Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТЕХЕРАН

media-librarykqli5jaus2lidXFvLj6

Напад врз електроенергетскиот систем на Иран: Прекини на струја во Техеран

Напади врз електроенергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Техеран, како и во пошироката Техеранска област и покраината Алборз, соопшти иранското Министерство за енергетика.Заменик-министерот Мостафа Раџаби Машхади изјави дека при нападите бил погоден далеководен столб на влезот во Карај, град кој се наоѓа северозападно од Техеран. Претходно беа регистрирани осцилации во снабдувањето со струја токму во овој регион.Дополнително, источниот дел на Техеран останал без една трафостаница за пренос на електрична енергија, што директно влијаело врз стабилноста на мрежата.И покрај инцидентите, Машхади порача дека граѓаните „не треба да бидат загрижени“, нагласувајќи дека надлежните служби веќе работат на санација на штетите и нормализирање на снабдувањето.Нападите врз критичната инфраструктура доаѓаат во период на зголемени тензии во регионот, при што електроенергетскиот систем станува една од клучните цели во конфликтот.

Свет | пред 1 ден

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

Иран со порака за преговори: Техеран бара компензација и укинување санкции како услов за мир

Иран не ја започна војната, но претрпе „значителни загуби“ во човечки животи и цивилна инфраструктура, изјави Фатеме Мохаџерани.Таа нагласи дека прашањето за компензација е едно од клучните што треба да се отвори во евентуалните преговори, додавајќи дека меѓу приоритетите на Техеран се и контролата врз Ормуски теснец, како и укинувањето на меѓународните санкции.„Подготвени сме да се движиме кон одржлив мир“, изјави Мохаџерани, оставајќи отворена можност за дипломатско решение на конфликтот.Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и паралелни дипломатски сигнали од повеќе страни за потенцијално отворање на преговори.

Свет | пред 1 ден

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Техеран со предупредување до соседите: „Не дозволувајте да ве вовлечат во војна“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати остро предупредување до земјите во регионот да не дозволат „непријателите“ да водат војна од нивна територија, оценувајќи дека тоа директно ја загрозува нивната безбедност и сопствениот развој.Пораката ја објави на социјалната мрежа Икс, каде повтори дека Иран, според официјалниот став на Техеран, не спроведува превентивни напади, но дека ќе одговори решително доколку бидат погодени клучни објекти.„Многу пати рековме дека Иран не изведува превентивни напади, но ќе возвратиме силно доколку нашата инфраструктура или економските центри бидат цел“, напиша Пезешкијан.Во обраќањето до државите од Блискиот Исток, тој беше експлицитен дека нивниот избор на позиционирање во кризата ќе има долгорочни последици.„Ако сакате развој и безбедност, не дозволувајте нашите непријатели да ја водат војната од вашите земји“, порача иранскиот претседател.Изјавата доаѓа во момент на нагласени тензии и растечки ризик од поширока регионална ескалација, при што Техеран сигнализира дека секој напад врз витални економски и инфраструктурни точки би добил „силен“ одговор. Во вакви услови, предупредувањето до соседните држави се чита како обид да се спречи отворање нови фронтови преку нивни територии и да се намали просторот за операции на противничките сили во непосредното окружување на Иран.

Свет | пред 2 дена

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран: Ормутскиот теснец е отворен – но не и за „непријателите“

Иран повторно испрати порака дека клучниот поморски коридор – Ормутскиот теснец – формално останува отворен за меѓународен сообраќај, но не и за бродови поврзани со, како што наведуваат, „непријателите на Иран“.Иранскиот претставник во Меѓународната поморска организација (ИМО), Али Мусави, изјави дека пловидбата е можна, но само со претходна координација со Техеран и во рамки на безбедносни аранжмани.Пораката доаѓа во момент на зголемени тензии, откако американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок од 48 часа на Иран „целосно да го отвори“ теснецот за поморски сообраќај.Според иранската агенција Мехр, Мусави истакнал дека Техеран е подготвен за соработка со ИМО со цел да се обезбеди безбедноста на поморскиот транспорт, но нагласил дека дипломатските напори зависат од прекин на нападите и градење меѓусебна доверба.„Дипломатијата останува приоритет, но поважен е целосен прекин на агресијата“, изјавил Мусави.Во меѓувреме, безбедносни експерти од британскиот Центар за поморски трговски операции регистрирале најмалку 26 инциденти во регионот од почетокот на конфликтот, што укажува дека Ормутскиот теснец станува алатка за геополитички притисок.Токму ваквата ситуација веќе има директни последици врз глобалниот пазар, со раст на цените на енергенсите и зголемена неизвесност во меѓународната трговија.

Свет | пред 1 седмица

media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Иран со балистички ракети го напаѓа Заливот, Израел возвраќа со удари во срцето на Техеран

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток продолжува со нов бран напади – Иран лансира балистички ракети и дронови кон земјите од Заливот, додека Израел соопшти дека изведува воздушни удари во центарот на Техеран.Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати информираше дека нивната противвоздушна одбрана пресретнува ракети и дронови кои доаѓаат од Иран. Властите нагласија дека звуците што ги слушаат граѓаните се резултат на активните пресретнувања.Во исто време, Саудиска Арабија соопшти дека кон Ријад биле лансирани три балистички ракети. Една од нив била пресретната, додека останатите паднале во ненаселени подрачја. Дополнително, во текот на ноќта биле соборени и пет дронови.Заливските држави од почетокот на конфликтот се мета на ирански напади, кои Техеран ги оправдува како одмазда за американско-израелската офанзива.Од друга страна, израелската армија соопшти дека спроведува напади „во срцето на Техеран“, еден ден по силните ирански удари врз југот на Израел. Во нападите врз градовите Арад и Димона биле повредени повеќе од 100 лица, меѓу кои и деца, а причинета е значителна материјална штета.И покрај близината на Димона до стратешкиот нуклеарен истражувачки центар, Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нема индикации за оштетување на објектот.Конфликтот влегува во нова, поопасна фаза, со директни напади врз повеќе држави и растечки ризик од регионална дестабилизација.

Свет | пред 1 седмица

media-library4oj3jd8upv0j54b3mrq

(Видео) Експлозии одекнаа во Техеран, напади во повеќе делови од градот

Во текот на ноќта и утринските часови во саботата, во иранската престолнина Техеран се слушнале повеќе силни експлозии, јавуваат локални и меѓународни медиуми.Според првичните информации, најмалку три експлозии биле регистрирани во источниот дел на градот, а детонации се слушале и во неколку други населби, меѓу кои Екбатан и Олимпиското село.Нападите доаѓаат откако Израел претходно соопшти дека на првиот ден од Новруз и Рамазан Бајрам извршил повеќе удари врз цели во Техеран.Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета, а надлежните институции сè уште не излегоа со детално соопштение.Ситуацијата останува напната, а се очекуваат дополнителни информации во текот на денот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Техеран ќе им го конфискува имотот на Иранците што работат со Америка и Израел

Иран ќе ги заплени имотите и средствата на иранските граѓани во странство, кои ќе се оценат за „виновни за соработка“ со САД и Израел, во услови на војната што Вашингтон и Тел Авив ја водат против Техеран, соопшти Канцеларијата на иранскиот државен обвинител.Во соопштението издадено во неделата се споменува закон донесен минатиот октомври, кој предвидува дека секоја соработка со Израел, САД „или други непријателски држави или групи е предмет на конфискација на целиот имот и други законски казни според Исламскиот кривичен законик, објави државната телевизија Прес ТВ, пренесуваат иранските медиуми.Секоја оперативна акција во име на ционистичкиот (израелски) режим или непријателски влади, вклучувајќи ја и американската влада или други непријателски режими и групи, или во име на кој било од нивните поврзани елементи, против безбедноста на земјата подразбира конфискација на целиот имот, според Исламскиот кривичен законик усвоен на 21 април 2013 година, како што е изменет, и смртна казна“, се вели во законот цитиран од Прес ТВ.Според иранските власти, повеќе од 1.200 луѓе се убиени, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, а повеќе од 10.000 се повредени откако САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран на 28 февруари.Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Персискиот Залив кои имаат американски воени бази.Иранското собрание на експерти во недела го избра синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, за нов врховен лидер на земјата.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

Техеран предупредува: Отровен воздух ги загрозува граѓаните по нападите врз рафинериите

Иранското Министерство за надворешни работи предупреди дека нападите врз нафтената инфраструктура во земјата ослободуваат опасни и токсични материи во воздухот, што, според Техеран, претставува сериозна закана за здравјето на населението.Портпаролот на министерството Есмаил Багаеи изјави дека нападите врз нафтени складишта и рафинерии предизвикуваат големо загадување на воздухот.„Нападите врз нафтени складишта ослободуваат опасни и отровни материи во воздухот, што во големи размери ги загрозува животите на луѓето“, изјави Багаеи.Во текот на ноќта, според иранските медиуми, биле погодени неколку нафтени рафинерии во земјата. Меѓу целите било и нафтеното складиште Шахран, кое се наоѓа на северозападниот дел од иранската престолнина Техеран.Иранските државни медиуми јавија и за експлозии во градот Ком. Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека американско-израелски напади погодиле две локации во овој град.Ком се наоѓа јужно од Техеран и важи за едно од најзначајните центри на шиитското верско образование во Иран. Градот веќе беше меѓу местата каде беа пријавени експлозии по почетокот на американско-израелските напади врз повеќе цели низ земјата.Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за обемот на материјалната штета.

Свет | пред 3 седмици

media-librarykqli5jaus2lidXFvLj6

(Видео) Ескалација на конфликтот: Израел гаѓа енергетски ресурси во Иран

Израелската офанзива врз Иран влезе во нова фаза, во која како цели се наведуваат енергетските ресурси во земјата.На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат огнени експлозии и густ чад над Техеран. На една од снимките, направена од автомобил во движење низ градска улица, се гледа како големи облаци чад се издигнуваат над делови од иранската престолнина.Снимките беа објавени откако Израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле „неколку комплекси за складирање гориво“ во Техеран.Нападите претставуваат дел од засилените воени операции меѓу Израел и Иран, кои во последните денови доведоа до значителна ескалација на тензиите на Блискиот Исток.

Свет | пред 3 седмици

media-library9ip0phu5u92aegQbh8T

(Видео) Израел започна напади врз клучната инфраструктура – експлозии и густ чад низ Техеран

Израел соопшти дека започнал широки напади врз клучната инфраструктура на режимот во Техеран.Дописници на CNN јавуваат за воздушни напади низ главниот град на Иран. Иранските медиуми јавија дека низ цел Техеран се слушале силни експлозии, а меѓу целите биле и главните трговски улици во престолнината.На видеа кои кружат на социјалните мрежи се гледаат експлозии, густ црн чад и луѓе кои бегаат од областа.Претходно, Израелски одбранбени сили (IDF) ја срамнија со земја претседателската палата во Техеран, каде што се наоѓал врховниот лидер на Иран, Ајатолах Али Хамнеи, заедно со своите соработници.Иранскиот портпарол на Централниот штаб на армијата, пoлковник Ибрахим Золфгари, изјави дека одговорот на американско-израелските напади ќе биде проширен и интензивиран, и дека иранската војска продолжува да пресретнува израелски и американски авиони и дронови низ целата земја.Кукавички воени сили и објекти на ционистичкиот режим се сокриени меѓу цивилните области, но откривањето и нападите на агресорите ќе продолжат, а во наредните денови трендот на нападите ќе стане поинтензивен и пошироко распространет“, рече Золфгари.Според него, иранската војска рано утрово следела и уништила еден борбен авион F-15E и четири напредни извидувачко-борбени дронови – Hermes 900 и MQ-9 – над западните, југозападните и јужните делови на земјата.Овие напади предизвикаа хаос во Техеран, со експлозии, густ чад и евакуација на цивили.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryek8lg7kr2oa7cKFVIgX

(Видео) Воздушен напад на болница во Техеран, медицинскиот персонал итно ги евакуирал новороденчињата од инкубаторите

Болницата „Ганди“ во центарот на Техеран е тешко оштетена во воздушните напади што, според иранските извештаи, ги извеле Соединетите Американски Држави и Израел. Болничките власти соопштија дека специјализираниот центар за вонтелесно оплодување е речиси целосно уништен, пренесе „Прес ТВ“.Во нападот била погодена и блиска станбена зграда, додека медицинскиот персонал итно ги евакуирал новороденчињата од инкубаторите. Снимките објавени по нападот прикажуваат медицински работници како ги пренесуваат бебињата во возила на брзата помош, додека припадници на иранската Црвена полумесечина работеле на нивно извлекување од оштетените болнички простории.Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур, изјави дека пациентите и медицинскиот персонал биле принудени да ја напуштат болницата по експлозиите во нејзина близина.Пациентите беа носени во раце од страна на негувателите додека излегуваа на улиците исполнети со чад по експлозиите на проектили во близина на болницата – наведе Керманпур во објава на социјалната мрежа Икс.Според достапните информации, нападите погодиле и други медицински установи во Техеран, меѓу кои болниците „Хатам ал-Анбија“ и „Мотахари“.Во јужниот град Ахваз неколку проектили паднале во близина на болницата „Абузар“, поради што итно биле евакуирани 21 пациент, меѓу кои и лица на интензивна нега.За нивното пренесување биле ангажирани 30 возила на итната медицинска помош. Извештаите наведуваат дека биле погодени и три бази на службата за итна медицинска помош во Сараб, Чабахар и Хамедан.Членката на иранскиот парламент и на парламентарната комисија за здравство, Фатеме Мохамад Беиги, изјави дека за време на нападите биле оштетени или уништени пет болници и медицински центри.Овој незаконски чин на агресија доведе до уништување на здравствените установи, како и до повреди меѓу студентите и локалното население – наведе таа во соопштение.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди нападите врз цивилната инфраструктура, истакнувајќи дека таргетирањето медицински и образовни установи претставува кршење на хуманитарните принципи.Тој ја повика меѓународната заедница да реагира и да ги осуди ваквите напади. Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, изрази загриженост поради оштетувањето на болницата „Ганди“, нагласувајќи дека здравствените установи мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право.Мора да се преземат сите напори за да се спречи здравствените установи да бидат вовлечени во конфликтот – наведе Гебрејесус.

Свет | пред 3 седмици

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Силни експлозии одекнуваат во Техеран, Израел потврди воздушен удар

Силни експлозии повторно одекнаа во иранската престолнина Техеран, а израелската војска потврди дека извршила воздушен удар во тој дел од градот.Според соопштението на Израелски одбранбени сили, израелското воздухопловство спровело напад со цел, како што се наведува, висок командант на иранскиот режим.Детали за евентуални жртви или материјална штета засега не се објавени. Иранските власти сè уште немаат официјална потврда за природата на нападот, ниту за тоа дали целта била погодена.Нападот доаѓа во услови на засилени воени дејствија меѓу Израел и Иран, со чести воздушни удари и одмазднички напади во последните денови. Ситуацијата во регионот останува напната, без навестувања за смирување на конфликтот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarysmeciftdccs07Zb9mRC

(Видео) Оштетена палатата Голестан во Техеран

Делови од палатата Голестан, единствениот споменик на светско наследство на УНЕСКО во главниот град на Иран, биле оштетени во воздушен напад изведен од САД и Израел во ноќта кон понеделник, објавила иранската влада.Оштетени се делови од палатата, вклучувајќи дрвени врати, традиционални персиски прозорци наречени орси и делови со украсни огледала. Штетата ја потврдил и министерот за културно наследство, туризам и ракотворби Сеид Реза Салехи Амири за време на посетата на 2 март 2026 година.Министерот најавил дека ќе се изработи извештај за инцидентот кој ќе се поднесе до УНЕСКО, истакнувајќи дека нападот претставува кршење на меѓународното право.Музејските артефакти од палатата Голестан не се оштетени, бидејќи претходно биле пренесени на безбедна локација, по дванаесетдневниот конфликт во јануари годинава.Палатата Голестан е историски комплекс на згради и градини, чија изградба датира од времето на владеењето на шахот Тахмасп I од династијата Сафавиди. За време на периодот Занд, кратко служела како резиденција на Карим Кан, а во времето на династијата Каджар била значително проширена како дом на кралското семејство во новата престолнина.Во времето на Пахлави, палатата се користела за официјални церемонии и приеми на претседатели и угледни странски гости. На списокот на светското наследство на УНЕСКО е внесена во јули 2013 година.

Свет | пред 3 седмици

media-library1sqoppi3h8492FwsLNz

(Видео) Брутална закана од Техеран: „Подземен тунел“ полн со дронови

Иран објави видео кое, како што се тврди, прикажува тунели на Револуционерната гарда во кои се складира оружје користено во нападите врз американските бази во регионот.Иранската новинска агенција „Фарс“ сподели редок увид во она што го опишува како подземен арсенал на дронови.Видео снимката е објавена во време кога Иран продолжува со одмазничките напади кон водечките американски сојузници на Блискиот Исток, по заедничката воена операција на САД и Израел извршена за време на викендот.Снимката покажува подземни тунели исполнети со редови дронови, кои потоа се поставени на десетици ракетни фрлачи. Исто така, се прикажуваат ѕидовите на оружарницата украсени со ирански знамиња и големи фотографии на починатиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи.Не е јасно кога или каде е направена снимката, ниту дали прикажува дронови и ракети што се користат во иранскиот одговор на заедничките американско-израелски напади.

Свет | пред 4 седмици

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Експлозии во Техеран, иранската агенција јавува за воздушен напад

Неколку експлозии одекнале во Техеран, јавува иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извори од теренот.Според извештајот, „воздушен напад погодил подрачје во близина на Плоштадот на револуцијата“, каде што во моментот се одржувал собир на кој демонстранти ја осудувале, како што се наведува, „агресијата“.Во информацијата се додава дека иранската противвоздушна одбрана пресретнала напад над небото над централниот дел на Техеран. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 4 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Оштетена е српската амбасада во Техеран, нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање го коментираше оштетувањето на српската амбасада во Техеран.Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. Нашиот амбасадор ќе замине во Баку со луѓето од дипломатското претставништво, но на лично инсистирање ќе се врати во Техеран, таму имаме еден брачен пар со сурогат бебе и сакаме да направиме сè што можеме за да им помогнеме“, рече тој.„Ние ги подготвивме авионите на Ер Србија, и тоа ме погодува, затоа што така и за време на короната им зборувавме на луѓето да не одат на Бали, па моравме на трошок на граѓаните на Србија да испраќаме авиони за да ги враќаме“, нагласи тој.

Свет | пред 4 седмици

media-library944lkqcfobd40folDJM

(Видео) Израелска војска: Удираме во срцето на Техеран

Техеран го потресуваат нови експлозии, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.ИДФ пред нешто повеќе од половина час објави дека „започнале удари врз срцето на Техеран“.„Воздухопловните сили, водени од воената разузнавачка служба, токму сега започнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, додава војската.„Во текот на изминатиот ден, воздухопловните сили спроведоа обемни напади за да воспостават воздушна надмоќ и да го отворат патот кон Техеран“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryaqrs41050bvm4rI5Ods

(Видео) Прослава во Техеран по гласините за смртта на врховниот лидер

Во одредени квартови на Техеран вечерва започна прослава откако се проширија непотврдени вести за смртта на врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи.Како што јавуваат извори, на улиците одекнуваат од сирени на автомобили и радосни повици.Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека постојат „сè повеќе знаци“ дека врховниот лидер на Иран „не е повеќе жив“, но таа информација сè уште не е официјално потврдена, пишува BBC Persian.

Свет | пред 1 месец

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Иран: Над 200 загинати во нападите, повеќе од 700 повредени

Вечерва низ Иран се слушнале нови експлозии, а според првите извештаи погоден е и главниот град Техеран. Еден сведок за BBC Persian изјавил дека се слушнала силна детонација во западниот дел на Техеран, додека новинарите на агенцијата AFP јавиле за „низ нови експлозии“ во главниот град.За експлозиите во Техеран известила и иранската државна новинска агенција IRNA. Истовремено, иранската агенција Fars јавува дека два кварта во јужниот град Бушехр, каде што се наоѓа нуклеарната електрана, „биле цел на проектили“, пренесуваат светските агенции.Непосредно по веста за експлозиите, Израелските воздушни сили се огласиле на социјалната мрежа X. Во објавата стои дека „покренале уште еден воздушен напад и напаѓаат места за лансирање проектили и одбранбени системи во централен Иран“.Според податоците на Иранскиот Црвен полумесец, повеќе од 200 лица загинале, а 747 се повредени низ 24 провинции во настаните кои таа организација ги опишува како американско-израелска агресија.

Свет | пред 1 месец

media-libraryhd4kv4mbo9ed5xNnr2J

(Фото) Вака изгледа небото над Иран додека Техеран најавува жестока одмазда по американско-израелските напади

Соединетите Американски Држави и Израел извршија напади врз Иран, отворајќи ново поглавје на судири на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на нападот е елиминирање на безбедносната закана за САД и отворање можност Иранците сами да ја сменат својата власт. Пентагон соопшти дека американската операција го носи името „Епски гнев“, додека израелската страна ја нарекува „Лавја рика“.Иран возврати со лансирање ракети кон Израел, соопшти израелската армија, а иранските сили, според извештаи, погодиле и повеќе американски воени локации во регионот. По нападите, и Техеран и Тел Авив го затворија својот воздушен простор за цивилен сообраќај.Американски воени извори наведуваат дека обемот на воздушните и поморските операции сè уште не е целосно познат, но дека кампањата се очекува да трае повеќе денови. Ирански претставник изјави за Ројтерс дека Техеран подготвува жестока одмазда.Во видео-порака, Трамп потсети на деценискиот спор меѓу Вашингтон и Техеран, вклучително и заложничката криза од 1979 година, кога американската амбасада во Техеран беше заземена, а 52 Американци беа држени како заложници 444 дена. Тој ги повика Иранците да останат во засолништа бидејќи „бомби ќе паѓаат насекаде“, додавајќи дека по завршувањето на операцијата народот ќе може да ја „преземе својата влада“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заедничката акција ќе создаде услови „храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“. Според извор за Ројтерс, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, не се наоѓа во Техеран и е префрлен на безбедна локација.Овој напад следува по 12-дневниот воздушен судир меѓу Израел и Иран во јуни, како и по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следуваат нови удари доколку Иран продолжи со нуклеарната и балистичката програма. Израел инсистира секој евентуален договор да подразбира демонтажа на иранската нуклеарна инфраструктура, додека Техеран изјавува дека е подготвен да разговара за ограничувања во замена за укинување на санкциите, но без поврзување со ракетната програма.Ескалацијата, која се случува во периодот на Рамазан и непосредно пред еврејскиот празник Пурим, дополнително ги намалува изгледите за дипломатско решение на долгогодишниот нуклеарен спор и носи ризик од поширока регионална дестабилизација.

Свет | пред 1 месец

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

(Видео) Експлозии во Техеран, објавени први снимки

Израел во саботата објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен судир и дополнително намалувајќи ги изгледите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор меѓу Техеран и западните земји, пренесуваат светските агенции.Нападот следува по 12-дневниот воздушен судир меѓу Израел и Иран во јуни, како и по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следува нова акција доколку Иран продолжи со развојот на нуклеарната и балистичката ракетна програма.„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран со цел да ги отстрани заканите по државата Израел“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.Во Техеран во саботата се слушнале најмалку три експлозии, јавуваат иранските медиуми, кои известуваат и за два густи облака чад. Според британската агенција Ројтерс, операцијата во Иран била координирана со САД, повикувајќи се на неименуван израелски одбранбен претставник. Тој навел дека акцијата била планирана со месеци, а одлуката за точниот датум била донесена пред неколку недели.Ројтерс пренесува и дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, не се наоѓа во Техеран и дека бил преместен на безбедна локација. Во главниот град на Иран, според медиумските извештаи, мобилните телефонски врски се во прекин, а интернет-сообраќајот функционира ограничено.Во меѓувреме, Израел го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, а истата мерка ја презеде и Техеран. Новата ескалација доаѓа по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следи напад доколку Иран не се откаже од нуклеарните и балистичките програми, што дополнително ја продлабочува нестабилноста во регионот.

Свет | пред 1 месец

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранските медиуми тврдат: Во немирите убиени најмалку 109 припадници на безбедносните сили

Најмалку 109 припадници на иранските безбедносни сили загинале во немирите што во изминатите денови зафатија повеќе делови од земјата, објави иранската новинска агенција Тасним. Во објавата не се наведува колку лица од редовите на демонстрантите го загубиле животот.Протестите започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, поттикнати од наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал и влошените економски услови, по што брзо се проширија и во други градови низ државата.Надлежните институции досега немаат објавено официјални податоци за вкупниот број на загинати. Американската организација за човекови права Human Rights Activists News Agency соопшти дека во немирите биле убиени најмалку 116 лица, а повеќе од 2.600 биле приведени.Во меѓувреме, лекар од Техеран, кој зборувал анонимно за списанието Тајм, изјавил дека шест болници во главниот град регистрирале „најмалку 217 смртни случаи меѓу демонстрантите“, при што најголем дел од жртвите, според неговите тврдења, настрадале од употреба на боево оружје.Спротивставените податоци и ограничениот пристап до независни извори дополнително ја отежнуваат проценката на реалните размери на насилството, додека состојбата во Иран и натаму останува напната и неизвесна.

Свет | пред 2 месеци

teheran-iran

Жител на Техеран за Си-Ен-Ен: „Ова повеќе не може да се запре“

Антивладините протести во Иран, поттикнати од високата инфлација и драматичниот раст на трошоците за живот, во изминатите две недели се проширија низ целата земја и претставуваат најсериозниот предизвик за властите во последните неколку години, објави Си-Ен-Ен. Според сведочење на жител на Техеран, протестното движење добило динамика што, како што вели, повеќе не може да се запре.Соговорникот на Си-Ен-Ен, 47-годишен маж кој од безбедносни причини инсистирал на анонимност, раскажува дека во поголемите ирански градови граѓаните чекаат да се стемни за да излезат на улиците. Собирањата, според него, најчесто се интензивираат по 19 часот, кога протестите добиваат масовен карактер.Тој опишува сцени во кои, во текот на ноќта, улиците се исполнуваат со луѓе и возила, а демонстрантите се движат низ градот без однапред утврдена рута или конкретна дестинација. Чувството што доминира, вели, е чувство на „неизбежен замав“, додека протестите се шират и стануваат сè посилни.„Луѓе од сите возрасти – мажи, жени и деца – учествуваат, викаат од прозорците и масовно се собираат“, изјави жителот на Техеран за Си-Ен-Ен, додавајќи дека стравот постепено го заменува решителноста.Иако протестите првично започнале како реакција на неконтролираната инфлација, политичката нестабилност, според неговите зборови, дополнително ја влошила економската состојба. Цените на основните прехранбени производи продолжуваат да растат, а намирници како јајца и млеко станале „значително поскапи“, што уште повеќе го зголемува незадоволството кај граѓаните.И покрај строгите ограничувања на комуникациите, вклучително и блокадите на интернетот, како и сè потешките економски услови, тој нагласува дека граѓаните остануваат „одлучни, организирани и отпорни“. Според него, меѓу демонстрантите преовладува силно убедување дека сегашната власт претставува ќор-сокак и дека за голем дел од општеството веќе не постои враќање назад.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuhluh0r1m56meqPkGnh

(Видео) „Ова е година на крв“: Нови снимки сведочат за ширење на протестите низ Техеран

Нови видеоснимки до кои дојде медиумот Iran International покажуваат дека синоќа протестите во Иран се прошириле на повеќе делови од главниот град Техеран, со сѐ поостри пораки против врвот на власта и отворени повици за промена на режимот.На плоштадот Херави во Техеран се слушале повици „Да живее кралот“, додека на булеварот Кешаварз демонстрантите скандирале „Ова е година на крв, Сејед Али ќе биде соборен“, директно алудирајќи на врховниот верски водач Али Хамнеи. Во одделни снимки од техеранската населба Долат, граѓани излегуваат на улиците и извикуваат „Слобода“, што укажува на широка поддршка за протестното движење и надвор од централните делови на градот.Во меѓувреме, поради влошената безбедносна состојба и немирите што зафатија голем дел од земјата, Министерството за надворешни работи на Пакистан упати повик до своите државјани да ги избегнуваат сите патувања во Иран што не се неопходни. Во соопштението објавено во саботата се наведува дека условите за безбедно патување се сериозно нарушени и дека препораката ќе важи сѐ додека состојбата не се стабилизира.На пакистанските државјани кои веќе се наоѓаат во Иран им се советува зголемена претпазливост, ограничување на движењето само на неопходното и постојан контакт со дипломатските претставништва на Пакистан.Дополнителна загриженост предизвика и објавата на новинарот на BBC, Шајан Сардаризадех, кој сподели снимка од градот Фардис. На видеото се слушаат истрели за време на протестите, додека демонстрантите панично се повлекуваат, обидувајќи се да се засолнат и да ја сочуваат сопствената безбедност.

Свет | пред 2 месеци

f_36985719_1280

Што знаеме за жртвите во Иран?

Иран сè уште не го објави вкупниот број на жртви во земјата.Во петокот, кога Израел ги започна нападите, амбасадорот на Иран во ОН изјави дека 78 лица се убиени, а повеќе од 320 се ранети.Вчера, иранските власти соопштија дека 60 лица се убиени кога ракета погодила 14-катна станбена зграда во Техеран, вклучувајќи 29 деца.Одделно, гувернерот на северната покраина Источен Азербејџан изјави дека 30 војници и еден спасувач се убиени во нападите, додека 55 лица се ранети.Не е јасно дали овие бројки се вклучени во претходните бројки или претставуваат посебен број.Исто така, сè уште не е познато дали имало дополнителни жртви во новите напади во текот на ноќта.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања