Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Иран: Ормутскиот теснец е отворен – но не и за „непријателите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран повторно испрати порака дека клучниот поморски коридор – Ормутскиот теснец – формално останува отворен за меѓународен сообраќај, но не и за бродови поврзани со, како што наведуваат, „непријателите на Иран“.

Иранскиот претставник во Меѓународната поморска организација (ИМО), Али Мусави, изјави дека пловидбата е можна, но само со претходна координација со Техеран и во рамки на безбедносни аранжмани.

— реклама —

Пораката доаѓа во момент на зголемени тензии, откако американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок од 48 часа на Иран „целосно да го отвори“ теснецот за поморски сообраќај.

Според иранската агенција Мехр, Мусави истакнал дека Техеран е подготвен за соработка со ИМО со цел да се обезбеди безбедноста на поморскиот транспорт, но нагласил дека дипломатските напори зависат од прекин на нападите и градење меѓусебна доверба.

— реклама —

„Дипломатијата останува приоритет, но поважен е целосен прекин на агресијата“, изјавил Мусави.

Во меѓувреме, безбедносни експерти од британскиот Центар за поморски трговски операции регистрирале најмалку 26 инциденти во регионот од почетокот на конфликтот, што укажува дека Ормутскиот теснец станува алатка за геополитички притисок.

Токму ваквата ситуација веќе има директни последици врз глобалниот пазар, со раст на цените на енергенсите и зголемена неизвесност во меѓународната трговија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања