Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Булингот не доаѓа од Европа, туку од ВМРО и Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека, како што наведе, единствениот „булинг“ врз македонскиот народ го вршат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

— реклама —

„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70 проценти од граѓаните сакаат членство во ЕУ, а тој зборува за ‘булинг’ и ‘прва и втора лига’“, наведува Филипче во реакцијата.

— реклама —

Според него, проблемот не е во односот на Европската Унија, туку во неисполнувањето на обврските поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Тој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ создава конфликти со соседите и дека на критиките од Брисел одговара со напади врз Унијата.

— реклама —

Филипче ја поврза актуелната состојба со, како што рече, изостанокот на напредок во евроинтеграциите, случајот со пет тони дрога што, според него, излегле преку македонската граница, како и состојбите во судството, обвинителството и медиумите.

Во реакцијата се наведува дека Европа дала јасна шанса до 2027 година, заедно со земјите од регионот, посочувајќи дека Црна Гора и Албанија напредуваат, додека Македонија, според него, стагнира.

„Мицкоски и ВМРО не сакаат ЕУ, сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност, тоа е криминална вредност“, се наведува во соопштението на Филипче, кој заклучува дека, според него, вистинскиот притисок врз граѓаните доаѓа од актуелната власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 10 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања