Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

sad-juzna-koreja

Северна Кореја лансираше десет балистички ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше околу десет балистички ракети кон Источното, односно Јапонското Море, во демонстрација на сила во време кога САД и Јужна Кореја ги одржуваат годишните пролетни воени вежби „Штит на слободата“.Според јужнокорејската војска, ракетите биле лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.Здружениот штаб на Јужна Кореја соопшти дека вооружените сили ја зголемиле подготвеноста и внимателно ја следат ситуацијата поради можноста за нови лансирања, во координација со САД и Јапонија.Лансирањата следуваат по предупредувањето на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, која ги критикуваше заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја и предупреди на „страшни последици“ за безбедноста на Северна Кореја.Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги осуди американските и израелските напади врз Иран и изрази поддршка за врховниот лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи.Воената вежба „Штит на слободата“ ќе трае до 19 март и има цел да ги тестира оперативните способности на сојузниците преку симулации и безбедносни сценарија. Северна Кореја и понатаму ги одбива повиците за дијалог за нејзината нуклеарна програма, додека паралелно ги зајакнува врските со Русија и учествува во воени активности поврзани со војната во Украина.

Свет | пред 2 седмици

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд

Сончево време со мала до умерена облачност се очекува денеска во земјава, со услови за слаб локален дожд во попладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Претпладне во одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 19 степени.Утринава најниска температура од -4 степени е измерена во Берово, -2 во Маврови Анови, а -1 степен во Крива Паланка, Битола и на Попова Шапка. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крушево и Струмица.Температура од еден степен е регистрирана во Претор и Велес, два степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Штип, Кавадарци и Демир Капија, три степени во Виница, а најтопло утринава било во Гевгелија со четири степени.Снежна покривка од 55 сантиметри е измерена на Попова Шапка.Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон: Не грижете се, Ормускиот теснец нема да остане затворен

Високи претставници на Пентагон порачаа дека САД ќе се спротивстават на обидите на Иран да го претвори Ормускиот теснец во опасно тесно грло за светското снабдување со нафта.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека нема потреба од загриженост и дека Вашингтон нема да дозволи овој клучен морски премин да остане блокиран.„Тоа е нешто со кое се занимаваме и не треба да се грижите“, изјави Хегсет на брифинг во Пентагон.Тој нагласи дека во моментов главната причина за нарушениот поморски сообраќај се нападите врз бродови.„Единственото нешто што го спречува транзитот низ теснецот е иранското пукање врз бродови. Теснецот е отворен за сообраќај доколку Иран престане со тоа“, рече Хегсет.Според него, уништувањето на делови од иранската морнарица било една од клучните цели на американските операции, бидејќи Техеран со децении се обидува да пресретнува бродови во овој регион.Ормускиот теснец е еден од најважните морски премини во светот, преку кој минуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува можност американската морнарица да обезбедува придружба на комерцијални бродови и нафтени танкери за да се ублажи кризата со снабдувањето со енергенси.„Ќе го направиме тоа ако биде потребно. Се надеваме дека работите ќе се одвиваат добро, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ормускиот теснец е широк околу 48 километри, а на најтесниот дел само 34 километри, што го прави исклучително чувствителна зона за поморскиот сообраќај.Иран поседува и поморски мини со кои би можел да го блокира преминот, што би претставувало сериозна закана за танкерите и другите бродови, кои веќе се изложени и на ракетни и беспилотни напади.Пентагон соопшти дека засега нема јасни докази дека Иран поставил мини во теснецот, иако во последните денови биле нападнати повеќе комерцијални бродови во регионот.Во меѓувреме, американските сили продолжуваат со напади врз ирански ракетни и беспилотни позиции, како и врз фабрики поврзани со воената индустрија, со цел да се намали способноста на Иран да произведува ново оружје.Од почетокот на конфликтот, САД и Израел погодиле околу 15.000 цели во Иран.Во војната, која се приближува кон втората недела, ранети се најмалку 140 американски војници, а 13 загинале во различни напади и инциденти на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Аналитичар: Нападот на САД врз островот Харг означува премин кон економска војна

Нападот на САД врз иранскиот остров Харг укажува на промена во природата на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран – од директни воени удари кон економска војна, оценува Заидон Алкинани, предавач по политика на Блискиот Исток на Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Алкинани посочи дека последните две недели од конфликтот веќе имаат сериозни економски последици, а нападот врз Харг дополнително ја нагласува таа димензија.„Економските импликации и последици од конфликтот во изминатите две недели директно се почувствуваа, а сега изгледа дека економскиот притисок стратегиски се користи од двете страни, кои отворено се обидуваат да ги елиминираат економските влијанија на противникот во регионот“, изјави Алкинани.Според него, и САД и Иран намерно го зголемуваат притисокот со цел да ја принудат спротивната страна или да го намали интензитетот на конфликтот или да влезе во преговори.Островот Харг е клучна точка за иранскиот извоз на нафта, па нападите врз таа инфраструктура имаат потенцијал да влијаат и врз глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryukmj52agud9u3OrwAcf

(Видео) Од 100 килограми до фит форма: Бојан Стојков откри како ја направил трансформацијата

Пејачот Бојан Стојков, кого публиката го памети од музичкото шоу „Идол“, гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, каде искрено зборуваше за својата голема физичка трансформација.Стојков откри дека уште од детството се борел со вишок килограми и дека во еден период достигнал и до 100 килограми. Неговите навики во исхраната, како што призна, биле екстремни – знаел на еден оброк да изеде и до 100 ќебапи и три кременадли.„Од секогаш бев дебело дете. На сцена бев статичен, а денес можам да им парирам и на балерините“, изјави Стојков.Денес неговиот животен стил е сосема поинаков. Тој тренира и по два часа дневно во теретана и строго се придржува до режим на исхрана. Како што откри, дури седум месеци немал ниту едно отстапување од диетата.Толку голема промена првично предизвикала загриженост кај луѓето околу него.„Прво мислеа дека сум болен, па прашуваа што се случува. Сега веќе ми пишуваат и ме прашуваат како успеав“, рече Стојков.Во разговорот низ шега призна дека по трансформацијата се подобрил и неговиот приватен живот.Епизодата помина и во хумористичен тон, па на прашањето колку е убав „од еден до Бред Пит“, Стојков одговори: „Во темно многу личам на него.“Водителката Снеже Велков пак на почетокот од емисијата низ смеа истакна дека сега двајцата имаат ист обем на струкот.

Настани | пред 2 седмици

talibanci

Најмалку 12 медицински работници загинаа во израелски напад во јужен Либан

Во израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужен Либан загинале најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападот се случил во текот на ноќта во градот Бурџ Калавија, каде бил погоден главниот здравствен центар во тој регион, пренесува Би-би-си повикувајќи се на либанските власти.Ова е последен во низата израелски напади во Либан, откако регионалниот конфликт меѓу Иран, Израел и САД ескалираше на почетокот на март.Според локални извори, израелските воздушни напади во текот на ноќта погодиле и други цели во јужен Либан, меѓу кои патишта и мостови.Во меѓувреме, Израел речиси ја удвоил зоната за евакуација на југот на Либан и ги повикал жителите да го напуштат регионот и да се упатат кон северниот дел од земјата.Хуманитарните организации и либанските власти предупредуваат дека се соочуваат со сериозни тешкотии во згрижувањето на големиот број раселени лица.Тензиите во Либан се зголемуваат во услови на жестоки напади меѓу Израел и Хезболах. Оваа шиитска вооружена група, која има силна поддршка од Иран, се вклучи во судирите со Израел по почетокот на војната меѓу Иран и сојузот на Израел и САД.Во последните две недели конфликтот се прошири и на други делови од Блискиот Исток, вклучително и Либан и Ирак, додека американските и израелските сили извршија повеќе напади врз ирански воени цели.Поради ширењето на судирите и нападите врз инфраструктура и цивилни објекти, меѓународните организации сè почесто предупредуваат на ризик од голема регионална војна.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytpotbaoteimbcokrVVc

Без бесконечно скролање: апликација нуди ТВ-искуство на Јутјуб

Програмерот Стивен Ирби разви веб-апликација наречена „Ченел Сурфер“, која нуди поинаков начин на користење на платформата Јутјуб. Наместо бесконечно пребарување и алгоритамски препораки, апликацијата функционира слично како класична кабелска телевизија.Корисниците можат едноставно да „префрлаат канали“ и да се вклучат во видео кое веќе се емитува, како кај традиционалната телевизија.Во почетната верзија има околу 40 тематски канали, кои опфаќаат области како вести, спорт, музика, игри, технологија, вештачка интелигенција и вселена, пренесува „Андроид Ауторити“.Апликацијата нуди и електронски телевизиски водич што го прикажува програмот за следните 24 часа, овозможувајќи им на корисниците однапред да видат што ќе се емитува на секој канал.Идејата зад проектот е да се намали таканаречениот „замор од одлучување“, односно проблемот кога корисниците трошат многу време избирајќи што да гледаат. Наместо тоа, концептот е да се врати едноставното искуство на гледање – да се вклучи канал и да се гледа програмата што во моментот се емитува.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryejtatn3s40ln06ZGjgk

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам

Експлозија утринава оштетила еврејско училиште во Амстердам, а градоначалничката на градот Фемке Халсема го оцени настанот како намерен напад врз еврејската заедница, пренесува холандската новинска агенција АНП.Експлозијата се случила во училиште лоцирано во луксузна станбена населба на јужниот дел од Амстердам. Според локалните власти, причинета е материјална штета, а полицијата и противпожарните служби брзо пристигнале на местото на настанот.Во инцидентот нема повредени лица.Безбедноста во синагогите и еврејските институции во холандската престолнина веќе била засилена, откако претходната ноќ бил подметнат пожар во синагога во центарот на Ротердам.Сличен инцидент се случил и во соседна Белгија, каде експлозија предизвикала пожар во синагога во Лиеж.Градоначалничката Халсема го осуди нападот, оценувајќи дека станува збор за „кукавички чин на агресија против еврејската заедница“.„Евреите во Амстердам сѐ почесто се соочуваат со антисемитизам. Тоа е неприфатливо“, изјави таа.Загриженоста за можни напади врз еврејските заедници ширум светот се зголеми по американско-израелските напади врз Иран и последователниот одговор од Техеран.Во меѓувреме, во американската сојузна држава Мичиген, вооружен напаѓач во четврток со возило натоварено со пиротехнички средства и канистри со бензин удрил во синагога во предградие на Детроит, предизвикувајќи пожар.Нападот завршил кога напаѓачот, идентификуван како 41-годишниот Ајман Газали, си го одзел животот за време на пресметка со обезбедувањето. Според американските власти, тој го извршил нападот една недела откако израелски напад погодил град во Либан од каде потекнувало неговото семејство.

Свет | пред 2 седмици

puls-38

Литургија и парастос во Кочани, конференција во Скопје: почнува одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Денеска ќе се одбележи годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Планирани се повеќе настани во организација на семејствата на загинатите, Општина Кочани и Владата.Во Кочани ќе се одржи литургија, па парастос за упокоените. Од храмот „Георгиј Победоносец“, родителите ќе одат на вечните почивалишта на загинатите деца.Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти на справување со последиците од пожарот во „Пулс“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Аналитичар: Нападот на Трамп врз иранскиот остров Харг е „потег од очај“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил бомбардирање на иранскиот остров Харг „од очај“, смета Роберт Пејп, професор по политички науки на Универзитетот во Чикаго.Во изјава за „Ал Џезира“, Пејп оцени дека Трамп се обидува повторно да ја преземе контролата врз ситуацијата, која, според него, се влошува од ден на ден.„Тешко е да се влезе во нечии мисли, а особено во мислите на Доналд Трамп. Но мислам дека тој се обидува да ја врати контролата врз ситуацијата која ја губи од час во час, од ден во ден“, изјави Пејп.Според него, Трамп првично сметал дека операцијата против Иран ќе трае само неколку дена и дека иранското раководство брзо ќе се распадне.„Тој мислеше дека ќе дојде до промена на режимот и дека иранското раководство ќе падне како кула од карти, но подоцна призна дека е изненаден што тоа не се случило“, рече Пејп.Аналитичарот додава дека иако САД можеби постигнале тактички успех на терен, стратегиски ситуацијата може да се сврти против нив.„Проблемот со планот за Харг или со евентуално распоредување маринци е што тоа би било тактички многу поскапо, бидејќи тие би биле изложени со часови на можни напади“, предупреди Пејп.Тој исто така оцени дека ваквите потези можат дополнително да ја намалат понудата на нафта на глобалниот пазар и да предизвикаат раст на цените на енергенсите.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ракетни напади врз северен Израел: Хезболах со нови тврдења

Хезболах соопшти дека извршил серија напади врз израелски цели и израелски војници долж границата меѓу Либан и Израел.Либанската вооружена група тврди дека лансирала бараж ракети кон израелскиот град Кирјат Шмона, кој се наоѓа во близина на границата со Либан, како и два бранa напади врз градот Метулa во северен Израел.Според нивното соопштение, бил извршен и ракетен напад врз воената база Еин Зеитим во близина на израелскиот град Сафед.Хезболах исто така тврди дека двапати ги таргетирал израелските војници во либанското погранично село Одаисе, како и во одделен напад во пограничниот град Блида.Во уште една акција, според нив, биле нападнати израелски војници во близина на притворски центар во градот Кхиам во јужен Либан.Засега нема независна потврда за овие тврдења, ниту информации за евентуални жртви.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Загинаа 104 морнари на ирански воен брод, Иран се закани со одмазда

Командантот на иранската армија, Амир Хатами, изјави дека смртоносниот напад врз иранскиот воен брод „IRIS Dena“ во Индискиот Океан нема да остане без одговор.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, во нападот загинале 104 членови на екипажот на еден од најновите ирански воени бродови. Бродот се враќал во Иран по завршена воена вежба кога бил нападнат.Хатами изјавил дека екипажот на разурнувачот „Дена“ извршувал мирна мисија и бил цел на напад додека се враќал дома, иако не бил вклучен во директна борба.„Името на ‘Дена’ и жртвата на нејзиниот екипаж ќе останат симбол на храброст и посветеност во историјата на иранската морнарица“, изјави Хатами.Тој додаде дека иранската армија ќе продолжи да ги брани поморските граници на земјата и дополнително ќе ја зајакне својата морнарица со уште поголема решителност.

Свет | пред 2 седмици

media-librarysif786ucg7iadex4LE9

(Видео) Груби е подготвен да го предаде Ахмети, да биде сведок, па да му го променат идентитетот, вели ексначалникот од МВР

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, во „Претрес со Ландов“ изјави дека постои можност поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде искористен како заштитен сведок. Според него, Груби е подготвен да го предаде и Али Ахмети.Во разговор, Ѓурчески рече дека не би се изненадил доколку Груби реши да соработува со истражните органи.„Поентата е дали тој може да биде искористен како заштитен сведок“, изјави Ѓурчески, додавајќи дека лично очекува такво сценарио.Според него, Груби можеби би бил подготвен „да ја отвори душата“ и да открие важни информации, што би можело да доведе до негово симнување од црната листа и евентуално добивање статус на заштитен сведок.Ѓурчески посочи и дека во јавноста подолго време постоеле сомнежи дека Груби е предмет на интерес на странски разузнавачки служби, поврзувајќи ги тие сомнежи и со истрагите околу проектот „Бехтел и Енка“.Тој дури не ја исклучи можноста, доколку дојде до такво сценарио, Груби да добие и програма за заштита на сведоци, па дури и промена на идентитет.Цел поткаст поврзан со многу криминални банди, случувања и несподелени инфромации:

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

(Видео) Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

Американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, била погодена во ракетен напад, изјавиле утрово ирачки безбедносни извори за агенцијата Ројтерс.Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета, а околностите околу нападот се уште се нејасни.Ирачките безбедносни служби започнале истрага за инцидентот, додека се очекуваат дополнителни детали од властите и од американската страна.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI

Катар евакуираше делови од Доха

Катарските власти рано утрово евакуираа делови од округот Мшеиреб во главниот град Доха, област во која се наоѓаат владини институции и канцеларии на меѓународни компании, меѓу кои и канцеларија на „Гугл“, јавуваат сведоци.Според нив, евакуирани биле и делови од градот во кои се наоѓаат филијали на шест американски универзитети.Од катарското Министерство за внатрешни работи соопштија дека властите наредиле евакуација на „одредени области“ како привремена мерка на претпазливост, без да откријат повеќе детали за точните локации.Евакуацијата се случила приближно еден час пред властите да соопштат дека биле пресретнати проектили над територијата на Катар.

Свет | пред 2 седмици

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Тензиите меѓу Пакистан и Авганистан се зголемуваат, додека Кина ги повика двете земји да ги решат спорните прашања преку дијалог и консултации, а не со употреба на сила.Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со својот авганистански колега Амир Кан Мутаки порача дека е неопходно двете страни да покажат воздржаност и да започнат директни разговори што е можно побрзо.Според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг ги повикал Пакистан и Авганистан да работат на итен прекин на огнот и да ги решат несогласувањата преку дијалог.„Натамошната употреба на сила само ќе ја комплицира ситуацијата и ќе ги зголеми тензиите“, изјавил Ванг.Реакцијата на Пекинг следува откако Пакистан во петокот бомбардираше складиште за гориво на приватната авиокомпанија „Кам Ер“ во близина на аеродромот во Кандахар, што дополнително го продлабочи конфликтот меѓу двете соседни земји.Во разговорот, двајцата министри размениле мислења и за ситуацијата во Иран, при што Кина изразила подготвеност да соработува со меѓународната заедница за постигнување мир во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран ја погоди „Ахиловата пета“ на светската економија: Ормутскиот теснец во центарот на кризата

Иран, според аналитичарите, ја пронашол „Ахиловата пета“ на глобалната економија – Ормутскиот теснец, клучниот поморски коридор низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта.Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хусеин Салами, изјави дека низ теснецот „нема да помине ни литар нафта“ додека Техеран не одлучи поинаку, што се толкува како директна закана за глобалното снабдување со енергија.Судирот меѓу Иран, САД и Израел од самиот почеток има и силна енергетска димензија. Веднаш по почетокот на американско-израелските напади, Револуционерната гарда преку радио ги предупредила сите бродови дека преминот низ теснецот не е безбеден.Иако Иран формално не го затворил теснецот, ефектот бил речиси ист. Наместо со воена флота или морски мини, Техеран го постигнал тоа со евтини беспилотни летала – дронови.Аналитичарката Хелима Крофт од инвестициската банка RBC Capital Markets објаснува дека присуството на неколку дронови во близина на теснецот било доволно осигурителните компании да ги повлечат полисите за бродови.„Тоа беше затворање предизвикано од осигурителите. Кога тие ги повлекоа полисите, економската логика за пловење низ теснецот едноставно исчезна“, вели Крофт.Податоците за бродскиот сообраќај покажуваат дека прометот низ теснецот паднал за околу 70 проценти во првите денови од кризата, а потоа речиси целосно запрел. Наместо вообичаените околу 138 бродови дневно, во првите девет дена од март низ теснецот поминале само 39.Последиците веднаш се почувствувале на глобалните пазари. Цената на нафтата се искачи на речиси 120 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека светот се соочува со најголемата енергетска криза од нафтениот ембарго во 1970-тите.Покрај нафтата, глобалното снабдување со течен природен гас паднало за околу 20 проценти, што ги натерало азиските економии да се натпреваруваат со Европа за достапни количини.Како одговор на кризата, Меѓународната агенција за енергија (IEA) најави координирано пуштање на 400 милиони барели нафта од стратешките резерви на 32 земји членки.Сепак, експертите предупредуваат дека тоа може да биде само привремено решение. Враќањето на стабилноста на пазарот, велат тие, ќе зависи од повторното отворање на Ормутскиот теснец и нормализирањето на поморскиот сообраќај.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjjd48cr576c7aKD3bgl

Руски напади во три региони на Украина: има загинати и повредени

Во руско гранатирање во југоисточниот украински регион Дњепропетровск загинало едно лице, а шестмина се повредени, додека жртви има и во регионите Запорижје и Белгород, соопштија локалните власти.Шефот на воената администрација на Дњепропетровската област, Олександр Ганжа, преку Телеграм информира дека руските сили нападнале две локации во регионот, при што има загинати и повредени.Напад бил регистриран и во југоисточниот регион Запорижје. Гувернерот Иван Федоров соопшти дека четири лица се повредени во напад во близина на главниот град на регионот, кој го носи истото име – Запорижје.Во меѓувреме, од другата страна на границата, во руската Белгородска област, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека едно лице загинало во украински напад врз село во близина на границата.Нападите се дел од продолжените борби меѓу руските и украинските сили, кои со месеци се водат на повеќе фронтови долж источниот и јужниот дел на Украина.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryogaali0g23vn92Im3cy

Див вепар три часа шетал низ трговски центар во Берлин, полицијата го истерувала со штитови

Купувачите во еден трговски центар во Берлин утрово доживеале необична сцена кога лице в лице се нашле со див вепар кој талкал низ објектот, по што полицијата привремено го затворила центарот.Инцидентот се случил во трговскиот центар „Аленде центар“ во населбата Кепеник, во југоисточниот дел на германската престолнина. Полицијата интервенирала за да го извлече животното од објектот, користејќи палети и штитови за контрола на нереди, со кои се обиделе да го насочат вепарот кон излезот.На местото на настанот првично биле испратени чувари на животни и ветеринар од блиската зоолошка градина, опремени со дувачки пушки и средства за успивање на животни. Сепак, тие процениле дека не можат безбедно да го успијат вепарот поради распоредот на просториите во трговскиот центар.Фотографија објавена од берлинската полиција на социјалната мрежа Икс покажува како вепарот шета покрај фрижидерите со пијалаци во продавницата, во непосредна близина на касите.На полицајците и на чуварите на животни им биле потребни околу три часа за да го извадат животното од трговскиот центар. Според германскиот дневен весник „Тагесшпигел“, полицајците од палети изградиле своевиден коридор за бегство со кој го насочиле вепарот кон излезот и кон соседниот парк. Потоа двајца полицајци влегле во продавницата и со големи дрвени плочи го истерале животното надвор.Работниците во продавницата изјавиле дека и по заминувањето на вепарот во просторот се чувствувал карактеристичниот мирис на дивото животно.Инаку, средбите со диви свињи не се невообичаени на периферијата на Берлин, каде што има бројни паркови и шуми, па овие животни повремено навлегуваат во урбаните делови на градот.

Свет | пред 2 седмици

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Министерот Фатмир Лимани даде објаснување по реакциите во ВЛЕН откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со лидерите на ДУИ и на АА, Али Ахмети и Арбен Таравари, на ифтар организиран од албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.Лимани тврди дека распоредот на гостите го одредил домаќинот, додавајќи дека присуството на заедничка трпеза не значи политичка порака.„На трпеза за добредојде не се оди за политички калкулации или за нарушување на атмосферата, туку за да се почитуваат традицијата и гостопримството. Фотографијата или присуството во заедничка средина не ја менува политичката историја на никого“, изјави Лимани.Тој додаде дека додека дел од јавноста се обидува да создаде дилеми од една фотографија, тој се соочува со, како што вели, „отворен и исклучувачки обид“ против него од луѓе со кои го градел политичкиот проект.Еден од лидерите на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека Лимани во Тирана заминал самостојно, а не како претставник на коалицијата. Касами додаде дека ќе се разгледа и неговата позиција во Владата како кадар на Движењето Беса.„Фотографијата не е најдобра, но ја покажува позицијата на министер кој сè уште е дел од владата предложена од ВЛЕН. Останува на Лимани да објасни зошто седнал на маса со Али Ахмети, за кого самиот кажал дека никогаш не би седел со оние што ги обвини за убиството на неговиот татко“, изјави Касами.Случувањата доаѓаат во период кога ВЛЕН е во процес на обединување во една политичка партија. Во меѓувреме, Арбен Фетаи, кој важеше за претставник на Алијансата за Албанците во коалицијата, остана надвор од процесот, а неговото место го презеде Латиф Арифи, со поддршка од Азир Алиу и Мимоза Муса.

Македонија | пред 2 седмици

media-library72baf37rqrs1d3BlH8d

Повик за протест во Скопје: Барање за повисока минимална плата и достоинствен живот

„Гласен текстилец“ и „Гласен синдикат“ дадоа силна и недвосмислена поддршка за утрешниот протест во Скопје, на кој ќе се бара повисока минимална плата и достоинствен живот за работниците.Во повикот до јавноста, тие порачаа дека протестот ќе се одржи утре во 12 часот и ги повикаа своите членови, синдикалци, поддржувачи, колеги и партнери да излезат и да дадат поддршка.Од таму порачуваат дека е време да се стави крај на ниските плати, сиромаштијата и, како што велат, игнорирањето на работничкиот глас.„Работниците ја движат економијата. Работниците ја создаваат вредноста. Работниците заслужуваат достоинствена плата“, се наведува во пораката.Организаторите апелираат на солидарност и масовност, оценувајќи дека сега е време за гласен отпор и за заедничка борба за подобри услови за работниците.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydnjdsacme7kdaNT3LDk

Се дестабилизира државата со одлуките на Уставен суд кој се претвора во параполитичка институција, им пишал Ахмети на странците

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку нон-пејпер испратен до меѓународните партнери предупредува дека одлуките и постапките на Уставниот суд отвораат чувствителни прашања кои можат да ги дестабилизираат меѓуетничките односи во земјата.Ахмети го обвинува Судот дека се претвора во параполитичка институција, дека носи одлуки по етничка линија и дека со своите иницијативи ги доведува во прашање темите поврзани со Охридскиот рамковен договор.Како проблематични се посочуваат укинувањето на „балансерот“, иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, намалувањето на бројот на општински советници, како и отворањето на прашањето за таканаречените „хашки случаи“, односно Законот за амнестија.ДУИ претходно побара оставка од претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, а не ја исклучува и можноста да бара кривична одговорност, оценувајќи дека со ваквите постапки се нарушува уставниот поредок.Во нон-пејперот Ахмети пред странските претставници го отвора и прашањето за воведување на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, односно законите донесени со двојно мнозинство да не можат да се укинуваат без ист таков принцип на одлучување.ДУИ во документот предлага и три мерки: избор на влада со Бадентеров принцип, негова примена во Уставниот суд и продлабочување на децентрализацијата. Партијата повторува и дека е потребен сеопфатен ветинг во институциите.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

САД подготвуваат воена придружба за нафтените танкери во Хормушкиот Теснец

Пентагон разгледува можност за испраќање дополнителни воени бродови на Блискиот Исток, со цел потенцијално да обезбедуваат придружба на нафтени танкери низ Хормушкиот Теснец.Според информациите објавени од „Волстрит журнал“, мерката се разгледува како одговор на засилените напади и закани од Иран во регионот.Американски претставници наведуваат дека ваквите мисии за придружба на танкерите нема да започнат веднаш. Според нивните процени, потребно е најпрво да се намали нивото на закана, процес што би можел да трае најмалку еден месец или подолго.Хормушкиот Теснец е еден од најважните светски поморски коридори, низ кој се транспортира значителен дел од глобалната нафта, поради што секоја ескалација во регионот директно влијае врз светските енергетски пазари.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп за Мојтаба Хамнеи: „Веројатно е жив, но повреден“

Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на шпекулациите околу состојбата на новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, посочувајќи дека постојат сомнежи дали тој е жив.„Ме прашавте дали е жив или не. Многу луѓе се обидуваат да го утврдат тоа“, изјави Трамп.Тој додаде дека според неговата процена, Хамнеи најверојатно е жив, но можеби е повреден.„Мислам дека веројатно е жив. Мислам дека е оштетен, но веројатно е жив во некоја форма“, рече американскиот претседател.Трамп воедно коментираше и за односот на Мојтаба Хамнеи со неговиот татко, поранешниот врховен лидер на Иран, наведувајќи дека „тоа не е некој кого таткото дури ни сакал да го наследи“.

Свет | пред 2 седмици

izrael-napadnat

Иран тврди дека со Хезболах извршил ракетен напад врз Израел

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека во координација со либанската вооружена група Хезболах извршила ракетни напади врз Израел.Според соопштението на военото крило на гардата, во нападите учествувале иранската морнарица и единици со беспилотни летала, во соработка со Хезболах, со кој Иран е сојузник.Информацијата ја објави иранската државна новинска агенција Тасним.По нападите се огласиле сирени за тревога во Тел Авив, во централниот дел на Израел, како и на подрачјето на окупираниот Западен Брег.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета предизвикана од нападите.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања