Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Орбан тврди дека самитот меѓу Трамп и Путин не е откажан: „Подготовките се во тек“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

И покрај тоа што најавениот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин e ставен на чекање, унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека подготовките за средбата продолжуваат, јавува Reuters.

— реклама —

Орбан на својата официјална страница на Facebook напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто моментално престојува во Вашингтон и дека се работи на логистиката околу мировниот самит.

— реклама —

„Подготовките за мировниот самит продолжуваат. Датумот сè уште не е познат. Кога ќе дојде време – ќе го одржиме“, напиша Орбан.

— реклама —

Потсетуваме, средбата беше одложена откако Москва одби да се согласи со предлогот за моментален прекин на огнот во Украина, што го засени напредокот во дипломатските обиди за мир.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека инсистирањето на траен прекин на огнот е спротивно на претходните договори меѓу лидерите на двете земји постигнати на самитот во Алјаска. Тој предложи привремен прекин на огнот како чекор кон поширок мировен процес, повикувајќи ги европските партнери да го поттикнат Вашингтон да ја смени својата позиција.

Од американска страна, Трамп изјави дека не сака да има „бесмислен состанок“, но додаде дека ситуацијата може да се промени во наредните денови и најави дека јавноста ќе биде „навремено информирана“.

Претставник на Белата куќа потврди дека плановите за втор самит меѓу Трамп и Путин се привремено одложени по телефонски разговор меѓу државниот секретар Марко Рубио и Лавров, кој бил оценет како „продуктивен“.

Орбан, кој според последните анкети заостанува пред парламентарните избори во 2026 година, е долгогодишен сојузник на Трамп и одржува блиски односи со Москва, што го направи контроверзна фигура во Европската унија поради неговите конфликти со Брисел и обвиненијата за назадување на демократијата во Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 9 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 10 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 13 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања