Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Детали за престрелката во центарот на Тетово: едно лице убиено, четворица повредени меѓу кои и дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
viber_image_2025-08-10_15-21-01-256

Во 12:30 часот денеска, на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, се случила вооружена пресметка меѓу лица од две возила, по што настанала и сообраќајна несреќа.

— реклама —

Двете возила веднаш го напуштиле местото – едното, „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски таблички, се упатило кон улица „113“, а другото во непознат правец. На друга локација, на крстосница меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“, полицијата пронашла „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, во кој имало едно починато лице со прострелни рани.

— реклама —

Во престрелката повредени се уште четири лица – малолетно девојче, двајца мажи (34 и 46 години) и 60-годишен пешак кој бил случаен минувач. Детето е задржано во тетовската болница на опсервација, а тројцата повредени со сериозни рани се префрлени во скопските клиники.

— реклама —

На терен е увидна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. Случајот се истражува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 2 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 5 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 7 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања