отсуство, ниту за поврат на ДДВ. Финансиската состојба е катастрофална“, соопштуваат од СДСМ.Партијата обвини дека таканаречените „кујни на ДПМНЕ“ системски го пренасочуваат вниманието на јавноста од темите за мигрантите, недостигот на пари и, како што велат, криминалните скандали на власта.Во тој контекст, СДСМ ги поврза и информациите за условното пуштање од затвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, оценувајќи дека станува збор за „смислено сценарио“ со цел таа да биде искористена во, како што велат, црна кампања и напади врз СДСМ, претседателот Венко Филипче и опозицијата.„Пуштањето на Јанева има скриена цел – да биде алатка на ДПМНЕ во нивната медиумска и политичка стратегија, по српски рецепти“, наведуваат од СДСМ, правејќи споредба со случаи од Србија.Од партијата предупредуваат дека власта ја губи контролата и дека ќе ги засилува нападите преку лажни вести, политички прогон и притисоци врз медиумите. Според нив, по Нова година ќе следи засилена медиумска кампања, а потоа избори на пролет и, како што тврдат, реализација на плановите за мигранти во јуни.„Следиме сè и знаеме сè – разоткриени сте“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

28112024_Miteva

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Портпаролката на Владата, Марија Митева, остро реагираше на денешниот настап на СДСМ, оценувајќи дека јавното обележување и дискредитирање медиуми преку прес-конференција претставува директен и недозволив напад врз медиумската слобода.Во јавно обраќање до медиумите, Митева истакна дека како личност која секојдневно е во директна комуникација со новинарите, чувствува обврска да реагира, посочувајќи дека молкот во вакви ситуации би значел откажување од одговорноста кон јавниот интерес.Според неа, настапот на СДСМ, кој вклучувал графикони и политички квалификации за медиуми, не може да се смета за легитимна политичка дебата, туку за опасна пракса што потсетува на периоди кога, како што рече, преку јавен притисок се правеле обиди медиумите да се стават под контрола.Митева нагласи дека Македонија не смее и нема да се врати на таков пат и дека актуелната Влада преку конкретни чекори покажува сериозна намера да обезбеди средина во која медиумите ќе работат слободно и без притисоци. Како примери ги наведе формирањето работна група за спречување на SLAPP тужби, отворениот дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, како и воспоставувањето институционални механизми за заштита на новинарите.Таа оцени дека е лицемерно ваквите напади да доаѓаат од партија која, како што рече, декларативно се повикува на слобода на медиумите, а чиј однос кон новинарите во минатото е добро познат на јавноста. Според Митева, времето на замолчување, селективен пристап, притисоци и омаловажувања кон медиумите е завршено.„Колку и да постојат различни уредувачки пристапи, никогаш нема да си дозволиме јавно таргетирање и етикетирање медиуми. Тоа е знак на длабока структурна слабост и намера за притисок“, порача портпаролката на Владата.Таа упати повик до целата медиумска заедница, новинарските здруженија, граѓанскиот сектор и сите кои, како што рече, искрено веруваат во слободата на изразување, јасно и недвосмислено да реагираат.„Денес се на удар медиумите, утре може да биде секој критички глас“, предупреди Митева, додавајќи дека ваквите потези нанесуваат сериозна штета на медиумскиот простор во Македонија и можат да остават долгорочни последици доколку не бидат јасно осудени.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

(Видео) Детали: Шест ученици нападнале врсници пред училиште во Сарај, едно дете со тешки повреди

Министерството за внатрешни работи информира дека ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство“ по инцидентот што вчера се случи пред Основното училиште „Дитурија“ во општина Сарај.Според соопштението од МВР, на 12 декември 2025 година, околу 12:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред училиштето шест ученици физички нападнале двајца ученици од деветто одделение. Настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш презела мерки за целосно расчистување на случајот.Со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а денеска биле сослушани и самите оштетени ученици. Кај едниот малолетник, по лекарски преглед, биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај вториот биле утврдени телесни повреди.Полицијата ги идентификувала и учениците кои го извршиле нападот. Станува збор за шест малолетни лица на возраст од 13 до 15 години, кои во текот на денешниот ден биле повикани во полициска станица на службен разговор.За настанот е известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против шесте малолетници ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.Од Министерството за внатрешни работи порачуваат дека ќе продолжат со постапување согласно закон и дека ваквите случаи на насилство, особено кога се работи за малолетници и училишна средина, ќе бидат санкционирани без исклучок.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Еве како работат кујните на ДПМНЕ, ова е нивно разоткривање

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека целосно ги разоткрил, како што велат, „кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации“, со кои, според партијата, системски се одвлекува вниманието на јавноста од актуелните скандали.Од СДСМ наведуваат дека секогаш кога власта е соочена со сериозни обвинувања за криминал и корупција, како што е, според нив, договорот за мигранти склучен од финансиски интереси, се активира организирана медиумска кампања за дефокус и извртување на фактите.„Во изминатите две недели јавноста беше сведок на три клучни теми – антикорупциските објави на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинарите на Инфомакс. Додека професионалните медиуми известуваа балансирано, медиумските инсталации блиски до ДПМНЕ целосно ги игнорираа ставовите на СДСМ и негативните информации за власта“, се наведува во соопштението.Од партијата посочуваат дека само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала, како што велат, координирана кампања со идентични текстови исполнети со навреди и неточни тврдења.„Ниту еден збор не беше објавен за суштината на прес-конференцијата – за мигрантите, за Резолуцијата, ниту за јасната осуда на нападот врз новинарите“, обвинуваат од СДСМ.Според партијата, станува збор за веќе виден модел од времето на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој вклучувал лажни вести, манипулации и притисоци врз медиумите, со цел, како што велат, да се сокрие вистината од граѓаните.Од СДСМ додаваат дека анализите и графиконите кои ги презентирале, јасно ја покажуваат координацијата и организираноста на кампањата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library487ogrej3djkdoLuGAX

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски три месеци не презел никакви мерки за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, иако, како што тврди, имал официјален извештај со утврдени неправилности.Според Манасиевски, со непостапувањето, Спасовски овозможил фирмата да оствари противправна имотна корист во износ од над 90.000 евра, што, како што рече, претставува злоупотреба на службената положба.„Спасовски како министер во МВР добил официјален извештај со констатирани неправилности, но три месеци молчел и не го одземал овластувањето. Со тоа директно овозможил фирмата да продолжи да работи и да заработи над 90.000 евра“, изјави Манасиевски.Тој потсети дека токму во истиот технички центар бил извршен технички преглед и на автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој во 2021 година се запали на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 македонски државјани.„Доколку Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби ќе беше спречена. Овластувањето на фирмата од Сарај било одземено дури три дена по трагедијата во Бугарија“, рече Манасиевски, поставувајќи прашања дали поранешниот министер добивал пари за да не постапи навреме.Манасиевски го нарече Спасовски „црна дамка на СДС“, посочувајќи дека, според него, заедно со други поранешни функционери, е симбол на криминал и корупција.„СДС мора да се дистанцира и јавно да се огради од овие луѓе, доколку сака да опстане на политичката сцена“, порача Манасиевски.Од СДС засега нема официјален одговор на изнесените обвинувања.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryju2obfng2bsi3IzPLda

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поранешната влада предводена од Зоран Заев имала намера да прима мигранти и да гради мигрантски кампови во Македонија, додека, како што рече, денеска СДС и Венко Филипче јавно се противат на таква можност.Петрушевски повика јавноста да проследи видео, за кое тврди дека покажува оти Заев бил подготвен да вдомува мигранти, а дека за тоа немало противење ниту од Филипче.„Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото јасно се гледа кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС се рушат како кула од карти“, изјави Петрушевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес, како што рече, води јасна антимигрантска политика, во интерес на граѓаните.Петрушевски посочи и дека, според него, веќе два дена нема реакција од Филипче и од СДС за, како што ја нарече, „непостоечката тема за мигранти“, обвинувајќи ги дека избегнуваат одговори пред јавноста и медиумите.„Наместо да се кријат, нека одговорат колку мигранти биле подготвени да примат во Македонија и дали нивната гласност денес е обид да се прикрие фактот дека во 2018 година биле спремни да донесат илјадници мигранти во Скопје“, рече Петрушевски.На крајот, тој порача дека СДС и Филипче треба да ја извлечат пораката од, како што рече, последните три изборни циклуси, оценувајќи дека во партијата се неопходни сериозни реформи.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysumc4g4fe07n7WaGRu1

ЕУ трајно ги замрзна руските средства

Државите членки на ЕУ, со исклучок на две, денеска преку писмена постапка ја одобрија одлуката за подолготрајно замрзнување на рускиот имот, што претставува клучен предуслов за одобрување на репарацискиот заем за Украина. „Писмениот процес е завршен, 25 држави за, две против“, изјави европски дипломатски извор, без да ги наведе кои две држави биле против.Станува збор за клучен дел од предлогот на Европската комисија замрзнатиот руски имот да се користи како основа за репарацискиот заем за Украина.Досега секоја членка можеше да го блокира продолжувањетоСанкциите против Русија, вклучително и замрзнувањето на средствата на Руската централна банка, според правилата на ЕУ мора да се обновуваат на секои шест месеци и тоа едногласно, што значи дека која било членка можеше да го блокира продолжувањето.Во случај на таква блокада, рускиот имот би бил автоматски одмрзнат, а товарот за отплата на заемот би паднал врз земјите членки. Сега Комисијата предложи употреба на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој предвидува можност во итни ситуации одлучувањето со консензус да се замени со одлучување со квалификувано мнозинство.Комисијата предложи уредба врз основа на член 122 со која би се забранил трансферот на руските средства додека не се реши прашањето за штетата што руската агресија ѝ ја нанесе на Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-librarya1q8qgaei2l441JMAy7

Ѓорѓиевски: Започнува постапката за новиот Луна Парк во Скопје

Скопје конечно добива нов, модерен Луна парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на долгоочекуваниот забавен комплекс, со што се става крај на, како што вели, „години оддолговлекувања и лажни ветувања“.Ѓорѓиевски во својата објава истакнува дека по децении во кои генерации деца беа лишени од свое место за игра и семејна рекреација, конечно започнува реализацијата на проект што треба да означи „нова ера на семејна забава во главниот град“.Според најавите, новиот Луна парк ќе биде изграден според европски стандарди и ќе понуди ултрамодерни содржини: ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и современи системи за безбедност. Ќе биде целосно прилагоден и за лица со попреченост.На просторот од 84.000 квадратни метри ќе бидат сместени и зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница и „среќна лулашка“ се дел од реквизитите што ќе го збогатат изгледот и туристичкиот имиџ на Скопје.„Како што ветив – најдоброто доаѓа. Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток и едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски да не се заканува, нека ја потише Резолуцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по состанокот со коалициските партнери, упати јасна порака до премиерот Христијан Мицкоски во врска со сериозните информации објавени во британските медиуми за можен прием на мигранти во Македонија. Наместо да се заканува Филипче го повика Мицковски да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за прекинување на процесот на примање мигранти за пари во Македонија.„Сметам дека, премиерот, не треба да се заканува. Поради тоа што тоа е многу сериозно прашање, кое што потекна од британските релевантни медиуми. Тука многу добро, сакаат да го испинуваат, да го превртат, да се закануваат, прашањето се уште стои и не е одговорено. Не е доволен ставот на премиерот. А прашањето е едно, ќе ја потпишете ли резолуцијата или не? Нека ја потпише. Тоа е единствениот начин да се одбраниме од нешто што може сериозно да ја загрози безбедноста на државата,“ истакна Филипче.Филипче потсети дека СДСМ веќе ја достави резолуцијата до сите политички партии, како конкретен инструмент за заштита на националната безбедност. Денеска во јавноста објави дека таа добила силна поддршка од коалиционите партнери поради што Филипче го повика премиерот, јасно да го преземе чекорот кој најдобро ги штити интересите на граѓаните.„Еве го предлог документот, резолуција со која што, тоа од што сите стравуваме а што го најавија британските медиуми, нема да се случи. Вистинското прашање е, зашто нема одговор на нашето прашање, ВМРО ДПМНЕ и премиерот да ја потпишеме заедно резолуцијата и така да изгласаме во Собранието? Гледајте, ако нема скриена агенда и ако нема договор, како што британските медиуми најавуваат дека ќе има, дека тука ќе се носат мигранти за пари, тогаш резолуцијата ќе ја потпишат“, констатираше претседателот на СДСМ.Лидерот на СДСМ Филипче рече и дека целата јавност преку медиумите има можност да го види документот и сите политички претставници може да потврдат дали го виделе или не.„Ние ја пуштивме резолуцијата во текот на вчерашниот ден. Целата јавност можеше да ја види преку медиумите. Имаа можност сите политички субјекти да потврдат дека ја виделе. Некој кажа ја видел, некој кажа дека не ја видел. Овие луѓе кои што се вечерва со мене ја виделе резолуцијата, предлогот текстот, немаат никаква забелешка. Сметаат дека тоа е единствениот начин да ние се одбраниме од тоа што е вистинска опасност за земјава“, рече Филипче.На крај, претседателот на СДСМ Филипче порача дека Резолуцијата е јавен повик и обврска, а ВМРО-ДПМНЕ ако стои на страната на државата ќе ја потпише, ако не, граѓаните тоа ќе го видат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryagpl0bk7en9i8Cr6VSb

Филипче: Резолуцијата е договор со народот, заедничка борба за одбрана на Македонија!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција по состанок со опозициските партии рече дека сите партии од коалицијата на СДСМ даваат целосна поддршка за Резолуцијата.„Сите ја поддржаа предлог Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози. И ова е силна порака кога сме заедно, можеме многу повеќе, рече Филипче.Претседателот на СДСМ потенцираше дека стаува збор договор со народот, заедничка борба за Македонија.„Резолуцијата не е партиско решење, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање. Ова е практично договор со народот на Македонија.„ рече Филипче.Претседателот Филипче нагласи дека политичката и општествената акција ќе продолжи, со ширење на платформата преку граѓанскиот сектор, младите, синдикатите и сите демократски сили.„Политичката и општествена организација и акција којашто ја започнавме продолжува и понатаму. Оваа платформа ќе се шири со претставници на граѓанскиот сектор, на младите, на синдикатите, на сите демократски сили, на студентите, со една, единствена цел. Одбрана на државата, на демократијата и на безбедноста на граѓаните.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Ахмети повика на масовен митинг во поддршка на поранешните лидери на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик до граѓаните за масовно учество на митингот што ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.Во своето соопштение, Ахмети нагласи дека ОВК претставува дел од националниот идентитет и дека целта на собирот е, како што наведе, барање правда и отфрлање на „измислените обвинувања“ од Србија и Русија.„Утре, на 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопјe, се обединуваме за јасна цел: барањето за правда и отфрлањето на измислените обвинувања од Србија и Русија. Излегуваме одговорно, за да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината за нашата историја. Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, стои во повикот на Ахмети.Организаторите најавуваат мирен собир со јасна порака за поддршка на обвинетите поранешни команданти на ОВК.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот состанок со коалициските партии доби целосна поддршка од нив за Резолуцијата на СДСМ за спречување на влез на мигранти од трети земји во Македонија.На состанокот, кој се одржа попладнево во седиштето на СДСМ, се разговараше за сериозноста на состојбата со која е соочена државата, а секој од коалициските партнери даде свое мислење.„Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве, гледаме дека првите мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија. Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог-Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање мигранти и, секако, дадоа и свои конструктивни предлози“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче посочи дека позадината на владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна.„На сите им е кристално јасна позадината, ние сме решени заедно да се бориме. И ова е силна порака – кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што Резолуцијата не е партиско решение, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица

Министерството за внатрешни работи информира дека во ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 била спроведена голема полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на Обвинителството за ГОКК.Акцијата била насочена кон сузбивање организирана криминална група инволвирана во кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, како и „приредување игри на среќа без лиценца“.Од МВР соопштуваат дека, по претходно обезбедени судски наредби, биле извршени претреси на 11 локации на подрачјето на Скопје. Притоа биле лишени од слобода осум лица од главниот град.При претресите биле пронајдени и одземени околу 34.510 евра, 431.000 денари, 400 долари, повеќе мобилни телефони, три патнички возила, компјутери и лаптопи, како и големо количество опрема за нелегално приредување покер – маси, чипови, карти и друга придружна опрема. Запленета е и растителна и прашкаста материја, како и различна документација поврзана со криминалната активност.Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjros0aogt30u8hkD3vM

Наградени дваесет најуспешни наставници и стручни соработници од основните училишта од Општина Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, денес ги додели наградите на дваесетте најуспешни наставници и стручни соработници, кои се препознаени за својот посветен труд и значајниот придонес во воспитно-образовниот процес. Комисијата ги избра наградените врз основа на зададени критериуми кои ја оценуваа професионалноста, посветеноста и влијанието на наставниците врз развојот на учениците.Наградите се парични, но, како што истакна градоначалничката, нивната главна вредност е во симболиката и признанието за посветеноста на наставниците:-Овие награди, иако парични, се пред сè симбол на признание за вашиот труд и професионалност. Тие ја потврдуваат важноста на вашата посветеност и влијанието што го имате во воспитно-образовниот процес. Вие, како наставници и стручни соработници, создавате средина каде децата учат, растат и веруваат во себе. Како градоначалник, лично ќе се залагам за подобри услови за работа во нашите училишта. Сакам да имате простор, опрема и поддршка за да го дадете својот максимум. Општина Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во инфраструктура, современи наставни средства и проекти кои ја олеснуваат вашата работа и ја поддржуваат вашата професионална реализација. Ви благодарам за посветеноста, трудот и енергијата што ја вложувате во образованието на нашите деца. Вие сте вистински столб за идните генерации и заслужувате сета почит и признание-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Пад на мал авион во Мавровско Езеро, повредени две лица

Две лица се хоспитализирани во гостиварската болница по пад на мал спортски авион во водите на Мавровското Езеро, информираа од СВР Тетово.Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, денеска околу 12:35 часот било пријавено дека во близина на браната „Белички канал“ во Мавровско Езеро се урнал мал авион.„Од леталото на копното успеале да излезат двајца косовски државјани, Џ.П. (41) и Д.М. (64), кој го управувал авионот. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар“, изјави Реџепи.Полициски екипи од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на терен. Во разговор со полицијата, пилотот Д.М. изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот.Повеќе детали се најавени по завршување на увидот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6sfckj3n1vub9etESFy

Зимзоленд демантира шпекулации за затворање – продолжува со редовно работно време

Забавниот парк „Зимзоленд“ демантира информации кои се појавија во некои медиуми дека паркoт ќе биде затворен.„Во последните часови се појавија неточни информации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно“, соопштија од управата на паркот.Од Зимзоленд нагласуваат дека работното време останува непроменето: во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот.„Иако во претходните денови имаше инспекциски надзори, целосната и потребна документација е доставена до надлежните служби. Нашата мисија останува иста – да создадеме магични моменти, радост и новогодишна атмосфера за сите деца и семејства“, додаваат од паркoт.Управата на Зимзоленд ги повикува посетителите да продолжат со традицијата на забава и им се заблагодарува за довербата и поддршката.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Поднесена е кривична пријава против лицето кое упадна во студиото на „Инфомакс“

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С. (43) од Скопје. Тој е осомничен за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.Како што соопшти полицијата, пријавата следува по претходна пријава од А.М., водител на емисијата Инфомакс. По преземените мерки, бил извршен разговор со оштетениот и сведоците, обезбедени се видео записи од безбедносни камери и извршен службен разговор со пријавениот. Исто така, документирани се заканувачки пораки од страна на Г.С. кон водителот.Пријавениот беше изведен пред судија на претходна постапка, при што му е изречена мерка притвор.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Секој компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека каков било компромис меѓу Украина и Русија за контролата врз источните региони мора да биде „праведен“ и потврден на „избори“ или „референдум“.„Верувам дека на тоа прашање ќе одговори украинскиот народ. Било преку избори или референдум, тоа мора да биде став што произлегува од украинскиот народ“, изјави Зеленски на новинарско прашање околу можноста за постигнување договор со Москва.Американски предлог: Повлекување од Доњецк и демилитаризирана зонаУкраинскиот претседател потврди дека Соединетите Американски Држави на Киев му предложиле повлекување од деловите што сè уште ги контролира во регионот Доњецк и создавање „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили.Зеленски изјави дека американската страна сè уште „не знае“ кој би управувал со таа демилитаризирана зона.Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руската војска од украинските региони Суми, Харкив и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

„Зимзоленд“ се демонтира: Лунапаркот работел без дозволи и без хигиенски услови

Општина Аеродром ќе го отстрани забавниот парк „Зимзоленд“, откако беше утврдено дека лунапаркот речиси две недели работел без никакви дозволи и неопходна документација. Инспекцискиот надзор беше спроведен по објавата на „Телма“, а општината ги потврди информациите дека организаторите немале ниту еден валиден документ за работа.Инспектори од четири институции — Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување — вчера извршија увид во забавниот парк.Од Државниот пазарен инспекторат соопштија дека затекнале лица кои вршеле нерегистрирана дејност. Тие ќе се соочат со казни, а сопствениците на лунапаркот се повикани да достават целосна документација, вклучително и податоци за тоа кој управувал со „Зимзоленд“.Сериозни неправилности имало и во делот на санитарните услови. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при вонреден надзор утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и дека воопшто не ја известил Агенцијата дека во паркот ќе се продава храна.„Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд, но и на правното лице-организатор на манифестацијата ‘Зимзоленд’. Нему, покрај парична казна од 500 евра, му е изречена и времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна,“ соопштија од Агенцијата.Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи интервенирало и во дел од сообраќајниот метеж околу локацијата, по бројни реакции од жителите на блиските згради кои со денови се жалеа на бучава и хаос — проблеми кои, како што се покажа, ги создавал диво поставениот лунапарк.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека Белград нема намера да презема туѓ имот и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) мора да продолжи нормално да функционира. Тој истакна дека е подготвен да ги разгледа сите предлози на руската страна за да се обезбеди стабилно работење на компанијата.„Сè што нашите руски пријатели сметаат дека можеме да направиме за НИС да продолжи да функционира, ние досега го правевме. Ќе го правиме и понатаму“, изјави Вучиќ, додавајќи дека решението „не е така едноставно како што звучи“, но дека Србија е подготвена да ги слушне сите конкретни идеи.Изјавата следи по коментарот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој порача дека национализација на НИС не може да се случи без обострана согласност меѓу двете земји. Вучиќ повтори дека Србија не размислува за одземање имот.„Ни на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого. Ќе направиме сè сопствениците да останат задоволни. А ако работењето стане невозможно, Србија ќе плати — како што доликува на сериозна држава“, нагласи тој.Говорејќи за можноста да се најде решение кое ќе овозможи НИС да ја избегне изложеноста на американски санкции, Вучиќ оцени дека тоа би било „одлично“ доколку е остварливо, но предупреди дека процесот ќе биде сложен.Тој додаде дека Србија нема да дозволи да остане без клучните енергетски капацитети: „Србија без нафта, без НИС и без рафинерија — тоа нема да се случи.“Вучиќ посочи и дека меѓународните институции, како ММФ и Светската банка, прогнозираат силен економски раст во Србија во наредните пет години, но дека фокусот во моментов мора да остане на енергетскиот сектор.Лавров претходно соопшти дека околу НИС е во тек преговарачки процес и повтори дека меѓувладиниот договор меѓу Србија и Русија изречно забранува национализација без взаемна согласност.

Свет | пред 3 месеци

putin

ЕУ трајно блокира 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати оштета

ЕУ донесе одлука трајно да ги блокира 210 милијарди евра средства на Руската централна банка. Мерката се темели на член 122 од Договорот на ЕУ, кој овозможува одлука со квалификувано мнозинство и без право на вето. Целта е да се спречи враќање на средствата додека Москва не исплати воена оштета на Украина.Најголемиот дел од средствата, околу 185 милијарди евра, се наоѓаат во „Евроклир“ во Брисел, а останатите 25 милијарди — во приватни банки. Досега имобилизацијата се обновуваше на секои шест месеци, што ја правеше ранлива на блокади.Европската комисија ја оправдува одлуката со економските последици од руската инвазија, тврдејќи дека е неопходно да се спречи ослободување на средствата за да се заштити економијата на ЕУ. Деблокада ќе биде можно само кога ќе престанат ризиците и кога Русија ќе плати оштета на Украина.Одлуката доаѓа и во контекст на загриженост дека надворешни фактори би можеле да се обидат да влијаат врз користењето на средствата. Белгија, како главен чувар на замрзнатите средства, и понатаму има забелешки и бара правни доработки пред самитот на 18 декември, на кој лидерите на ЕУ треба да решат како да обезбедат дополнителни 90 милијарди евра за Украина.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања