(Фото) Ограничување на дизел два дена пред новите цени: известување од „ЛУКОИЛ“ предизвика реакции
Известување за потрошувачи од компанијата „Луколил Македонија“ се појави на социјалните мрежи, а со кое се ограничува точењето на дизел, трактори, автобуси. Ова се случува во период кога граѓаните и онака се во паника дека цените драстично ќе се покачат веќе од вторник, бидејќи секој понеделник Регулаторна комисија ги утврдува новите цени на дериватите.Според известувањето, врз основа на одлука за привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси е ограничена на најмногу 50 литри. Граѓани пак, кои со автомобили биле на пумпите, посочуваат дека не биле ограничени колку гориво да наточат.Во документот се наведува и дека е забрането точење гориво во садови, односно туби и канистри, кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди.Ограничувањето, како што стои во известувањето, не се однесува на возила кои точат гориво согласно склучени договори со ЛУКОИЛ Македонија.Од компанијата наведуваат дека мерката се воведува како дел од, како што се наведува, општествено одговорното работење и со цел еднаква заштита на интересите на сите потрошувачи.На известувањето има печат од подружницата „Б.С. Прилеп 004“, која според податоците на нинвниот веб-сајт се наоѓа на патот Прилеп-Битола, на влез од градот.„Скопје1“ испрати прашања до компанијата дали ова известување е пратено до сите подружници, зошто се решиле на ограничување на точење на дизел два дена пред да стапат на сила новите цени, но и дали компанијата очекува да се „збогати“ доколку ја сочува нафтата и ја продава по новите цени од Регулаторна. На прашањата очекуваме одговор, како и официјален став за ова објавено извстувањеВчера, премиерот Христијан Мицкоски уверуваше дека инсппекциските служби се на терен, бидејќи ограничување на продажбата или затворање на пумпи, граѓаните јавуваат дека се случува и кај други компании.
Македонија | пред 3 седмици