Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Axios: Трамп бил на чекор да ги прекине преговорите со Путин на Алјаска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Американскиот претседател Доналд Трамп бил блиску до прекин на преговорите со рускиот лидер Владимир Путин на средбата на Алјаска, јавува Axios. Причината, според порталот, била инсистирањето на Путин за анексија на целата Доњецка област.

Путин на преговорите поставил услов Русија да добие целосна контрола врз Доњецката област, од која моментално контролира околу 75% територија. Тој бил толку цврст во ставовите што, според извори на Axios, Трамп во еден момент бил подготвен да ја напушти средбата.

— реклама —

Неименуван извор го цитира Трамп кој му рекол на Путин:

„Ако е Доњецк тука клучен и ако нема попуштање, тогаш нема смисла да го продолжуваме ова.“

— реклама —

По таа изјава, Путин наводно се откажал од својот максималистички услов.

Проценките во САД се поделени: едни предвидуваат дека Русија може целосно да ја заземе Доњецката област до октомври, додека други предупредуваат дека таквата операција би била тешка и неизвесна.

Според Reuters, во нацрт-условите на Москва за прекин на војната се барало и повлекување на украинските сили од Доњецката и Луганската област.

Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон нема да врши притисок врз Украина да отстапи територија на Русија како дел од евентуален мировен договор.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот порача дека преговорите мора да ја земат предвид актуелната линија на фронтот. Тој нагласи дека Уставот на Украина не дозволува никакво отстапување или размена на територија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди помош на Иран за постигнување мир на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин „подготвен да помогне“ за смирување на судирот со Иран, додека војната која ја почнаа во Украина влегува во петта година

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди безбедни рути за меѓународна трговија

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања