Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Се свикува кризниот штаб во Центар, ќе се носат мерки за сметот и опасноста од глодари и зарази

Герасимовски го свикува кризниот штаб, ќе се носат мерки за сметот и опасноста од глодари и заразиСостојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат со собирањето на сметот, стои во соопштението од општина Центар.Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот.,,Во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП ПОЦ продолжи со собирање на сметот и се работи во две смени. Акцијата продолжува секој ден”, стои во соопштението.

Скопје | пред 5 месеци

hrvatska

За достоинствен живот 1.050 евра минимална плата ќе предложи хрватски министер

Хрватскиот министер за труд, пензиски систем, семејна и социјална политика Марин Пилетиќ, најави дека Владата утре ќе донесе одлука за износот на минималната плата за 2026 година.„Нашиот предлог ќе биде дека сегашните 970, минималната плата следната година ќе биде 1.050 евра. Значи, тоа е зголемување од малку повеќе од 8 проценти за 2026 година“, рече тој, истакнувајќи ја хрватската економија како најзаслужено засегната во растот на платите во Хрватска.,,Хрватската економија заслужува раст на просечната плата во Хрватска. Ако Владата, преку своите реформи и зголемувањето на платите во државниот и јавниот сектор, придонесе за ова како најголем работодавач, ние сме уште позадоволни. Кога ја земаме предвид просечната минимална плата како дел од просечната плата, мора да се придржуваме до стандардот што го наметнува Европа како најразвиено општество, а тоа е дека за просечната бруто плата, соодветната минимална плата треба да биде 50 проценти”, продолжи тој.Тој рече дека луѓето треба да живеат соодветно и достоинствено од работа и плати.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Трамп воведе санкции против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Русија. Ова се први санкции во неговиот втор мандат, а се однесуваат на нафтените компании Лукоил и Роснефт. Со ова се покажа дека незадоволството на Трамп од рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина и е дел од новиот обид за ставање крај на војната во Украина.,,Единственото нешто што можам да го кажам е дека секој пат кога разговарам со Владимир, водам добри разговори, а потоа тие едноставно не водат никаде“, рече Трамп.Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе понатамошни чекори и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната на Русија во Украина, која започна во февруари 2022 година.„Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да ја заврши оваа бесмислена војна, министерството воведува санкции врз двете најголеми руски нафтени компании кои ја финансираат воената машинерија на Кремљ“, изјави министерот за финансии Скот Бесент во соопштението.,,Ги охрабруваме нашите сојузници да ни се придружат во почитувањето на овие санкции“, додаде тој.

Свет | пред 5 месеци

media-library0qvrddlntb7l1zMteUx

(Фото) Меџити му подаде рака на Димитриевски – Вреди ќе му се поддршка за вториот круг во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.Димитриевски информира дека од претставниците на коалициониот партнер Влен добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша тој.Кандидатот на ЗНАМ се заблагодари на сите кои, како што рече, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија, додавајќи дека заедно ќе продолжат „да го градат градот и да работат во интерес на Кумановчани“.Ова е втора јавна поддршка од страна на Влен, откако претходно Изет Меџити му подаде рака и на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош.

Македонија | пред 5 месеци

media-library096240g63qsvaHsKKr1

(Видео) Филмски грабеж стана туристичка атракција: понекогаш има редици пред прозорецот на Лувр

Во Париз денеска повторно е отворен Лувр, еден ден по големата кражба што го потресе целиот свет. Туристите со голем интерес го посетуваат музејот, а вистинска атракција стана прозорецот од каде што побегнале крадците кои во неделата, за помалку од седум минути, извршија филмски грабеж.Пред прозорецот каде што се случил бегството, се формираат редици – туристи прават фотографии, додека бројни новинарски екипи од странство емитуваат вклучувања во живо.Во меѓувреме, низ центарот на Париз постојано се слушаат сирени од полициски возила. Француските власти потврдуваат дека потрагата по сторителите сè уште трае и дека полицијата е мобилизирана на повеќе локации во и околу градот.Според медиумите, станува збор за една од најбрзите и најорганизирани кражби во историјата на музејот, што веќе доби епитет „филмска“. Музејот и покрај тоа денеска повторно ги отвори вратите, а интересот на јавноста е поголем од кога било.

Свет | пред 5 месеци

media-library6hvmph3fsk27aOYajMx

(Видео) Вучиќ: Нападот во „Чациленд“ е терористички чин со политички мотив

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нападот што се случи во импровизираниот камп наречен „Чациленд“ во белградскиот Пионирски парк, при кој беше ранет едно лице, има политички мотив и го оцени како терористички чин.„Мразата што ја поттикнуваат поединци од политиката и медиумите доведе до овој напад“, рече Вучиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека мотивот на напаѓачот е „недвосмислено политички“.Тој откри лични податоци за уапсениот и детали за оружјето што било користено, наведувајќи дека осомничениот со себе носел и канта бензин со намера да предизвика пожар. Вучиќ потоа нареди на јавноста да ѝ се прикажат снимките од ранувањето, апсењето и испрашувањето на осомничениот.„Желиме успешна операција и брзо закрепнување на господинот Богдановиќ“, рече Вучиќ, упатувајќи повик до своите приврзаници да се воздржат од собирања и одмазда, нагласувајќи дека „осветата никому не донела добро“.Инцидентот предизвика големо внимание во Србија, бидејќи станува збор за насилство во центарот на Белград и за инцидент што властите го карактеризираат како напад со политичка позадина.

Свет | пред 5 месеци

media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение реагираше на актуелната состојба во Град Скопје и однесувањето на градоначалничката Данела Арсовска, обвинувајќи ја дека градот се наоѓа на работ на колапс, додека таа „се занимава со театар и инфлуенсерство“.„Додека Арсовска се обидува да биде инфлуенсерка и троши време на јавни настапи, претпријатијата штрајкуваат, а вработените немаат плати“, стои во реакцијата.Од партијата додаваат дека иако нема да ја коментираат лично, посакуваат на градоначалничката добро здравје и „брзо опоравување од состојбата во која се наоѓа“. Според нив, „однесувањето на Арсовска е надвор од нејзината волја“ и покажува дека не се снајде со одговорноста што ја презеде.„Ова не е однесување кое доликува на дама, но веруваме дека ќе успее да се стабилизира. Мандатот, за среќа на сите, ѝ завршува“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението дополнително се нагласува дека Арсовска направила серија грешки, „создавајќи тензии и соработувајќи со најголемите бандити од ДУИ“, за кои, како што велат, „се зборува дека имаат влијание врз нејзиното однесување“.„Направивме грешка во проценката за неа, но тоа нема да се повтори. По нејзиниот мандат ќе следува детална ревизија на работењето во Град Скопје, за јавноста и институциите да видат кои се вистинските причини за проблемите“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_4703

Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против 16 физички и 7 правни лица, а уште девет лица се осомничени за дела кои ќе се гонат во скратена постапка.Осомничените се товарат за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и проневера во службата. Обвинителството испитува и дополнителни дела поврзани со несовесно работење, злоупотреба на службена положба, фалсификување и уништување на деловна документација.Според наводите, осомничените – меѓу кои се поранешната директорка, раководители и други вработени во болницата, како и управители на неколку фирми – свесно ги прекршувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Тие, преку договори за сервисирање возила, чистење, водовод, молерофарбарски услуги, обезбедување и реконструкција на инфективното одделение, како и преку незаконски исплати и измени на налози, предизвикале штета на буџетот на болницата од 42.726.978 денари.Обвинителството нагласува дека сомнежите се потврдени и со наоди од Државниот завод за ревизија, кој утврдил неправилности во начинот на склучување и извршување на јавните набавки.До судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување притвор за шестмина осомничени, а за останатите се предложени мерки на претпазливост.Оваа акција следува по координираните активности на Финансиската полиција и Обвинителството, кои во последните денови интензивно работат на расчистување на сомнежи за злоупотреби во јавните здравствени институции.

Македонија | пред 5 месеци

nino-vasev

Пациентки и роднини сведочеа во „Онкологија 1“: за еден сведок Нино Васев е „Господ“

На денешното рочиште за случајот „Онкологија 1“, сведочеа пациенти и роднини на лица кои се лекувале на Клиниката за онкологија. Една од оштетените, пациентка со дијагноза рак на дојка, изјави дека лекувањето го започнала во Виена, а потоа го продолжила во Скопје кај докторите Мери Пешевска и Нино Васев, при што нагласи дека не се приклучува кон кривичниот прогон против Васев.Во судницата сведочеше и ќерка на почината пациентка, инаку медицинска сестра, која рече дека мајка ѝ се лекувала 13 години на Онкологија и дека сите тие години ја следела терапијата. Таа нагласи дека не бара оштета и не се чувствува оштетена, додавајќи дека доктор Васев за неа е „Господ“.Како сведок се јави и друга пациентка, која исто така не се приклучи на кривичниот прогон и посочи дека терапијата ја примала според насоки на лекарите, со редовни контроли на срцето поради онколошката терапија.Во текот на рочиштето, обвинителката Ана Гоговска Јакимовска го презентираше материјалот од претресот во канцеларијата на Васев, при што биле пронајдени 22 кутии со ампули, лекови против гадење, „ерлотиниб“ за карцином на бели дробови, „метросант“ за рак на дојка и други медицински материјали, кои не смееле да се наоѓаат надвор од клиничката аптека.Обвинителството го терети поранешниот медицински директор д-р Нино Васев за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, а заедно со него се обвинети и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски.Судот денеска го прифати извештајот на техничкиот советник на обвинителството, д-р Милан Ристески, иако одбраната бараше негово изземање. Судот оцени дека нема основ за тоа, бидејќи Ристески од 2018 година не работи на Онкологија и моментално е ангажиран во приватна болница.Предметот „Онкологија 1“ продолжува, а во следните рочишта се очекува изведување на дополнителни докази и сведоци предложени од обвинителството.

Македонија | пред 5 месеци

apsenje-ubistvo-mavrvoka

Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на Министерството за внатрешни работи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје.Според Обвинителството, станува збор за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари, при што акцијата се одвива истовремено на неколку адреси.„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата“, информираат од Обвинителството.Акцијата е во тек, а по нејзино завршување се очекуваат официјални информации за бројот на приведени лица и запленетите материјални докази.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarydgr5l8hnqo7o7HHLCFl

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 општини – граѓаните масовно да излезат на гласање

СДСМ ја продолжува својата кампања пред вториот круг од локалните избори, каде што, како што соопштија, партијата се бори за победа во 17 општини низ земјата.„СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата на граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат и во вториот круг“, велат од партијата.Социјалдемократите испратија повик и до граѓаните кои во првиот круг гласале за други кандидати што не влегле во вториот круг – да ја дадат поддршката за нивните претставници.„Нашите кандидати се луѓе кои работат во интерес на сите граѓани, кои им служат на јавниот интерес, а не на партиски или лични привилегии. Имаат реални програми и планови за реализација на ветеното – за разлика од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои докажано не реализираат ништо од ветеното“, порачуваат од СДСМ.Пораката на партијата пред гласањето на 2 ноември е јасна – масовна излезност и поддршка за кандидатите на СДСМ како гаранција за чесна и одговорна локална власт.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryv569csl0tk2g6be9MOb

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажат со бројки – би имале 52 пратеници, ние најмалку 21

СДСМ со реакција на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата би освоила над 60 пратенички места доколку утре се одржат парламентарни избори. Социјалдемократите велат дека анализата на реалните бројки покажува сосема поинаква слика и дека опозициската партија се обидува да ги манипулира граѓаните поради страв од очигледниот пад на поддршката.„ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие падот, а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Прецизната математичка анализа покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ најмалку 21. Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот што го доживеаја по загубата на над 140.000 гласа“, велат од СДСМ.Оттаму додаваат дека падот на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека нивните, како што велат, „празни ветувања и лаги се веќе прочитани“, и дека граѓаните препознале дека политиките на СДСМ се насочени кон стабилност и реални решенија.„СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини. Ги повикуваме граѓаните масовно да излезат и да ги поддржат нашите кандидати во вториот круг – чесни и докажани луѓе кои уште во првиот круг покажаа дека имаат визија и капацитет“, порачуваат од партијата.Социјалдемократите заклучуваат дека „веселата математика“ на ВМРО-ДПМНЕ е само обид да се прикрие падот на поддршката и дека вистинските бројки ќе се потврдат на терен – од граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан тврди дека самитот меѓу Трамп и Путин не е откажан: „Подготовките се во тек“

И покрај тоа што најавениот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин e ставен на чекање, унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека подготовките за средбата продолжуваат, јавува Reuters.Орбан на својата официјална страница на Facebook напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто моментално престојува во Вашингтон и дека се работи на логистиката околу мировниот самит.„Подготовките за мировниот самит продолжуваат. Датумот сè уште не е познат. Кога ќе дојде време – ќе го одржиме“, напиша Орбан.Потсетуваме, средбата беше одложена откако Москва одби да се согласи со предлогот за моментален прекин на огнот во Украина, што го засени напредокот во дипломатските обиди за мир.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека инсистирањето на траен прекин на огнот е спротивно на претходните договори меѓу лидерите на двете земји постигнати на самитот во Алјаска. Тој предложи привремен прекин на огнот како чекор кон поширок мировен процес, повикувајќи ги европските партнери да го поттикнат Вашингтон да ја смени својата позиција.Од американска страна, Трамп изјави дека не сака да има „бесмислен состанок“, но додаде дека ситуацијата може да се промени во наредните денови и најави дека јавноста ќе биде „навремено информирана“.Претставник на Белата куќа потврди дека плановите за втор самит меѓу Трамп и Путин се привремено одложени по телефонски разговор меѓу државниот секретар Марко Рубио и Лавров, кој бил оценет како „продуктивен“.Орбан, кој според последните анкети заостанува пред парламентарните избори во 2026 година, е долгогодишен сојузник на Трамп и одржува блиски односи со Москва, што го направи контроверзна фигура во Европската унија поради неговите конфликти со Брисел и обвиненијата за назадување на демократијата во Унгарија.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryr5abr7uo4n2o2vszabc

Синот на Венко Филипче, Иво, отвори сопствен бизнис со облека

Иво Филипче, син на лидерот на СДСМ и доктор Венко Филипче заплива во бизнис водите. Тој отвори сопствен бизнис со регистрирана дејност - трговија на мало со облека. Според податоците, компанијата е основата денеска и од денеска почнува да работи.Фирмата е регистирана на адреса во скопски Карпош, а засега повеќе детали за неа не се познати. Иво Филипче ја основа фирмата пред еден месец односно на 22 септември. Годинава, синот на лидерот на СДСМ наполни 19 години.Низ годините Венко Филипче често објавуваше семејни моменти со Иво, притоа јавно му ги честиташе родендените и успесите. Иво Филипче засега има средна стручна спрема и е студент.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзано со нехигиената во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје ја проширува својата активност околу случајот со несобирањето на отпадот во главниот град. Оттаму за „Скопје1“ потврдија дека наредбите за проверки не се ограничени само на ЈП „Комунална хигиена“, туку можат да ги опфатат и други институции со надлежност во оваа област. До сето ова дојде откако Скопје повторно се „поплави“ во смет.„Наредбите за проверки се однесуваат на сите институции што имаат надлежност. Во прв момент тоа е ЈП Комунална хигиена, меѓутоа не е исклучено да бидат опфатени и други органи“, изјавија од Обвинителството, на прашањето дали во рамките на истрагата може да бидат опфатени и други институции како Град Скопје, со кој раководи градоначалничката Данела Арсовска, а кој е основач на претпријатието.Претходно, од ОЈО Скопје соопштија дека веќе постапуваат и преземаат дејствија за обезбедување докази за можни кривични дела поврзани со работењето на ЈП „Комунална хигиена“.Јавниот обвинител издал наредби до МВР и други надлежни органи за итно постапување и проверки, како и барања до комуналните инспекциски служби за спроведување вонреден инспекциски надзор и утврдување на моменталната состојба со собирањето и транспортирањето на отпадот.Со ова, истрагата влегува во поширока фаза, во која се очекува да се утврди дали пропустите во работењето на „Комунална хигиена“ и можната одговорност кај Град Скопје, како и дали има елементи на кривична одговорност.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

BBC: Трамп го губи моментумот во дипломатската офанзива за Украина

Изгледа дека извештаите за скорешен самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин биле претерани. Само неколку дена откако Трамп најави дека ќе се сретне со Путин во Будимпешта „за околу две недели“, состанокот е одложен на неопределено време, објави BBC.Претходно беше откажан и планираниот состанок на највисоките дипломати на двете земји. „Не сакам да имам бесмислен состанок. Не сакам да губам време“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, нагласувајќи дека состанок ќе се одржи само ако постојат реални предуслови за напредок.Ова е уште еден во серијата пресврти во неговите обиди да посредува во прекинот на војната во Украина — конфликт што трае речиси четири години. Американскиот претседател, кој неодамна успеа да постигне прекин на огнот и размена на заложници во Газа, се надеваше дека може да ја искористи истата стратегија и на источноевропското бојно поле.Сепак, според BBC, условите во Украина се далеку покомплицирани. Трамп последните девет месеци се движел меѓу притисоци врз Путин и критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, но без конкретен резултат. Иако се закануваше со нови санкции за рускиот енергетски извоз и со испорака на далекусежно оружје на Украина, истовремено се плашеше од ризикот за глобалната економија и можноста за поголема ескалација.Истовремено, Трамп на кратко ја прекина воената и разузнавачка поддршка за Киев, што ги вознемири европските сојузници, за потоа повторно да ја обнови под притисок на НАТО-партнерите.Иако Трамп често се фали со својата способност за „дилови“, неговите лични средби со Путин и Зеленски не донесоа напредок. Рускиот претседател, велат аналитичари, ја користи желбата на Трамп за дипломатски успех за да го манипулира и да ја добие својата геополитичка предност.Во јули Путин наводно се согласил на самит на Алјаска токму во моментот кога Трамп требаше да ги одобри новите санкции од Конгресот — мерка која потоа беше ставена на пауза. Сличен сценарио се повтори минатата недела, кога по телефонски разговор со Путин, Трамп веднаш најави можен самит во Будимпешта, а само ден подоцна го пречека Зеленски во Белата куќа.Средбата, според американски извори, била напната. Зеленски заминал без ветена помош, а Трамп му порача дека „не дозволува никој да го искористува“. По средбата, украинскиот претседател коментираше дека секое забавување на воената помош веднаш ја намалува подготвеноста на Русија за дипломатија.На крајот, Трамп се задоволи со повик за прекин на огнот долж постојните фронтовски линии, што Москва одби да го прифати. Иако за време на својата кампања ветуваше дека „ќе го заврши војната за неколку часа“, Трамп сега признава дека тоа е „потешко отколку што изгледа“.Ова признание, како што наведува BBC, е ретка потврда на ограниченоста на неговото влијание и на реалноста дека војната во Украина нема едноставно решение, особено кога ниту една страна не е подготвена да се откаже од своите цели.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

ЈСП: Во среда јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз во главниот град ќе сообраќа по неделен возен ред.Од претпријатието информираат дека дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортниот центар, кои ќе работат во периодот од 8 до 14 часот.Жичницата на Водно ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот. Последното возење од подножјето кон врвот ќе биде во 17:30 часот, а последното возење од врвот надолу во 17:45 часот, соопштија од ЈСП Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре има избори – би освоиле над 60 пратеници

Доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила повеќе од 60 пратенички места во Собранието, тврдат од партијата, повикувајќи се на резултатите од локалните избори и споредбата со Донтовиот модел на распределба на мандати.Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека со освоени 550 советнички места низ државата и над 300.000 гласови, партијата е „апсолутен победник“ на локалните избори и дека резултатот е јасен показател за расположението на граѓаните.„Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и во градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по број на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати продолжува. Благодарност до сите кои го направија вистинскиот избор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според пресметките на партијата, ВМРО-ДПМНЕ има 12.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2021 година, додека СДСМ изгубила над 111.000 гласа. „Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека партијата има најголема поддршка во 59 општини и градот Скопје, а во мнозинството од нив и апсолутно мнозинство во советите, што, како што наведуваат, е доказ дека граѓаните избрале стабилност, развој и чесно работење.„Граѓаните избраа пат на раст и развој, а не застој и пропаѓање. Со оваа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на народот, што ги слуша граѓаните и работи за нив“, се наведува во партиското соопштение.Од партијата повикуваат поддржувачите масовно да излезат и во вториот круг од локалните избори и, како што порачуваат, „да ја потврдат волјата на народот со заокружување на бројот 9 – со својот човек, за своето место, за својата иднина“.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryke61fr3o9q6q7Ijvllb

Нови тензии меѓу Русија и Полска: Москва предупредува на обид за уривање на авионот на Путин

Односите меѓу Русија и Полска повторно се заострија откако Москва ја обвини Варшава дека упатува „терористички закани“ насочени кон авионот на рускиот претседател Владимир Путин. Обвинувањата следуваат по изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, кој рече дека Полска не може да гарантира безбедност за авионот на Путин доколку тој би летал над полскиот воздушен простор на пат кон Будимпешта, каде што беше најавен можен состанок со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.„Полјаците сега се подготвени сами да извршат терористички акти“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за агенцијата ТАСС, коментирајќи дека станува збор за невообичаено опасна и неприфатлива изјава од страна на земја членка на НАТО. Тој потсети и на, како што рече, судска одлука во Полска која „во суштина го оправдува нападот на гасоводот Северен тек“, тврдејќи дека Варшава систематски води антируска политика.Сикорски, пак, во изјава за полските медиуми нагласи дека неговата влада не може да се меша во работата на независното судство. „Не можам да гарантирам дека независен полски суд нема да нареди приведување на осомниченикот и негово предавање на Меѓународниот кривичен суд во Хаг“, изјави Сикорски, потсетувајќи дека Полска е потписник на Римскиот статут, според кој е обврзана да го исполни налогот за апсење на Путин издаден од Хаг поради воени злосторства во Украина.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека нема потреба од „паника и брзање“ околу најавениот состанок меѓу Путин и Трамп, додавајќи дека за ваков настан е потребна „сериозна подготовка“. Русија, како што изјави Песков, „нема намера да дозволи провокации“, но остро ја осуди изјавата на Сикорски како, според него, „пример за непријателска политика која го поткопува европскиот мир“.Планираниот самит меѓу Путин и Трамп во Будимпешта засега е одложен, но инцидентот дополнително ги зголеми тензиите меѓу Москва и Варшава, која е меѓу најгласните поддржувачи на Украина во рамките на НАТО и Европската Унија. Полската влада, во контекст на војната во Украина, веќе предупреди дека нема да дозволи „недопирливост“ за лица обвинети за воени злосторства, дури и ако тоа значи дипломатски судир со Русија.

Свет | пред 5 месеци

media-librarynmlnfst642n65Y6D0E6

Неколку силни земјотреси го стресоа светот

Силни земјотреси утрово ги погодија Родос, Аргентина и Костарика. Најсилниот беше 5,8 степени според Рихтеровата скала.Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри.Не е издадено предупредување за цунами.Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди и АргентинаЕпицентарот на земјотресот бил на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха.Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Костарика денес. Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од 31 километар. Потресот бил силен и траел долго време.Засега нема извештаи за повредени или материјална штета од земјотресите во светот.

Свет | пред 5 месеци

zlato

Цената на златото со најголем пад во последните четири години

Вредноста на златото на вчерашното тргување се намали за повеќе од 5 отсто. Тоа би можело да биде најголемиот еднодневен пад на цената за повеќе од една деценија. Падот на златото донесе и поширока распродажба на металот, бидејќи инвеститорите се откажуваат од рекордите за време на бранот на купување на златото.Падот на цената на златото, кое се смета за сигурност во неизвесни времиња, дојде откако инвеститорите одлучија да го заработат профитот по рекордниот пораст. Друга причина е и оптимизмот пред новата рунда трговски преговори меѓу САД и Кина.Унца злато се тргуваше на пазарот по цена од 4.141,48 долари, што е раст помал од 0,4 проценти. Ден претходно, во вторникот, спот цената на златото падна за дури 6,3 проценти на 4.082,03 долари за унца, откако достигна рекордно ниво од 4.381,21 долари во понеделник.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Делови од Скопје денес без струја

ЕВН Македонија АД информира дека денес без електрична енергија ќе бидат:– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)– во периодот од 8:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. (општина Сарај)– во периодот од 08:30 до 16:00 часот, корисниците во подрачјата Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)– во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патека за Лисича кон Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисници лоцирани помеѓу објектите кај Циле Инженеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)– во периодот од 9:00 до 13:00 часот, корисници од ул. Питу Гули лоцирана во близина на српската амбасада. (општина Центар)– во периодот од 9:00 до 14:30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец. (општина Карпош)– ​​во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисници на блокот на зградата лоциран на потегот од Бул. Партизански одред бр. 17 Кон ул. Максим Горки. (општина Центар).

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Не сакам залудна средба, запрете ја војната и одете дома:Трамп го одложи состанокот со Путин

Како што објави Би-би-си, американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека не сака залудна средба откако плановите за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина беа ставени на чекање. Несогласувањето на Москва да ги запре борбите по сегашната линија на фронтот останува клучна пречка.Претходно, официјален претставник на Белата куќа потврди дека нема планови Трамп и Путин да се сретнат во блиска иднина.Трамп во понеделникот го прифати предлогот за прекин на огнот поддржан од Киев и европските лидери, кој би го замрзнал конфликтот на сегашната фронтовска линија.Трамп и Путин се сретнаа на Алјаска во август, но овој самит не даде конкретни резултати.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryt3p14jmvolmk9qy1emX

Меџити: „Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој“

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави нов циклус на инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и според највисоки стандарди.„Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна општина за нашите граѓани!“, изјави Меџити.Градоначалникот посочи дека со овие активности се исполнуваат ветувањата дадени во изборната кампања, со што Чаир се поставува на патот кон урбана трансформација и одржлив развој.„Ова е само почеток на новата ера за Чаир – општина на транспарентност, визија и работа на терен. Граѓаните веќе ги гледаат првите резултати од посветено владеење“, порача Меџити.Според него, тековните инфраструктурни проекти се само дел од пошироката стратегија за модернизација на општината, која ќе вклучува нови улици, подобрена улична инфраструктура, јавна хигиена и уредување на јавните простори.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Стојкоски: „На башибозукот му се ближи крајот – одговорност ќе има“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, објави дека екипите на Комунален пункт се постојано на терен за да се справат со последиците од, како што вели, „нефункционирањето на Градот и на ЈП Комунална хигиена – Скопје“.Стојкоски ја поздрави акцијата на Министерството за внатрешни работи и инспекциските органи, кои по наредба на Владата започнаа вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена, поради сериозните проблеми со несобирање на отпадот.„Екипите на Комунален пункт се постојано на терен да се изборат со нефункционирањето на градот и Комунална Хигиена Скопје. Ја поздравувам акцијата на МВР и надлежните инспекторати и како општина сме ставени целосно на располагање за обезбедување на потребната документација и документи. На овој башибозук му се ближи крајот и одговорност ќе има!“, напиша Стојкоски на социјалните мрежи.Изјавата на Стојкоски доаѓа во момент кога ситуацијата со отпадот во Скопје е оценета како алармантна, а Владата донесе одлука за итна интервенција на државно ниво со цел заштита на јавното здравје и воспоставување ред во комуналните служби.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања