Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Демири: Крводарителите се луѓе со големи срца кои својата крв ја даваат таму каде е најпотребна, МЗ има посебен фокус за крводарителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска се обрати на свечениот настан по повод Денот на основањето на Црвениот крст и Ден на крводарителството на Република Северна Македонија во организација на Црвениот крст.

— реклама —

Демири го честиташе овој ден на крводарителите истакнувајќи дека се големи хуманисти, луѓе со големи срца кои секогаш се подготвени својата крв да ја дадат таму кадешто е најпотребна.

— реклама —

„Министерството за здравство посебен фокус става на оваа тема и за таа цел, во насока на поддршка и афирмација на крводарителството, Министерството секоја година изготвува посебна Програма, во која се содржани мерки и активности за поддршка на крводарувањето во нашата држава. Во неа се содржани мерки и активности за организирање и спроведување крводарителски акции, изготвување материјали за промоција, мотивациски средства за крводарителите, надомест на трошоци за организирање крводарителски акции за општинските организации на Црвениот крст, активности на Институтот за трансфузиона медицина и партиципација при користење здравствени услуги на дарители со над 10 крводарувња“, рече Демири.

— реклама —

Тој посочи дека ова е посебно важно затоа што немањето континуитет во обезбедувањето крв ќе предизвика застој на хируршки и други интервенции за кои е потребно апликација на крв и спасување многу животи.

„Преку чинот на дарување крв и во иднина ќе се стремиме кон напорите за обезбедување крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствениот систем во РСМ. Честитки по повод денешниот ден и ви посакувам натамошни успеси, посебно на сите волонтери, крводарители и мотиватори, кои преку сопствениот позитивен пример - се пример и за целата заедница“, изјави Демири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања