Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Франција заплени танкер со руска нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
SeKXr-


Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека француската морнарица запленила танкер со нафта кој пристигнувал од Русија.

„Француската морнарица утрово се качи на танкер со нафта кој доаѓал од Русија, под меѓународни санкции и за кој постоеше сомневање дека пловел под лажно знаме. Операцијата беше спроведена во Средоземното Море“, напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Макрон нагласи дека операцијата е изведена со поддршка на неколку сојузници, во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, и порача дека Франција нема да толерира никакво прекршување на законот. По проверката на документацијата, потврдени биле сомневањата за невалидноста на знамето под кое пловел бродот.

— реклама —

Јавниот обвинител во Марсеј добил извештај за случајот, а танкерот, под придружба, бил пренасочен кон сидриште за дополнителни проверки. Францускиот претседател ја опиша акцијата како дел од борбата против таканаречената „флота во сенка“, преку која Русија транспортира нафта и покрај западните санкции.

Макрон изјави дека оваа флота придонесува за финансирање на војната во Украина, наведувајќи дека руските транспортни бродови обезбедуваат приходи од десетици милијарди евра, покривајќи околу 40 отсто од руските воени напори. Според неговата проценка, меѓу 600 и 1.000 бродови учествуваат во ваквиот начин на транспорт.

Тој додаде дека Франција, заедно со другите западни земји, активно работи на сузбивање на оваа практика и на обезбедување ефикасна примена на санкциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања