Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryhlmf360hokok0g1FUeu

Предизборен молк во Република Српска пред предвремените претседателски избори

Во Република Српска започна предизборниот молк во пресрет на предвремените избори за претседател на ентитетот, кои ќе се одржат утре.Кандидати за функцијата претседател на Република Српска се: Синиша Каран од СНСД, Бранко Блануша од СДС, Драган Ѓокановиќ од Сојузот за нова политика, Никола Лазаревиќ од Еколошката партија на Српска, како и независните кандидати Игор Гашевиќ и Славко Драгичевиќ.Превремените избори ги распиша Централната изборна комисија на БиХ по правосилната пресуда на Судот на БиХ за Милорад Додик.Во централниот избирачки список за предвремените претседателски избори, кој го потврди ЦИК, се впишани 1.264.364 гласачи со право на глас.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryrds34q4h122vbQ63xKW

Градоначалникот на Љубљана под сериозни обвиненија за мито и злоупотреби

Специјалното државно обвинителство на Словенија поднесе барање за покренување судска истрага против 21 физичко лице, меѓу кои се наоѓа и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ. Тој се сомничи за примање корист за незаконито посредување, давање мито, како и поттикнување на злоупотреба на службена положба или доверба во стопанството.Барањето до Окружниот суд во Љубљана било поднесено пред два месеца, а сега одлуката е во рацете на судот, односно на истражниот судија. Информацијата првично ја објави порталот Домовина, а од градската управа за POP TV потврдија дека првото сослушување на Јанковиќ е закажано за вторник, пренесува N1 Словенија.Криминалистичките истражувања поврзани со економски криминал и сомнежи за корупција биле спроведени кон крајот на јануари минатата година, на поширокото подрачје на полициските управи Љубљана, Целје, Крањ и Нова Горица. Полициските служби извршиле претрес и во просториите на Градската општина Љубљана, како и во домот на Јанковиќ.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryftq54kb7bh87apRpWRO

Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја историската важност на овој датум и неговата улога во градењето на заедничкото општество во Македонија.Во својата порака, Мицкоски потсети дека 22 ноември е ден со длабока културна и историска симболика, поврзан со Битола и со Конгресот од 1908 година, кога албанската интелигенција го утврдила единствениот стандарден албански алфабет.„Тоа беше чин со длабоко европско значење – чин на модернизација, образование и отвореност,“ рече Мицкоски, нагласувајќи дека Битолскиот конгрес покажал како силата на едно општество произлегува од знаењето и од вербата во иднината.Тој подвлече дека Денот на албанската азбука е значаен и за Македонија, земја што ја дефинира како „дом на различности што ја збогатуваат заедничката национална приказна“.„Албанската заедница со својата култура, јазик и традиции е суштински дел од нашата држава,“ порача премиерот.Мицкоски истакна дека Владата останува посветена на меѓуетничката доверба и на политики што создаваат простор за достоинствен развој на сите јазици и култури во државата. Најави и продолжување на проектите за инфраструктурен развој, модернизација на училиштата, поддршка на културните институции и дигитализација на јавните услуги.„Нашата цел е секој граѓанин, во секој дел од државата, да го почувствува напредокот и да знае дека државата стои зад него. Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации,“ истакна тој.Во завршницата од обраќањето, премиерот испрати порака за единство:„Успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обединети во почит, доверба и одговорност, ќе можеме да ја движиме татковината напред.“Мицкоски на граѓаните им го честиташе Денот на албанската азбука, повикувајќи на продолжување на изградбата на заедничко општество со „почит кон различностите и со јасна визија за иднината“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ со апел: Строга хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.„Преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. Ако во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, сè до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна. Редовно да се одржува хигиената на рацете, пред сè по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, по чистењето и пред подготовка на храна. Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води“, се наведува во препораките на АХВ.Во домаќинствата кои се поплавени, храната која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува ваквата храна да се фрли.„Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот кое обично се користи свежо, дополнително да се измие, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи. Доколку во домаќинствата кои се поплавени има мали деца, се препорачува тие да се хранат со индустриски подготвена храна. Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

aca-lukas-2

Полициска интервенција го прекина настапот на Аца Лукас во Кавадарци

Популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат локал во Кавадарци, но настапот што започнал во одлична атмосфера бил ненадејно прекинат околу полноќ. Според сведоштва на присутни, објавени од повеќе веб-портали, полицијата влегла во објектот и го прекинала настапот.„Атмосферата беше супер, сè додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа видовме дека дојдоа полициски службеници“, раскажуваат гости за Викимедиа. Според нив, пејачот кратко негодувал и се расправал со службениците, по што заминал со нив.Публиката околу половина час чекала повторно да се врати на сцената, но од организаторите било соопштено дека Лукас е однесен во полициска станица. На социјалните мрежи веќе кружат видеа на кои се гледа како пејачот го напушта локалот во придружба на полицијата, обидувајќи се нешто да им објасни на службениците.Од надлежните институции се очекуваат официјални информации за причините за интервенцијата.И покрај инцидентот, останува најавениот голем концерт на Аца Лукас во Скопје, кој треба да се одржи на 20 декември во Арена „Јане Сандански“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryohr1d3tav42aeKt3yM6

Денес се одбележува Денот на албанската азбука

Денес се одбележува Денот на албанската азбука, кога е донесена единствената албанска азбука на Битолскиот конгрес во 1908 година. Овој значаен датум претставува еден од клучните моменти во развојот на албанскиот јазик, култура и национален идентитет.На конгресот во Битола, албанските интелектуалци донеле заедничка одлука да се усвои стандардизирана азбука со која ќе се пишува на албански јазик. Оваа одлука ставила крај на различните начини на пишување и овозможила брзо и современо развивање на образованието и литературата.По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука денеска во Владата ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

Davkova

Сиљановска Давкова за „24 Анализа“: Груевски сум го видела еднаш, од Филипче сум шокирана

„Не најавувам никаква војна, само го опишувам моментот во регионот туку и во светот. Јас не признавам воени реформи. Никаква војна не најавувам, јас само кажувам дека она што се случува денеска, агресијата кон Украина, војната за Блискиот Исток зборува за човештво кое треба да се замисли каде оди. И затоа треба проект за траен мир. Во тој контекст влегувањето на Западен Балкан во ЕУ е веќе и безбедносно прашање“, изјави за 24 Анализа претседателката Гордана Сиљановска Давкова.Таа тврди дека нејзината изјава дека „сега не е време на реформи туку време на војни“ била погрешно интерпретирана.„Груевски и не го познавам, сум го видела еднаш во животот. Апсолутно мојата изјава не е инспирирана од неговиот статус, кој не знаев ни дека постои“, вели претседателката, од Филипче пак е шокирана.„Да бидам искрена, шокирана сум од овие обвинувања, бидејќи никогаш не сум прозборела јас за ова, но кога разговарам јас со лидерот на СДСМ односот е друг и има врска со домашниот амбиент. Во секој разговор меѓу нас кога ќе се видиме или сретнеме ние зборуваме за нешто друго, единството и дијалогот. Ирелевантно е кој е на власт, кој опозиција и сега сум збунета мора да кажам“ – вели Сиљановска Давкова.Таа размислува дали ќе го свика Советот за безбедност.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Во Маврово падна најмногу дожд и беше најстудено

Во Маврово и во Лазарополе утрово беше најстудено, со измерени четири степени. Во Крушево се измерени шест, Пожаране седум, Тетово и Берово осум степени.Покрај тоа што беше најстудено во Маврово, таму наврна и најмногу дожд , 18 литри на метар квадратен.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarya0a59r6qbdna3aR9V4L

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со 2 отсто доверба бара двојно повисоки плати

Во партиско соопштение ВМРО-ДПМНЕ тврди дека наместо да работи на ефикасност и подобрување на довербата кај граѓаните, која изнесува само 2 проценти, правосудството дополнително ја нарушува својата слика со барање за двојно зголемување на платите.„Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според владеачката партија, доколку бидат прифатени сегашните барања, судија би земал околу 160.000 денари, а претседател на суд 360.000 денари – што е еквивалент на осум просечни плати и повисоко од примањата на нивните колеги во Европа со многу поголема ефикасност и доверба.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryrr88b1tdi0t47VAj0An

(Видео) Радост на Детската клиника – Дамјан победи по долгата битка за здравје

На Клиниката за детски болести повторно одекна „победничкото ѕвонче“, симбол на успешно завршена тешка здравствена битка. Овој пат, радосниот звук беше во чест на младиот Дамјан, кој храбро го поминал и го совладал сложениот лекувачки процес.Од Клиниката соопштија дека ѕвончењето е момент што секогаш носи емоции и надеж, и дека Дамјан е уште еден доказ за силата и издржливоста на најмалите пациенти.На храбриот Дамјан му се посакуваат многу здравје, радост и безгрижно детство.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykbi6g9hecmbo6U38Pqp

Пожарот во „Вјесник“ бил дело на TikTok- предизвик

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против две лица на 18 години кои се сомничат дека го предизвикале големиот пожар во напуштената зграда на „Вјесник“ во Загреб.Се товарат за „тешки кривични дела против јавната безбедност“, а во врска со кривичното дело „загрозување на животот и имотот со општо опасно дејствие или средство.0Досуден им е еден месец притвор поради ризик од повторуваање на делото.Тие изјавија дека влегле во зградата каде што било скршено стаклото. Се снимале себеси околу зградата и, како што рекле, влегувањето и престојот во зградата било дел од предизвикот на TikTok.Првиот осомничен ја дал својата одбрана за време на испрашувањето, додека вториот осомничен се брани со молчење. Клучните сведоци биле испрашувани преку видео врска.Сведоците рекле дека се дружеле околу „Вјесник” од 17 часот во понеделник. Пиеле и пушеле, а двајцата осомничени им се придружиле кратко пред 22 часот. Тие исто така рекоа дека слушнале двајца обезбедувачи како играат пинг-понг.Тие исто така признале дека гаселе опушоци од цигари насекаде во зградата.

Свет | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Викендов дожд, од недела снег на планините и пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Минималната температура ќе биде од 7 до 12, а максималната ќе од 13 до 19 степени.Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минимална температура до 9, а максималната до 18 степени.Според прогнозите на УХМР, во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ тврди: Во Сараево не носев пушка, туку статив за камера, првпат слушам за „Сараево сафари”

Новинарот Домогој Маргетиќ поднесе жалба до обвинителството во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ. Го обвинува дека бил вмешан во таканареченото „Сараево сафари“ или стрелање на цивили за плата за време на опсадата од 1992–1995 од страна на српските сили.Вучиќ негира каква било вмешаност во аферата наречена „Сараевско сафари“, додека гостуваше на кабелската телевизиска станица Информер, која важи за блиска до него. Тој ги отфрли обвинувањата дека учествувал во нешто такво, тврдејќи дека никогаш немал снајперска пушка или пушка и дека бил испратен во Пале исклучиво „како новинар“ затоа што „знаел англиски“.Коментирајќи ги написите во западните медиуми што го поврзуваат со „Сараевското сафари“, Вучиќ оцени дека станува збор за „посериозно организирана приказна“.„Не сум тужел ниту еден медиум за написи и лаги што ги објавиле за мене, но сега ќе ги ангажирам најдобрите адвокати во светот да ги тужам оние што имаат многу пари, од Гардијан, Дејли Меил и сите тие за невистини за учество во Сараевското сафари”, рече Вучиќ.Во последните денови, во неколку западни медиуми, Александар Вучиќ беше поврзуван со експедиции во кои богати странски туристи пукаа во луѓе со снајперисти за време на опсадата на Сараево.Веста стигна до медиумите по информацијата дека обвинителите во Милано започнале истрага против италијански туристи кои наводно платиле помеѓу 70.000 и 88.000 фунти за да пукаат во невини цивили за забава во град под опсада на воените и паравоените сили на босанските Срби.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryhtsg1b3ffb3g02UslnS

Петрушевска: Македонија е целосно посветена на реформската агенда важна за Македонија и членство во ЕУ

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија, истакна дека Форумот во Тирана испраќа силна и јасна порака за важноста на заедничкиот реформски процес на земјите од Западен Балкан.„Форумот во Тирана испраќа една многу важна порака, а тоа е дека заедно на масата со еврокомесарката Кос, лидерите од Западен Балкан разговараа за реформскиот процес којшто треба да помогне во придвижување на евроинтегративниот процес на целиот Западен Балкан“, вели Петрушевска.Петрушевска посочи дека реформската агенда не треба да се сфаќа како обична чек листа, туку како квалитативен напредок кој ќе донесе подобар животен стандард и ќе го унапреди процесот на евроинтеграција.“Реформската агенда не треба да претставува само една чек листа, треба да значи квалитативен, не само квантитативен исчекор напред во однос на поквалитетен животен стандард, но истовремено и унапредување на процесот на евроинтеграција“, истакна Петрушевска.Петрушевска додаде дека остануваме целосно посветени на исполнување на реформската агенда, со цел забрзување на реформските процеси кој се важни за државата и за европскиот пат.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Српски државјанин осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици кај Валандово

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 4 во врска со член 297 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 19 ноември, рано утрото, кога осомничениот управувал товарно возило „Мерцедес“, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија, на регионалниот пат од Валандово кон Дојран. Според обвинителството, возачот не се придржувал кон прописите за безбедност на патиштата, не го држел возилото блиску до десниот раб и не ја приспособил брзината кон условите на патот, со што го загрозил јавниот сообраќај.Возилото излетало од коловозот, се превртело на десната страна и при тоа било откриено дека во полуприколката превезувал 10 кинески државјани. Од нив, 35-годишна жена и уште еден маж го загубиле животот. Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни.Поради опасност од бегство, имајќи предвид дека осомничениот е странски државјанин и тежината на последиците, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор.Во исто време, надлежните органи преземаат дејствија за утврдување дали во случајот постојат елементи на кривично дело криумчарење мигранти.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryet52r2mb9kgr0BOYVCV

Возачот Љури кој го усмрти Југо се обидува да ја намали казната преку психијатриско вештачење на партнерката

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи постапката против 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата.Јавната обвинителка побара од Судот да ги одбие доказите што ги предложи одбраната, нагласувајќи дека тие не се релевантни за определување на санкцијата. Таа истакна дека личните и семејните прилики на обвинетиот не се спорни, но не можат да влијаат врз утврдувањето на тежината на делото, ниту врз фактичката состојба која е веќе јасно утврдена по неговото признание на вина.Според обвинителството, психијатриското вештачење за партнерката на обвинетиот е ирелевантно, а дополнителното сообраќајно вештачење се обидува да сугерира поинакви околности од веќе утврдените.Адвокатот Гоце Ристески, бранител на Љури, истакна дека доказите се поднесени исклучиво за да влијаат на висината на казната и дека се однесуваат на одговорноста, семејните и имотно-правните прилики на обвинетиот.По расправата, Судот делумно го прифати барањето на обвинителството: дел од доказите на одбраната беа прифатени, а други – меѓу кои и техничкиот извештај – одбиени. Судот ќе се произнесе за нивната важност во пресудата.Пред Судот сведочеше и сопругата на починатиот, Јасминка Николовска, која опиша дека трагедијата оставила тешки последици врз семејството, особено поради фактот дека истиот ден кога се случила несреќата дознале дека нивната ќерка е бремена.По рочиштето, изјава даде и ќерката на Николовски, Маја Бошковска, која порача дека семејството очекува најстрога санкција за, како што рече, „безобѕирното и опасно управување“.Фатон Љури е обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице.Судењето продолжува.

Македонија | пред 4 месеци

tramp

Трамп: Четврток е клучниот рок за Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти 27 ноември, четврток, е вистинскиот рок до кој Украина треба да го прифати мировниот предлог поддржан од САД, со кој би се ставил крај на војната со Русија.„Имав многу рокови, но ако работите се одвиваат добро, роковите обично се продолжуваат. Но, ние мислиме дека четврток е вистинското време“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, претходно објави дека САД се подготвени да го прекинат споделувањето разузнавачки информации и испораките на оружје доколку Киев не се согласи на рамковниот мировен договор што Вашингтон го предлага. Според изворите, Украина е под поголем притисок од било кои претходни мировни иницијативи и се очекува договорот да биде потпишан до следниот четврток.Во обраќање до украинската нација, претседателот Володимир Зеленски предупреди дека земјата се соочува со еден од најтешките моменти во својата современа историја.„Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека земјата е под огромен притисок.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryn22ncd63uqjobUYzQSG

(Видео) Вонредна информација: Поплавени над 50 куќи во Ресен по обилните врнежи

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште.Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybqtobm0j93tu1lX4euN

Левица – Карпош бара темелна ревизија на сите ДУП-ови и сериозни средства во буџетот за 2026

Советничката група на Левица во Советот на Општина Карпош поднесе повеќе иницијативи до локалната самоуправа, при што како најзначајна ја издвојува итната и сеопфатна ревизија на сите Детални урбанистички планови (ДУП). Според партијата, оваа постапка мора да биде спроведена транспарентно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност, за конечно да се воспостави урбанистичко планирање што ги одразува реалните потреби на заедницата и овозможува подготовка на квалитетен општински буџет.Од Левица потсетуваат дека изминатиот период покажал сериозни недостатоци во постојните ДУП-ови, кои, како што велат, не се усогласени ниту со инфраструктурниот капацитет ниту со интересите на жителите. Поради овие пропусти, претходниот Совет одби да ги изгласа плановите, што, според партијата, оставило простор за појава на дивоградби и продолжување на урбанистичкиот хаос во општината.Советниците од Левица – Карпош бараат во буџетот за 2026 година да се обезбедат сериозни финансиски средства за изработка и ревизија на урбанистичките планови. Тие предупредуваат дека досегашната практика – формално внесување на овие ставки во буџетските документи без суштинска реализација – мора да престане доколку општината сака да воспостави ред и долгорочно одржливо уредување на просторот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryjphrg3sfv5msfbKbo6d

Три години затвор за гинекилогот кој го изведе царскиот рез на Јилдз Ваеповска, по кој остана без бубрег, матка и јајник

Мухамед Асани, гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој родилката остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора, објави Слободен печат.Другите двајца обвинети лекари, неговиот синБлертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.Ова се случи во 2020 година во Општата болница во Струга, кога Јалдз Веапоска беше подложена на царски рез. Наместо рутинска интервенција, родилката заврши со тешки, животозагрозувачки компликации.Ваеповска ќе се жали на висината на казната.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8vdh8nu11aib4lswbx4

Контролна листа на планот за управување со животната средина и социјалните прашања (ПУЖССП)

Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија го спроведува Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ2) (P180350) кој има за цел да го прошири пристапот и да го подобри квалитетот на социјалните и предучилишните услуги за ранливите групи. Проектот опфаќа две главни области за подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги и за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryjsk9oiu2h4622ZVKQxB

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.-Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено.-Така да на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски во ставови и психички ќе биде присутен, допрва ќе го гледаме тоа, додаде ЖерновскиТој посочи дека седум години откако дојде СДСМ на власт напредувавме чекор по чекор во слободата на медиумите и завршивме во 2024 година на 36 место, пред Словенија, која беше 42, а Албанија на 99 место. Само 6 месеци откако дојдоа на власт од 36 паднавме на 42 место.-Падот се должи на желбата на една власт да ги јавне медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски, рече членот на ИО, Андреј Жерновски на Канал 5 Телевизија.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Обвинителство: Скoпјанец осомничен за предизвикување општа опасност по инцидент со италијански државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен скопјанец поради кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 14 ноември, на булеварот „Партизански одреди“ и околните улици во центарот на Скопје, каде осомничениот, управувајќи „Алфа Ромео 147“ со скопски регистарски ознаки, со опасно и агресивно возење предизвикал сериозна опасност за животот на италијански државјанин и неговата девојка.Според обвинителството, откако оштетениот се обидел да се престрои во левата коловозна лента со возило „Алфа Ромео Тонале“, осомничениот го претекнал со голема брзина, повеќепати нагло кочел и застанувал, со што создал сообраќаен хаос.Кога возилата свртеле во лево на улицата „Франклин Рузвелт“, осомничениот продолжил да го следи оштетениот, нагло менувајќи ленти и застанувајќи пред неговото возило. На улицата „Народен фронт“, тој се вратил наназад со голема брзина и го удрил во предниот лев дел од автомобилот на италијанскиот државјанин.По ударот, оштетениот запрел за да повика полиција, но осомничениот фрлил тврд предмет кон нив, изнесол неразбирливи зборови и се оддалечил од местото.Имајќи ја предвид опасноста од бегство или повторување на делото, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор пред судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryct3d5b09tc644Jss6OE

Почина македонската фолк пејачка Бади Бекир

Почина македонската фолк пејачка Небахат Бади Бекир.Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапувала со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска.Ја нарекуваа македонската Весна Змијанац.Бади своите први чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорната група изучувајќи го истовремено и македонскиот и турскиот фолклор.На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посвети на македонската фолк песна.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5572

За да “Пулс” не биле пломбиран, газдата Деко лажирал податоци пред УЈП: по пораките од неговиот телефон осомничени се 11 лица од УЈП и Пазарна инспекција

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работењето на дискотеката „Пулс“, во која во март годинава животот го загубија 63 млади лица.Според обвинителството, за тројца од осомничените е донесена наредба за спроведување истрага. Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Штип, кои го предупредувале одговорното лице во клубот „Пулс“ за ненајавени контроли, а за возврат добивале подароци и парични надоместоци.Двајцата контролори се осомничени за „примање поткуп“ според член 357 од Кривичниот законик, додека синот на сопственикот на клубот, кој веќе е обвинет во главниот процес за пожарот, е осомничен за „давање поткуп“ според член 358.За двајцата контролори обвинителството побара притвор, а за третиот – проширување на мерките на претпазливост и забрана за контакти со новоосомничените.Покрај нив, уште шест лица – даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица се осомничени дека му овозможувале на клубот „Пулс“ и на поврзаното правно лице „ММММ кафе“ да избегнуваат инспекциски контроли и да работат без соодветна фискализација.Со тоа, тие се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“ согласно член 353 од Кривичниот законик. За нив обвинителството предложи мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на местото на живеење.Меѓу осомничените е и сопственикот на „Пулс“, кој веќе се наоѓа во притвор. Тој е осомничен за „фалсификување исправа“, бидејќи подолг временски период прикажувал преправени фискални апарати со лажни податоци при контроли од Управата за јавни приходи, со цел да избегне парични глоби и затворање на објектот.Исто така, обвинителството ја товари и една инспекторка од Државниот пазарен инспекторат, која оддавала службени информации за ненајавени контроли. Таа е осомничена за „оддавање службена тајна“ според член 360 од Кривичниот законик.Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека оваа постапка не е дел од предметот за трагедијата во „Пулс“, бидејќи овде не се работи за поврзаност со смртната последица, туку за дела поврзани со злоупотреба, давање и примање поткуп.Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор на главната расправа потсети дека ако имало навремени контроли и санкции, трагедијата ќе можела да се спречи.„Дејан Јованов ги заобиколувал сите инспекции и контроли во трката за профит. Никој не му ги барал документите, а на крај го заглави и сопственото дете,“ рече Јанев.Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува следната недела, во вторник и среда, со излагања на обвинетите. Паралелно, Јавното обвинителство за организиран криминал работи на уште едно обвинение поврзано со случајот, кое се однесува на улогата на полициски службеници.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања