Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Дехари од ДУИ го оштетил буџетот на Кичево за 1,4 милиони денари како градоначалник, откриени злоупотреби со јавни набавки, вели МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library27j9tnfkqglb3UimxLd

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Фатмир Дехари, уште две лица и еден правен субјект, поради сомнение за злоупотреби и несовесно работење со кои е оштетен буџетот на општина Кичево за 1.457.205 денари. Дехари се сомничи за злоупотреба на службена положба со план за јавни набавки спротивен на Законот за комунални дејности, при што комуналните услуги биле доверени на фирма од Длапкин Дол иако општината има свое ЈКП. Пријавени се и Б.К. за несовесно работење и Д.С., управител на фирмата, за злоупотреби во постапката за јавна набавка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерство за внатрешни работи информира дека ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари (52) од село Србица, како и против уште две лица и еден правен субјект, поради сомнение за злоупотреби и несовесно работење со кои е оштетен буџетот на општина Кичево за 1.457.205 денари.

Против Дехари е поднесена пријава за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според полицијата, на 8 јануари 2025 година, во својство на градоначалник, тој донел план за јавни набавки за 2025 година спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности.

Иако општината има јавно комунално претпријатие, сите комунални дејности биле доверени на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол, со намера, како што наведува МВР, да се стекне со поголема имотна корист на штета на општинскиот буџет.

Второпријавениот, Б.К. (46) од село Аранѓел, се товари за „несовесно работење во службата“, како одговорно лице задолжено за одржување на зелени површини, поради пропуштање должен надзор и несовесно постапување.

Третопријавениот, Д.С. (41) од село Длапкин Дол, управител на правното лице, е осомничен за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, односно дека свесно ги повредил прописите во постапката.

Според полицијата, вкупно исплатените средства за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесуваат 1.457.205 денари, со што е нанесена штета на буџетот на општина Кичево.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 4 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 8 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 10 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања