Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Германија: Планот на Трамп е „единствена можност“ за мир на Блискиот Исток

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Германија „одлучно ќе се посвети“ на спроведување на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, соопшти германското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за „единствена можност“ за постигнување траен мир.

— реклама —

Претходно денеска, Трамп објави дека Израел „се согласил со почетната линија на повлекување споделена со Хамас“. „Штом Хамас ја потврди, прекинот на огнот веднаш ќе стапи во сила, ќе започне размена на заложници и затвореници, а ние ќе создадеме услови за следната фаза на повлекувањето“, изјави Трамп, додавајќи дека тоа ќе значи приближување кон „крајот на оваа тримилениумска катастрофа“.

— реклама —

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, пред неговото заминување за Катар, рече дека Германија е „за брза примена на американскиот план“, кој претставува „единствена можност“, нагласувајќи дека е неопходна „итна меѓународна соработка“ со европските и арапските земји.

— реклама —

Берлин ќе понуди „конкретна поддршка“ како партнер за хуманитарна помош, стабилизација и обнова. „Станува збор за стабилизација на регионот со трајна безбедност за сите, политичка перспектива за Палестинците и конечно нормализирање на односите меѓу сите држави и Израел“, изјави Вадефул.

Во Кaиро денеска се очекува да започнат непосредни преговори меѓу израелски и палестински претставници за планот на Трамп, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на сите живи заложници и предавање на телата на убиените.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази надеж дека тоа ќе се случи „во следните денови“, откако Хамас делумно го прифати планот. Вадефул денеска ќе се сретне со катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани за „итно ослободување“ на преостанатите заложници – меѓу кои, како што потврди Берлин, има и германски државјани.

Министерот ќе учествува и на состаноците на Советот за соработка во Персискиот залив во Кувајт, каде ќе се разговара за улогата на ЕУ и земјите од регионот во поддршката на мировниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

inflacija

Аларм во Германија: Инфлацијата достигна 2,7 отсто

Свет | пред 2 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Свет | пред 12 часа

media-libraryos1s0f8ek7u6dyRCPd6

Германски индустриски гигант пресече: „Овде го запираме производството, не уништува евтиниот увоз“

Свет | пред 15 часа

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања