Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-libraryodt12pgnq2d02CR4vGZ

Грозданов: Поддршката од граѓаните ме охрабрува да работам на тоа Кочани повторно да се исправи

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во ,,Тема на денот“ на телевизија Сител. Грозданов посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани. Грозданов искрено им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката, потенцирајќи дека резултатот не го воздигнува, туку го охрабрува да работи уште посилно, посвесно и почесно. Тој порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.,,Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред се со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите покажаа дека се достојни и чесни и секако со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината“, вели Грозданов.Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.,,Со овој резултат, моите сограѓани ми дадоа една поддршка, но тоа не ме воздигнува, туку напротив ме охрабрува што посилно, попосветено, почесно да се посветам на ова. Доколку бидам избран за иден градоначалник на Кочани, заедно со нив, сплотени, чесно, одговорно, со комуникациски методи помеѓу нив, едноставно мора да се сплотиме и заедно да продолжиме сите. Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи“, рече Грозданов.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo9n706kclgnhaqR9JZM

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  денешниот настан одржан во Чучер Сандево, во рамки  на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор ги повика граѓаните во вториот круг да излезат на гласање, да учествуваат во креирањето на политиките и да го заокружат бројот 9.“Би сакал да упатам неколку политички пораки за да можат граѓаните самите да донесат заклучок и одлука по кој пат ќе ја водиме државата, дали ќе ја водиме државата по патот којшто го нуди коалицијата ВМРО-ДПМНЕ или ќе се вратиме на патот којшто го гледавме 7 години, тоа бешe сосема поинаква коалиција предводена од СДСМ и ДУИ или пак третата група ќе останеме дома па ќе видиме каде ќе не води бранот ние заедно со бранот и ќе немаме можност да одлучуваме, што сметам дека е најпогрешната опција. Затоа што ако се остане дома и не се излезе на избори и не се гласа по сопствено убедување тогаш вие дозволувате друг да одлучува за вас и за вашата општина и насоката во која ќе оди државата. Мојата молба до сите жители на Чучер Сандево и генерално до сите граѓани во Македонија е да излезат првично на овие избори првиот круг таму каде што ќе се гласа и да гласаат по сопствено убедување“ нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика функционерите постојано да бидат достапни на граѓаните и да испорачаат резултати.„Втора работа која сакам да ја кажам е дека на овие избори во првиот круг се донесе одлука за 33 градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е бројка која е импресивна и уште во 26 општини ВМРО-ДПМНЕ се или на прво место или на второ што значи 59 општини плус Градот Скопје тоа претставува историски резултат политички но и голема обврска во смисла дека очекувањата на граѓаните се големи. Ние сме народна партија, партија која што треба да биде слуга на граѓаните на народот. Тоа значи дека нема одмор и треба да се работи секој ден во неделата бидејќи имаме многу да сработиме нема работно време се почнува рано се завршува доцна секогаш треба градоначалникот да биде достапен. Секој од избраните од народот функционери треба да биде достапен и секогаш да одговара на потребите на граѓаните. Тоа е втората порака која сакам да ја упатам“ кажа Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryns38q26n1pg82WqhqiF

Бајовски: Со нови инвестиции и поддршка од Владата, Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа.„Сега конечно, ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните  на ова населено место во програма. Заедно со Владата заедно со градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во делот на Скопје“, рече Бајовски.Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој,  проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.„Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:„Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.„Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library5e799lfkf631azzliA0

Свежо цвеќе во чест на македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид предводена од раководители во локалната администрација, положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Цвеќе положија и пратениците во македонското собрание, делегација од Сојузот на Борци  и останати претставници од политичкиот и општествениот живот од Охрид.

ОО | пред 5 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски до СДСМ: Предвремени избори се непотребни, но внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба говореше и за актуелни политички теми.Во врска со локалните избори, тој истакна дека резултатите од првиот круг, според бројот на освоени градоначалнички и советнички места го потврдија водството и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. Според него, тоа покажува дека народот има надеж и очекувања што партијата нема да ги изневери.Од друга страна, опозицијата, како што рече, доживеала историски дебакл и сега се охрабрува со нереални пресметки за пратенички места.„На опозицијата ќе и оставаме време да се консолидира и да размисли дали ќе се осмели да оди на предвремени избори, кои да бидам директен јас не ги посакувам и сметам дека се непотребни и дека е време за резултати и голема офанзива на секој план. Но нивната весела математика и оваа упорност со надмудрување и создавање на вештачки теми и блефови треба да добие соодветен одговор. Затоа нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат, може и да им се оствари“, рече Мицкоски.Во врска си уставните измени, рече дека главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно е ова крајот?Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да попушти кога се во прашање интересите за македонскиот идентитет и државата.Мицкоски рече дека опозицијата е подготвена да прифати и да отстапи повеќе и дека токму преку таквите отстапки се обидува да остане дел од политичкиот живот, без да размислува за долгорочната штета по државата и идните генерации. Мицкоски нагласи дека единствената пречка за реализирање на таквите намери е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи, која, според него, ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за загрозување на македонскиот идентитет и државност.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypsld2vhk9fro6hSLoKY

Вреди: Кога НАИ држи прес, губи илјада гласови

оалицијата ВЛЕН реагира на изјавите на претставници на коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, оценувајќи дека нивните обиди да ги претстават резултатите од првиот круг од локалните избори како мандати за пратеници се доказ дека, НАИ не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста.„Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било, тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија и во луѓе кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на народот“, стои во реакцијата на ВЛЕН.Од таму додаваат дека, според нив, резултатите покажуваат дека ВЛЕН ја покрива целата политичка карта на Албанците и дека тоа е единствената карта што се брои, онаа на слободната волја на граѓаните.Во соопштението се посочува и дека изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Лога и други претставници на НАИ, кои смислуваат имагинарни графикони за идни пратеници се доказ за паниката што ја зафатила нивната коалиција.„Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот дека е време за реформи, а не за измислување бајки за да ги држат будни своите поддржувачи“, се додава во соопштението.ВЛЕН им посакува почести јавни настапи на функционерите на НАИ, со став дека секој пат кога ќе проговорат, НАИ губи по илјада гласови.

Македонија | пред 5 месеци

loga-1

Лога: Ако мислите дека сте победиле, ајде на избори зошто се плашите?

Кренар Лога од НАИ во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 рече дека, доколку освоените гласови на локалните избори се преточат во пратенички мандати, НАИ би имала 20, а ВЛЕН само 15 пратеници.„Ако тие тврдат дека победиле и ако се охрабрени од тие резултати што ги поседуваат, ајде да одиме на избори и ќе видиме. Дури и ако ги преточиме резултатите во пратенички мандати, НАИ би имала 20 мандати, а ВЛЕН само 15. Разбирам што зборуваат по телевизиски студија, сакајќи со празна реторика да се претстават како победници на референдумот, но јас ги предизвикувам – како што ги предизвикува секој претставник на НАИ – ајде на избори, зошто се плашите?“, прашува Лога.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrqrpsv0i0ecudaRrxMG

Стармер открива што била целта на состанокот со Мицкоски: Ги собрав лидерите за да го решиме проблемот со мигрантите

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, на социјалните медиуми напиша за што се разговарало на средбата со премиерот Христијан Мицкоски и која е целта на овие средби и состаноци кои британската Влада ги има со лидерите од регионот.Тој открива дека главната тема биле мигрантите.„Низ Западен Балкан има криминален автопат, кој ги води нелегалните мигранти директно во Велика Британија.Нашата задача е да го затвориме и да ги разбиеме организираните шверцерски банди што го водат. Денес ги обединувам земјите за да се справат со овој заеднички предизвик”, напиша Стармер.Во објавата на Мицкоски никаде не се споменува зборот мигранти иако неговиот британски колега на Х објави дека тоа било главната и единствена тема.„На средбата разговаравме за продлабочување на билатералната соработка и поддршката на Обединетото Кралство на земјите од регионот”, стои во објавата од Мицкоски.Вчера пак тиражниот британски Тајмс објави дека Македонија е една од државите од кои Стармер бара да изградат мигрантски центри но и дека македонскиот премиер одбил да даде интервју.

Свет | пред 5 месеци

dacic

За Дачиќ, Резолуцијата на ЕП за Србија е политички памфлет со бројни невистини

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денес пред камерите изјави дека Резолуцијата за Србија која Европскиот парламент вчера во Стразбур е политички памфлет и содржи многу невистини, објави српското издание на регионалниот телевизиски канал N1.Во разговор за националниот канал РТС, Дачиќ ги негираше наводите во резолуцијата, особено во врска со однесувањето на полицијата. Според него, резолуцијата содржи бројни невистини.,,Ова е политички памфлет, а не сериозен документ“, изјави Дачиќ.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Приговори во 11 општини за изборите

Завршија роковите за поднесување приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето на локалните избори.ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни.„Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори. По приговорите ние денес, согласно дневниот ред, а ако не стигнеме денес, евентуално утре ќе постапуваме и ќе одлучуваме. По таквите одлуки подносителите имаат право на тужба до Управен суд, информира претседателот на ДИК Борис Конадрко.Тој информира дека оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив ДИК денеска објавува конечни резулатати за завршено гласање во прв круг за избор на градоначалници. „Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страна на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип”, рече Кондарко.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска, која утрово на социјалните мрежи напиша дека одговорноста за состојбата со ѓубрето низ Скопје е кај кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Советот на Градот и управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“.Од партијата нагласуваат дека сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со претпријатието биле усвоени од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ја обвинуваат градоначалничката дека измислува криза за политичка корист.„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаа за сите одлуки предложени од страна на Арсовска, а кои беа поврзани со ,,Комунална хигиена”.Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на претпријатието не е изгласана од советниците?“ стои во реакцијата.Од партијата додаваат дека тврдењето на Арсовска дека проблемот е намерно создаден е површна, неточна и нелогична.„Зошто ВМРО-ДПМНЕ во сред изборна кампања би го ставило Скопје во ѓубре, ако се знае дека товарот и негативата ќе одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ? Арсовска треба да одговори зошто не се собира ѓубрето и што се прави со парите кои граѓаните уредно ги плаќаат“, стои во соопштението од партијата.Тие побараа да се испита и кривичната одговорност на надлежните за хаосот со сметот, оценувајќи дека зад него стои тајна коалиција која четири години ја поддржуваше Арсовска.„Ова го прави некој што сака да наштети на ВМРО-ДПМНЕ во изборна кампања. Ќе дојде крајот на ова и ќе има одговорност“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-library037322h8vt3r5RDEYYM

(Видео) Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка

Група граѓани се собраа на протест пред седиштето на Државната изборна комисија, а меѓу нив беше и Суат Шаќири, победник и најверојатно прв градоначалник Албанец на општина Чашка.Иствремено се одлучуваше по пет жалби поднесени до ДИК за процесот на гласање во Општина Чашка. Од нив, четири се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, две за Горно Јаболчиште и една во Долно Јаболчиште. Една жалба во селото Мелница е поднесена од партијата СДСМ.Приговорите се за процесот на гласање, односно не работела биометриската опрема, а се гласало преку списокот на избирачкото место.

Македонија | пред 5 месеци

dozd-1

Поројни дождови од вечерва, дневни температури до 22 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.Од вечерва се најавува можност за поројни врнежи, но и дневни температури до 22 степениВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarye596tspq6s2p4vmvQaa

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Проблемот со несобраниот смет во Скопје не е само естетски и технички, туку претставува сериозен здравствен ризик за граѓаните, предупредуваат експертите. Контејнерите преполни со отпад станаа извор на храна за глуците и стаорците, што создава идеални услови за нивно брзо размножување, јавува Телма.Микробиологот д-р Никола Пановски за Телма изјави дека, доколку надлежните не реагираат итно, ситуацијата може да излезе од контрола.„Ужас, ова го немало ни во најцрните сценарија од учебниците што ги гледавме како студенти – тоа било 16-17 век кога не можело да се собере ѓубрето. Голема среќа е што времето е релативно ладно. Замислете да беше 37 степени – идеално за бактериите и мувите кои пренесуваат разни цревни заболувања, бактерии и вируси,“ предупреди Пановски.Тој додава дека глодарите лесно можат да навлезат во домовите, особено во неурбанизирани делови од градот каде што има изобилство на отпад и остатоци од храна.„Ако чекаме втор круг на избори, па жалби и одлуки, ќе дојде 10 ноември. За тие 20 дена стаорците може да се размножат толку брзо што за еден месец може да има дури 10.000. Тие сега ќе имаат храна, ќе останат на ѓубриштево ако не се превземат превентивни мерки. Ако не се исчисти градот, кога конечно ќе се собере ѓубрето, тие ќе немаат храна и ќе навлегуваат по домовите, кујните и шпајзовите,“ предупреди Пановски.Лекарите апелираат на итна реакција од надлежните служби, бидејќи одложувањето на чистењето на градот може да доведе до сериозна здравствена криза и ризик од ширење на зарази.

Македонија | пред 5 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Глушец каснал дете на игралиште во Капиштец

Десетгодишно дете било каснато од глушец на игралиште во скопската населба Капиштец, додека си играло со други деца.Според лекарскиот извештај за каснувањето на детето му била раскрвавена раката. Инцидентот се случува во време кога Скопје се соочува со криза со подигањето на ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага. Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryg4ljt4m26uod6GExmhs

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на Алсат телевизија.Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема победа на локалните избори досега, како и дека претставува мотив за да се продолжи со посветена работа и во иднина. Пратеникот Милошоски додаде дека во вториот круг очекува уште една голема победа и посветеност за оправдување на довербата којашто ја добиваме од граѓаните.„Ние овие локални избори ги споредуваме со локалните избори во 2021 година. Имаме пораст и во бројот на добиени советници и во бројот на добиени градоначалници. 2021 година освоивме 22 градоначалници, а сега имаме 33 градоначалници, наспроти тоа, ги имаме ДУИ со освоени само 3 градоначалници, СДСМ само 3 градоначалници и ВЛЕН како коалиционен партнер со освоени 5 градоначалници“, рече Милошоски во интервју на Алсат и додаде:„Сметаме дека како владина коалиција ја добиваме повторно поддршката којашто ни е потврдена и на локално ниво“.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи денеска изврши претреси на повеќе локации низ Скопје. Претресите се спроведени по обезбедени судски наредби и се дел од истрага за кривични дела лихварство и перење пари, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според обвинителството, отворена е истрага против 12 лица и едно правно лице. Деветмина од осомничените се товарат дека, како соизвршители или помагачи, организирале криминална група која од 2022 година давала заеми со високи камати од 5% до 15% месечно, барајќи од жртвите враќање на долговите со имот или пари, често под закана или притисок.Полицијата утврдила дека паричните средства добиени од лихварството биле внесувани во банкарски и готовински текови, со што се прикривало нивното нелегално потекло. На тој начин, осомничените стекнале противправна имотна корист од над 125 милиони денари, кои ги користеле за луксузен живот, купување имот и трансакции со други физички и правни лица.Јавниот обвинител најави дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе предлози до судот за мерки за обезбедување присуство на осомничените лица.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo6l0a0plns8geBmvtIx

Василевска: Гласот за Орце Ѓорѓиевски е глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот Скопје

Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата Аргумент+ на телевизија 24.Пратеничката Василевска посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно  што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори.„Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и суштинска, бидејќи е докажан и којшто помина низ повеќе филтри на докажување и оттаму сум сигурна сум дека многу скоро навистина ќе почнеме да функционираме малку попристојно, нели не може преку ноќ да се случи се, но она што го очекувам  е дека ќе имаме подобрување во тој дел“, вели Василевска.Василевска  ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски, за уште една голема победа и оправдување на довербата која што ја добиваме од граѓаните.„Македонските граѓани  масовно да излезат на вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, гласот за Орце Ѓорѓиевски ќе значи глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот“, рече Василевска.

Македонија | пред 5 месеци

Gerasimovski-vo-360

Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryieo3aaf5fg127Sj0fII

Средба на Николоски и Димитриеска Кочоска со Тим Рид: Го потврдуваме стратешкото партнерство, следат конкретни чекори за реализација на проектите од Договорот Влада со Влада

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ.На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји.На Македонија се ставени 6 милијарди евра на располагање преку УКЕФ за реализација на капитални проекти кои треба да го подржат севкупниот развој на државата и треба да донесат додадена вредност во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката и животната средина.Како што потеницираше вицепремиерот Николоски, покрај финансискиот дел, исклучителна е подршката на Велика Британија во насока на пренесување на експертски знаења и искуства и технологии во реализација на крупните проекти предвидени со партнерскиот договор Влада со Влада.Притоа вицепремиерот Николоски ја истакна огромната посветеност на Владата во реализација на инфраструктурните проекти кои се опфатени во првата фаза со Договорот, со посебен фокус на брзата пруга и инвестициите во изградба на нови болници.На средбата се прецизираа идните активности во однос на соработката меѓу двете земји, користење на финансиските средства и подршката во реализација на проектите.Вицепремиерот Николоски го потврди стратешкото партнерство истакнувајки дека Велика Британија е силен подржувач на Македонија во нејзиниот развој, со добри политички и трговски односи и можност за нови партнерства преку нови инвестиции.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Претрес со Ландов се емитува во живо од Кочани седум месеци по трагедијата во дискотеката во Пулс во која загинаа 63 лица.Во третиот дел од Претрес говорат Клаудија Николова, координатор во „Супорт Кочани“, дефектолог, Јорданчо Ефтимов, преживеан од „Пулс“, волонтер и Марко Димитријев, дел од „Супорт Кочани”.Во поткастот една од мајките рече дека нејзиниот син не е загинат туку убиен, а сестра која го загуби братот бара правда а не сожалување.Преживеаниот Јорданчо Ефтимов се потсетува на кобната вечер.Ноќите се тешки и му навираат тешките мисли. Ако говори вели, му олеснува.„Беше сурово тешко но мора да продолжиме. Сега се чувствувам добро, задоволен сум од медицинската нега. Третманот за лузните ќе трае долго. Имам трет степен на изгореници и трансплантирана кожа”, вели Ефтимов, кој покажа како изгледа неговата рака по 7 месеци. На сите 5 прсти има изгореници и трансплантација на кожа. На лицето има лузни кои ги лекува со креми.Марко Димитријев вели сите тука тагуваме и се тешиме.Клаудија Николова смета дека ова е процес кој не завршува.„Не револтира кога некој ќе каже дека ова е проект. Не ова е живот, мора да имаме емпатија сите.Јавноста треба да сфати каква е состојбата”, вели Николова.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarybee4hv4mnots2x8bFER

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило"

Во есенскиот период доминантна активност е редовно собирање на суви лисја во градски парк и другите зелени површини.Се реализира тековно есенско одржување -оформување на крошните и кратење на гранки од дрворедите по ул.,,Димитар Влахов" и ул.,,Партизанска", со што се обезбеди непречено минување на пешаците.Се режат ружите во градскиот парк и на тој начин се подготвуваат да блеснат со својата убавина за следната пролет.Се уредуваше зеленилото околу детските игралишта на ул.,,Радојца Новичиќ" и ул.,,Булевар Туристичка", како и отстранување на дива вегетација околу речно корито вдолж ул.,,Мирка Гинова".Редовно косење на тревни површини на улици:,,7-ми Ноември", ,,Ариф Мустафа" и ,,Аџи Мустафа", како и отстранување на ниска вегетација од тротоари вдолж ул.,,Булевар Туристичка".

ОО | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Во вториот дел од Претрес со Ландов, кој се емитува во живо од Кочани, за нивната болка и трагедијата говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.За нас како семејства, вели Светлана низ долзи времето не лечи ништо.„Болката за нашиот Андреј боли и не минува.Тој е убиен во дискотеката на ужасот.Не ми е се уште јасно што се случило, но сигурно не му е пружена помош.Не беше изгорен, само му требало кислород.Оставам на господ”, вели Светлана.Таа говори за поранешниот градоначалник на Кочани Ратко Димитровски, кој седел во кафуле со родител на повредено дете додека тие имаа протестен марш со слики од загинатите чеда.Побаравме други мерки од Обвинителството за обезбедување за Димитровски, кој е еден од обвинетите.Не знае дали проработи свеста кај надлежните.Во првите денови рекоа да не помислуваат политичарите да дојдат и да го бараат нивниот глас„ Повеќето од познатите и роднините веќе не ни се јавуваат.Мислев за мене животот е завршен, иако имам ќерка за која мора да живеам”, низ солзи говори мајката на Андреј.За снимката на која се гледа како кандидатот за градоначалник Венко Крстевски, слави со трубачи и лепи пари, Светлана вели:„Животот за секого продолжува но зарем со трубачи и лепење пари мораше да слави.Себичноста и злобата ги видовме. Нашите деца ништо нема да ги врати, се надевам да се појави мојот Андреј на вратата.Сакам да верувам дека е некаде отиден и ќе ни се врати”.Тие ќе го следат судењето.Розета Блажева не може да го преболи братот и не може да разбере како немаат некои човечност. Не верува во правда.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymc6esn341thq49hHKDa

(Видео) Супорт Кочани: Ни се закануваат бидејќи ја говориме вистината

Гости во Претрес со Ландов, кој вечерва се емитува во живо од Кочани се родители на починати, преживеани и со хероите на градот.Од Супорт Кочани укажуваат на проблемите со кои се соочуваат, на несоодветниот однос на новата директорка на болницата која дури и врти глава од нив, иако има и пожртвувани медицински лица.Политичарите велат политика тераат.„Ние имаме дури и закани бидејќи многу сме зборувале, а ние ја говориме вистината”, велат од Супорт Кочани.Во вториот дел од Претрес за нивната болка и трагедијата ќе говорат Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов и Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов.

Македонија | пред 5 месеци

media-library3c6tq1rv06ne39Dso0j

(Видео) Хероите од Кочани: Сѐ се сведува на пропаганда и политизирање

Претрес со Ландов, вечерва во живо од Кочани.За трагедијата и состојбата отворено говорат родители на загинатите, преживеани и хероите што не молчат. Во Кочани и по седум месеци кога во пожарот во дискотеката Пулс загинаа 63 лица, има болка и револт.Во првиот дел од Претрес говорат Ана Вучева, една од преживените од пеколот. Таа е дел од маркетинг тимот на „Супорт Кочани”, Иван Ивановски, иницијатор за основање на „Супорт Кочани” и Дарко Стоилов, претседател на здружението.Не сакаат да кажат кој им задал нож во грбот, имаат проблеми, но секогаш одат напред за решавање на проблемите.„На Кочани не му требаат ветувања и големи пари, туку добро образование, здравство и настани. Најверојатно не не разбираат. Се сведува се на пропаганда и политизирање”, вели Иван.Ана сака да има позитивна енергија и дружба во центарот. И дава надеж дека ќе почне процесот за да се добие правда.Од повредените дел се добро, но има повредени со ампутирани делови, со тешки изгореници и ќе им требаат трансплантации и помагала.Дарко говори за девојка која била сместена во Систина и на која и требале средства за трансплантација, бидејќи треба да се набави од странство.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања