Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryqnc844g1m39n6QoZbeh

Со остра критика кон досегашното работење на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати Емил Николовски, обвинувајќи го за целосен неуспех во реализацијата на предизборните ветувања и за манипулација со јавноста.

„Продолжуваме со разобличување на лагите на Орце Ѓорѓиевски – човекот кој четири години неуспешно управува со Кисела Вода, а сега сака да ја прошири својата неработа кон цело Скопје“, изјави Николовски на денешната прес-конференција.

— реклама —

Тој ги демантираше тврдењата на Ѓорѓиевски за, како што вели, „90% реализација на програмата“, посочувајќи низа неисполнети проекти како доказ за неговата, според СДСМ, неспособност.

„Орце ветуваше ‘Туристичко Драчево’, ревитализација на старата чаршија, пешачки зони и културна понуда. Четири години подоцна, таму нема ниту една реконструирана фасада, нема осветлување, нема сигнализација, нема туристичка понуда – само запуштеност и заборав“, рече Николовски.

— реклама —

Тој посочи и дека ниту еден зелен покрив, иако ветен како дел од борбата против загадувањето, не е реализиран: „Не само што не постои ниту еден зелен покрив, туку не постои ниту еден јавен повик за нив. Една голема нула“, нагласи тој.

Според податоците презентирани од СДСМ, од 30 капитални проекти влезени во програмата на Ѓорѓиевски, ниту еден не е реализиран – вклучително и ветувањата за велосипедски патеки, катни гаражи, базени и спортски сали, кои, како што велат од партијата, останале само на рендери и промотивни материјали.

„Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери и скапи ПР кампањи, додека граѓаните живеат меѓу депонии, прашина и мрак. Кисела Вода е симбол на застој и корупција“, додаде Николовски.

СДСМ порачува дека Скопје не смее да стане следната жртва на, како што ја нарекуваат, „празната ПР политика“ на Ѓорѓиевски.

„Скопјани не се наивни. Главниот град не е експериментална зона за нови лаги. Скопје заслужува визија, реални проекти и луѓе што навистина работат за граѓаните“, заклучи Николовски.

Партијата најави дека ќе продолжи со презентација на, како што велат, факти и аргументи што ја разоткриваат реалната слика зад ветувањата на актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања