Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

vesna-janevska

ВРЕДИ до министерката Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Остра реторика меѓу министерката за образование Весна Јаневска и тетовскиот градоначалник Билал Касами кој доаѓа од владината коалициска ВРЕДИ. На една недела по вториот круг од локалните избори ВРЕДИ со остар тон:,,Тоа што не знае албански јазик не треба да ја фрустрира Јаневска”.Вчера, за време на заеднички јавен настап, министерката Јаневска, неколку пати незадоволно реагираше од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик...Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институци”, велат од ВРЕДИ.Од ВРЕДИ оценија дека потегот на Јаневска е спротивен на духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции.Според коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, едно демократско и мултиетничко општество, кога дури и странски дипломати кои престојуваат во нашата земја две или три години учат неколку зборови на албански, да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаат ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираат на употребата на албанскиот јазик, ова , велат е тешко да се преведе во услови на коегзистенција, граѓанство и почитување на другите во едно мултијазично општество.

Македонија | пред 4 месеци

nikolovski-lj3

Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди, ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење.„Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспензија имало два пати и тоа само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година“, вели Николовски.Тој оценува дека ова е тежок удар врз македонското земјоделство и доказ дека партизацијата, клиентелизмот и корупцијата ја разориле довербата во институциите.„Суспензијата е, пред сè, срам за Владата и доказ дека партизацијата, корупцијата и девијантните појави се широко распространети во Агенцијата – нешто на што укажував од самиот почеток“, порача Николовски.Според него, ИПАРД програмата во времето на СДСМ била најуспешната европска приказна во земјоделството, со рекордни 2.369 реализирани и контролирани инвестиции и целосна искористеност на европските пари. Николовски бара одговорност од актуелната власт.„Сега Владата треба да одговори: Кој ќе понесе политичка одговорност за овој мега-скандал? Кој ќе одговара за штетите што ќе ги претрпат земјоделците и инвеститорите? Ќе поднесе ли конечно Цветан Трипуновски оставка или ќе продолжи да се преправа дека ништо не се случило? Со кој кредибилитет ќе излезе пред земјоделците?“, вели тој.Николовски посочува дека оние кои се гонат за корупција се луѓе директно поставени од Владата и блиски соработници на Трипуновски, што дополнително ја потврдува политичката одговорност на ВМРО-ДПМНЕ за овој случај.„Време е конечно со чесни, посветени и професионални луѓе, а не со партиски поставени кадри, да се изгради системот и да се врати довербата“, нагласи Николовски.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarym16eh3p31eodaO8WGPm

Оддржана конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид.Советот го сочинуваат 13 членови:претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струкаНа седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за  тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, како и предлози за  Годишната програма на Советот за 2026 год. која ќе биде усогласена во рамките на буџетот на Општина Охрид.

ОО | пред 4 месеци

tripunovski1-1

Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата, ние продолжуваме со борбата против корупцијата

„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Она што веднаш по сознанието односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“, појасни министерот.Министерот Трипуновски посочи дека во брз период ќе има нов директор на Агенцијата, со цел тековното работење да продолжи со нормална динамика.„Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата“, нагласи тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynk24rjile12t5kTyblK

АХВ заплени и уништи 37 тони храна со истечен рок

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредна контрола кај оператор со храна, при што беа запленети и уништени околу 37 тони храна и тоа јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини. Производите биле без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.За утврдените прекршоци, операторот доби времена забрана за работа, парична казна и наредба за отстранување на сите утврдени недоследности.Покрај тоа, АХВ спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна, како месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. При проверките беа утврдени различни недоследности, како што се: нерегистрирани оператори со храна, непроведени задолжителни обуки за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично. За овие прекршоци, одговорните лица и операторите добија парични казни и времени забрани за работа.„Сите затекнати недостатоци мора да бидат отстранети, а небезбедната храна е нештетно уништена”, соопшти АХВ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryl9o3dme4gt1d4EKKAGu

Еден загинат и осум повредени во судар на автомобил и автобус во тешка сообраќајка во Србија

Едно лице загина, а осум се повредени во судир на автобус и патничко возило на патот Обреновац помеѓу Умка и Обреновац.Во директен судир помеѓу автобус и автомобил, возачот на автомобилот го загуби животот, а повредените со возило на брза помош беа префрлени во Ургентниот центар.Истрагата е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот е забавен.

Свет | пред 4 месеци

media-librarymtetpl8bjhm57vs0tRv

Спречен можен инцидент во Риека, малолетници планирале напад врз деца од Србија

Во Риека била спречена опасноста од можен инцидент откако полицијата добила пријава за собирање на сомнителна група во близина на Центарот Замет, каде што се одржува Првенството на Балканот во карате.Како што посочуваат неофицијални информации, цел на наводниот напад требало да бидат деца од Србија, но благодарение на брзата интервенција на полицијата, ситуацијата завршила без инцидент.Од Полицијата на Приморско-горанската жупанија потврдиле дека реагирале по пријава за собирање на група лица околу спортската сала.„Со доаѓањето на местото на настанот, дел од групата беше затекнат, меѓу нив десет малолетни лица,“ соопштија од полицијата.Полицијата истакна дека не дошло ниту до вербален, ниту до физички судир.„Според досега собраните информации, не е забележан вербален ниту физички напад врз учесниците на меѓународното натпреварување во карате, на кое учествуваат спортисти од 13 земји.Исто така, не се евидентирани оштетувања на имотот. Полицијата продолжува со утврдување на сите околности поврзани со настанот и можното постоење на противправно однесување,“ соопштија од полицијата.Во Риека од денес се одржува Првенството за кадети, јуниори и младинци во карате, на кое учествуваат повеќе од 1.200 натпреварувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија, Турција и Хрватска.

Свет | пред 4 месеци

media-library1hu9tlhpg2be3XaUqr0

(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба

Поранешниот премиер, претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиран, овојпат во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше СДСМ.Заедно со нив е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.Црвенковски со години беше надвор од политиката и не се појавуваше ниту во тешки и кризни моменти за државата, иако редовно ја зема високата претседателска пензија и има и кабинет.Минатата година неофицијално се говореше дека работи во корист на ЗНАМ, каде се негови поранешни блиски луѓе.Последниов месец, среде кампања, беше фотографиран во друштво со актуелни функционери и политичари.Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, за што имаше објаснување дека била случајна средба.Ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.Познавачи на политичката клима велат:,, Ако Бранко не сака, нема да се појави никаква фотографија”.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryuorbk132jig6f1GgSaZ

(Видео) „Супорт Кочани“:Собравме и поделивме 11 милиони денари на 137 лица

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари.Во објавената видео информација на фејсбук се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари.,,Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди”, стои во објаватаСредствата се од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

Македонија | пред 4 месеци

dozd-1

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и температури до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне 18 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 17 степени.Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На одреддни места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со појава на грмежи.,,Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури”, соопшти Управата за хитрометеоролошки работи.

Македонија | пред 4 месеци

markica-1

Свикана третата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ третата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.11.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДПредлог-програма за изменување и дополнување на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за млади и невладини организации за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за јавно осветлување за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за одржување јавна чистота за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година.Предлог – програма за изменување и дополнување на Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2025 -2027 година.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈМ за капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – подпрограма ЈМА реализација на „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“.Предлог-програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025 година – подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во Општина Охрид“.Предлог-програма ЈГ за дополнување на програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година подпрограма ЈГЦ – реализација на основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈИ – изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – подпрограма ФАЕ – реализација на Проектот „реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДХ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од Камп Љубаништа до стационажа од км. 0+000,00 до км. 0+999,24“.Предлог-програма за дополнување на Програмата  ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДИ – реализација на основен проект „Реконструкција на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со улица „Караорман“, село Лескоец-Охрид“.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЈ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец“.Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДК – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект, реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со „Булевар Туристичка“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЛ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7-Ми Ноември“ од кружна крстосница „Охридска банка“ до пресек со улица „Егејска“ – Охрид“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДМ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица „Кленоец“ и дел од улица „Петрино“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДН – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за населба Бараки во град Охрид“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДО – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат за село Завој“.Предлог-програма ЈД за дополнување на прогтрамата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДП – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – улица во село Долно Лакочереј (крак 2)“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма JDQ – реализација на „Основен проект за линиски инфраструктурен објект – локален пат од село Лескоец до село Горно Лакочереј“.Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за иградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДР – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ (населба Охридати) во град Охрид“.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2025 година.Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.Предлог-одлука за отпис на основни средства – лаптопи.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателПерчо БожиновскиОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-15102/107.11.2025 год.О х р и д

ОО | пред 4 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ подготвен за средба со мајката на загинатиот во Нови Сад: „Совеста ми е чиста, но не сакам политичка претстава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ порача на Дијана Хрка, мајката на младичот кој загина во трагедијата во Нови Сад и која веќе седум дена штрајкува со глад пред Народното собрание, дека е подготвен за разговор со неа, нагласувајќи дека совеста му е чиста.„Секогаш и во секој момент сум подготвен да ја примам или да ја посетам, но сакам разговорот да помине без политичка претстава и без инциденти“, рече Вучиќ.Тој додаде дека е претседател на сите граѓани и дека мора да биде подготвен да слушне и најтешки навреди, но и да разбере болка како нејзината.Вучиќ ја замоли Хрка да го прекине штрајкот со глад, предупредувајќи дека „никој не смее да си поигрува со своето здравје“.

Свет | пред 4 месеци

media-library9l1acsq71kmc9M0eyV3

(Видео) „Марш за ангелите во Кочани“ – семејствата на жртвите бараат правда за трагедијата во „Пулс“

Денеска во Кочани се одржа „Маршот за ангелите“, кој го организираат семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс.Семејствата, со болка и револт, излегоа на улиците држејќи транспаренти и фотографии од своите најблиски кои трагично ги загубија животите.Со маршот тие бараат правда и одговорност за трагедијата, потсетувајќи дека, и по повеќе месеци од несреќата, сè уште нема конкретни одговори ниту завршена истрага.

Македонија | пред 4 месеци

media-library5p0seqgq70p451ocJi8

Алиу: Нема да ја одбиеме поканата за учество во Владата

Демократската партија на Албанците (ДПА) доколку добие покана за влез во Владата нема да ја одбие, рече членот на централното претседателство на партијата, Имер Алиу на денешното Централно собрание.Алиу, во изјава за медиумите потврди дека партијата сè уште нема добиено официјална покана за влез во Владата.„Не, немаме добиено, но всушност нема да ја одбиеме поканата. Ќе имаме дијалог или дебата, поточно, со сите од сега па натаму, вклучително и со Владата“, рече Алиу.Тој посочи дека иако агендата на ДПА и агендата на партиите на власт се чини дека се различни, но дека сепак ќе дебатираат со сите.Во врска со резултатите од локалните избори, Алиу истакна дека „тоа што изгуби ДУИ не е национална трагедија“. Според него, сега е време да се реализира сè што е ветено, за што одговорноста е на албанската партија која е дел од Владата.„Многу ветувања се дадени, сега е време тие да се реализираат. Секако ќе ја повикаме на одговорност албанската партија на власт, бидејќи тие ветија и секако од сега па натаму немаат изговор да не ги исполнат ветувањата“, рече Алиу.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarylpgbee60l5an28D6MqO

Крипто милионер и сопругата убиени во Дубаи по неуспешен обид за изнуда

Рускиот крипто милионер Роман Новак и неговата сопруга Ана биле киднапирани и брутално убиени во Обединетите Арапски Емирати по неуспешен обид за изнуда. Двојката била намамена на лажен деловен состанок во близина на Хата, каде киднаперите се обиделе да добијат пристап до неговите крипто средства. Кога Новак одбил да ги предаде дигиталните клучеви, тие биле убиени, а нивните тела пронајдени распарчени во контејнери.Новак, познат по измами со криптовалути во Санкт Петербург, по издржана затворска казна се преселил во Дубаи, каде повторно лансирал крипто апликација и собрал милиони од инвеститори.Седуммина осомничени се уапсени во ОАЕ и Русија, а властите ги истражуваат врските со меѓународен криминален синџир. Случајот го нагласува растечкиот ризик од насилни напади насочени кон лица кои поседуваат значително дигитално богатство и потребата за поголема безбедност во крипто заедницата.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryf3aevik0tcl74B5dDi3

(Видео) Сообраќајна несреќа во скопско Ново Село – неколку лица се жалеле на повреди, сообраќајот по една лента

Вечерва во скопската населба Ново Село, во општина Ѓорче Петров, се случила сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, има материјална штета и повеќе лица што се пожалиле на повреди. Дел од патниците биле пренесени во здравствена установа за лекарски прегледи.Местото на несреќата е обезбедено од полицијата, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Причините за несреќата засега не се познати, а увидот е во тек.

Македонија | пред 4 месеци

media-library84h253pgngf1duV5Mie

Претеничката Салиу тврди:Беким Сали наскоро ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија

Пратеничката Имерлије Салиу од коалициската ВРЕДИ, на социјалните мрежи напиша дека премиер на Албанците во Македонија.,,Господинот, Беким Сали за кратко ќе биде премиер на Албанците во Северна Македонија”, напиша Салиу објавувајќи заедничка слика.За Сали, портпаролот на ВРЕДИ изјави дека тој ќе биде новиот прв вицепремиер кој доаѓа на местото на Изет Меџити кој е избран за градоначалник на Чаир.ВРЕДИ не ја исклучија можноста и за министерството за животна средина да номинираат друг кандидат.Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека има добро мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека Влен ќе добие два ресора.Сали е актуелен пратеник и поранешен министер за здравство во периодот од јануари 2022 до февруари 2023 година.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Хорор во Дебарско: жена киднапирана од дворот на својот дом, однесена во напуштена зграда и силувана

Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од селото Џепиште поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела грабнување и полов напад и силување, како и против Е.В. (18) од селото Отишани, поради сомнение за сторено кривично дело грабнување,“ информираат од МВР.Според полициските информации, на 6 ноември 2025 година околу 19 часот, двајцата осомничени насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзината куќа во село во Дебарско и ја внеле во возило „Ауди“, управувано од Е.В.Потоа се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде што А.Л. физички ја нападнал, при што оштетената изгубила свест, а тој потоа ја силувал.По извршениот напад, двајцата ја однеле жената во Општата болница во Струга, каде побарале лекарска помош.Од МВР информираат дека двајцата сторители се пронајдени и уапсени, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarylqht9j2b6vh7ckYbkO2

(Видео) Се менува грдата слика во реката Вардар: механизација влезе да расчисти во центарот на Скопје

Со багери и механизација денеска започна расчистувањето на коритото на реката Вардар, кое во изминатите години беше преполно со пластика, отпад и наноси, најмногу во делот кај галиите во центарот на Скопје.Акцијата ја спроведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје, чиј тимови работат машински и рачно на терен.„Продолжуваат активностите со машинско и рачно чистење на коритото и косините на река Вардар. Екипи на ‘Улици и патишта’ Скопје и денес се активни. Рачно се отстранува насобраната пластична амбалажа и смет од косините, а багери и друга механизација го расчистуваат кабестиот и земјаниот материјал во централниот дел на кејот,“ соопштија од претпријатието.Во акцијата се вклучени сите расположливи екипи и машини на претпријатието, а чистењето ќе продолжи и наредните денови сè до целосно расчистување на кејот на Вардар.Реката Вардар со години претставува едно од најзагадените градски подрачја, особено поради отпадот што се задржува околу галиите и мостовите, а оваа акција е дел од пошироката кампања за генерално чистење на Скопје која ја најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 месеци

TikTok

Четворица малолетници малтретирале врсник и објавиле видео на „ТикТок“

Полицијата во Струмица го расчисти случајот во кој четири малолетни лица насилно се однесувале кон нивен врсник, а видеото од инцидентот го објавиле на социјалната мрежа „ТикТок“.Според информациите од МВР, 42-годишен жител од струмичко пријавил дека пред околу една недела неговиот син бил жртва на насилство од страна на четири малолетници. Настанот бил снимен и споделен јавно на интернет.По пријавата, полицијата од СВР Струмица презела мерки за расчистување на случајот, а инволвираните малолетници биле повикани во станица каде биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители.За настанот биле известени Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица.Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за правда за децата.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygkqn877akssrfF3DxeF

Зошто автомобилот одеднаш ви троши повеќе гориво? Проблемот можете да го решите за малку пари

Кога потрошувачката на гориво нагло ќе се зголеми, проблемот најчесто не е во бензинската пумпа, туку во самиот автомобил. Причините можат да бидат различни – од начин на возење до технички дефекти.Најпрво проверете ги гумите: ако се премалку напумпани, автомобилот троши повеќе гориво. Потоа филтерот за воздух – кога е затнат, моторот не добива доволно воздух и согорува повеќе гориво. Исто така, проверете дали сопирачките „заглавуваат“, бидејќи тоа создава дополнителен отпор при возење.Неправилно моторно масло и неисправен систем за ладење можат да ја зголемат потрошувачката и до 15%. Ламбда сондата, сензорот за проток на воздух или валканите инјектори често се причина за „невидливо“ зголемување на трошоците.Не заборавајте ги и свеќичките – ако се истрошени или валкани, согорувањето е неефикасно и моторот троши повеќе. Слично важи и за EGR вентилот – ако е заглавен, смесата не е правилна и потрошувачката расте.Најчести решенија: проверете ги гумите, сопирачките, филтерот за воздух, свеќичките и сензорите. Мала неисправност може да предизвика голем трошок ако се игнорира. Редовната контрола и навремен сервис се најдобра заштита – за мотор што работи ефикасно и троши онолку колку што треба.

Магазин | пред 4 месеци

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Најстудено утрово во Берово, Маврови Анови и Лазарополе – 5 степени, најтопло во Демир Капија со 13

Утрово најниската температура во земјава е измерена во Берово, Маврови Анови и Лазарополе, каде термометарот покажал 5 степени Целзиусови, додека најтопло било во Демир Капија – 13 степени.Во Крушево температурата изнесувала 7, во Крива Паланка 8, а во Тетово, Претор и Прилеп се измерени 9 степени.Во Скопје, Охрид, Велес, Виница, Кавадарци и Струмица утринската температура достигнала 10 степени, во Битола 11, а во Штип и Гевгелија 12 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се забележани во Пожаране и на Попова Шапка – по 32 литри на метар квадратен, следуваат Маврови Анови и Крушево со по 23 литри, Тетово со 21, Претор со 20, Лазарополе со 14, а во Гевгелија се измерени 11 литри.Помали количества дожд имало во Битола и Тополчани (по 9 литри), Скопје – Зајчев Рид (6 литри), Ѓуриште и Пожар–Радовиш (по 5), Прилеп, Велес и Скопје–Петровец (по 4 литри), додека најмалку дожд наврнал во Штип и Кавадарци – по 1 литар на метар квадратен.Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на одделни места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, проследени со засилен ветер и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а долж Повардарието од југоисточен правец.Максималната температура ќе се движи меѓу 12 и 17 степени Целзиусови.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Мажи од Македонија, Грција и Косово заглавија: се забавувале додека кучиња се јаделе меѓу себе до умирање

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против четворица лица – грчки и косовски државјанин, како и двајца македонски државјани – за кривично дело „убивање и мачење животни“ по член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинението, на 1 ноември во селото Црнеец, во близина на Стрежево, обвинетите заради користољубие организирале и спровеле борба меѓу кучиња од расите „пит бул“ и „американски стафорд“, при што животните биле грубо злоупотребени и изложени на непотребни маки.Првообвинетиот, државјанин на Грција, ја организирал борбата во дворот на семејната куќа на второобвинетиот косовски државјанин, кој претходно подготвил импровизиран ринг. Настанот го следеле и лица од Косово, Грција и Македонија, кои полицијата ги затекнала на лице место и кај кои биле пронајдени пари во евра и денари, за кои се верува дека биле наменети за обложување на борбата.Како резултат на насилниот настан, кучето од расата „пит бул“ се здобило со тешки повреди, меѓу кои угризни рани, повреди на главата и знаци на трауматски шок.Истражните органи утврдиле дека се работи за организирана група која повторувала вакви борби, бидејќи во дворот биле пронајдени траги од претходни борби и лекови за третман на повредени кучиња.Обвинителството достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за двајцата македонски државјани, додека грчкиот и косовскиот државјанин се во бегство.„Доколку не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, обвинителството ќе предложи да им се суди во отсуство,“ соопштија од ОЈО Битола.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

Поддршка од Северина за Дијана Хрка, мајката на загинатиот Стефан, која со штрајк со глад бара правда

Хрватската ѕвезда Северина за време на концертот во Загреб ѝ испрати поддршка на Дијана Хрка, мајката која загуби син во падот на настрешницата во Нови Сад и сега штрајкува со глад барајќи правда.Од почетокот на студентските протести во Србија, Северина отворено ги поддржува блокадите и испраќа пораки за поддршка на речиси секој концерт.Како што објави Нова.рс , таа ги потсети присутните дека во центарот на Белград, мајката на лицето кое почина по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад.Публиката одговори на ова со овации и громогласен аплауз.„На 400 километри источно од мене, има мајка која штрајкува со глад веќе пет дена. Се вика Дијана Хрка, а нејзиниот син Стефан почина под железничкиот надвозник во Нови Сад. Оваа мајка штрајкува со глад затоа што веќе една година бара вистина и правда. Ве молам, дајте ѝ силен аплауз. Дијана”, рече Северина.

Свет | пред 4 месеци

media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Бугарија ја презеде контролата врз рафинеријата на Лукоил

Бугарскиот парламент изгласа закон со кој рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црното Море, ја стави под државна контрола.Тоа е последица на американските санкции воведени во октомври против рускииот нафтен гигант. Ова ја загрижи бугарската влада дека руската рафинерија, со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, ќе мора да се затвори поради санкциите.Американските санкции, кои ќе стапат во сила на 21 ноември, ќе доведат до прекин на работењето на рафинеријата, поради одбивањето на сите страни да вршат плаќања на компаниите што припаѓаат на Лукоил.Лукоил индиректно поседува 99,85 проценти од рафинеријата Нефтохим во Бургас.Одлуките поврзани со продажбата ќе мора претходно да бидат одобрени од Државната агенција за национална безбедност, а средствата од трансакциите ќе се депонираат на специјална сметка во Бугарската развојна банка.Бугарската влада ќе назначи специјален менаџер за управување со компанијата. Тој ќе биде овластен, со одобрение на Владата, да продава акции по проценка на пазарот, одлучија бугарските пратеници.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања