Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Британскиот премиер патува кон Блискиот Исток: Лондон со дипломатска офанзива по договорот меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

Британскиот премиер Кир Стармер отпатува на Блискиот Исток, каде ќе се сретне со припадници на Кралското воздухопловство кои учествуваат во заштита на сојузничкиот воздушен простор.

Посетата, која била планирана и пред објавата за прекин на огнот меѓу САД и Иран, ќе вклучи и обраќање на премиерот до британските војници на терен.

— реклама —

Во својата прва реакција на договорот за примирје, Стармер го поздрави како важен чекор кон деескалација, оценувајќи дека ќе донесе олеснување за регионот и светот.

„Меѓународната заедница мора да направи сѐ за овој прекин на огнот да се одржи и да се претвори во траен договор“, изјави британскиот премиер.

— реклама —

Тој нагласи дека стабилизацијата на Ормутскиот теснец, како клучна енергетска и трговска рута, е од суштинско значење за глобалната безбедност и економија.

Во рамки на посетата, Стармер ќе одржи и билатерални средби со партнери од земјите од Заливот и други регионални лидери, иако од неговиот кабинет засега не откриваат детали за конкретните соговорници.

Посетата се случува во чувствителен момент, кога дипломатските напори се насочени кон зачувување на кревкото примирје и спречување на нова ескалација во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 9 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 10 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 10 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања