Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Техеран предупредува: Отровен воздух ги загрозува граѓаните по нападите врз рафинериите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

Иранското Министерство за надворешни работи предупреди дека нападите врз нафтената инфраструктура во земјата ослободуваат опасни и токсични материи во воздухот, што, според Техеран, претставува сериозна закана за здравјето на населението.

Портпаролот на министерството Есмаил Багаеи изјави дека нападите врз нафтени складишта и рафинерии предизвикуваат големо загадување на воздухот.

— реклама —

„Нападите врз нафтени складишта ослободуваат опасни и отровни материи во воздухот, што во големи размери ги загрозува животите на луѓето“, изјави Багаеи.

Во текот на ноќта, според иранските медиуми, биле погодени неколку нафтени рафинерии во земјата. Меѓу целите било и нафтеното складиште Шахран, кое се наоѓа на северозападниот дел од иранската престолнина Техеран.

— реклама —

Иранските државни медиуми јавија и за експлозии во градот Ком. Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека американско-израелски напади погодиле две локации во овој град.

Ком се наоѓа јужно од Техеран и важи за едно од најзначајните центри на шиитското верско образование во Иран. Градот веќе беше меѓу местата каде беа пријавени експлозии по почетокот на американско-израелските напади врз повеќе цели низ земјата.

Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за обемот на материјалната штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања