Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Инцидент во Фиренца: 20 патници исфрлени од авион поради вишок тежина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-24-at-11.11.15

Дваесет патници морале да го напуштат авионот на British Airways кој требал да лета од Фиренца за Лондон, бидејќи леталото било претешко за полетување поради екстремната горештина. Настанот се случил на 11 август на аеродромот „Америго Веспучи“ во Фиренца, пишува Mirror.

Според објаснувањето на пилотите, високата температура (околу 35 степени) предизвикала поредок воздух, што барало поголема количина гориво за моторите да работат ефикасно. Дополнителното гориво ја зголемило вкупната тежина, надминувајќи ги безбедносните граници за полетување. Ситуацијата била дополнително комплицирана од кратката писта на аеродромот во Фиренца, која е речиси двојно пократка од онаа на лондонскиот „Гетуик“.

— реклама —

Една од патничките изјавила дека персоналот прво најавил дека ќе мора да бидат симнати 36 патници, но на крај бројката била околу 20. British Airways се извинил за непријатноста, објаснувајќи дека „поради екстремните температури и специфичните услови на аеродромот мора да се намали тежината на леталото“.

Авио-експертот Џони Вилијамс од Универзитетот во Рединг предупреди дека ваквите случаи ќе станат сè почести поради климатските промени:

— реклама —

„Услови какви што порано се случуваа еден ден во текот на летото, до 2060-тите може да се случуваат и по неколку дена во неделата. Летовите за Шпанија, Италија или Грција би можеле да станат поскапи бидејќи авиокомпаниите ќе превезуваат помалку патници.“

Овој инцидент доаѓа по друг скандал на лет на British Airways, кога една патничка, наречена „најлошата патничка од пеколот“, предизвика хаос во авион – поврати врз семејство, ги плукала со вино и ја нападнала жена за коса, по што морала да биде смирена од екипажот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryra9t269skkqgeYeqJNm

Рецесија на повидок: 250.000 Британци може да останат без работа

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Лондон: Уапсени двајца за обид за палење синагога, истрага за можна странска вмешаност

Свет | пред 2 дена

media-libraryi91keohlc27f4eYlASh

Жена пронашла торба со оружје на улица во Лондон - ја изгубиле полицајци

Свет | пред 2 седмици

se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Принцот Хари чека покана од кралот Чарлс: Ќе има ли помирување ова лето?

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања