Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Германија размислува за враќање на руската енергија: „Ни требаат достапни цени.“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarym2tninoqt3u13earXuf

„Дебатата за односот кон Русија не се води само во АфД, туку и во ЦДУ, особено околу можниот (повторен) увоз на руски енергенти“, анализира DW.

Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека Германија треба да ја разгледа можноста за продолжување на испораките на енергија од Русија, со цел да се обезбедат достапни цени за Европа. Тој смета дека Русија треба „долгорочно повторно да стане трговски партнер, без создавање нова зависност“.

— реклама —

Кречмер веќе порано се залагал за поблиски односи со Русија, но неговите ставови се критикувани од партискиот колега Родерих Кизеветер, кој нагласува дека Русија секојдневно бомбардира украински домови и инфраструктура, па таквите изјави се контрапродуктивни и опасни за безбедноста.

Раководството на ЦДУ и германската влада досега одбиваат било какво приближување кон Русија, истакнувајќи дека само Москва може да ја запре војната во Украина. Пред конфликтот, Русија беше важен снабдувач на енергенти за Германија, но денес увозот на руски гас и нафта е стопиран, а ЕУ планира да го укине целосно до 2027 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања