Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Општина Центар и Герасимовски се справија со ѓубрето кое го натрупаа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryklhq3uuflu331ike2Ie

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, при денешната посета на новото депо на ПОЦ во општина Центар, изјави дека изминатиот период градоначалникот Горан Герасимовски преземал активности со кои не дозволил општината да се угуши во смет, поради, како што рече, „нефункционалноста на градот Скопје предизвикана од инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска“.

— реклама —

Поради тоа што градот е блокиран, градоначалникот во изминатиот период, за време на неговиот мандат, презема работни ингеренции – набавува нови возила, инструменти, сè што е потребно за да се празнат контејнерите. Едноставно, Центар да биде чиста општина, со што покажува дека граѓаните се на прво место, а не партиските интереси и несогласувањата кои ги блокираат процесите и граѓаните трпат поради тоа, изјави Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека тоа се активности кои се под целосна ингеренција на Град Скопје и на ЈП Комунална хигиена – Скопје и додаде дека „ниту една општина не треба да има возила за собирање отпад, ниту луѓе за таа намена, ниту за чистење и прскање на улиците“.

— реклама —

Филипче изрази задоволство од досегашната работа на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со верување дека граѓаните ќе ги препознаат неговите постапки, искрената работа и сè што направил за доброто на општината, па повторно ќе му ја дадат довербата.

Тој додаде дека кандидатката за градоначалничка на град Скопје, Каја Шукова, има план и визија за надградување на овој систем.

Во развиениот свет луѓето зборуваат за дезинфекција на контејнерите, за често миење на улиците за да се сузбијат ПМ честичките кои паѓаат долу. За жал, ние во 2025 година зборуваме, а контејнерите ни се преполни со ѓубре, посочи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања