Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Иран: Не планираме затворање на Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран засега не планира да го затвори Ормускиот Теснец ниту да ја наруши пловидбата, изјави министерот Абас Арагачи по нападите од САД и Израел. Тензиите ескалираа со напади врз Иран и ирански одговор кон Израел и американски бази во Заливот. Дел од компаниите го прекинаа транзитот, а осигурители укинаа покритие за воени ризици. Низ теснецот минуваат ~20 милиони барели нафта дневно и околу 1/5 од ЛНГ; експлозии се пријавени и кај островот Харг, клучен за извозот на иранска нафта.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Иран засега не планира да го затвори Ормускиот Теснец по нападите од САД и Израел, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагачи во разговор за Ал Џезира.

Во оваа фаза не планираме да го затвориме Ормускиот Теснец, ниту да преземеме какви било мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави шефот на иранската дипломатија.

— реклама —

Иран произведува околу 3,3 милиони барели нафта дневно и околу 1,3 милиони барели кондензат и други течни јаглеводороди. Во саботата беа регистрирани експлозии и на иранскиот остров Харг, на северот од Персискиот Залив, каде се наоѓаат терминалите преку кои се извезуваат околу 90 проценти од иранската нафта. Најголем купувач на иранската нафта е Кина.

Тензиите на Блискиот Исток нагло ескалираа откако американските и израелските сили во саботата извршија напади врз Иран. Техеран возврати со напади врз Израел и врз американски бази во земјите долж Персискиот Залив, вклучително и во големите производители на нафта и гас – Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

— реклама —

Во меѓувреме, повеќе сопственици на танкери, нафтени компании и трговски куќи го прекинаа транзитот на нафта, гориво и течен природен гас низ теснецот, кој во голем дел се наоѓа во иранските територијални води.

Сателитските податоци покажаа зголемен број бродови закотвени во близина на клучните пристаништа на Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџајра. Група поморски осигурителни компании, меѓу кои и Gard, Skuld, NorthStandard, London P&I Club и American Club, соопштија дека поради конфликтот го откажуваат покритието за воени ризици за бродовите во регионот на Персискиот Залив.

Низ Ормускиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и приближно една петтина од испораките на течен природен гас, главно од Катар, според податоците на Меѓународната агенција за енергија од 2024 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања