Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryh3pun4umjdhsa2wgvn2

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија" присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.-Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.-Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.-Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија, им порача на присутните во Тирана на отворањето на клубот на македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија".

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydot3rpjk8ji7cDVIb7R

Пренџов: СДС го користеше судството за свои политички цели

Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година нагласи дека за време на владеењето на СДС биле предложени законски решенија преку кои биле поставувани партиски кадри во Судскиот совет, институција која ги избира, именува и казнува сите судии во државата.„Во Собранието предлагавте законски решенија, во кој што стававте партиски кадри, од Судски совет, тоа се луѓето коишто ги избираат, именуваат, казнуваат сите судии во Македонија“, вели Пренџов.Пренџов посочи дека во изминатите 30 години, кога СДС биле на власт, немало реализирани капитални проекти, а криминал и корупција се заканувале и го контролирале функционирањето на државата. Тој додаде дека владеењето на СДС се базирало исклучиво преку судството и обвинителството.„СДСМ изминатиот период немаше добри проекти, вие исклучиво функциониравте и владеевте преку обвинителството и преку судството. Бидејќи обвинителството апсеше по наредба на Зоран Заев, а судството судеше исто така по наредба на Зоран Заев“, подвлече Пренџов.Пратеникот Пренџов заклучи дека граѓаните заслужуваат транспарентно, професионално и независно судство, кое не се користи за партиски цели.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryeijihji111fhdOHiNN3

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието каде се осврна на опозициската СДСМ, при што истакна дека истата нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, со оглед на тоа што еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат.„Очигледно е молчењето на СДСМ, кое што е стратегија откако влетаа во офсајт. Дали СДСМ и пратениците на СДСМ, го поддржуваат линеарното зголемување на пензиите кое што го направи оваа Влада, или не го поддржуваат? Затоа што доаѓаа какафонични изјави. Еден ден излегуваат и велат дека тоа е добро, друг ден доаѓа пратеник и објаснува како тоа не било добро, како тоа била дискриминација на оние кои што земале поголеми пензии“, рече Петрушевски.Петрушевски побара некој од партијата да излезе и да каже јасен и официјален став.„Убаво  е да излезе некој и да одговори кој е ставот на СДСМ, со оглед на актуелноста на темата и она кое што овој период се случува во Уставниот суд, а тоа е преиспитување на уставноста на оваа одлука. Замислете, почитувани граѓани пред се, преиспитувањето на одлуката е дали било дискриминација на оние пензионери кои што земале големи пензии, затоа што не добиле процентно поголеми суми, а овие биле повластени со маливе пензии, затоа што добиле два пати по 5000 денари“, кажа Петрушевски.Според него, апсурдно е што Уставниот суд преиспитува дали постои дискриминација, а и како што вели, постојат повеќе врски меѓу СДСМ и оваа одлука за приспитување.„Замислете го апсурдот на ова, преиспитување на ова, преиспутвање на одлука, која што патем речено е директно поврзано со СДСМ од неколку апсекти. Прво, видовме овде како пратеници на СДСМ, ја бранеа Кацарска,  која што е судија известител,  а меѓу другото, позната е по тоа што се изучува на меѓународни факултети како не треба да се суди еден предмет, и која што молсаквично напредуваше во својата кариера за време на СДСМ после оние монтирани случаи“, истакна Петрушевски и додаде:„Неколку врски има меѓу СДСМ и оваа одлука за преиспиутвање од страна на Уставниот суд. Така што мора да знаеме дали СДСМ мисли дека ова зголемување на пензиите не е добро“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6hadtp91h5jn0MRJWbo

Пуштена во употреба првата специјално уредена просторија за работа со деца и ранливи категории лица во СВР Битола

Денес, во просториите на Секторот за внатрешни работи Битола, беше пуштена во употреба нова специјализирана просторија за работа со деца и други ранливи категории лица. Активноста е реализирана во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“, поддржана од Владата на Кралството Шведска и Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.На настанот присуствуваа заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром, и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, како и претставници на проектните тимови и полициски службеници.Новата просторија претставува значаен исчекор во унапредувањето на условите за работа на полициските службеници кои постапуваат во случаи поврзани со деца – како жртви, сведоци или сторители на кривични дела – како и во случаи на семејно насилство. Просторот е опремен согласно меѓународните стандарди, со цел овозможување безбедна, соодветно прилагодена и чувствителна средина за разговор со малолетни и ранливи лица.Министерството за внатрешни работи активно работи на воспоставување и унапредување на инфраструктурата и професионалните стандарди во оваа област. Во сите сектори за внатрешни работи постојат посебни простории за разговор со деца, а дел од нив ќе бидат реновирани или дополнително опремени согласно утврдените потреби. При секоја поголема реконструкција или изградба на полициски станици, ваквите простории се предвидени како составен дел од инфраструктурните планови.Во тек е и изработката на Стандардни оперативни процедури за постапување со деца кои се во судир со законот, процес кој се реализира со поддршка од меѓународните партнери.„Децата се нашето најголемо богатство и наша заедничка обврска е да обезбедиме услови за нивно безбедно и безгрижно детство. Кога малолетник учествува во постапка како сведок, жртва или сторител, институциите мора да гарантираат средина која е чувствителна на неговата возраст и потреби. Новата просторија во СВР Битола е важен чекор напред – не само во обезбедување достоинствен третман, туку и во превенирање на ревиктимизацијата преку современи технички решенија за документирање на разговорите.“, истакна во своето обраќање заменик министерот Исени.Исени упати благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, СИДА и Мисијата на ОБСЕ за континуираната поддршка во подобрувањето на истрагите за малолетнички случаи и семејно насилство, како и за придонесот во унапредувањето на меѓуинституционалната соработка – клучен сегмент за успешно и навремено постапување.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп ја започна најконтроверзната мировна иницијатива за Украина — планот бара големи украински отстапки

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп покрена нов обид за завршување на војната во Украина, преку мировен план што, според украинските власти, силно оди во корист на Русија. Детали од документ од 28 точки, за кој се тврди дека е изготвен во тајност, протекоа во јавноста и предизвикаа сериозни реакции во Киев и во европските дипломатски кругови.Планот, предвидува Украина да се откаже од источниот дел на Донбас, да ги намали своите вооружени сили и да се повлече од дел од системите за наоружување. Извор од Белата куќа потврдил дека Вашингтон веќе ги известува Киев и европските партнери за содржината на документот.Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски велат дека планот е „длабоко разочарувачки“ и дека создава впечаток дека Вашингтон ги прифаќа условите на Москва. Кремљ, пак, по последните украински слабости на фронтот и корупцискиот скандал околу најтесниот круг на Зеленски, ги зацврсти своите барања, барајќи формално откажување од територии и ограничување на украинската армија.Во Киев денес пристигна висока воена делегација на Пентагон, предводена од американскиот секретар за армија Ден Дрискол, со цел да разговара за текот на конфликтот и можен прекин на огнот. Делегацијата, која претставува највисоко ниво на американско воено присуство во Украина откако Трамп ја презеде функцијата, се сретна со премиерката Јулија Свириденко, а се очекува и средба со Зеленски.Еден висок украински функционер за CBS News изјави дека Трамп и Зеленски веќе постигнале начелен договор за прекин на борбите по постојните фронтовски линии и обезбедување на безбедносни гаранции. По Киев, американската делегација ќе отпатува и во Москва, на разговори со руски претставници.Иако Вашингтон и Москва официјално не го потврдија планот, државниот секретар Марко Рубио на социјалната мрежа X објави дека „траен мир ќе бара тешки, но неопходни компромиси“. Трамп пак, изјави дека е „решен да го заврши овој војна како и сите претходни“, додавајќи дека „само со Владимир Путин останува уште еден недовршен конфликт“.Од Кремљ, портпаролот Дмитриј Песков потврди дека постојат „контакти со САД“, но не и формални преговори. Европските партнери, пак, изразија загриженост дека се исклучени од процесот, предупредувајќи дека никаков мировен договор не може да биде успешен без Украина и ЕУ.Вестите за планот се појавија во ист ден кога руските сили извршија ракетен напад врз градот Тернопил, при што загинаа најмалку 26 цивили, меѓу кои и деца, а 22 лица се водат како исчезнати.По нападот, Зеленски изјави дека „само САД и претседателот Трамп имаат доволна сила да ја запрат овој војна“, нагласувајќи дека Киев е подготвен да поддржи секој ‘праведен и одржлив’ предлог.Во меѓувреме, специјалниот пратеник за Украина Кит Келог, долгогодишен сојузник на Клим и силен поддржувач на Киев во Белата куќа, ќе ја напушти функцијата во јануари, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу американскиот курс кон Украина.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryp2isi1el4rni6SOyg7i

Откриени деталите за новогодишното украсување на Скопје за 2026

Градот Скопје ги презентираше плановите за изгледот на метрополата за пречекот на Новата 2026 година. Според техничката спецификација за јавната набавка, централното подрачје ќе добие нов празничен амбиент со масивни светлосни инсталации, интерактивни 3Д фигури и препознатливото „ѕвездено небо“, а украсувањето ќе се прошири и по главните градски сообраќајници.Проектот предвидува избор на економски оператор способен да реализира обемен и технички сложен концепт, кој ги опфаќа централната елка, светлосни сводови и декорации на клучните булевари.Плоштад „Македонија“: 13-метарска елка и големи светлечки инсталацииНа главниот плоштад е планирана новогодишна елка висока најмалку 13 метри, со метална конструкција, вештачко зеленило и светлечки украси со бели блицеви. Плоштадот ќе биде збогатен и со неколку големи празнични инсталации погодни за фотографирање, меѓу кои:3Д мече со димензии 4х4 метри, обложено со герланди и ЛЕД осветлувањетри светлечки подароци со висина до 4 метриметална рамка во форма на Дедо Мраз висока 5 метриалуминиумски 3Д ѕвезди високи 3 и 4 метри„ѕвездено небо“ од ЛЕД мразулци, поставено на површина од најмалку 800 квадратни метриПразнична декорација по улиците и булеваритеУкрасувањето ќе опфати повеќе сообраќајници во централниот дел на градот. Планирани се светлосни фигури на бандери, висечки елементи и ЛЕД ефекти на следните локации:Ул. „Даме Груев“ – 30 светлосни фигуриУл. „Димитрија Чуповски“ – 20 фигури на бандери и 20 висечки елементиУл. „11 Октомври“ – висечки елементи и 100 ЛЕД „snowfall“ капкиБул. „ВМРО“ – 24 фигуриУл. „Филип Втори“ – 30 фигуриБул. „Гоце Делчев“ – 40 фигуриПросторот пред Владата – 40 фигуриБул. „Партизански одреди“ – 12 фигуриСтроги услови за избор на изведувачЗа да се квалификува, економскиот оператор мора во последните три години да има реализирано најмалку три договори од сличен тип, со вкупна вредност од најмалку 10 милиони денари со ДДВ. Дополнително, барем еден договор треба да биде вреден најмалку 3,5 милиони денари, што укажува дека проектот ќе го изведува фирма со значително искуство и капацитет.

Скопје | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Најмногу дожд во Крушево и Претор, од недела постудено со снег на планините

Според податоците на УХМР, денеска до 16:30 часот, најмногу дожд падна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната од 15 до 19 степени.Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjssqmceucoj54J1LpFC

Мицкоски не го прифаќа ултиматумот на Села

Владината коалиција се уште има проблеми со обезбедувањето двојно или Бадентерово мнозинство за носење на системски закони и прописи од области каде Бадентер е потребен.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски не ги прифаќа ултиматумите на Зијадин Села, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците.Села ја напушти изборната коалиција НАИ предводена од ДУИ, но за влез во Владата побара:уставни измени за откочување на евроинтегративниот процес, замена на терминот „20 проценти“ со „албански јазик“ и Уставниот суд да носи одлуки со Бадентер.На Владата и се потребни уште 6 пратеници од немнозинските заедници за да може да ги донесе неопходните реформски закони.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygss9gdrr3g309GoecYV

(Видео) Полицијата откри кој ја поставил направата и ја снимил експлозијата кај училиштето близу Сплит

Полицијата во Сплит ја заврши кривичната истрага против седум лица, од кои шест малолетници, поради активирање на импровизирана експлозивна направа пред основното училиште Строжанац. Четири лица ќе бидат спроведени пред притворски надзорник, а за три лица ќе биде поднесена кривична пријава до обвинителството за млади.Осомничените претходно подготвиле шишиња со гориво и експлозив, ги активирале со запалка и оддалечено ја следеле експлозијата, која предизвикала силен удар и пламен. Еден од малолетниците го снимил настанот со мобилен телефон. Ден претходно исто така активирале друга експлозивна направа на истото место, оштетувајќи стакла на училиштето.Инцидентот се случи на место каде беа запалени свеќи во чест на жртвите од Вуковар и Шкабрња. Директорката на училиштето изјави дека вработените и учениците се длабоко потресени и дека веднаш била повикана полицијата.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryqkhu9g8ij4fp4y3lt62

Руските нуклеарни мразокршачи за првпат ќе тргнат на пат од 5.600 километри во полн состав

Руските нуклеарни мразокршачи во декември првпат ќе запловат по Северниот морски пат во полн состав, соопшти директорот на Росатом, Алексеј Лихачов. Осумте ледоломци ќе тргнат истовремено – првпат во историјата на Русија и на овој арктички коридор.Лихачов објасни дека годинава условите се потешки, бидејќи морето почнало да замрзнува две недели порано, што создава дополнителен притисок врз флотата. И покрај тоа, пет ледоломци веќе работат на Северниот морски пат.Флотата на Росатом брои осум нуклеарни ледоломци, од кои четири се изградени во Балтичкото бродоградилиште во Санкт Петербург. Таму моментално се градат уште три – Чукотка, Ленинград и Сталинград – како и помошен брод за нивно сервисирање.Северниот морски пат е долг 5.600 километри и ги поврзува руските арктички пристаништа со сибирските речни системи. Русија планира до 2030 година транспортот таму да достигне 150 милиони тони; во 2024 година пренесени се 37,9 милиони тони.Руски функционери нагласуваат дека само Русија располага со ваква нуклеарна ледоломна флота, а како можност се споменуваат и идни заеднички проекти со САД за бродоградба и модернизација на арктичката инфраструктура.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryudphlkid6mnl8J2NURt

Израел ги засили нападите врз јужен Либан

Израелската војска денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што беше убиена најмалку една личност. Израел речиси секојдневно го напаѓа регионот, тврдејќи дека сака да го спречи повторното воено јакнење на Хезболах. Организацијата вели дека ги исполнила условите од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекла силите северно од реката Литани, но одбива целосно да се разоружа. Спроведувањето на договорот е отежнато поради тензии, израелски операции и внатрешни политички проблеми во Либан.Според договорот постигнат со посредство на САД и Франција, либанонската армија треба да го заплени сето недозволено оружје јужно од Литани, но Либан тврди дека Израел го прекршува договорот со тоа што и понатаму држи позиции на југот.Денес Израел предупреди на социјалните мрежи за нови цели и нападна четири села – Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи. Претходно, една личност загина во напад врз селото Ал-Тири. Израелската војска тврди дека убила припадник на Хезболах.Во вторник, Израел изведе еден од најсмртоносните напади од минатогодишната војна, убивајќи 13 лица во палестинскиот камп Аин ал-Хилве. Израел тврди дека Хамас го користи кампот за напади, но Хамас го негира тоа и вели дека меѓу убиените нема нивни членови.

Свет | пред 4 месеци

media-librarype2fkonetkjm67Xy1Hg

ЈСП Скопје: Нема заглавени патници на жичарата на Водно – информациите се неточни

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје реагираше на медиумските објави за наводен инцидент на жичарата на Водно, во кој, според некои извештаи, биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни патници.Во своето официјално соопштение, ЈСП категорично ги демантира ваквите информации, нагласувајќи дека на денешен ден не е евидентиран ваков настан, ниту настан од сличен карактер.„Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на кој е претставен настанот создава погрешна слика за актуелната состојба и непотребно предизвикува паника и несигурност кај јавноста,“ се наведува во соопштението.Од претпријатието потенцираат дека ваквото пласирање на непроверени информации претставува несериозен и неодговорен пристап, кој може да ја наруши довербата на граѓаните.„Од медиумите очекуваме професионално и точно информирање, а не сензационализам и објавување содржини што ја нарушуваат довербата кај граѓаните,“ порачуваат од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryu9ek0t80tl7g0KPjaH8

„Досетливи” студенти за кеш ги препродаваат ваучерите за лаптоп

Во јавноста се појавија информации дека студенти се обиделе да го изиграат законот со кој им се ветија ваучери за набавка на електронски уред.Наместо за намената, тие договараат и ги препродаваат и тоа за пониска цена на која им гласел ваучерот.Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со ваучерите.„Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и го остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно-разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите”, вели Јаневска.Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.Оваа мерка е наменета зa сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.Со ова, велат од Владата материјално се помага на студентите и нивните семејства, а воедно се овозможува и пристап до сега веќе основното орудие за учење – тоа е комјутерот.Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, а подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryuicum1n8t5un28qk58O

(Видео) Делови од Хрватска, Словенија и БиХ под снежна покривка

Снежна покривка го означи доаѓањето на зимата во регионот.Снег паѓаше во Хрватска, БИХ и Словенија.Во Хрватска, првиот снег за оваа сезона падна во Лика, Горски Котар и Сљеме.Хрватскиот автоклуб објави дека патиштата што минуваат низ планинските подрачја се под снег и ги повика возачите да бидат повнимателни и да го прилагодат возењето на условите на патот.Во БиХ снег паѓа во Бјелашница, Јахорина и Влашиќ.Снег има и во делови од Словенија.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Нарачките од Тему и Али експрес поскапуваат

Мнозинството пратеници ги изгласаа законските измени со кои се воведува 18% ДДВ за пратки до 22 евра странски онлајн продавници.Законот стапува на сила 8 дена по објавата во Службен весник.Овие измени ќе погодат многу граѓани кои незадоволно на социјалните мрежи реагираат бидејќи и малите нарачки од „Тему“, „Али Експрес“ и другите онлајн продавници од странство ќе се оданочуваат.„Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра.Предлогот предвидува и ослободување од ДДВ за мали пратки од некомерцијална природа пратени од физичко лице од странство до физичко лице - примач во земјава со вредност до 22 евра.Ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун“, пропишал законодавецот.Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи дека основна причина за измените е создавање појасна правна рамка, спречување злоупотреби, пофер и порамноправна положба на малите бизниси во земјава со тие во странство при плаќање ДДВ.Во 2024 година над 1.000 тони ситни производи влегле во Македонија без да бидат оданочени.За измените „за“ гласаа 59 пратеници, 12 беа „против“. Власта го подржа законот.„Сакаме да градиме нови патишта, болници, градинки, училишта, сакаме зголемување на минималната плата.Но, тоа не е можно доколку македонскиот денар завршува на странските пазари”, смета Малиша Станковиќ од коалициските социјалисти.Левица бара законот да биде повлечен бидејќи се казнуваат сиромашните а буџетот се полни со зголемување на даноците на добивка.

Македонија | пред 4 месеци

media-library09fq48j92g7maecIEvt

(Видео) Трамп му порача на новинарот да не го „посрамоти“ саудискиот принц со прашања за убиството на новинарот

Американскиот претседател Доналд Трамп свечено го пречека саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман во Белата куќа, каде што на Јужниот тревник беше пречекан со прегратка и прелет на авиони во чест на посетата.По краткиот разговор и прес-конференцијата, атмосферата се затегна кога еден новинар постави прашање за убиството на новинарот Џамал Кашоги. Трамп реагираше предупредувајќи го новинарот да не го „посрамоти“ саудискиот лидер. Ова е прва посета на бин Салман на САД откако Кашоги беше убиен во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.Американските разузнавачки служби заклучија дека токму престолонаследникот ја одобрил операцијата за фаќање или убиство на Кашоги, кој беше истакнат критичар на саудискиот режим. Иако бин Салман го негираше тоа, призна одговорност како де факто владетел на земјата.„Што се однесува до овој господин, тој заврши феноменална работа“, рече Трамп бранејќи го својот гостин. „Споменувате некој кој беше исклучително контроверзен. Многу луѓе не го сакаа тој господин за кој зборувате, ви се допаѓал или не, работи се случуваат, но тој ништо не знаел за тоа и можеме така да го оставиме. Не мора да го посрамотите нашиот гостин со поставување прашања.“

Свет | пред 4 месеци

media-libraryj8coplla30rv5DLtIYN

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими сопругата и ќерката на уметникот Глигор Чемерски, придружени од кураторот д-р Кирил Пенушлиски.Членовите на неговото семејство изразија загриженост за состојбата во којашто се наоѓаат делата на великанот Чемерски и ја потенцираа потребата од нивна реставрација и презервација, по примерот на успешно обновениот Споменик на слободата во Кочани.Претседателката сподели искрена желба да придонесе во заштитата на делата на Чемерски, укажувајќи дека некои од нив ја красат свечената сала и претседателскиот кабинет.Таа го поддржува проектот „Топла земја: Монументалното творештво на Глигор Чемерски“, којшто цели темелно да го истражи, документира и претстави неговото творештво, со фокус на мозаиците, фреските и големите композиции што го обликуваат македонскиот визуелен идентитет.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3gidb35tacvkaV1PXsC

Во Охрид одбележан Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид и Секторот за внатрешни работи Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот го одбележа 16-ти Ноември, „Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”.На главните сообраќајници во Охрид, Бул. „Туристичка“ и Бул.„Железничка“, на возачите им беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака секој да се присети на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Исто така, учесниците во сообраќајот беа информирани за бројот на жртви и повредени на годишно ниво од сообраќајни незгоди, во нашата држава и во светот.Статистички на светско ниво во 2024 година околу 1,35 милиони лица се загинати во сообраќајни незгоди, додека над 50 милиони лица биле повредени. Во Македонија во 2024 година 142 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 7.156 лица биле повредени.Целта на спроведената активност е да се зголеми свеста за одговорно и безбедно возење со што ќе се даде придонес за намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

ОО | пред 4 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Дијана Хрка, мајка на младиот Стефан кој пред една година загина при уривање на настрешница во Нови Сад, по 16 дена го прекина штрајкот со глад пред српското Собрание.Таа рече дека добила благослов од двајца свештеници и повици од здравствени работници и студенти по медицинa за прекин на штрајкот и дека ги прифатила, но дека ќе остане пред српското Собрание.Европратеничката Ирена Јовева, со македонско потекло, вечерва ја посети Дијана.„Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, и рече таа на Дијана Хрка.Собраните граѓани ја поздравија европратеничката со аплауз и извици „Браво“.

Свет | пред 4 месеци

filipce-51

СДСМ бара надзорна расправа и Анкетна комисија за независно испитување и одговорност за трагедијата во Пулс

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче објави дека пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“.„На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија. Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание”, напиша Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryscu3im72f02r2nD1SC8

Силен јужен ветер го отежнува авиосообраќајот над Скопје, два лета пренасочени кон Приштина

Два вечерни лета на Визeр , кои требаше да слетат во Скопје се пренасочени во Приштина поради неповолни услови за слетување.Од Центарот за управување со кризи информираат дека причина е силен јужен ветер.Други два авиони се уште кружат и чекаат насока за слетување.Летовите од Берлин и Ајнховен околу 18:20 и 18:50 добиле насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryiefas287h1lt8sI4Bxb

Петрушевски: Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, зголемена поддршка за социјалната заштита, здравството и образованието

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше гостин во „Топ тема“ на телевизија Телма, каде се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.„Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.Петрушевски ги демантираше тврдењата на пратеничката од СДС, истакнувајќи дека буџетот за социјална заштита не е намален, туку зголемен. Тој исто така истакна и дека во здравството се планира поголем буџет, кој ќе овозможи нова медицинска опрема и подобри услуги за пациентите, а се осврна и на делот за образование.„Ќе има сериозна поддршка за сите ранливи категории. Ќе има зголемена поддршка за здравствена заштита, затоа што имаме поголем буџет во здравството, ќе има пари кои што ќе се насочени кон подобрување на јавното здравство, кон нова медицинска опрема, нови услуги на пациентите. Ќе имаме средства кои што се во образованието исто така зголемени за 3,4% со акцент на средното образование, основното образование, високото образование, така што апсолутна невистина е се ова кое што се зборуваше“, потенцираше Петрушвски.Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.„Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски.Петрушевски потенцираше дека буџетските корисници учествуваа во процесот на изработка на буџетот, а додаде и дека проекциите во буџетот се реални.„Апсолутно е невистина дека буџетските корисници не учествувале, тоа е законска обврска. Има буџетски циркулар, кој што е доставен до сите буџетски корисници, кои што го имаат пополнето, со кои што е разговарано и е скроен ваков буџет“, кажа Петрушевски и додаде:„Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydbusf2oq0ae4aiA6HPO

Стојаноски: Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата. Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спроведува.„Денес имаше две добри вести од аспект на економијата. Првата е што конкретно студентите ќе можат да добијат средства за да може да набават технолошко помагало, 55.000 студенти, сите ќе добијат средства за да набават технолошко помагало, нешто што е многу позитивно и е наше ветување. Втората е  економската прогноза на Европската комисија која што ги потврдува добрите владини политики“, вели пратеникот Стојаноски и додава:„Ние кажавме дека нашата економска филозофија ќе се темели на три столба. Првиот е реализација на капитални инвестиции, приватна потрошувачка, подигнување на животниот стандард и засилување на приватното стопанство. Европската комисија дава позитивна оценка за сите три дела, нешто што за мене е дополнителен мотив да продолжиме и понатака да работиме во оваа насока“.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycspnj0gfmn504M6fmOY

Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата

Биљана Кузманоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година порача дека Предлог-буџетот за 2026 година носи ред, мерливи резултати и стабилен економски раст, со силен фокус на инфраструктурата и инвестиции кои треба да отворат нови работни места.„Буџетот за 2026 година не е само финансиска рамка, тој е одраз на новиот начин на работа, на новата политика што ја ветивме, политика на одговорност, ред и чесност“, рече Кузманоска и додаде:„Воведуваме јасни прагови за реализација, и тоа не на хартија туку со мерливи рокови. До крајот на првиот квартал, 15% до вториот 40% до третиот 65% и најмалку 70% до 15 ноември“.Кузманоска посочи дека фокусот на Предлог-буџетот за 2026 година е  и инфраструктурата.„Фокусот е на инфраструктурата што ја поврзува Македонија. Патишта, железници, училишта, болници, локални проекти. Со овој буџет имаме реален раст и стабилност. Буџетот е поставен на реални и внимателни проекции. Раст на економијата од 3,8% проекти, инфлација стабилна на 2,5%, и дефицит кој е намален н 3,5% од БДП“, истакна Кузманоска.Таа дополни дека во 2025 година Македонија имаше рекордни странски инвестиции, што според неа, покажува стабилност, а истакна и дека во 2026 година се очекува инвестициите заедно со домашните капитални вложувања да бидат мотор на економскиот раст и да отворат нови работни места.„Минатата година го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции во својата историја, над 1 милијарда евра. Тоа не се бројки, туку доказ дека инвеститорите гледаат стабилност, предвидливост и волја за работа. Во 2026 година, заедно со домашните капитални вложувања очекуваме инвестициите да бидат мотор што ќе го движи економскиот раст и ќе отвора многу нови работни места“, кажа Кузманоска.

Македонија | пред 4 месеци

media-library323dk12e1r4n7IjcsLw

Илиевска: Предлог-буџетот за 2026 година е развоен, стабилен и насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните

На денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дијана Илиевска каде истакна дека Предлог-буџетот е развоен, стабилен и директно насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Предлог-буџет за 2026 година со рекорден износ од 6,7 милијарди евра и она што е особено важно, а граѓаните треба да го знаат е дека во овој буџет се обезбедуваат повеќе средства за повисоки плати, пензии, за нови училишта, нови спортски сали, игралишта, нови градинки, нови болници, за нови патишта, за развивање на инфраструктурата, за развивање на дигитализацијата, и најважно од се за реализација на капитални инвестиции кои се особено важни, бидејќи тоа се зрели проекти кои се веќе и во реализација, конкретно оние проекти во општините кои токму државата ги финансира, а се однесуваат и се наменети за граѓаните“, вели Илиевска.Илиевска дополни дека со буџетот се проектира раст на просечната нето-плата од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% и намалување на невработеноста на 10%. Проектираниот економски раст од 3,8%, според неа, е показател за стабилен и забрзан развој на економијата.„Со овој Предлог-буџет се очекува просечната нето-плата да порасне на 6,5%, а бројот на вработени да се зголеми за 1,6% што невработеноста би се намалила на 10%. Проектираниот раст на економијата за 3,8% е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст и се дава сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо“, истакна Илиевска.Илиевска посочи дека граѓаните ќе ги уживаат бенефитите со новиот буџет кој е конципиран во контекст на економскиот раст, финансиската стабилност и реализација на стратешки приоритети на Владата.„Во буџетот за 2026 година се планирани 52,6 милијарди денари за плати, или зголемување од 3,6 милијарди денари, односно 7,5% во однос на ребалансот. Тоа значи повисоки плати за работниците, за наставниците и професорите, за здравствените работници, за полициските службеници, едноставно за сите луѓе коишто творат и создаваат во Македонија“, заклучи Илиевска.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања