Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра испрани преку наместен тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
elem-esm

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања за, како што наведуваат, криминално и партиско управување со државната компанија ЕСМ и нејзините подружници во периодот кога со нив раководеле кадри на СДС и ДУИ.

— реклама —

Според партијата, ЕСМ и претпријатијата поврзани со неа биле третирани како „партиски плен“, при што институциите служеле за згрижување роднини и блиски лица на функционери, а нивните буџети биле користени како извор за лично богатење.

— реклама —

Како пример, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ЕСМ Снабдување со топлина, ќерката на поранешниот собраниски претседател Талат Џафери била член на Надзорниот одбор. Според партијата, тоа било резултат на политички договор меѓу СДС и ДУИ, кои, како што тврдат, го поддржале Џафери за функцијата претседател на Собранието, по што неговата ќерка била избрана во надзорното тело на компанијата.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека ЕСМ Дистрибуција на топлина била користена за, како што велат, испумпување народни пари преку наместени тендери. Според ВМРО-ДПМНЕ, истражните органи спровеле истрага за периодот кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, именуван од СДС, при што бил сторен криминал во вредност од околу осум милиони евра.

Партијата тврди дека од таа сума, околу два милиони евра биле „испрани“ преку различни корупциски шеми и дека постои сомнеж дека тие средства завршиле во приватни џебови.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека дополнително загрижува молкот на СДС, кој, според нив, ниту тогаш ниту сега не се оградил од наводните криминални и корупциски дејствија во ЕСМ Дистрибуција на топлина. Поради тоа, партијата јавно го поставува прашањето дали исчезнатите два милиони евра завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или ДУИ и дали високи функционери од тие партии имаат вмешаност во случајот.

Во соопштението се нагласува дека македонската јавност заслужува одговори и одговорност за начинот на кој, според нив, биле раководени државните институции. ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да постапува одговорно, транспарентно и независно, со цел, како што велат, да има правда и санкционирање на одговорните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања