Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

struja-1

Дел од Бутел денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат објектите на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение Скопје, лоцирани во општина Бутел.Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-21.12.43

Ѓорѓи Галетановски: „Чомбе не се повлече од партијата, туку од функцијата – вредностите и пријателствата се вечни“

Поранешниот директор на Зоолошката градина и долгогодишен член на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, преку објава на социјалните мрежи реагираше на, како што вели, дезинформации и шпекулации во јавноста по неговата оставка од функцијата претседател на Градската организација на СДСМ – Скопје.Во објавата, Галетановски посочува дека никогаш не барал партиски позиции, туку ги прифатил исклучиво од чувство на одговорност.„Чомбе никогаш не молел да биде претседател на Градската организација на СДСМ, ниту да биде кандидат за советник. Функциите му беа понудени и тој ги прифати со чувство на одговорност. Минатата недела по првиот изборен круг поднесе оставка — без патетика и без театар за внимание, туку од лични и морални причини,“ напиша Галетановски.Тој нагласува дека никогаш не бил на платена државна функција, освен во периодот кога бил директор на Зоолошката градина, именуван од тогашниот градоначалник на Скопје, со, како што наведува, „најниска директорска плата во градските институции – 42.000 денари“.„Никогаш не извршував владина функција, ниту во времето на Заев, ниту на Ковачевски,“ потенцира тој.Галетановски додава дека не се збогатил преку партијата, не користел функции за лична корист и никогаш не побарал позиција во друга политичка партија.„Пред една година, коалициски партнер од власта ми понуди директорска позиција под услов јавно да се откажам од СДСМ. Во присуство на сведок ја одбив понудата. Исто така, пред осум месеци ми беше повторно понудено раководното место во Зоолошката градина, но и тоа го одбив,“ открива Галетановски.Во својата објава тој потенцира дека секогаш бил критичар на локалната власт заради, како што вели, уништувањето на Скопје, и најавува дека ќе продолжи да го прави тоа без разлика која власт е на функција.„Ќе продолжам да критикувам секоја власт што не работи во интерес на скопјани,“ порача тој.Галетановски, познат по својата јавна активност во поддршка на младите, правата на животните и граѓанските иницијативи, истакна дека не се повлекува од партијата, туку само од функцијата.„Чомбе не беше кандидат за Скопје, ниту носител на листа, ниту шеф на штаб. Се повлече од функцијата, не од партијата. Функциите не се вечни, но вредностите и пријателствата се. Ќе останам достапен на истиот телефонски број и ќе продолжам да придонесувам за младите, угостителството, правата на животните и јавниот интерес,“ напиша Галетановски.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Грабежи во ГТЦ и Чаршијата – осомничениот го фрлил пиштолот во Вардар

Јавното обвинителство – Скопје соопшти дека е поведена истрага против 25-годишен жител на Скопје, осомничен за две кривични дела „разбојништво“ според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, првото разбојништво било извршено на 15 август годинава во просториите на фирма за брзи кредити во Градскиот трговски центар (ГТЦ).Осомничениот, влегол во објектот и седнал на столче за странки, а кога вработената го прашала колку пари сака да подигне, извадил пиштол и ѝ наредил да ја отвори касата. Исплашена за својот живот, вработената ја отворила касата и му ги дала сите пари — 60.500 денари, по што тој избегал.Само три дена подоцна, осомничениот на сличен начин извршил и второ разбојништво во друга филијала на истото правно лице во Старата скопска чаршија. Со закана со пиштол го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари.Потоа, според истрагата, го фрлил оружјето во реката Вардар од Камениот мост и избегал во непознат правец. Некое време бил недостапен за полицијата, бидејќи побегнал во Хрватска.„Со оглед на тоа што постои ризик осомничениот повторно да се даде во бегство и можност да го повтори делото, обвинителството побара од судијата на претходна постапка да му биде определен притвор“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало.„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после прв круг на локалните избори дојде ненајавен исплашен во паника и нормално го примив, велам што е работата Стевче, вели те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка. Јас го гледам и велам немој, непријатно ми е, сепак си човек во години не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме. Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после. Велам Стевчо, имам едно барање до тебе сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани. Вели не ме интересира ништо само народ да ме обели. Заврши состанокот се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој била знае ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај, што да бирам му викам, па кои се за тебе. Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.Мицкоски на крај кажа за каква личност станува збор опишувајќи го актуелниот градоначалник на Карпош.„После тоа разочаран, бидејќи истото тоа го потврдија и нашите советници во советот му кажаа не благодарам, почна да го напаѓа мојот родител, па потоа мојата сопруга, па да го навредува мојот постар син за да на крај се скара и со помалиот син. Ете за таква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември и масовно да гласаме за Сотир да го заокружиме бројот 9“ истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library0g0nlu9615ph9USSMi3

Мицкоски : На 2 ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и напредок.„Денес сум овде како човек кој го поминал својот живот тука во овие улици тука низ Карпош, како карпошанец и како таков сакам да кажам неколку работи коишто сметам дека се важни да се кажат. На овие локални избори народот јасно и гласно кажа која партија ја има довербата. После првиот круг ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 33 градоначалници плус кандидатите кои се во втор круг како првопласирани и 6 како второпласирани, тогаш доаѓаме до бројка од 59 општини. Во 58 општини коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и има мнозинство во советите. Ако на тоа се додаде и огромната предност која ја има Орце во однос на неговиот противкандидат којшто вчера видовте како на медиум јавно избегна да каже дали ќе ги поддржи кандидатите во Брвеница и Кичево на ВМРО-ДПМНЕ, тоа треба да се запомни, ние знаеме, но добро е скопјани да запомнат со какви измамници имаат работа. Затоа што еднаш измамник цел живот измамник. Честа се стекнува на улица и таму се учат работи кои во училиште не можеш да ги научиш, а меѓу нив е и честа и таа се брани на улица, но овој човек не само што не ја има таа чест туку тој има од кого да учи од неговиот ментор претседателот на таа политичка партија за која одамна вие знаете за каков измамник станува збор, тие луѓе ја изгубија својата чест и ја немаат“ нагласи Мицкоски.Мицкоски од Карпош повика на масовна излезеност и поддршка за број 9, за Сотир Лукровски и Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје„Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје убедливо победи во однос на сите други советнички листи, што значи имаме вкупно 60 општини во кои ВМРО-ДПМНЕ победи на овие локални избори во првиот круг. Јас сум убеден дека и после вториот круг ќе имаме 59 градоначалници плус Градот Скопје“ истакна Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 и Сотир Лукровски во Карпош, за развој и напредок.

Македонија | пред 5 месеци

media-library9jeq5vufepm7364octb

Лукровски: Завршуваат старите практики кои беа штетни за карпошани, време е да се реалзираат проекти во интерес на граѓаните

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Карпош, на којшто истакна дека следува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека  ќе завршат старите практикии кои биле штетни за карпошани, потенцирајќи дека време е да се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.„Знаеме колку  паркови се претворија во згради, знаеме колку непринципиелни договори и колку криминални ДУП-ови видовме“, вели Лукровски и додаде:„Овие избори се референдумски за нас карпошани. На овие избори, карпошани мора да се решат дали ќе стават крај на досегашните практики и ќе избереме луѓе со визија, со нов концепт, а се за подобро на нашите деца“.Лукровски ги повика граѓаните во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за историска победа и развој на општина Карпош.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynbttsfo1nuvt6BJu0NY

Ѓорѓиевски: Промените во Карпош ќе се случат со Сотир Лукровски

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од маалската средба во општина Карпош и порача дека со поддршка на Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, Карпош и Скопје конечно ќе расчистат со нефункционалноста на јавните претпријатија. Тој најави дека веднаш по изборите ќе следува акција за чистење на градот во првите 72 часа, стабилизирање на работата на ЈСП и почеток на реализацијата на мостот Љубљанска, со цел воспоставување на поуреден и функционален град.,,Kарпош има шанса еднаш засекогаш да расчисти со остатоците од транзицијата, а тоа е со актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски. Нашата светла опција е од другата страна, а тоа е нашиот Сотир Лукровски, којшто ќе ги направи промените заедно со мене и во Скопје, но и во општина Карпош“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се соочува со целосен хаос и колапс на јавните претпријатија, а најголем проблем претставува нефункционалноста на Комунална хигиена и ЈСП Скопје. Тој додаде дека, и покрај ваквите услови и неактивноста на актуелниот градоначалник кој се занимава со самопромоција, заедно со Сотир Лукровски вложуваат максимални напори Карпош да биде почист и поуреден.,,Во Скопје имаме целосен хаос и колапс на сите јавни претпријатија. Но она најмногу што не мачи изминатиов период е нефункционалноста на комунална хигиена и проблемите кои што ги имаме со нефункционалноста на ЈСП Скопје. Изминатиов период дека со Сотир даваме се од себе, да колку толку се амортизираат состојбите, во услови кога комунална хигиена не функционира, во услови кога вашиот актуелен градоначалник овде изиграва инфлуенсер и оди на поткасти што сам си ги прави со договорени негови прашања, вашиот Сотир кој што е вистинската опција за Карпош од 6 часот и пред 6 часот цел изминат период, помага за Карпош да биде почист“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски најави дека веднаш по вториот круг од локалните избори, кога очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, прв приоритет ќе биде акцијата за целосно чистење на Карпош и Скопје во првите 72 часа.,,Во првата недела ќе имаме нормализирање на состојбите со ЈСП Скопје, но и ќе започнеме конечно да го откочуваме процесот за мостот Љубљанска да стане функционален, а вие да имате, нов начин на движење овде во Карпош“, кажа Ѓорѓиевски и додаде:,,Тоа ќе бидат нашите први чекори, а сето она што го имаме ветено во нашата предизборна програма, се обврзав за истото и одговорно стојам зад тоа дека во наредните 4 години ќе биде заеднички со Сотир реализирано овде во Карпош. И секако со поддршка на нашиот претседател, Христијан Мицкоски кој што изминативе година и пол покажа како се сакаат граѓаните, и покажа што значи кога премиерот и Владата стојат зад локалната самоуправа“.

Македонија | пред 5 месеци

media-library6qqfqm8lqdgr0BtquYD

Демир: Благодарност до сите ромски политички партии за поддршката во вториот круг, офанзива од инвестиции во пост изборен период во Шуто Оризари

Денес, на средба во Шуто Оризари, по потпишувањето на Декларацијата за заедничко делување, Ерџан Демир, кандидат за градоначалник за општина Шуто Оризари, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиуми ја изрази својата благодарност до сите ромски политички партии за одлуката да му ја дадат поддршката во вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори за 2025 година, а во насока на испорака на подобри услови за живот на граѓаните на Шуто Оризари.„Голема благодарност до сите ромски политички партии, коишто одлучија да ни се приклучат, да ни дадат поддршка во овој втор круг, се со цел да можеме да го постигнеме она што го посакуваме. На нашите сограѓани во Шуто Оризари му овозможуваме подобри услови за живот, да има инвестиции во Шуто Оризари како и во другите општини. Шуто Оризари да не биде заборавена општина како до сега, да може нашите сограѓани да бидат директно вклучени во работењето односно во носењето на одлуките на општината, на целата администрација, буквално да направиме една нова промена“, рече Демир.Кандидатот за градоначалник за Шуто Оризари од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Демир посочи дека неговите сограѓани ќе бидат вклучени како и во процесот на работа на самата општинска администрација, така и во процесот на донесување на одлуките и најави офанзива на инвестиции во пост изборниот период со кои општина Шуто Оризари идентично како што е тоа случај и во другите општини.„Во Шуто Оризари верувам дека после 2 ноември ќе следи една офанзива од инвестиции во нашата општина“, заврши Демир.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryjfbfv5tuvfma1cysqhw

Тричлено семејство загина во страотна сообраќајка во Белград

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во Нов Белград.Во несреќата загинаа три лица:татко, мајка и нивното дете. Загинатите се на 42, 38 и 9 годишна возраст, соопшти полицијата.Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил со босански регистарски таблички, управуван од Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, поминал низ раскрсница на црвено светло и удрил во возилото во кое се наоѓало семејството со голема брзина.Алкотестот покажал дека возачот кој го управувал возилото од кое загига семејството, Никола Ѓ. имал 1,17 промили во крвта. Тој ќе се товари за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај од член 297 став 2 од Кривичниот законик.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryfs5a7b1j4mche7hqNUJ

На 63-годишна возраст почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Агим Јонуз за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.Јонуз беше активен во политочкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfblk4mahrdkablQSReM

Герасимовски заедно со граѓаните, младите и хигиеничарите го чистеа Центар

Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и  хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет. Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе локации на ул. „Васил Ѓоргов“, Капишец, Дебар Маало, Градски Парк, просторот кај Олимписки базен, кадешто се собраа огромни кеси со смет.Тој, истакнува дека кризата со хигиената трае повеќе месеци и континуирано апелирал комуналното претпријатие да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност, но тогаш ЈП „Комунална хигиена“ испраќала деманти дека чисти според утврдена динамика. „Недозволиво е ова што му се случува на Центар, но и на градот Скопје. Сите скопски општини се преплавени во смет поради неажурноста на градската власт. Од утринава, граѓаните и млади лица се вклучија во акцијата кадешто сите заедно со нашите хигиеничари ја чистиме нашата општина. Во чистењето вклучена е целата механизација на општината и ПОЦ, а направиме и план со мерки за справување со кризата. Од денеска е започнато дератизацијата во основните училишта и градинки, предвидено е да трае во следните неколку денови. ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Мора да се направи и дератизација во сите згради, а вонредната дератизација е во тек кадешто во 1980 шахти се фрла сертифициран препарат. Им благодарам на сите граѓани кои се активираа и помогнаа, упатувам апел до компаниите да ни помогнат со механизација, камиони и логистика“, рече Герасимовски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynitnpmtp25v96k9jqwW

Ѓорѓиевски: Скопје се чисти за 72 часа, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска гостуваше кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој на самиот почеток истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо.„Јас одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо“, рече Ѓорѓиевски и додаде:„Од надмудрувања граѓаните во 21 век немаат основни хумани услови за живот, тоа нема да го дозволам јас во мојот мандат. Во Кисела Вода можете да ги прошетате сите населби, последната инвестиција ни е водоводна мрежа во населено место Стаклара каде претходно направив канализација, секаде каде недостасуваше подземна инфраструктура ја решив, нема населено место без вода за пиење и без подземна инсталација. Што подразбира тоа, 30 години требало да поминат за да дојдам јас и да го завршам тој процес“.Ѓорѓиевски истакна дека во план е набавка на 50 камиони за чистење отпад, 30 машини за перење на улиците како и 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во самиот процес на чистење.„Јас кога ќе влезам во градот Скопје ќе видите какви непродуктивни трошоци имало изминатите четири години, за првите 72 часа она што граѓаните треба да го очекуваат е да има околу 50 камиони за чистење на отпад, триесетина машини за перење на улиците и околу 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во процесот. Многу ми е едноставно во оваа кампања аргументирано да говорам затоа што имам нешто сработено позади себе, а тоа нешто е многу сериозен успех за се што сме постигнале четири години во Кисела Вода, еден од тие успеси е транспарентноста“, дециден е Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypsdu0q9447uq4Tmi6El

Од ноќва зимско сметање на времето

Во 3 часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето. Часовникот ќе се врати еден час наназад, односно ќе биде 2, а денот ќе трае еден час подолго.Промената на времето беше воведена за да се заштедат трошоците за електрична енергија преку оптимално искористување на дневната светлина во текот на пролетните и летните месеци, кога дневните часови се подолги. Сепак, експертските пресметки покажуваат дека ефектот е незначителен.Промената на времето има и позитивни и негативни ефекти, а кај повеќето луѓе адаптацијата трае помеѓу 2 и 5 дена.Европската Унија предложи укинување на промената на часовникот во 2018 година, но досега не е постигнат договор.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycoks9fujmj1vb7TWkzq

Македонските производи од 1 јануари поскапи поради Европската „јаглеродна такса“

Европската такса за емисија на јаглероден диоксид Европската унија ќе ја воведе од 1 јануари 2026 година.Оваа такса ќе ги поскапи македонските производи, што значи дека директно ќе влијае на крајната цена на македонските извозни производи, посочуваат од Македонската асоцијација на метална индустрија (МАМЕИ). За конкурентно прилагодување ќе бидат неопходни поволни зелени кредити.,,Цената ќе биде оптеретена и тоа е домино ефект што ќе се одрази на сите нивоа. Сепак, нашите компании веќе подолго време се подготвуваат и размислуваат како да се справат со новите обврски,“ изјави претседателката на МАМЕИ, Марта Наумовска-Грнарова.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска најави дека следната недела во земјава ќе пристигне Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, за да се разговара за деталите околу примената на механизмот.Иако новата европска регулатива ќе претставува дополнителен финансиски товар за македонските извозници, таа во исто време може да биде поттик за модернизација на индустријата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf8crv55o063m8aMg0ya

Тентов: Време е во Дојран да ја заокружиме промената што ја започнавме на 19 октомври

„Дојран е скапоценост на Македонија, но таа скапоценост мора повторно да биде препознаена. Ни треба развој, ни треба визија, обединување, а тоа може да го направиме заедно“, вели Илија Тентов, кандидат за градоначалник на општина Дојран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот настан одржан во Дојран.Тентов истакна дека со поддршката од Владата, во Дојран ќе се реализираат проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните.„На 2 ноември гласате за иднината на вашите деца, за нашето вековно езеро, за урбанизиран Дојран, почисти улици, подобар туризам, за поголеми инвестиции, за вистинска шанса младите да останат овде, во својот дом“ рече Тентов.Тентов ги повика граѓаните обединето да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор за сигурна иднина и развој на Дојран.„Време е да ја потврдиме победата, време е да покажеме дека Дојран стои цврсто, обединет и достоинствен. Време е да ја заокружиме промената што ја започнавме. На 2 ноември да излеземе масовно, да ја подигнеме главата гордо и да гласаме за бројот 9. За работа, за сигурност, чесност и достоинство, за иднина. Да гласаме за Дојран што ќе блесне како никогаш досега“, истакна Тентов.

Македонија | пред 5 месеци

media-library418url5l3o1e7Qyydml

Камчев: Реконструкција на водоводната мрежа и изградба на модерни забавни паркови за децата во Валандово

„Ви благодарам на поддршката којашто ја добивме во првиот круг. На 2 ноември одиме на голема победа за Валандово, за целата општина, за сите населени места“, истакна Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник на општина Валандово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој се обрати од денешниот настан одржан во Валандово.Камчев истакна дека во наредните 4 години ќе се реализираат важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Валандово. Тој најави реконструкција на водоводната мрежа во сите населени места како и изградба на забавни паркови за децата во сите населени места.„Ќе имаме можност да ја реализираме програмата, да го реализираме она што го ветуваме уште пред првиот круг, да ја реконструираме водоводната мрежа во сите населени места, да изградиме модерни забавни паркови за децата во сите населени места, да направиме еден вистински развој на општината, да ја придвижиме економијата“, вели Камчев.Камчев им се заблагодари на граѓаните за постигнатиот резултат во првиот круг и ги повика во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9 за развој на општина Валандово.

Македонија | пред 5 месеци

image-169785

Поради ризик од зарази: воведени итни мерки за чистење, дезинфекција и заштита на граѓаните

Министерството за здравство ги објави итните мерки и препораки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во врска со актуелната состојба со отпадот во Скопје, со цел спречување на можни заразни заболувања и заштита на населението.Граѓаните се повикуваат да ја одржуваат личната хигиена, да користат ракавици, маски и дезинфициенси при ракување со отпад, да го фрлаат отпадот совесно и само на означени локации, да ги затвораат капаците на контејнерите и да избегнуваат физички контакт со отпад или со исцедок од него. Се препорачува внимателност при шетање миленици и избегнување на застојана вода, како и заштита на сите лица кои професионално доаѓаат во контакт со отпад.Меѓу итните мерки Министерството бара итно отстранување на насобраниот отпад, вклучувајќи расфрлани ѓубришта во близина на болници, училишта, паркови и детски игралишта. Предвидени се вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција, како и поставување физички бариери каде што отпадот не може веднаш да се исчисти.Се препорачува редовно празнење на контејнерите најмалку еднаш дневно, нивна дислокација подалеку од јавни простори и обезбедување заштитна опрема и задолжителна вакцинација за работниците во комуналните служби.Институтот за јавно здравје воведува и засилен епидемиолошки надзор со фокус на заболувања како лептоспироза, дијареи и зоонози, а граѓаните ќе бидат едуцирани преку јавни кампањи за хигиена и препознавање симптоми на можни инфекции.Како долгорочни решенија, Министерството предлага интегриран систем за управување со комунален отпад, редовна едукација за селекција на отпадот, воведување казни за несовесно одлагање и вклучување на локалните заедници во решавањето на проблемот преку програми за наградување и рециклирање.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycu3jqpnduu0a4WoRjlQ

Мицкоски: Важно е да излезете да гласате, ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобро утре на секој еден граѓанин, гласајте за 9

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Конче, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.„Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција сакам да потенцирам и да биде јасно дека ќе се бориме за секој еден човек и дека никој нема да оставиме, дека нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека на овие избори има три опции. Првата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората е опцијата за оние кои 7 години ја ограбуваа и уништуваа државата и третата опција која според Мицкоски е најлоша да останат гласачите дома или да го направат ливчето неважечко и затоа ги повика граѓаните да излезат и да одлучат за нивната иднина.„Вие сте тие на кои ви должиме се, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, доаѓа од народот и затоа поддршката од народот нас ни е најважна кога велам најважна за да ги совладаме предизвиците дома за да победиме и во Конче за да имаме повисока цена на тутунот за да имаме повисока цена на пиперките за да имаме подобар живот, услови но истовремено вашата доверба ја прават нашата позиција многу посилна надвор. Затоа што не е доволно само да победувате дома ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, организација, и ја има честа да ги штити националните интереси на македонскиот народ. Затоа ни е потребна таа поддршка за да можеме да победуваме како што победуваме во Лондон во Рим, Брисел и насекаде во светот, без тоа се плашам дека ќе се вратиме во времето од пред 2 години кога беше друга влада која имаше две цели како да се наплати во политиката на грбот на народот, која брутално ги ограбуваше македонските граѓани и влада која не бираше средства како да го распродава националниот интерес и како да ја распродава Македонија, тоа беа 7 години, затоа ни е потребна вашата поддршка за да не се случува тоа што се случуваше. Затоа да излеземе и на 2 ноември да гласаме за број 9“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryer1sv307gkdl6XzKmi8

Ристов: Конче продолжува да се гради и развива паралелно со сите големи општини во Македонија

Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во општината, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Тој се осврна на темите за младите во општината, инфраструктурата, како и неговата програма како кандидат за градоначалник на општината, која како што вели тој е изготвена да одговори на потребите на граѓаните кои живеат во општина Конче.,,Во мојата  работа како градоначалник, секогаш се водев од потребите на месното население, ги слушав вашите предлози, заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места.  Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и  уредна средина“, рече Ристов и додаде:,,Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.,,Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.,,Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.,,Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryldte5ggr76q17y1Ii8Z

МВР: Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица- Делчево поради сообраќајна несреќа

„Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од М.С.. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а патот Македонска Каменица- Делчево е затворен за сообраќај во двата правца, а возилата се пренасочуваат по околните патишта“, велат од МВР

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryeqejo6ucausr2vkI3Mx

Огромна покер-превара во САД: користеле НБА ѕвезди и очила со ренген

Американските власти открија голема мафијашка покер-превара во која учествувале славни личности, професионални спортисти и богати коцкари. Жртвите биле измамени за најмалку 7 милиони долари во незаконски партии на Texas Hold’em, користејќи висока технологија — ренген маси, скриени камери, означени карти и специјални очила и леќи што ги „читаат“ картите.Меѓу уапсените се членови на криминалните семејства La Cosa Nostra, тренерот на Портланд Трејл Блејзерс Чонси Билапс и поранешниот НБА-играч Дејмон Џонс. Шемата, според ФБИ, оперирала во Њујорк, Мајами и Лас Вегас од 2019 година, а дел од заработката се користел за финансирање мафијашки активности.Жртвите, нарекувани „риби“, биле привлекувани да играат со познати личности, не знаејќи дека целата игра е наместена – од дилерите до технологијата. Соработниците тајно комуницирале преку сигнали и криптирани пораки за да ги контролираат резултатите.ФБИ соопшти дека оваа сложена измама „предизвикала хаос низ целата земја“, комбинирајќи слава, технологија и мафијашки структури за да ги ограби најбогатите играчи.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb5ikok0pd0200SjKd6M

Активистите кои ја прекинаа воената парада во Загреб добија казни од 3000 евра

Општинскиот прекршочен суд во Загреб осуди четворица активисти затоа што се обиделе да ја прекинат воената парада по повод одбележувањето на акцијата „Олуја“. Тие ја прескокнале оградата, легнале пред воените возила облечени во облека полеана со црвена боја и биле отстранети од полицијата.Судот оцени дека со тоа „на особено дрзок и непристоен начин го нарушиле јавниот ред и мир“ и „го оскверниле сеќавањето на загинатите бранители“. Тројца добија по 3000 евра казна, а една активистка 700 евра.Нивната адвокатка тврдеше дека станувало збор за уметничко-протестен перформанс со кој сакале да изразат несогласување со милитаризацијата и национализмот, но судот оцени дека јавноста не го препознала тој чин како протест, туку како навреда на свеченоста.

Свет | пред 5 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Собрани 3 големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери, интензивно го расчистуваме сметот во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека хигиеничарите на општината со целата механизација при денешното чистење собрале 3 големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери откако ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт потфрлија и направија колапс и криза со хигиената во Скопје.„Интензивно чистиме во сите населби во Центар! Од рано изутрина, почнавме со чистење позади Капиштец, Водно, продолжуваме на повеќе локации во Дебар Маало, Кочо Рацин, Пролет позади Даре Џамбаз. Дел по дел, маало по маало, го расчистуваме целиот смет. Работиме во две смени, со активираност на целата механизација со која располагаме. Изминатава година постојано апелиравме за хигиената, но ги засукавме ракавите и чистиме и онаму кадешто општината нема надлежност, затоа што граѓаните заслужуваат чисти улици и празни контејнери без смет”, вели Герасимовски.Тој, информира дека ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад.„Реализираме нов начин на дистрибуција и депонирање на сметот. Викендов спроведуваме дератизација во училиштата и градинките. Во тек е вонредна дератизација, кадешто во сите 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, но потребно е да се изврши и дератизација во сите згради. За тоа, организираме средба со сите управители на згради и куќни совети. Ја подигнуваме хигиената на повисоко ниво. Им благодарам на сите хигиеничари кои со натчовечки напори целиот овој период го чистат и хаосот на градската власт која го преплави Скопје во смет”, истакнува Герасимовски.Тој, ги повика компаниите да помогнат со механизација, камиони и логистика, ова е момент кога треба да се покаже општествена одговорност и солидарност.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryb1gmm8dp3d4cceHQJ5a

Љутков: По седум години започнуваме со нови културни инвестиции за заштита и промоција на културното наследство

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во посета на Општина  Виница во која по цели седум години институционално запоставување, ќе  се започне со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата.  Со тоа како што рече Љутков покажуваме дека и помалите општини  заслужуваат системска поддршка и внимание, особено кога станува збор за заштита и промоција на културното и историското наследство.На археолошкиот локалитет Виничко Кале, каде е откриено едно од најзначајните богатства на македонската археологија со ретка уметничка и духовна вредност, познатите теракотните икони,  министерот најави почеток на голем проект за истражување, конзервација и ревитализација на локалитетот.„Во 2026 година Министерството за култура и туризам, преку своите институции: Националниот конзерваторски центар и Археолошки музеј од   Скопје заедно со локалниот Музеј „Теракота“ од Виница, ќе започне со реализација сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста“, рече Љутков.Целта е, како што истакна министерот,  Виничко Кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми во овој дел на државата. Тоа не значи само зачувување на наследството, туку и нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации.Во Виница Љутков ќе ги посети и сите локални институции од областа на културата, каде Општина Виница, во изминатиот период, вложи значителни средства и напори во обнова на културната инфраструктура. Завршена е реконструкцијата на киносалата, која доби нов покрив и фасада, а целосно е обновена и Сината сала при Домот на културата „Тошо Арсов“ – простор кој денес повторно живее со настани, концерти и театарски претстави.Министерот Зоран Љутков вечерва во Виница ќе присуствува и ќе се обрати и на творањето на фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryv2jast3rci54ba5k0OO

(Видео) Отруени кучиња во близина на училиште во Кичево, граѓаните згрозени: Паѓаа пред нас, имаа пена на устата

Кичево е во шок по грозоморен настан што се случи вчера утрото, кога во непосредна близина на едно основно училиште биле пронајдени отруени десетина улични кучиња.Очевидци раскажуваат дека сцената била морничава – мртви кучиња имало на патот и во дворот на училиштето. „Невиден хорор, умрени кучиња насекаде. Паѓаа пред нас, со бела пена на устата. Среќа што децата не беа на училиште. Некој намерно одбрал неработен ден, за да нема гужва. Ова е страшно и не смее да се повтори,“ изјави еден од жителите кој прв ја забележал случката.Граѓаните се згрозени и бараат итна реакција од надлежните институции. Велат дека иако со години се соочуваат со опасности од уличните кучиња, ваков чин на насилство е неоправдан и нечовечен.Вработените од Комуналното претпријатие биле повикани попладнето, околу 17 часот, за да ги отстранат телата на животните, откако на социјалните мрежи се појавиле снимки од местото на настанот. Бидејќи денот бил неработен, претпријатието не работело во утринските часови.Проблемот со уличните кучиња во Кичево е долгогодишен и растечки. Минатата година Комуналната редарска служба изброила околу 500 кучиња скитници на територијата на Општината.Општина Кичево годишно издвојува околу 20.000 евра од буџетот за третман и контрола на бројот на бездомни животни – преку стерилизација, вакцинација и нивно враќање на местото од каде што биле заловени.Според граѓаните, единствено трајно решение за проблемот со уличните кучиња е изградба на стационар за нивно згрижување. Тие апелираат сторителот на овој грозоморен чин што поскоро да биде откриен и казнет, а надлежните институции да преземат мерки ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања