Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Израел ги засили нападите врз јужен Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryudphlkid6mnl8J2NURt

Израелската војска денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што беше убиена најмалку една личност. Израел речиси секојдневно го напаѓа регионот, тврдејќи дека сака да го спречи повторното воено јакнење на Хезболах. Организацијата вели дека ги исполнила условите од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекла силите северно од реката Литани, но одбива целосно да се разоружа. Спроведувањето на договорот е отежнато поради тензии, израелски операции и внатрешни политички проблеми во Либан.

— реклама —

Според договорот постигнат со посредство на САД и Франција, либанонската армија треба да го заплени сето недозволено оружје јужно од Литани, но Либан тврди дека Израел го прекршува договорот со тоа што и понатаму држи позиции на југот.

— реклама —

Денес Израел предупреди на социјалните мрежи за нови цели и нападна четири села – Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи. Претходно, една личност загина во напад врз селото Ал-Тири. Израелската војска тврди дека убила припадник на Хезболах.

— реклама —

Во вторник, Израел изведе еден од најсмртоносните напади од минатогодишната војна, убивајќи 13 лица во палестинскиот камп Аин ал-Хилве. Израел тврди дека Хамас го користи кампот за напади, но Хамас го негира тоа и вели дека меѓу убиените нема нивни членови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побарал средба со кралот на Јордан, сите покани се одбиени

Свет | пред 2 часа

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Свет | пред 10 часа

media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Свет | пред 10 часа

izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Свет | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања