Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Мециновиќ: Прашањето за мигрантите мора да се отвори со факти, а не со хистерија и ксенофобија

Амар Мециновиќ, во гостување на ТВ24, оцени дека прашањето за евентуален договор меѓу Македонија и Велика Британија за таканаречените „third country hubs“, односно преземање мигранти, е премногу сериозно за да се третира со дневнополитички напади, манипулации и создавање јавна паника. Тој нагласи дека јавната дебата мора да се води трезвено, со факти и аргументи, а не со, како што рече, хистерија која лесно преминува во ксенофобија.„Благодарен сум што конечно ја отвораме темата на место каде што може да се разговара со факти, без произволни политички заклучоци“, изјави Мециновиќ, додавајќи дека дел од опозициските партии, пред сè СДСМ, наместо аргументирана анализа, се обидуваат да собираат политички поени преку страв и паника. Според него, таквиот пристап е популистички и опасен, бидејќи директно задира во ксенофобични наративи.Мециновиќ посочи дека не тврди оти договор меѓу Македонија и Велика Британија веќе е потпишан, но дека постојат сериозни индиции дека разговори се водат. Тој оцени дека додека македонските власти даваат апсолутни негирања, британската страна преку медиуми и неофицијални политички канали остава впечаток дека постои интерес за ваков модел. Како пример, ги наведе изјавите од Косово, каде политичари отворено зборувале дека би прифатиле ваков договор со Лондон, што, според него, укажува дека Македонија не е изолиран случај.Најголемиот проблем, според Мециновиќ, не е само можноста за ваков договор, туку начинот на кој Владата го третира стратешкиот договор со Велика Британија во целина. Тој оцени дека договорот е нетранспарентен и недостапен за јавноста, иако станува збор за документ кој веќе создава значителен финансиски товар за државата. Според него, токму оваа нетранспарентност ја отвора вратата за шпекулации, недоверба и страв кај граѓаните.Тој потенцираше дека не смее да се прават паралели со мигрантската криза од 2015 и 2016 година, бидејќи тогашниот геополитички контекст бил сосема поинаков, со војни, експанзија на ИСИС и масовни бегалски бранови од Блискиот Исток и Африка. Денес, според него, се зборува за поинаков модел – лица кои би биле одбиени за азил во Велика Британија и за кои меѓународното право не нуди јасна и прецизна категорија.Мециновиќ предупреди дека прифаќањето такви лица отвора сериозни правни ризици за Македонија. Тој потсети дека меѓународното право забранува враќање на бегалци во земјите од кои доаѓаат, што го наметнува прашањето што би правела државата со лица кои не можат да бидат ниту вратени, ниту легално интегрирани. Според него, ваков модел може да доведе до сложени правни и административни лавиринти, но и до потенцијална кривична одговорност за оние што би го потпишале договорот.На крајот, Мециновиќ порача дека токму затоа оваа тема мора да се отвори со факти, целосна транспарентност и сериозна институционална дебата, а не преку политичка хистерија која, како што нагласи, создава страв, поделби и ксенофобија во општеството.

Македонија | пред 3 месеци

f11f401d-4958-43a5-b018-f261c802fa7a

Спасовски: Македонија не смее да прифати мигранти што нема каде да ги врати

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека Македонија не смее да стане држава која ќе спроведува азилски постапки за друга земја, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема да може да ги врати во нивните матични држави. Во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 Телевизија, тој предупреди дека разговорите за евентуално сместување мигранти во земјава носат сериозни, пред сè безбедносни ризици.Според Спасовски, Македонија нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло на мигрантите, што значи дека дел од нив би останале трајно на територијата на државата без правна можност за враќање. Како пример за потенцијалните безбедносни предизвици, тој посочи дека неодамна група мигранти од Египет го демолирале транзитниот центар во Табановце, што, како што рече, покажува колку чувствителни и сложени се овие процеси.Осврнувајќи се на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека додека е на функција нема да има бегалски кампови, Спасовски оцени дека и без класични кампови може да се создадат бегалски населби со мигранти, што повторно го отвора прашањето за безбедноста и контролата.Тој потсети дека прифатните центри „Винојуг“ во Гевгелија и Табановце функционираат од 2015 година и дека тогаш бил изменет Законот за странци со воведување рок од 72 часа за транзит на мигрантите. Во тој контекст, Спасовски ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2018 година биле договарани нови прифатни центри за мигранти во Македонија.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf9i7co1odmop2ErwpFp

(Видео) Поранешната специјална обвинителка Јанева излезе на слобода

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која издржуваше седумгодишна затворска казна во казнено-поправната установа „Идризово“, од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот.Таа беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, а во казната и беше пресметано и времето поминато во притвор.Јанева беше осудена во предметот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски, кој доби подолга затворска казна за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.По апсењето на Јанева, Специјалното јавно обвинителство беше укинато со поддршка на сите парламентарни партии, додека дел од предметите продолжија во редовното обвинителство. Камчев во предметот „Империја“ призна вина и се спогоди, издржувајќи пократка затворска казна.Случајот „Рекет“ сега е пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.Последното јавно појавување на Катица Јанева беше во „Претрес со Ландов“, каде отворено кажа дека додека е зад решетките и пречи што се зборуваат невистини и се води црна кампања против неа. Раскажа како го поминува слободното време, но и како се прилагодила во казнено-поправната установа.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Детали: Авионот кој заврши во Мавровско Езеро е стар повеќе од 60 години

Авионот кој вчера принудно слета во водите на Мавровското Езеро е идентификуван како Piper PA-28-160 Cherokee, мал спортски авион произведен пред повеќе од шест децении. Според официјалните документи од Федералната управа за авијација на САД (FAA), леталото е регистрирано под американски ознаки и го носи регистарскиот број N5005W, што значи дека формално припаѓа на американскиот цивилен воздухопловен регистар, иако летало над македонското небо.Увидот во јавниот регистар на цивилни воздухоплови во САД покажува дека официјален сопственик на авионот е Дукаѓин Манџука, регистриран со адреса на живеење во Риџфилд Парк, односно сојузната држава Њу Џерси. Сертификатот за регистрација на леталото на ова име е издаден на 21 мај 2021 година и, според податоците на FAA, важи до 2028 година. Американската регистрација со буквата „N“ е вообичаена практика за голем број приватни авиони кои летаат и над европскиот воздушен простор.Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“ со историска и колекционерска вредност. Авионот е произведен во 1961 година, а неговиот сериски број е 28-6, што претставува исклучително низок број и укажува дека овој примерок е еден од првите воопшто произведени модели од серијата PA-28. Опремен е со клипен мотор од серијата Lycoming O-320, еден од најпознатите и најдокажани мотори во лесната авијација. Иако е стар повеќе од 60 години, во американскиот регистар леталото има статус „Valid“, што значи дека ги поседувало сите потребни административни дозволи за летање согласно американските прописи.Несреќата во водите на Мавровското Езеро, која за среќа заврши без човечки жртви, повторно го сврте вниманието на јавноста кон моделот Piper Cherokee, кој со децении важи за еден од најраспространетите и најкористените авиони во светот. Според техничките податоци и кодот на транспондерот Mode S (A63D0C), станува збор токму за Piper PA-28-160 Cherokee, модел што е особено популарен за обука на пилоти и за приватно, рекреативно летање.Овој авион, произведен од американската компанија Piper Aircraft, првпат полетал во раните 1960-ти години и често се нарекува „работен коњ“ на спортската авијација. За разлика од Cessna 172, кој е висококрилец, Piper Cherokee е нискокрилец, со крила поставени под кабината, што му обезбедува стабилност во лет и добар ефект при слетување. Неговата едноставна конструкција и робусност го направиле омилен меѓу пилотите, особено во авио-школите.Авионот е придвижуван од четирицилиндричен мотор Lycoming O-320 со 160 коњски сили, кој важи за еден од најсигурните клипни мотори во авијацијата. Целосно металната конструкција е дизајнирана да издржи груби слетувања и интензивна употреба, а во случај на отказ на моторот, Piper Cherokee има солидни едриличарски способности, што му овозможува на пилотот контролирано да го насочи леталото кон принудно слетување.Според првичните информации, токму откажувањето на моторот е причината поради која авионот завршил во водите на Мавровското Езеро. Фактот што пилотот и патникот успеале безбедно да го напуштат леталото укажува дека слетувањето било контролирано. Иако нискокрилната конфигурација може да претставува дополнителен предизвик при слетување на вода, цврстата структура на кабината очигледно одиграла значајна улога во заштитата на лицата во авионот.Истрагата за точните причини за инцидентот продолжува, но засега е јасно дека во несреќата учествувал редок и историски примерок на еден од најпознатите модели на „Piper“, авион со кој израснале генерации пилоти и кој, кога е соодветно одржуван, важи за безбедно и доверливо летало.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4p2o4v47ehtd2h9cefj

Жени добија оштета од фармацевтски гигант, бебешка пудра им донела рак на јајници

На фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“ му е наложено да исплати вкупно 40 милиони долари отштета на две жени кои тврдат дека долготрајната употреба на бебешка пудра со талк придонела за развој на рак на јајници.Поротата на Вишиот суд во Лос Анџелес донесе одлука со која на Моника Кент ѝ се доделени 18 милиони долари, додека на Дебора Шулц и нејзиниот сопруг им се досудени 22 милиони долари. Според пресудата, компанијата со децении била свесна за потенцијалните здравствени ризици од производите на база на талк, но не ги информирала потрошувачите за можните последици, пренесува британски „Гардијан“.Од „Џонсон и Џонсон“ најавија дека ќе поднесат жалба. Потпретседателот задолжен за судски постапки, Ерик Хас, изјави дека компанијата очекува пресудата да биде поништена, нагласувајќи дека, според нив, доказите не ја потврдуваат врската меѓу талкот и ракот.Според судските документи, на Моника Кент ѝ бил дијагностициран рак на јајници во 2014 година, а на Дебора Шулц во 2018 година. Двете жени сведочеа дека користеле бебешка пудра од брендот „J&J“ повеќе од четири децении. Тие изјавиле дека поминале низ сериозни медицински интервенции, вклучително и обемни хируршки зафати и повеќекратни циклуси хемотерапија.Адвокатот на тужителите, Енди Бурчфилд, во завршниот збор пред поротата изјави дека компанијата уште во 1960-тите години имала сознанија дека производите со талк можат да бидат поврзани со појава на рак, но, како што рече, тие информации биле намерно сокривани од јавноста.Одбраната на компанијата, пак, тврди дека нема релевантни научни докази кои ја потврдуваат причинско-последичната врска меѓу употребата на талк и ракот на јајниците. Адвокатката Алисон Браун истакна дека тужбите се темелат на тврдења кои не се поткрепени со валидни и прифатени научни студии.Според судските поднесоци, „Џонсон и Џонсон“ во моментов се соочуваат со повеќе од 67.000 тужби поврзани со нивните производи од талк. Компанијата и понатаму тврди дека нејзините производи се безбедни и дека не содржат азбест, но во 2020 година престана да продава бебешка пудра на база на талк на американскиот пазар.

Магазин | пред 3 месеци

a50e5fa0-b3e6-4eef-ba41-d73b39a8aa95

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Спасовски дозволил незаконски профит и ја загрозил безбедноста на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на адреса на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, тој ја загрозил преку институционална негрижа и непостапување согласно законските обврски.Од партијата наведуваат дека за станицата за технички преглед во општина Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но и покрај тоа, Спасовски не донел решение за одземање на овластувањето во законски предвидениот рок. Според нив, ваквото одложување траело цели три месеци, период во кој техничкиот центар продолжил со работа и, како што тврдат, остварил незаконски профит од околу 5,5 милиони денари, односно приближно 90.000 евра.ВМРО-ДПМНЕ посочува дека пропустот е уште посериозен ако се земе предвид дека автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој беше вклучен во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица, техничкиот преглед го извршил токму во оваа станица во Сарај. Според обвинувањата, лиценцата на техничкиот центар била одземена дури три дена по трагедијата, што отвора сериозни прашања за навременоста и одговорноста на институциите.„Дали трагедијата можела да се спречи доколку Спасовски постапел навреме? Дали постоел некаков договор со фирмата поради кој била игнорирана законската постапка? И дали одземањето на лиценцата по несреќата било обид за задоцнета реакција поради чувство на вина?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата оценуваат дека станува збор за тешки институционални пропусти кои не смеат да се повторат и нагласуваат дека јавноста има право да знае кој бил одговорен за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а не ја извршувал таа должност.ВМРО-ДПМНЕ бара целосно расчистување на случајот и утврдување на индивидуална одговорност, потенцирајќи дека правда и одговорност мора да има, особено кога станува збор за прашања поврзани со човечки животи и јавната безбедност.

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

СДСМ: Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека постои план за мигранти

Од СДСМ тврдат дека постоењето на план за примање мигранти во Македонија не го откриваат само британските и светските медиуми, туку дека тоа јасно може да се прочита и од јавните настапи и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две недели.Според СДСМ, првиот индикатор е одбивањето на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат предложената Резолуција. Од партијата велат дека со една јасна одлука на Собранието граѓаните би можеле да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има, но дека владејачкото мнозинство тоа го одбива. „Ако нема скриена агенда, Резолуцијата досега ќе беше потпишана“, порачуваат од СДСМ.Како втор аргумент ја наведуваат изјавата на премиерот Мицкоски дека „до пролет“ нема да има мигранти. Според СДСМ, ваквата формулација отвора прашање што ќе се случи потоа и дали по изборите се остава простор за нивно носење.Трето, од СДСМ посочуваат на изјавата дека нема да има „нелегални мигранти“, оценувајќи дека тоа, според нив, значи дека евентуално планираните лица би биле третирани како „легални“, со вклучување на пазарот на труд и сместување.Понатаму, СДСМ ја проблематизира и најавата на Мицкоски дека одлуките за ова прашање треба да се носат на локално ниво, од страна на општините, наместо во Собранието како највисок државен орган. Според нив, избегнувањето на централна одлука отвора сомнеж за постоење скриена намера.Како дополнителен аргумент, од СДСМ ја наведуваат изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат врска со азиланти и мигранти, оценувајќи дека на тој начин статусот на мигрантите би се преименувал во „економски работници“.На крај, од СДСМ реагираат и на изјавите на министерот Андоновски, кој посочил дека СДСМ и Венко Филипче немаат право да критикуваат бидејќи во минатото гласале за прифатни центри. Според СДСМ, ваквите тврдења се обид за дефокусирање од клучното прашање – одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која, како што велат, е единствено целосно решение.„Ова се сите аргументи зошто Резолуцијата не се потпишува“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

filipce-51

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот, а со Заев планирал мигрантски камп во Бардовци

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес „глуми загрижен патриот“ по прашањето за мигрантите, иако, како што велат, во времето на владеењето на СДСМ и Зоран Заев активно се работело на носење и населување мигранти во Македонија.Според партијата, токму Филипче и тогашниот премиер Заев имале јасна партиска и државна политика за прифаќање мигранти, кои, како што наведуваат, претставуваат сериозен проблем во повеќе европски земји.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС не само што бил подготвен да прифати мигранти во Скопје, туку дека во 2018 година Владата предводена од Заев усвоила и конкретен план за изградба на мигрантски камп во Бардовци. Како доказ, посочуваат дека одлуката е објавена во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци.„Филипче гласал и туркал проект за мигрантски камп во Бардовци, а денес се обидува да се претстави како противник на мигрантите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДС и Филипче сега, според нив, шират конструкции и приказни и покрај тоа што, како што наведуваат, повеќе институции и британскиот амбасадор демантирале дека Македонија ќе прима мигранти од Велика Британија.Од партијата прашуваат колку мигранти СДС и Филипче биле подготвени да примат во тој период и каква корист очекувале од таквите политики. Во соопштението се поставуваат и прашања дали актуелните настапи на Филипче се обид да се прикрие сопствената улога во, како што тврдат, договори за носење мигранти.„Наместо да шират паника и да конструираат приказни, СДС и Филипче треба да се посветат на реформирање на сопствената партија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, според нив, „единствените мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои ја напуштаат партијата и преминуваат во други политички субјекти“.

Македонија | пред 3 месеци

Sonce-pekol

Декември без вистинска зима – температури над просекот, без врнежи

Според најновите ажурирани метеоролошки прогнози, и во текот на целата наредна седмица Балканскиот Полуостров, вклучително и Македонија, ќе остане под влијание на изразен висок воздушен притисок – антициклон кој се протега од јужните делови на континентот. Ваквата синоптичка состојба ќе продолжи да носи стабилно, суво и невообичаено топло време за месец декември.Температурите ќе бидат натпросечни на целата територија на Македонија, како и во поширокиот регион и во голем дел од Европа. Наместо типични зимски вредности, ќе преовладуваат температури повисоки од климатската норма за овој период од годината.Во однос на врнежите, прогнозите покажуваат дека тие ќе бидат значително под просекот за декември. Времето ќе биде претежно суво, без појава на дожд или снег, како во Македонија, така и на поголемиот дел од Балканот.И покрај стабилното време, антициклонските услови ќе придонесат за честа појава на магла и ниска облачност по котлините, особено во ноќните и утринските часови. На некои места маглата може да биде погуста и подолготрајна, со пониски утрински температури и намалена видливост, додека на повисоките места ќе преовладува посончево и потопло време.

Македонија | пред 3 месеци

rusija-pozar

Украински дронови погодиле станбена зграда во Русија, има жртви

Две лица го загубија животот во текот на ноќта во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, соопшти регионалниот гувернер Роман Бусаргин.Во објава на Телеграм, Бусаргин информираше дека во нападот била погодена станбена зграда, при што, покрај двете жртви, има и неутврден број повредени лица.Саратов се наоѓа на реката Волга, на околу 625 километри од украинската граница, и во изминатите години повеќепати беше цел на напади со дронови. Нападите најчесто беа насочени кон локалната нафтена рафинерија и големата воена воздухопловна база во близина на градот.Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени вкупно 41 дрон, од кои 28 над територијата на Саратовската област.Информациите за нападот и за евентуалната материјална штета сè уште се дополнуваат, додека надлежните служби работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Свет | пред 3 месеци

italija

Италија застанува со Белгија, а тука е и Бугарија: Се кочи планот на ЕУ за користење замрзнати руски средства за Украина

Италија ѝ се приклучи на Белгија во спротивставувањето на планот на Европската унија замрзнатиот руски државен имот да се користи како основа за бескаматен заем за Украина, покажува интерен документ до кој дојде „Политико“.Интервенцијата на Рим, како трета најголема земја-членка на ЕУ според население и гласачка тежина, доаѓа помалку од една недела пред клучниот самит на европските лидери во Брисел и сериозно ги поткопува надежите на Европската комисија дека ќе успее да обезбеди политички договор за оваа иницијатива.Европската комисија настојуваше државите-членки да постигнат согласност на самитот на Европскиот совет закажан за 18 и 19 декември, со цел милијардите евра руски девизни резерви, кои се чуваат во белгиската финансиска институција „Еуроклир“, да ѝ бидат ставени на располагање на Украина за поддршка на нејзината економија разурната од војната.Белгија веќе подолго време покажува резерви кон овој план, стравувајќи од високи финансиски последици во случај на арбитражна пресуда во корист на Русија. До неодамна, Брисел немаше отворена поддршка од други земји-членки, но ситуацијата сега се менува.Според документот, Италија заедно со Белгија, Малта и Бугарија ѝ предлага на Европската комисија да разгледа алтернативни модели за финансирање на Украина во наредните години, наместо директно користење на замрзнатата руска имотна резерва.„Ги повикуваме Комисијата и Советот да продолжат со истражување и дискусија за други опции, усогласени со правото на ЕУ и меѓународното право, со предвидливи параметри и значително помали ризици, со цел да се одговори на финансиските потреби на Украина“, се наведува во документот на четирите земји.Како алтернатива се споменува таканаречениот „план Б“, кој би подразбирал заедничко задолжување на Европската унија за финансирање на Украина во наредниот период. Сепак, и ова решение носи сериозни предизвици. Критичарите предупредуваат дека таквиот чекор дополнително би го зголемил и онака високиот јавен долг на Италија и Франција, а би барал и едногласна одлука, што отвора можност за блокада од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан.Иако овие четири земји, дури и со евентуална поддршка од Унгарија и Словачка, немаат доволно гласови за да формираат блокирачко малцинство, нивното јавно противење значително ги намалува шансите Европската комисија да постигне политички договор веќе следната недела.Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, досега доследно ги поддржуваше санкциите против Русија, но владината коалиција што ја предводи е поделена кога станува збор за поддршката на Украина. Потпретседателот на владата, Матео Салвини, отворено го поддржа и планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.Во дополнителна критика, Белгија, Италија, Малта и Бугарија изразија скепса и кон идејата Европската комисија да ги користи своите вонредни овластувања за да ги измени правилата за санкции и долгорочно да ја задржи руската имотна резерва замрзната.Иако вчера гласаа за одлука со која се овозможува подолгорочно замрзнување на руските средства, тие нагласија дека тоа не значи автоматска согласност за нивно користење. „Ова гласање на никаков начин не ја прејудицира одлуката за евентуално користење на имобилизираната руска имотна резерва, која мора да биде донесена на ниво на лидери“, наведуваат четирите земји.Правниот механизам за подолгорочно замрзнување на имотот е дизајниран за да се намали можноста проруски влади во рамки на ЕУ, како оние во Унгарија и Словачка, во иднина да дозволат враќање на средствата во Русија.Сепак, Белгија, Италија, Малта и Бугарија предупредуваат дека ваквиот пристап носи „далекусежни правни, финансиски, процедурални и институционални последици“, кои, според нив, би можеле да одат многу подалеку од конкретниот случај со руската имотна резерва.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ смета дека одлуките поврзани со евентуален прием на мигранти во Македонија мора да се носат исклучиво во Собранието, а не на ниво на општини.Од партијата реагираат дека премиерот Христијан Мицкоски со денови одбегнува јасен одговор дали ќе ја потпише Резолуцијата со која граѓаните би добиле гаранција дека во Македонија нема да се примаат мигранти за финансиски надомест.„Наместо јасен одговор, секојдневно гледаме изговори. Сега Мицкоски најавува некакви локални иницијативи преку советници од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини. Зошто премиерот не го споменува Собранието, туку зборува за општини?“, прашуваат од СДСМ.Според опозицијата, Собранието е највисокиот орган на државата, составен од пратеници кои се директно избрани од граѓаните, поради што токму таму треба да се носат вакви клучни одлуки.„Резолуцијата е народен договор, затоа што пратениците имаат мандат од граѓаните. Собранието е над општините и единствено тоа може да донесе одлука што ќе важи на целата територија на Македонија и ќе спречи прием на мигранти“, наведуваат од СДСМ.Од партијата иронично додаваат дека „добро е што премиерот не најави иницијативи во месни заедници“, потенцирајќи дека ваквите прашања не смеат да се релативизираат.СДСМ уште еднаш го повикува премиерот Христијан Мицкоски јавно и недвосмислено да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата.„Одговорот е едноставен – ДА или НЕ. Не мора да му одговори на СДСМ, нека им одговори директно на граѓаните“, порачуваат од партијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryh2hjdlraf6tg2GbH8T7

(Видео) Пред да им упадне во студио, психијатрискиот случај им коментирал на „јутуб“

Коментари на „Јутуб“ додека траел поткастот „Тешки муабети“ биле претходница на упадот во студиото. Лицето Горан Спасов, кој е пациент во психијатриската болница во Бардовци, претходно коментирал јавно, по што водителот Александар Митoвски-Мечка реагирал.„Абе, Горан Спасов, абе слушај бе да ти кажам тебе една работа. Прееска те гледам ни слика си ставил, ни ништо. Еден follower, ме следиш само мене на инстаграм, те блокирав. Многу бе силен ти? Еве знаеш кај сум! Дојди! Лигур“, вели во реакција на коментарот.Кратко пред полноќ по упадот, подкастот во живо беше прекинат, а десет минути подоцна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, повторно се појави за да каже дека некој насилно влегол во студиото сакајќи физички да го нападне бидејќи го навредувал премиерот. Според него, била повикана полиција а против напаѓачот ќе следува кривична пријава.

Настани | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Нелегални покер-клубови и лихварство во Скопје: Осуммина уапсени за нелегални игри на среќа, лихварство и перење пари

Министерството за внатрешни работи информира дека во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е сузбиена организирана криминална група која подолг период делувала на подрачјето на Скопје, инволвирана во повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, лихварство, перење пари и неовластено приредување игри на среќа.Полициската акција била спроведена во текот на ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и Единицата за финансиски истраги, под раководство на јавен обвинител од ОЈО-ГОКК. Врз основа на наредби од Основниот кривичен суд Скопје, биле извршени претреси на 11 локации во Скопје и околината.При акцијата лишени од слобода се осум лица од Скопје, а при претресите биле пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 американски долари, повеќе мобилни телефони, компјутери и лаптопи, три патнички моторни возила, како и големо количество опрема за организирање игри на среќа – професионални маси за покер, чипови, карти и друга придружна опрема. Пронајдена била и растителна и прашкаста материја за која се сомничи дека е наркотична дрога.Од Обвинителството соопштија дека акцијата е резултат на неколкумесечна предистражна постапка. На една од локациите биле затекнати 14 лица кои во моментот активно учествувале во игри на среќа. По поднесените кривични пријави, јавниот обвинител донел наредби за спроведување на две одделни истражни постапки против вкупно осум лица.Во првата истражна постапка се опфатени шест лица за кои постои основано сомнение дека заедно со други, засега непознати лица, формирале организирана група која од февруари 2025 година до декември истата година континуирано и координирано организирала недозволено приредување игри на среќа без лиценца. Игрите се одвивале на најмалку три локации во Скопје, со однапред утврдени термини, правила, влогови и број на играчи. Осомничените обезбедувале играчи, ангажирале лица за делење карти, воделе каса за уплати и исплати и покривале трошоци за функционирање на нелегалните клубови. Се организирале игри како „омаха“, „покер“, „круг“ и „брич“, со што групата се стекнала со значителна противправна имотна корист.Во втората истражна постапка се опфатени три лица, меѓу кои и еден од осомничените од првата постапка. Тие се сомничат дека преку кривичното дело лихварство се стекнале со противправна имотна корист од 7.583.784 денари, која потоа ја пуштиле во легален оптек преку внесување готовина на свои банкарски сметки, трансакции преку трети лица и користење на средствата за купување недвижен имот, сервисирање кредити и финансирање на луксузен начин на живот. За кривичното дело перење пари осомничена е и сопругата на првоосомничениот.Јавниот обвинител, ценејќи дека постојат законски основи, до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерка ефективен притвор за седуммина од осомничените, додека за една осомничена ќе биде предложена мерка куќен притвор.Од МВР и Обвинителството најавуваат продолжување на истрагата и преземање на дополнителни дејствија со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Најмалку петмина обвинители не се согласуваат со обвинението за „Пулс“ кое го застапуваат, тврди Туфегџиќ

Обвинението за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ е сериозно проблематично и содржи суштински правни слабости, оценија адвокатите Владимир Туфегџиќ и Еленко Миланов во гостување на ТВ21. Според нив, концептот на обвинението е преширок и неправилно ги третира сите опфатени лица како соучесници, иако голем дел од нив во моментот на трагедијата немале ниту директна, ниту индиректна поврзаност со објектот во кој изби пожарот.Адвокатите сметаат дека ваквиот пристап не кореспондира со основните принципи на кривичното право, особено во делот на утврдување на индивидуална вина, причинско-последична врска и реална можност за влијание врз настанот. Според нив, невозможно е сите опфатени со обвинението автоматски да се третираат како дел од исто кривично дејствие, без прецизна и јасна правна аргументација за секој поединечно.Владимир Туфегџиќ посочи дека бројот на обвинители ангажирани во предметот е симптоматичен и, според него, не е показател за квалитет, туку за внатрешна несигурност во самиот обвинителен концепт. Тој направи споредба со Нирнбершкиот процес, каде што, како што рече, за судење за злосторства од светски размери биле ангажирани само четворица обвинители.„Во овој предмет имате 15 обвинители. Јас лично ги познавам сите и со целосна одговорност тврдам дека најмалку петмина од нив не се согласуваат со ваквиот концепт на обвинението. Тоа го знам, сигурен сум и стојам зад тоа. Но тие го чуваат тоа за себе“, изјави Туфегџиќ.И Еленко Миланов се согласи дека обвинението е поставено на климави правни основи, предупредувајќи дека ваквиот пристап може да доведе до сериозни последици не само за обвинетите, туку и за довербата на јавноста во правосудниот систем. Според него, доколку судот прифати обвинение без јасно утврдена индивидуална одговорност, тоа ќе претставува опасен преседан во македонската судска пракса.Двајцата адвокати оценија дека предмет од ваков обем и тежина бара максимална правна прецизност, а не обид преку масовност и политичко-јавен притисок да се надоместат слабостите во истрагата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7gbf8oprhl2d4nlyiZi

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

Најубавите дела секогаш се оставаат за крај – токму така компанијата Mozzart ја завршува оваа година, со гест кој носи надеж и светлина. Во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид пристигна вредна донација – современ ортопедски трауматолошки борер, апарат кој ќе ја олесни работата на лекарите и ќе им овозможи на пациентите побрзо и поквалитетно лекување.„Нашата благодарност кон Mozzart е огромна. Оваа донација е од исклучително значење за нас – апаратот го скратува времето на операциите и го зголемува нивниот квалитет. Со гордост можам да кажам дека добивме една од најсовремените опреми, донација која ретко која компанија би можела да ја обезбеди,“ истакна директорот Харалампие Шокаревски.Оваа болница, единствена од својот вид во државата, е место каде што доаѓаат пациенти од сите градови. Токму затоа, значењето на донацијата е уште поголемо.„Горди сме што успеавме да ја реализираме оваа донација во болницата Свети Еразмо. Најубаво е кога годината ја завршуваме со дело кое носи добрина и надеж,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Mozzart ја започна 2025 со хуманост, а ја завршува на ист начин – со срце и грижа за луѓето. Со нови големи проекти, компанијата чекори со сигурност и подготвеност кон 2026 година, носејќи ја истата порака: хуманоста е најголемата победа.

Македонија | пред 3 месеци

ubistvo-noz

Обид за убиство во кумановски хотел: Маж нападнал жена со нож

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 84-годишен маж осомничен за обид да изврши кривично дело „убиство“, сторено од ниски побуди, со умисла, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Инцидентот се случил на 4 декември, во хотел во Куманово. Според обвинителството, осомничениот утрото искористил момент кога друг гостин ја отворил влезната врата и незабележано влегол во објектот. Потоа се упатил кон собата каде престојувала оштетената заедно со својот неподвижен сопруг.Кога жената го забележала пред собата и тргнала да ја затвори вратата за да го спречи да влезе, осомничениот извадил нож и ја удрил во пределот на главата. Во моментот кога ножот му паднал од рака, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да бара помош.На нејзините крици реагирал нејзиниот син, кој престојувал во соседната соба и успеал да го спречи напаѓачот да продолжи со нападот.По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Куманово му одредил мерка притвор на осомничениот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1afg7ejsjicj51zPDHr

(Видео) Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга

Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека е поднесена кривична пријава против С.М. (53) од гостиварското село Неготино – Врапчиште, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.Случајот се развивал од 9 декември, кога Ј.М. (34) од гостиварско пријавил дека неговата мајка, 53-годишната Х.А. од село Равен, се оддалечила од домот и не одговара на телефон. Пријавителот доставил и видео-снимки на кои се гледа дека на 7 декември таа влегува во патничко возило „фиат“, по што ѝ се губи трага.Дополнително, на камерите забележал и дека во ноќта меѓу 6 и 7 декември С.М. нелегално влегол во неговиот дом, пребарувал низ просториите и одзел пари.На 11 декември, во 02:15 часот, полицијата го лишила од слобода С.М. поради сомнение дека ја принудил исчезнатата Х.А. да го напушти домот и да замине со него.По понатамошни мерки и анализа на видео-материјал, било утврдено дека осомничениот дал лажен исказ во полициската станица. Од листингот на телефонски повици било потврдено дека Х.А. последен пат стапила во контакт со него токму на 7 декември.Со судска наредба бил извршен претрес во домот на С.М., по што од слобода била лишена и неговата сопруга Ѓ.В. (48).Во службен разговор со полицијата, Ѓ.В. ја признала вистината: нејзиниот сопруг со пиштол ја убил Х.А. и таа го посочила местото каде ја закопале.Полицијата, во присуство на јавен обвинител, веднаш извршила увид во атарот на село Неготино, каде било лоцирано и пронајдено телото на убиената жена. По наредба на обвинител, телото е предадено на обдукција.

Настани | пред 3 месеци

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во Централниот регистар стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик ги добива овие податоци од Царинската управа електронски во реално време, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што делуваме во насока на сузбивање на можни измами. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на заедничка прес-конференција со директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, на којашто беше промовирана ваквата новина во работењето.На годишно ниво се издаваа во просек од седум до девет илјади хартиени потврди за царински долг. Ова значеше пет до десет дена за обработка на секое барање, што за фирмите и граѓаните низ цела држава претставуваше административен товар. Сега, граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка.„Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот“, потенцира Николовски.Директорката на Централен регистар, Анита Стамнова вели дека успешно е завршена првата фаза од проектот за надградба на Едношалтерскиот систем со обезбедување на доказ за платени царински давачки по службена должност во постапките за упис на промена - пренос на удел.„Централниот регистар и Царинската управа остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии за овозможување на поедноставни и поефикасни услуги. Во оваа насока продолжуваме да ги развиваме нашите услуги и ги охрабруваме сите чинители во давањето на јавни услуги за бизнисите и граѓаните на меѓусебна соработка со цел имплементација на поефикасни електронски услуги, односно градење на функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на нашата држава“, истакна директорката на Централен регистар, Анита Стамнова.

Македонија | пред 3 месеци

media-library78l6eg5c2gb51aoQLmj

(Видео) Нов предлог како да се плаќаат казните од „Сејф сити“: треба да се внимава на позиционираноста на камерите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во „Претрес“ говореше за примената на системот „Сејф сити“ и потребата од негово континуирано подобрување. Тој истакна дека првите денови од имплементацијата покажале дека постојат бројни коментари од јавноста, по што е неопходно да се направи детална техничка ревизија.„Треба да се подобрува системот. Имаше доста коментари. Од технички аспект сметам дека треба да се внимава дали камерите се позиционирани како што треба, дали ги снимаат вистинските прекршоците, дали има проблеми со софтверот, како и безбедноста на тој софтвер – дали некој може да упадне во него“, изјави Андоновски.Според него, прецизноста на камерите и софтверската стабилност се клучни за да се избегнат неправилно изречени опомени или евентуални злоупотреби.Андоновски даде и конкретен предлог за начинот на плаќање на казните, со кој би се спречиле можни спам-напади или автоматизирани обиди за злоупотреба на системот.„Ние го користиме националниот портал услуги.гов.мк и сметам дека плаќањето на казните треба да биде преку тој портал. Гарантира кое е лицето, го гарантира начинот на плаќање, поврзани сме со банкарскиот систем на картички, така што не може да има злоупотреби. Тоа е мој совет“, посочи тој.Со оваа препорака, министерот укажува дека централизираното и дигитално плаќање е најсигурниот начин за контрола, транспарентност и спречување лажни трансакции.За многу работи нѐ засегаат, погледнете го разговорот тука:

Македонија | пред 3 месеци

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски откри дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преименува мигрантите во „економски работници“ за да ги сокрие договорите, вели СДСМ

СДСМ со остро соопштение реагираше на вчерашните изјави на Антонио Милошоски, тврдејќи дека со неговите зборови е „разоткриен“ планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија под изменет статус и ново име – „економски работници“. Според владејачката партија, тоа е дел од поширок проект, кој го споредуваат со моделот на претседателот Вучиќ во Србија.„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен“, се наведува во соопштението. Од СДСМ сметаат дека најавите од британските медиуми се само првиот сигнал, а дека вистинската потврда дошла лично од Милошоски, кој во интервју објаснил дека странските работници „немаат врска со мигранти и азиланти“.Според СДСМ, ова е суштината на планот:– мигранти ќе се внесат, но под нов статус,– ќе се третираат како „економски работници“,– ќе им биде овозможена работа, сместување и долгорочен престој.„Мицкоски зборува за ‘нелегални мигранти’, затоа што оние кои ги договараат ќе бидат ‘легални’. На тој начин ќе се претстават мигрантите за кои веќе се договориле“, наведуваат од СДСМ.СДСМ тврди дека во проектот се вклучени и финансиски интереси, посочувајќи дека планот содржи и „договор за кредит“, кој би бил компензиран преку прифаќање мигранти. Според нив, државата е во тешка финансиска состојба и со дупка од еден милијарда евра, а ВМРО-ДПМНЕ подготвува аранжман за мигранти после изборите во јуни.СДСМ тврди дека опозицијата одбива да ја потпише резолуцијата за недозволување мигранти во Македонија бидејќи веќе подготвува „редефиниција“ на терминот и план како тие лица да се внесат под друго име.„ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти“, се вели во реакцијата.Сите овие наводи, според СДСМ, претставуваат доказ дека ВМРО-ДПМНЕ има скриена агенда која ќе се активира по изборите. Владечката партија најавува жестока политичка битка:„Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“

Македонија | пред 3 месеци

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови, остри обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека тој свесно го одложувал затворањето на станица за технички преглед во Сарај и на тој начин им овозможил на нејзините сопственици да стекнат противправна имотна корист од околу 90.000 евра.Според опозицијата, Спасовски три месеци го држел во фиока решението за затворање на станицата – истата станица каде технички преглед поминал и автобусот на „Беса Транс“, во кој загинаа 45 патници во тешката несреќа во Бугарија.„Зошто Спасовски три месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата? Дали зад заштитата стои нешто друго?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека поранешниот министер го ставил својот потпис на решението дури три дена по трагедијата со „Беса Транс“.Според нивните пресметки, во периодот додека решението било стопирано, станицата заработила над 5,5 милиони денари, односно околу 90.000 евра.Опозицијата дополнително прашува колку потенцијално небезбедни возила ја поминале контролата во тој период и дали на тој начин била загрозена безбедноста на илјадници возачи низ државата.„Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи во државата. Јавното обвинителство треба веднаш да постапи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Партијата обвинува дека СДСМ, наместо да се огради од ваквите постапки, „ги штити криминалците во своите редови“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Пронајдено тело закопано во атарот на гостиварско Неготино, постои сомнеж дека станува збор за жена која е пријавена за исчезната

Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека во текот на ноќта јавен обвинител извршил увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде било пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Според првичните информации, постојат сомненија дека се работи за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции дека можела да биде противправно лишена од слобода.Обвинителот наредил итна обдукција и идентификација на починатото лице, како и прибирање траги и материјални докази од лице место. Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија, меѓу кои и обезбедување лица за кои постоеле сомневања дека се во врска со настанот.За едно лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел да се обезбедат докази и да се спречи можност за влијание врз текот на истрагата. Уште едно лице е задржано, а за него во моментов се вршат дополнителни проверки.По наредба на јавниот обвинител, истрагата продолжува со преземање активности за целосно расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со смртта на починатото лице.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Политички пресметки во Сарај: ВЛЕН тврди дека ДУИ оставила хаос, долгови и злоупотреби

Политичката платформа ВЛЕН објави остра реакција во која тврди дека Општина Сарај е доведена во финансиски колапс поради, како што наведуваат, долготрајни и неконтролирани трошоци на ДУИ. Според нив, по еден месец работа, новиот градоначалник Мухамед Елмази затекнал речиси четири милиони евра долгови, сомнителни договори и сериозен институционален неред.„Ова не е изолиран случај, туку модел на лошо владеење на ДУИ со години, секаде каде што имало власт без контрола и без отчетност. Сарај е најчистиот пример за начинот на кој ДУИ управувала со општините – без ред, без одговорност и со логика дека институциите се третираат како лични феуди“, соопшти ВЛЕН.Од платформата посочуваат дека општината практично започнува „од нула“ и дека новата администрација работи со фокус на финансиски ред, транспарентност и услуга за граѓаните. ВЛЕН најавува поддршка за секој чекор на градоначалникот Елмази насочен кон документирање на сите злоупотреби и нивно проследување до надлежните органи.„Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“, се наведува во реакцијата.Од ВЛЕН уверуваат дека граѓаните ќе ја почувствуваат разликата меѓу „хаосот и долговите што ги оставила ДУИ“ и она што тие го нарекуваат нов почеток – ред, одговорност и јавна служба.

Скопје | пред 3 месеци

media-library7lp0vduj5so29wiVItL

(Фото) Над 20 казни на „пластичарска“ каде елки се продаваат на тротоар, а улиците се паркинзи - постапки и за „Зимзоленд“

Град Скопје денеска реализираше обемна, координирана инспекциска акција со цел воспоставување ред, контрола и почитување на законските прописи на јавните простори низ градот. Во активностите учествуваа Градскиот инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи, а дел од мерките беа насочени кон двата проблематични пункта – улицата „Пластичарска“ и просторот на Зимзоленд.Од Градот информираат дека биле преземени конкретни мерки, изречени прекршочни казни и констатирани низа неправилности, со единствена цел да се заштити јавниот простор и да се обезбеди уредна и безбедна околина за сите граѓани.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи наведе дека се изречени повеќе од 20 казни на локацијата „Пластичарска“, каде екипите на ЈП „Градски паркинг“ отстрануваа неправилно паркирани возила кои го попречувале движењето и го нарушувале јавниот ред.„Нема отстапки, нема компромиси со хаосот“, порача градоначалникот, додавајќи дека сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани ќе бидат отстранети.По добиени пријави од граѓани, инспекторатските служби постапиле и на просторот на Зимзоленд. На лице место било утврдено дека Град Скопје нема издадено дозвола таму да се врши дејност, а забележани се и повеќе неправилности, особено вршење дејност надвор од објектот.Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, градските служби наложиле градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.Градоначалникот истакна дека Град Скопје ќе продолжи бескомпромисно да се бори против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор.„Овој град заслужува ред, а скопјани заслужуваат достоинствено, безбедно и уредено место за живеење. Редот е обврска. И ние ја исполнуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања