Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Фатмир Битиќи (СДСМ) во Собранието рече дека горивата се клучни за економијата и не треба да се третираат само како извор на буџетски приходи, бидејќи секое поскапување се пренесува врз производство, транспорт и работни места. Тој ги поддржа измените за ДДВ и намалување на акцизите за бензин и дизел за да се ублажи ценовниот шок и да има предвидливост, критикувајќи ја Владата за реактивен пристап. Наведе пад на индустриското производство (-6,6%), преработувачката (-8%) и прометот (-9,4%), со опаѓање на вработеноста, и повика на поширока поддршка за мерките.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница истакна дека горивата имаат клучна улога во економијата и не смеат да се третираат исклучиво како извор на буџетски приходи.

Говорејќи за предлогот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и намалување на акцизите, Битиќи нагласи дека секое поскапување директно се пренесува врз производството, транспортот и на крајот врз работните места.

— реклама —

„Секој денар повеќе потрошен на литар не е само трошок за возилото, тоа е трошок за машините, доставата, извозот и на крајот за работното место“, рече Битиќи.

Тој потенцираше дека предложените измени предвидуваат намалување на акцизите кај бензинот и дизелот, со цел да се амортизира ценовниот шок кај енергенсите и да се создаде предвидлива економска рамка.

— реклама —

Битиќи ја критикуваше Владата дека пристапот е „реактивен и краткорочен“, посочувајќи дека и самата признала дека акцизата е инструмент за заштита на стандардот, но дека мерките не се доволно системски.

Во обраќањето тој изнесе и податоци за состојбата во индустријата, според кои производството бележи пад од 6,6 проценти во јануари 2026 година, додека преработувачката индустрија е во пад од 8 проценти. Дополнително, прометот во индустријата е намален за 9,4 проценти, а бројот на вработени континуирано опаѓа.

Според него, во вакви услови акцизата треба да се користи како антиинфлаторен инструмент, бидејќи компаниите немаат простор да ги апсорбираат зголемените трошоци.

„Ако не можат да го префрлат трошокот во цената, го намалуваат профитот, а ако ни тоа не е можно – кратат инвестиции, смени и работници“, предупреди Битиќи.

Тој повика на поширока политичка поддршка за предложените законски измени, оценувајќи дека станува збор за мерка што директно ја штити економијата и животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања