Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ се повлекува: Нема поддршка за законот за Сејф сити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

Демократската унија за интеграција денеска одлучи да не гласа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци, со што се доведува во прашање неговото стапување во сила и почетокот на функционирањето на системот „Сејф сити“, најавен за 1 февруари.

— реклама —

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт од редовите на ДУИ, Рина Ајдари, во изјава за ТВ21 истакна дека пратениците на ДУИ нема да го поддржат законот, наведувајќи дека постојат повеќе забелешки и конкретни барања за измени на предложените решенија.

— реклама —

Измените на Законот за прекршоци денеска се наоѓаат на дневен ред на пленарната седница во Собранието и се предуслов за целосна примена на системот за автоматска контрола на сообраќајот.

— реклама —

Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, заедно со Левица, најави поддршка за законот, додека СДСМ, слично како и ДУИ, соопшти дека нема да го поддржи.

За усвојување на законот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, што ја прави неизвесна неговата судбина и можниот почеток на примената на системот „Сејф сити“ во најавениот рок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања