Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ексдиректорот на Неврологија снимен со „бело“ треба да оди на обука за да добие лиценца за доктор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, кој беше разрешен по објавата на видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, ќе може да добие лиценца за работа само ако успешно помине тримесечна специјализирана обука под менторство и положи испит за проверка на стручноста, соопшти Лекарската комора.

— реклама —

Од Комората објаснуваат дека одлуката е донесена од Комисијата за етички и правни прашања, со цел да се гарантира безбедноста на пациентите и интегритетот на професијата. Бидејќи не постои судска пресуда или друг правен акт за одземање на лиценцата, е применет засилен механизам на контрола и едукација.

— реклама —

Паралелно, против докторот се води и постапка за етичко однесување, при што Комората донела јавна и остра морална осуда, оценувајќи дека со своето однесување Кузмановски го нарушил угледот на лекарската фела.

— реклама —

„Очекуваме извештаи од комисиите на Министерството за здравство и Клиниката за неврологија за да донесеме конечна, објективна одлука“, наведуваат од Комората.

По скандалот, министерот Азир Алиу го разреши Кузмановски и на негово место го назначи д-р Јован Божиновски, кој најави внатрешен стручен надзор за работата на клиниката во последните 12 месеци, како и дисциплинска постапка по добивањето на извештаите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручните комисии.

Според Министерството за здравство, д-р Кузмановски ќе биде казнет со прекршочен платен налог бидејќи работел без активна лиценца, согласно член 309 од Законот за здравствена заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања